You are on page 1of 25

ПРАШАЊА ЗА ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ТРГОВСКО ПРАВО

ПОИМ И ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКО ПРАВО


Дефинирањето на поимот на трговското право е во најтесна врска со пределувањето на предметот на
трговското право. Како посебна правна гранка во правниот систем на Република Македонија,
трговското право го сочинуваат правни правила со кои се уредува правната положба (статусот) на
трговските субјекти, и правните односи во кои овие субјекти влегуваат.

Трговското право ги уредува односите што секојдневно настануваат во масовниот и брз промет на
стоки и услуги, односно во домашната, а особено меѓународна трговија.

Покрај трговските субјекти, во трговски односи влегуваат и други субјекти кои не вршат трговска
дејност. трговските односи треба да се сфатат во далеку поширока смисла од трговските дејности.
предметот на трговското право го сочинуваат статусниот дел на трговското право, што се однесува
на статусот на трговците, и договорниот дел што се однесува на прометот на стоки и услуги.

Меѓусебната зависност на овие два дела на трговското право, е логична последица на реалните потреби
да се утврди статусот на еден субјект, и неговата зависност од склучување на договорни односи со
други лица.

ПОИМ НА ТРГОВЕЦ СПОРЕД МАКЕДОНСКОТО ПОЗИТИВНО


ПРАВО
Субјекти на трговското право се правни и физички лица кои учествуваат во прометот на
стоки и услуги. Тие се главните носители на трговската дејност во секоја национална економија.
При реализацијата на своите трговски и други слични активности, тие настапуваат како трговско
друштво или како трговец поединец. Тоа се законските форми кои што Законот за трговски
друштва15 ги познава, истовремено им признава правен субјективитет и тоа:
-акционерско друштво,

-друштво со ограничена одговорност,

-јавно трговско друштво,

- командитно друштво,
- командитно друштво со акции, и, како индивидуален трговец,
- трговецот поединец.16

ЗТД предвидува и критериуми според кои што се утврдува кои физички и правни лица кои
вршат трговска дејност имаат статус на трговец. Оттука законот прави дистинкција помеѓу:
-трговец според дејноста,

-трговец според формата,

-трговец според природата и обемот,

-трговец според уписот.

Независно од ова класификација, сите овие видови се супсумираат под генералниот


концепт на трговец. Следствено, трговец во смисла ЗТД е секое лице кое самостојно трајно во вид
на занимање врши трговска дејност заради остварување добивка со производство, трговија и
давање услуги на пазарот и тоа со: купување на подвижни ствари со цел да ги продаде во
првобитен, преработен или обработен вид; продажба на подвижни ствари во преработен или
обработен вид од сопствено производство; тргување со хартии од вредност и управување со
фондови; банкарски, менувачки и други финансиски дејности; дејности на осигурување; превоз на
лица и стока; комисиони работи, шпедитерски услуги, складишни (магацински) услуги и лизинг;
трговско застапување и посредување; угостителско-туристичка дејност, информативна дејност,
маркетинг и други интелектуални услуги; производство на филмови, видеокасети, аудиовизуелни
записи, софтвер, како и други слични дејности; издавачка и печатарска дејност и други работи
поврзани со трговијата со книги и уметнички творби и купување, изградба и уредување на
недвижни ствари со цел продажба и издавање.

БЕЛЕЗИ НА ТРГОВСКОТО ДРУШТВО СПОРЕД


МАКЕДОНСКОТО ПРАВО
ЗТД во општиот дел утврдува три белези кои што претставуваат заеднички карактеристики
на сите видови трговци. Овие белези претставуваат одредница на база на која што трговците во
прометот се разликуваат помеѓу себе. Во ова смисла, ЗТД ги предвидува: фирма, седиште, предмет
на работење.
Фирмата на трговското друштво е името под коешто друштвото работи и под кое што
учествува во правниот промет. Фирмата на трговското друштво се определува и менува на
начинот определен со изјавата за основање на друштвото од едно лице, со договорот за
друштвото, односно со статутот. Фирмата на трговското друштво и сите нејзини промени се
запишуваат во трговскиот регистар. Податоците содржани во фирмата мора да се вистинити (ЗТД,
член 45). Со ова законско решение законодавецот го имплементирал начелото на вистинитост кај
фирмата како белег на друштвото.

Фирмата содржи ознака којашто упатува на предметот на работење на трговското друштво,


седиштето и формата на друштвото. Фирмата може да содржи додатоци
(цртежи, слики, симболи, ознаки и друго) што служат за поблиско обележување на трговското
друштво, освен оние што создаваат или можат да создадат забуна во поглед на предметот на
работењето на трговското друштво, впечаток за идентитет или за поврзаност со друго трговско
друштво или ако водат кон повреда на правата на индустриската сопственост или на други права
на други трговски друштва, односно лица регистрирани во земјата и во странство. Фирмата може
да се употребува и како трговска марка, на начин и под услови определени со закон. 27
Седиштето на трговското друштво е местото коешто е запишано во трговскиот регистар.
Трговското друштво може да го промени седиштето. Промена на седиштето се врши на начин и
според постапката определени со изјавата за основање на

друштвото од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот кои што мора да бидат
во согласност со ЗТД. Промената на седиштето на трговското друштво се запишува во трговскиот
регистар. Во компаративната правна литература се среќаваат становишта за постоењето на
различни критериуми за определувањето на припадноста на правните лица, оттука и на трговските
друштва.28 Според ЗТД, седиштето на друштвото е местото што е запишано во трговскиот
регистар.

Во склоп на заедничките белези на трговците спаѓа и предметот на работење на друштвото.


„Предмет на работење" е дејноста, односно дејностите определени во договорот за друштвото, во
статутот, односно во изјавата за основање друштво со ограничена одговорност од едно лице,
класифицирани според дејностите утврдени во Националната класификација на дејностите.

Трговското друштво може, како предмет на работење, да ги врши сите дејности што не се
забранети со закон. Ако за одделни дејности со закон е пропишано дека можат да се вршат само
врз основа на согласност, дозвола или на друг акт на државен орган или на друг надлежен орган,
тие дејности можат да се вршат само врз основа на согласноста, дозволата или друг акт на тој
орган. Трговското друштво може без упис во трговскиот регистар да врши и други дејности
коишто се потребни за неговото постоење и за вршење на работите од предметот на работење, но
коишто не спаѓаат непосредно во рамките на вршењето на работите од предметот на работење.

РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВЦИТЕ СПОРЕД МАКЕДОНСКОТО


ПОЗИТИВНО ПРАВО
Трговскиот регистар како јавна книга содржи податоци и прилози (исправи и докази) за
субјектите на уписот за кои уписот е пропишан со закон. Трговскиот регистар се состои од
регистарска влошка (класер) во којашто се запишуваат податоците на упис и збирка на прилози во
којашто се приложуваат исправите и доказите на секој запишан субјект.31 Сите поднесоци се
внесуваат во збирката на прилози на запишаниот субјект. Запишаните податоци и доставените
прилози (исправи и докази) во трговскиот регистар се чуваат трајно (ЗТД, чл. 82/3). Измените што
во рамки на трговското друштво ќе се имплементираат во актот за основање, во форма на
пречистен текст, се евидентираат и во јавната книга, односно во регистарот.
Во поглед на начинот на водење на регистарот,32 прифатени се две начела и тоа: начело на
единственост на трговскиот регистар, и начелото на јавност.33 Единственоста се однесува на
фактот дека постапката на упис на податоците на трговците и другите правни лица се води на
единствен начин на целата територија на Република Македонија. 34

Особено важна заштитна улога спрема третите лица има начелото на јавност. Јавноста се
однесува на достапноста на податоците кои се однесуваат на основањето на трговците и другите
правни лица, како и сите други промени спроведени во нивни рамки. Попрецизно, трговскиот
регистар претставува јавна книга. Податоците внесени во јавната книга се обврзувачки за сите
учесници во прометот и останати заинтересирани лица.35 Во контекст на ова, секое заинтересирано
лице, на свој трошок може да бара да му се издаде фотокопија или заверен препис од податоците
запишани во регистарската влошка. Како дополнување на ова, а во функција на обезбедувањето на
правната сигурност и заштита на совесните деловни субјекти во прометот, во член 88/2 ЗТД
предвидел дека секој, кој во правниот промет постапува совесно и верува во податоците
запишани во трговскиот регистар не ги трпи штетните правни последици што ќе настанат.
Понатаму, никој не може да се повикува на тоа дека не му се познати податоците запишани
во трговскиот регистар, освен ако

со закон поинаку не е определено.

КАПИТАЛНИ И ПЕРСОНАЛНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА ВО


МАКЕДОНСКОТО ПРАВО
Поделбата на трговските друштва на капитални и персонални е широко прифатена во
правната литература, практика и правната доктрина. Во компаративните правни системи овие
категории на субјекти постојат речиси секаде. Во категоријата на типични капитални трговски
друштва според ЗТД влегуваат: акционерското друштво и друштвото
со ограничена одговорност. Како типично персонално трговско друштво, ЗТД го
предвидува јавното трговско друштво. ЗТД во Република Македонија, покрај овие форми
на трговски друштва, ги познава и командитното друштво, и командитното друштво со
акции. Овие форми на трговски друштва содржат елементи карактеристични како за
персоналните, така и за капиталните трговски друштва. Попрецизно, во овие трговски
друштва како основачи се јавуваат комплементарите кои имаат идентичен статус со
содружниците во ЈТД, и командитарите коишто имаат идентичен статус со акционерите
односно содружниците во АД или ДОО.
Друштвата со ограничена одговорност (ДОО), или друштвото со ограничена
одговорност од едно лице (ДООЕЛ) претставуваат најексплоатираните форми на
регистрација на пазарот во Република Македонија. Како капитални друштва се среќаваат и
АД, а персоналните поради концептот на одговорност на содружниците се јавуваат
поретко. Во Република Македонија, АД се основаат особено кога станува збор за случаите
кога законодавецот изречно предвидел дека вршењето на конкретна трговска дејност, мора
да биде организирана во АД (осигурителни компании, банки).

УПРАВУВАЊЕ КАЈ КАПИТАЛНИТЕ ТРГОВСКИ


ДРУШТВА
Кај капиталните трговски друштва, ЗТД предвидува два модели на управување и
тоа: едностепен систем на управување, и двостепен систем на управување. Зависно од
моделот на управување што го одбрале основачите, управувањето е во рацете на одборот
на директори, или на управниот одбор и на надзорниот одбор, кај двостепениот систем на
управување. Независно од моделот на управување, функцијата на управување и надзор над
работењето се извршува во секој од избраните модели. Следствено, во рамки на
едностепениот систем на управување, надзорот е во рацете на неизвршните членови на
одборот, а управувањето во рацете на извршните членови. Одборот на директори има
најмалку три, а најмногу 15 члена (ЗТД, член 367/1). Членовите на одборот на директори
ги избира собранието. При изборот на членовите на одборот на директори се назначува
кои членови се избираат како независни членови на одборот на директори. Независните
членови на одборот на директори се избираат од редот на неизвршните членови на
одборот на директори. Од членовите избрани во одборот на директори, одборот на
директорите назначува еден или повеќе извршни членови на одборот на директори. За
извршен член на одборот на директори не може да биде избран член на одборот на
директорите кој е избран како независен член на одборот на директори. Бројот на
извршните членови мора да биде помал од бројот на неизвршните членови на одборот на
директори (ЗТД, член 367/4).

УПРАВУВАЊЕ КАЈ ПЕРСОНАЛНИТЕ ТРГОВСКИ


ДРУШТВА
Со јавното трговско друштво како типична форма на персонално друштво,
управуваат содружниците. Во смисла на член 125 од ЗТД, секој содружник е овластен да
управува со јавното друштво. Од практични причини во практиката, а согласно ставот 2 на
овој член, содружниците може да го доверат управувањето на еден или на повеќе
содружници. Во таков случај, другите содружници во друштвото се исклучени од
управувањето. Покрај во актот за основање на ЈТД, начинот на управувањето се запишува
во трговскиот регистар при ЦР во Република Македонија.
Статусот на управител во ЈТД, според законската формулација на ЗТД, има дава
соодветни права и обврски кои произлегуваат од актот за основање, ЗТД и другите
законски прописи кои соодветни за примена на ова прашање. Имено, според член 126/1/2
од ЗТД Управителите се овластени да постапуваат самостојно во управувањето со јавно
друштво. Ако управител се спротивстави на некое дејствие пред да биде извршено,
извршувањето на дејствието се запира сé додека содружниците не донесат одлука за него.
Ако според договорот за друштвото управителите дејствуваат заеднички, тогаш одлуките
се донесуваат со согласност на сите управители. Секој од управителите може неодложните
работи да ги изврши самостојно, ако со тоа се спречува настанување штета за јавното
друштво. За преземените работи управителот треба без одлагање да ги извести другите
управители на јавното друштво.

ЗАСТАПУВАЊЕ НА ТРГОВЦИТЕ СПОРЕД


МАКЕДОНСКОТО ПРАВО
Во трговското право се прави разлика помеѓу поимот трговско застапување како
правна работа во којашто овластеното лице кое професионално се занимава со
застапување во рамките на својата стопанска дејност во име и за сметка на друго лице
врши правни работи утврдени со договорот, од поимот застапување што го вршат
одредени органи, односно вработени во трговското друштво и кој ја манифестираат
неговата деловна способност. Се работи всушност за тоа дека освен правната способност
на трговските друштва тие имаат и деловна способност којашто може да се оствари
единствено преку физички лица. Правните работи на овластените физички лица се сметаат
како дејствија на самото друштво. Застапувањето на друштвото може да се огледа и во
вршење на работи во правниот промет т.е. склучување на договори, преземање на работи
во име и за сметка на друштвото во деловните односи со третите лица, но и застапување во
постапката пред суд односно други органи (пример, признавање на долг пред судот).
Одредбите за застапување како правна работа претежно се уредени со Законот за
облигационите односи, а одредбите со коишто се манифестира деловната способност на
трговското друштво во ЗТД. Одредбите, од четвртиот дел, третата глава, од ЗТД се
заеднички одредби коишто се однесуваат на сите трговски друштва со тоа што кај одделни
форми на трговски друштва постојат и одредби со коишто поблиску се утврдува кој се
може да биде застапник, нивните овластувања, ограничувања и слично. Основ на
овластувањето за застапување. Овластувањето за застапување се темели на:
Законот - Законското застапување постои кога застапникот овластувањето за
застапувањето го црпи непосредно од Законот (ex lege), па не е потребен некој акт на
власта или на органот на трговското друштво. Тоа се членови на органот на управување на
друштвата на капиталот и членовите на јавното трговско друштво и комплементарите на
командитното друштво. На пример во ликвидацијата на јавното трговско друштво тоа се
ликвидатори; Акт на овластено тело (тоа најчесто ќе биде судот), ако можноста за
донесување на таков акт е предвидена со закон, може исто така да биде основ за
застапување. Имено, во стечајната постапка од денот на отворањето на стечајната
постапка стечајниот должник го застапува стечајниот управител, и на тој ден престануваат
да важат овластувањата на дотогашните застапници и полномошници. Стечајниот
управител единственото лице овластено за застапување на стечајниот должник, со
решение го одредува стечајниот совет на овластениот суд.

ЗАСТАПНИК ПО ЗАКОН
Застапник на трговско друштво по закон е физичкото лице коешто со одредбите на
ЗТД е определено да ја застапува одделната форма на друштвото. Именувањето,
престанувањето на мандатот и податоците за застапникот по закон, како и ограничувањата
на неговите овластувања спрема трети лица се запишуваат во трговскиот регистар. При
уписот на застапникот по закон во трговскиот регистар се приложува потпис заверен кај
нотар. Странските лица можат да приложат потпис заверен кај надлежниот орган во
земјата чиишто државјани се.
Пропуштање во постапката или која било нерегуларност при давањето на
овластување за застапување или при објавувањето податок којшто се однесува на
застапникот по закон, не може да се употреби против трети лица, освен ако трговското
друштво докаже дека третите лица знаеле за тоа (ЗТД, чл. 65/4). Во поглед на
застапувањето по закон, ЗТД предвидува одредена забрана која што се однесува на
неможноста застапникот по закон не може, без посебно овластување на трговското
друштво, да настапува како договорна страна и со друштвото да склучува договори од
свое име и за своја сметка, во свое име, а за сметка на други лица, или во име и за сметка
на други лица. Ова законска одредба има заштитна функција во поглед на интересите на
друштвото, истовремено превенира злоупотреба на службената должност на застапникот
по закон.

ЗАСТАПНИК ПО ПОЛНОМОШНО
Застапникот по полномошно е категорија позната на Законот за облигациони односи и
Законот за трговски друштва. Во суштина истата генерира од концептот на застапништво по
закон. Имено, застапникот на трговското друштво може да даде полномошно на друго лице
во рамки на овластувањата кои ги црпи од законот и статутот и кои што се запишани во
трговскиот регистар. Правата, обврските и овластувањата кои ги има застапникот по закон
му припаѓаат и на застапникот по полномошно. Дистинкцијата се базира на фактот што
застапникот по закон своите овластувања ги ipso jure, наспроти застапникот по
полномошно чии права и обврски зависат од содржината на даденото полномошно.38

ПОКУРИСТ
Прокурата е трговско полномошно чијашто содржина и обем се определени во
ЗТД. Прокура може да даде само лице кое што согласно ЗТД има статус на трговец.
Прокурата се дава на начин определен со изјавата за основање на трговското друштво од
едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот. Во поглед на давањето на
прокурата, ЗТД предвидува посебна (писмена) форма која што е услов за полноважна
прокура (ЗТД, чл. 68/4). Прокурата може да се даде на секое деловно способно физичко
лице, без разлика на должноста и работите што ги врши, освен ако со изјавата за основање
на друштвото од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот поинаку не е
определено. Прокурата не може да се даде на правно лице. Односите меѓу трговското
друштво и прокуристот, како и наградувањето се уредуваат со договор. Во правната
теорија и практика познати се два вида на прокура и тоа: поединечна и групна прокура.

ПОЕДИНЕЧНА И ГРУПА ПОКУРА СПОРЕД


МАКЕДОНСКОТО ПРАВО
Прокурата може да се даде на едно физичко лице (поединечна прокура), или на две
или на повеќе физички лица заедно (групна прокура). Ако прокурата е дадена на две или
на повеќе физички лица, секое од тие лица е прокурист кој самостојно го застапува
трговското друштво во рамките на овластувањата определени со ЗТД. Прокурата дадена
на две или повеќе лица ќе се смета за групна прокура само ако тоа е изречно назначено во
прокурата.39 Во случај на групна прокура, изјавите на волја, правните работи и дејствија се
полноважни ако се сторени од сите прокуристи заедно, односно ако се согласиле сите
прокуристи.
Правните работи и дејствија коишто ќе ги стори еден од прокуристите се смета
дека се полноважни ако другите прокуристи за нив дале изречна согласност или ако
другите прокуристи дополнително дадат согласност. Изјава на волја или правна работа и
дејствие направено до еден од прокуристите се смета дека е направено до сите
прокуристи. Во случај на групна прокура, знаењето на правно битните факти или вината
на еден од прокуристите предизвикува правно дејство за давателот на прокурата, без оглед
на тоа дали тоа го знаеле или дали се виновни другите прокуристи.
Прокуристот може да ги склучува сите договори и да ги врши и сите други правни
работи и дејствија во име и за сметка на трговското друштво во рамките на предметот на
работењето на друштвото, да го управува претпријатието на давателот на прокурата и да
го застапува друштвото во постапките пред управните и другите државни органи,
организациите и установите со јавни овластувања и судовите.

ПОЛНОМОШНИК ПО ВРАБОТУВАЊЕ
Вработено лице во трговското друштво кое врши работи коишто, според
редовниот тек на работата, вклучуваат и склучување определени договори, односно
преземање определени правни работи, е овластено како полномошник на друштвото да
склучува и такви договори и да презема такви правни дејствија во рамките на работите
што ги врши (ЗТД, чл. 67/1/2). Работи на полномошникот по вработување би биле оние
коишто ги вршат продавачите во продавниците, лицата кои вршат одредени услуги во
угостителството, вработените за вршењето работи на шалтерските служби во пошта, банка
и сл. За полномошникот по вработување важат одредбите кои што се однесуваат на
полномошникот по закон во делот на ограничувањата предвидени со ЗТД. Попрецизно,
законот ги штити третите лица од нерегуларностите и пропустите во давањето на
овластувањето на полномошникот по вработување во случај кога на првите не им биле
познато постоењето на неправилностите. Во случај третите лица да биле запознаени со
овој факт, трговското друштво е должно да го докаже тоа (ЗТД, чл. 67/2).

ТРГОВСКИ ПОЛНОМОШНИК И ТРГОВСКИ ПАТНИК


Трговски полномошник е вработено лице во трговското друштво или друго
физичко лице кое, за награда, е овластена од застапниците по закон на друштвото да го
води претпријатието или негов дел, во рамките на даденото полномошно. Трговското
полномоштво се дава во писмена форма со заверка на потписите кај нотар или се дава во
електронска форма потпишано со електронски потпис согласно со Законот за податоците
во електронски облик и електронски потпис.40
Трговскиот полномошник е овластен да ги склучува сите договори и да ги презема
сите правни дејствија што се вообичаени во прометот при водењето на претпријатието или
на негов дел и тоа во рамките на даденото полномошно. Без посебно овластување од
давачот на полномошното, трговскиот полномошник нема овластување да отуѓи ниту да
ги оптовари неговите недвижности, да го обврзе со меница или со чек, да презема обврски
од гаранција, да земе заем за него, да договори надлежност на избран суд и да се спогодува
или да води спор. Ограничувањата на овластувањата на трговскиот полномошник, немаат
правно дејство спрема трети лица кои за нив не знаеле ниту морале да знаат. Кон својот
потпис тој е должен да назначи дека настапува како полномошник.

КОМАНДИТНО ДРУШТВО
Командитно друштво е трговско друштво во коешто се здружуваат две или повеќе физички и
правни лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото лично со
сиот свој имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку два содружника
(комплементар), а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само до
износот на запишаниот влог во друштвото (командитор). Влогот на командиторот не може да
биде во труд и услуги. Комплементарите учествуваат најмалку со една петтина во вкупниот
износ на влоговите. Командитното друштво се основа со договор за друштво во писмена форма
и со заверени потписи на содружниците на договорот за друштвото кај нотар или во
електронска форма потпишан со електронски потписи од страна на содружниците на договорот
за друштвото согласно со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.
Со командитното друштво управуваат комплементарите. Комплементарите ја преземаат
обврската за менаџирање на друштвото истовремено и ризикот од неправилното работење на
друштвото. Логично е решението на законодавецот за исклучивото право на комплементарот
да управува со друштвото со оглед на тоа дека тој е единствениот содружник (наспроти
командитарот) кој одговара со целокупниот свој имот. Командитор не може да учествува ниту
во застапувањето на друштвото. Секоја одредба со спротивна содржина не произведува правно
дејство, односно е ништовна. Командитор не може да го застапува друштвото ниту по основа
на полномошно од страна на комплементарот. Во случај да командитарот да добие такво
полномошно и настапи како застапник, неговиот статус од аспект на одговорност за обврските
на друштвото се менува.Командиторот се изедначува со статусот на комплементарот и во
случај кога нема да го внесе договорениот влог. Со склучувањето на договорот за друштвото,
командиторот презел обврска да го уплати/внесе запишаниот влог. Во случај тој да не го
сторил тоа, одговара неограничено и солидарно во делот на преземениот а
неплатениот/невнесениот влогчува статусот на комплементарот и командиторот, односно
последниот се подведува под режимот на неограничена и солидарна одговорност.

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ


Друштвото со ограничена одговорност е најпопуларниот тип на трговски друштва кое
што го познава секој правен систем. ДОО спаѓа во категоријата капитални трговски
друштва. Овој термин генерира од неговиот карактер којшто се базира на фактот што за
содружниците не е битно меѓусебното лично својство. Клучен момент е поседувањето на
потребниот капитал за којшто тие постигнале согласно да биде основачки капитал, а
преку кој истите ќе стекнат статус на основачи во ДОО. Основната главнина се состои
од збирот на влоговите на содружниците. Таа не може да биде помала од 5.000
евра во денарска противвредност. Износот на основната главни мора да биде
изразен со цел број делив со 100. Влогот на секој од содружниците може да биде
во парична или непарична форма, а поединечно не може да биде помал од 100
евра.

Друштво со ограничена одговорност е трговско друштво во коешто едно или повеќе


физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна
главнина на друштвото. Друштвото со ограничена одговорност може да има најмногу 50
содружници. Друштвото со ограничена одговорност спаѓа во категоријата на капитални
трговски друштва во којашто група спаѓа и акционерското друштво. ДОО претставува
форма на трговско друштво позната на ЗТД којашто во себе содржи елементи на
капитално и персонално друштво. ДОО не е погодна форма за собирање на голем
капитал на содружниците. На тоа упатува и фактот што најголемиот број на содружници
може да биде 50. Влоговите на содружниците можат да бидат со различна големина. На база
на внесените и уплатени влогови во друштвото, содружниците стекнуваат удели кои во
суштина претставуваат збир на права и обврски на содружниците спрема друштвото. Во ДОО,
содружниците не одговараат за обврските кои произлегуваат од облигационо правни односи во
кои влегува друштвото.

ДОО се основа со договор што го склучуваат сите основачи чиишто потписи се заверуваат на
нотар. Основачите го склучуваат договорот за друштвото лично или преку полномошник, кој
мора да има полномошно заверено кај нотар, освен во случај кога полномошното е потпишано
со електронски потпис согласно со Законот за податоците во електронски облик и електронски
потпис. Полномошно не е потребно ако застапникот на основачот врз основа на закон е
овластен за него да го склучи договорот за друштвото, односно да даде изјава за основање на
друштвото (ЗТД, чл. 170/4). Со склучувањето на договорот за друштвото, содружниците се
обврзуваат помеѓу другото на внесување/уплатување на одредени влогови кои на сочинуваат
основната главнина на друштвото. На основ на влогот во друштвото, секој содружник стекнува
удел во кој се содржани одредени права и обврски. Во уделот на содружниците концентрирани
се: правото да учествува во управувањето со друштвото; правото да учествува во
распределбата на добивката; правото да биде информиран за работењето на друштвото; да
врши увид во книгите и во другите документи на друштвото и конечно, право на дел од
остатокот на ликвидационата, односно на стечајната маса. ЗТД предвидува и други права за
содружникот.

Во поглед на правото на учество во распределбата на добивката, ЗТД предвидува концепт на


сразмерна распределба со можност за поинакво распределување во случај кога тоа е
предвидено во договорот. Големината на уделот во друштвото се определува според влогот
што го презел содружникот, но Законот остава можност со договорот за друштвото да се
пропише поинакво определување на големината на уделот.

Во практиката, најчесто, содружниците се договараат големината на уделот да се определува


сразмерно на нивните основни влогови, но има и случаи кога големината на уделот се
определува во сооднос кој ќе го утврдат содружниците, а кој не соодветствува на основните
влогови. Од аспект на уреденоста на односите на содружниците во друштвото, од посебно
значење е книгата на удели којашто ја води управителот во друштвото. По запишувањето на
основањето на друштвото во трговскиот регистар, во книгата на удели се внесуваат податоци
за секој содружник и тоа:

1. за содружник - физичко лице

• име и презиме;

• единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);

• број на пасош, односно број на лична карта, ако содружникот е странско физичко лице
или друга исправа за утврдување на идентитетот - важечка во неговата земја и неговото
државјанство;

• место на живеење;

2. за содружник - правно лице

• фирма (назив);

• седиште;

• МБС (број од ДЗС)

• датумот од кога станал содружник;

• износот на влогот што содружникот го презел и што врз основа на тоа го уплатил, или
презел обврска да го уплати, начинот и времето на уплата, дополнителните доплати;
• опис и изјава за договорена вредност на непаричниот влог што е внесен или презел
обврска да го внесе во друштвото;

• сите обврски што го товарат уделот;

• бројот на гласовите што ги има при донесувањето на одлуките на содружниците;

посебните права и должности што произлегуваат од уделот

• исклучување и истапување на содружник;

• промената на сопственоста на удел во врска со претворање на удел во пари;

• преземање нови влогови;

• намалување на влоговите;

враќање на дополнителни доплати.

Право на содружниците да располагаат со уделите

Содружниците во друштвото имаат право да располагаат со своите удели. Располагањето со


уделите на содружниците е уредено со чл. 197 од ЗТД, согласно кој, содружниците располагаат
со уделите под условите утврдени во договорот за друштвото. Пренос на уделите на друштвото
може да се врши на начин и постапка определени со договорот за друштвото. Уделот може да
се пренесе во целост или само дел од него. Преносот на удел се врши со договор за пренос на
удел, заверен кај нотар. Услов за пренос на удел на трето лице е содружникот во потполност да
го уплатил својот влог. Ако удел се пренесе спротивно на условите пропишани со ЗТД или
договорот за друштвото, таквиот пренос е ништовен.

Пренос на уделот по пат на наследување

Уделот може да се пренесува и по пат на наследство. За разлика од претходниот ЗТД, каде


преносот на удел по пат на наследство, беше ограничен на брачен другар, деца, зетови и снаи,
согласно овој ЗТД пренос на удел по пат на наследство не може да се ограничува.

Стекнување удели од страна на друштвото

Друштвото може да стекнува сопствени удели. Сопствени удели се стекнуваат под следните
услови:

• ако за уделот што се стекнува во целост е уплатен основниот влог и

• ако уделот се стекнува од имотот на друштвото што го надминува износот на основната


главнина и ако друштвото создало резерви за стекнување сопствени удели, а со тоа не
ја намалува основната главнина на друштвото или нивото на резервите, определено со
договорот за друштвото, кои не смеат да се употребуваат за плаќања на содружниците.

Одлуката за стекнување на сопствени удели, содружниците ја донесуваат со најмалку


тричетвртинско мнозинство гласови од вкупниот број гласови што ги даваат уделите.
Друштвото може да откупи удели што учествуваат во основната главнина, најмногу до една
третина.

Повлекување на удел

Повлекување на удел од друштвото со ограничена одговорност, може да се врши само во


случаите предвидени со договорот за друштвото. По правило уделот се повлекува со
согласност на содружникот, но може да биде повлечен и без негова согласност, ако условите за
повлекување биле пропишани во договорот за друштвото пред содружникот да го стекне
уделот. Кога со повлекување на уделот се намалува основната главнина на друштвото,
повлекувањето може се да изврши само преку намалување на основната главнина, за што се
спроведува постапка за намалување на основната главнина, и се пријавува за упис во
трговскиот регистар.

АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО
Акционерското друштво спаѓа во категоријата капитални трговски друштва.
Акционерско друштво може да основаат едно или повеќе физички или правни лица.
Поврзаноста на акционерите не е детерминирана од личните својства на основачите.
Клучен момент при основањето претставува поседувањето, односно намерата за
вложување на капитал.

Акционерското друштво е друштво во коешто акционерите учествуваат со влогови во


основната главнина (ЗТД, чл. 270). Основната главнина во АД е поделена на акции во
кои се содржани правата и обврските на акционерите на база на дадените влогови во
друштвото.

Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа


симултано, без јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕВРА во денарска
противвредност, според средниот курс на Народната банка на Република Македонија,
објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на
одлуката за промена на основната главнина, а кога друштвото се основа сукцесивно,
преку јавен повик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕВРА во денарска
противвредност, освен ако со друг закон не е определен друг најмал износ на основна
главнина.

Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕВРО, според средниот курс
на таа валута, објавен од Народната банка на Република Македонија,

Самиот поим акција е повеќезначен, а општо означува:

а) дел од основната главнина на друштвото, кој е во сопственост на акционерот и претставува


сразмерен дел од капиталот на акционерското друштво.,

б) износот (големината) на правото на управување со друштвото односно можните обврски,


ако се предвидени со статусот на акционерското друштво.

Акцијата е пренослива хартија од вредност и затоа може да биде предмет на различни правни
работи. Поради оваа основна карактеристика, акцијата може да биде предмет на тргување. Во
Законот за хартии од вредност,45 акцијата е дефинирана како сопственичка хартија од
вредност, која претставува неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското
друштво или командитното друштво со акции. Акцијата ја карактеризираат неколку различни
вредности.

Првата вредност е номиналната вредност на акцијата. При основањето на акционерското


друштво, основниот акционерски капитал се дели на одреден број на акции, при што секоја
акција има номинална вредност. Збирот на тие вредности го сочинува основниот капитал на
друштвото. Речиси сите европски законодавства ја утврдуваат најниската номинална вредност
на една акција, додека англиското право не предвидува најмал износ на вредноста на акцијата.
Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија номиналниот износ на една
акција не може да биде помал од едно евро.

Другата вредност на акциите е книговодствената вредност на акциите, која е пресметана од


билансните податоци на акционерското друштво, како однос меѓу вкупниот капитал и бројот
на издадени акции.

Третата вредност на акциите и истовремено најважната е нејзината пазарна вредност, што ја


утврдува секундарниот пазар врз основа на понудата и побарувачката за одделната акција

Акциите може да се поделат и зависно:

од содржината на правото и од тоа на кого гласат.

Според содржината на правото, акциите можат да бидат обични и приоритетни акции.


Обичните акции се акции кои на сопственикот му обезбедуваат учество во поделбата на
нето добивката на друштвото, откако ќе се извршат обврските кои имаат приоритет на
исплата. Сопствениците на обични акции имаат и право на управување со друштвото
односно право на глас при донесувањето на одлуки од страна на акционерското собрание.
Исто така, сопствениците на обичните акции имаат право, во случај на ликвидирање или
стечај на друштвото, да го поделат меѓу себе остатокот од имотот по намирување на
обврските на друштвото кои имаат приоритет на наплата. Приоритетните акции се
акции кои на сопствениците им носат однапред определен паричен износ или во процент
од номиналниот износ на акцијата дивиденда, која најчесто се исплатува годишно.
Самото име на овие акции покажува дека тие имаат приоритет во исплатата на
дивидендата пред сопствениците на другите видови на акции. Она што е суштествено за
овие акции е што најчесто на сопственикот не му обезбедуваат право на управување во
друштвото, доколку со статутот и во одлуката за издавање на акции не е поинаку
уредено. Согласно позитивните законски прописи во Македонија вкупниот номинален
износ на приоритетните акции без право на глас не може да биде поголем од 30% од
вкупниот номинален износ на обичните акции во основната главнина на друштвото.

Во зависност од различните права што им ги даваат на акционерите, во Република


Македонија постојат повеќе класи на приоритетни акции и тоа:

- Кумулативната приоритетна акција му дава на сопственикот право на наплата на


акумулираните неплатени дивиденди пред наплатување на какви било дивиденди на
сопственикот на обични акции. Во поглед на правото на глас кое што произлегува од
секоја акција во која е претставен дел од основната главнина истакнуваме дека
независно од непрецизноста на решението од чл.280/4, на становиште сме дека во
Р.Македонија секоја акција дава право. Во контекст на ова, секоја акција која дава право
на глас дава право на еден глас во собранието на друштвото. Секоја обична акција дава
право на глас во собранието. Приоритетните акции, во согласност со ЗТД, можат да бидат
издадени како акции со право на глас и како акции без право на глас. Вкупниот
номинален износ на приоритетните акции без право на глас не може да биде поголем од
30% од основната главнина на друштвото. Вкупниот номинален износ на приоритетните
акции, со и без право на глас, не може да биде поголем од вкупниот номинален износ на
обичните акции во основната главнина на друштвото. Конечно, во функција на
образложението погоре, Забрането е издавање акции од ист род кои за ист номинален
износ даваат различно право на глас во собранието.

- Партиципативната приоритетна акција му дава на сопственикот, покрај утврдената


(фиксна) дивиденда, и право на исплата на дивиденда којашто им припаѓа на
сопствениците на обични акции

Акциите во друштвото се делат и по основ на тоа какви права произлегуваат од нив за


нивните сопственици

Приоритетните акции можат да бидат од повеќе класи и не можат да бидат издадени со


понизок номинален износ од номиналниот износ на обичните акции. Приоритетните
акции од истакласа даваат исти права. Приоритетните акции можат да бидат
кумулативни и партиципативни. Кумулативната приоритетна акција му дава на
сопственикот право на наплата на акумулираните неплатени дивиденди пред
наплатувањето на какви било дивиденди на сопственикот на обични акции.
Партиципативната приоритетна акција му дава на сопственикот, покрај утврдената
(фиксна) дивиденда, и право на исплата на дивиденда којашто им припаѓа на
сопствениците на обични акции. Издадените акции можат да се платат со пари, со
внесување непаричен влог или комбинирано. Акциите се уплатуваат во пари на времена
сметка кај банка на основачите. Ако влоговите се уплатуваат во пари, пред
поднесувањето на пријавата за упис на друштвото во трговскиот регистар, мора да се
уплати најмалку 25% од номиналниот износ на секоја акција, а ако акцијата се издава за
повисок износ од номиналниот износ на акцијата, мора да се уплати и целиот износ што
го надминува нејзиниот номинален износ. Уплатата на остатокот се врши во една или во
повеќе рати, врз основа на одлуката за издавање акции, во рок не подолг од три години
од денот на уписот на друштвото во трговскиот регистар, освен ако со закон не е
определен пократок рок. Пред поднесувањето пријава за упис, вкупниот износ на сите
уплати во пари не може да биде помал од 12.500 ЕВРА, односно од 25.000 ЕВРА во
денарска противвредност, освен ако со друг закон не е определен друг најмал вкупен
износ на сите уплати во пари пред поднесувањето на пријавата за упис. Ако акцијата се
уплатува делумно со пари, а делумно со внесување непаричен влог, пред поднесувањето
на пријавата за упис на друштвото во трговскиот регистар, мора, во потполност, да се
уплати оној дел што се уплатува со пари.

ПОДРУЖНИЦА
Трговското друштво може да врши дејности и работи од предметот на работење на друштвото
надвор од седиштето преку една или повеќе подружници.

Подружницата се организира со одлука којашто ја донесува надлежниот орган на трговското


друштво во согласност со договорот за друштвото, односно со статутот.
Во одлуката за организирање подружница се наведуваат фирмата и седиштето на основачот,
предметот на работење на трговското друштво и на подружницата, претежната дејност според
Националната класификација на дејностите и лицата во подружницата-овластени за
застапување на друштвото. Подружницата може да ги врши сите дејности од предметот на
работење на друштвото.

Подружницата нема својство на правно лице. Од работењето на подружницата, права и


обврски стекнува трговското друштво.

Подружницата работи под фирмата на трговското друштво што ја организирало, во која


задолжително се наведува нејзиното седиште и зборот „подружница“. Подружницата може кон
фирмата на друштвото да додаде и свој назив.

Подружницата престанува ако надлежниот орган на трговското друштво што ја организирал


донесе одлука за престанување на подружницата или ако трговското друштво престане да
постои.

Организирањето и бришењето на подружницата се забележува во регистарската влошка во


којашто е запишано трговското друштво. Забележувањето се објавува на истиот начин како
уписите во трговскиот регистар.

Покрај домашните компании, странско друштво има право во Република Македонија да


организира свои организациони единици преку кои може да врши определени работи и да
презема обврски, да остварува пристап пред судовите и другите органи. Организационите
единици преку кои се вршат наведените дејности се:

• подружници и

претставништва

• странско трговско друштво, е секое трговско друштво основано според правото во


земјата во која го има регистрирано седиштето,

• странски трговец - поединец е секое физичко лице на кое тоа својство му е признато
надвор од територијата на Република Македонија, во земјата чиј државјанин е, во која
го има регистрирано седиштето и во која го води работењето на претпријатието.

Странските друштва и странските трговци - поединци работат според условите определени со


закон и во работењето се изедначени на територијата на Република Македонија со домашните
физички и правни лица, освен ако со меѓународен договор или со закон за одделни видови
друштва и за странските трговци - поединци со определен предмет на работење поинаку не е
определено. На странските друштва, чија форма не е уредена со ЗТД, соодветно се
применуваат одредбите што се однесуваат на трговските друштва со најсродна форма.

СТРАНСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО И СТРАНСКИ


ТРГОВЕЦ-ПОЕДИНЕЦ
Странско трговско друштво, според ЗТД, е секое трговско друштво основано според
правото во земјата во којашто го има регистрирано седиштето.
Странски трговец - поединец, според ЗТД, е секое физичко лице на кое тоа својство му е
признато надвор од територијата на Република Македонија, во земјата чиј државјанин е,
во којашто го има регистрирано седиштето и во којашто го води работењето на
претпријатието.

Трговско друштво чиешто седиште, со договорот за друштвото или со статутот, е


определено место надвор од Република Македонија, во смисла на ЗТД, има припадност на
државата во којашто му е седиштето.

Кога седиштето на друштвото, во согласност со претходно наведеното не се наоѓа во


Република Македонија, друштвото се смета за домашно кога вистински со него се
управува од место во Република Македонија или кога тоа се занимава со вршење на
трговска дејност што целосно или во поголем дел се остварува во Република Македонија.

Трговско друштво, чиешто седиште не е определено со договорот за друштвото, односно


со статутот, има припадност на државата во којашто се наоѓа местото од коешто
вистински се управува со него.

Правната и деловната способност (правниот субјективитет) на странското друштво се


цени според законите на државата на којашто друштвото припаѓа.

Деловната способност не може да биде поголема, а одговорноста не може да биде помала


од онаа којашто законските прописи на Република Македонија им ја признаваат, односно
им ја наложуваат на домашните друштва од иста или за слична форма и предмет на
работење, ниту странското друштво може, во поглед на правните работи што ги склучило
или што мора да ги извршува во Република Македонија, да се повикува на својата
неспособност ако на неа не може да се повикува ниту домашното друштво од иста или
сродна форма и предмет на работење.

(1) Во своето работење во Република Македонија странското друштво работи според


законите на Република Македонија.

(2) Се смета дека странското друштво, чијашто подружница во Република Македонија е


запишана во трговскиот регистар, во поглед на правните работи што ги склучило или
што мора да ги изврши во Република Македонија, има правна и деловна способност како
и домашно правно лице од иста или сродна форма и предмет на работење, иако според
законите на државата на којашто му припаѓа не би постоело или не би ја имало таа
деловна способност

ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА
Договорот за продажба спаѓа во групата договори што се правен основ за пренос на правото на
сопственост врз одредена ствар, или одредено имотно право. Договорот за продажба е правен
инструмент што служи за пренесување на најширокиот обем на овластување врз еден предмет
или одредено имотно право, и тоа од еден на друг субјект. На значењето на договорот за
продажба укажуваат повеќе факти помеѓу кои што и фактот дека на договорот за продажба
ЗОО посветува најголем број на членови и тоа 97 (ЗОО, член 442-539), вклучувајќи ги и
одредбите за договорите за продажба со особени погодби.
Во Република Македонија, трговската продажба е уредена со ЗОО. Во поглед на сите видови
на договори за продажба, вклучувајќи ги и трговските договори, важи општата дефиниција
според која што договорот за продажба e двострано обврзувачки договор по основ на којшто
едната договорна страна (продавачот) се обврзува одредена ствар или имотно право да пренесе
(да го отстапи) во сопственост на другата договорна страна (купувачот), а другата договорна
страна (купувачот) се обврзува за пренесената сопственост врз стварта или имотното право да
плати одреден противнадомест (купопродажна цена). Договорот за продажба настанува во
моментот кога договорните страни ќе постигнат согласност на волја за суштествени елементи
на договорот, по основ на што договорот за продажба се квалификува како консензуален
договор карактеристики, договорот за продажба е двострано обврзувачки, товарен,
синалагматичен, каузален, именуван, главен и неформален.

По склучување на договорот се наведуваат и правата и обврските на купувачот но исто


така и на продавачот „обврски на купувачот“ изречно предвидува дека преземањето на
предметот е обврска на купувачот и се состои во вршење на потребните дејствија за да
биде возможно предавањето, како и во однесување на предметот

Во поглед на обврските на продавачот ја нагласуваме неговата обврска физички да го предаде


предметот на договорот, а исто така должен е да го пренесе правото на сопственост на стварта
што е предмет на договорот. Според ЗОО, чл. 467., недостаток постои:

1) ако предметот ги нема потребните својства за негова редовна употреба или за промет;
2) ако предметот ги нема потребните својства за особената употреба за која го набавува
купувачот, а која му била позната на продавачот или морала да му биде позната;
3) ако предметот ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчено
договорени, односно пропишани и
4) кога продавачот предал предмет кој не е соодветен на мострата или на моделот освен
ако мострата или моделот се покажани само заради известување.
5) Во корелација со обврските на продавачот се наоѓаат правата на купувачот.
6) Оттука, ЗОО гарантира право на
купувачот: А) да бара исполнување на
договорот,
7) Б) да бара намалување на цената на договорот,
8) В) да бара раскинување на договорот, и конечно,
9) Г) да бара надоместување на штетата која што ја претрпел

ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ
Посредувањето како трговска дејност е во функција на олеснување на секојдневниот
прометот на стоки и услуги. Посредувањето придонесува кон олеснување на процесот на
склучувањето на договорите во прометот на стоки и услуги. Појавата и експанзијата на
посредувањето како дејност, се врзува за потребата од постоење и функционирање на
специјализирани субјекти од конкретни области за кои постои интерес на пазарот на стоки и
услуги. Специјализацијата на овие субјекти именувани како посредници, се однесува на
познавањата што ги имаат во поглед на понудата и побарувачката на пазарот, субјектите што
нудат квалитетна стока и услуга, поволна цена, добра локација итн. Поинаку кажано,
посредниците се субјекти коишто се занимаваат со доведување во врска на понудувачот и
потенцијално понудениот, кој согласно потребите на првиот (понудувачот) одговара за
отпочнување на преговарачки процес за склучување на иден договор.
Договорот за посредување е двострано обврзувачки договор, неформален, товарен и
консензуален. Според својата правна природа, во договорот за посредување се наоѓаат
елементи на дело, што произлегува и од решението на член 870 од ЗОО, каде е предвидено
дека во случај кога е договорено дека посредникот ќе има право на определен надомест и ако
неговото настојување остане без резултат, за таквиот договор ќе се суди според одредбите
што важат за договорот за дело.

. Права и обврски на договорните страни

По основ на договорот за посредување, за посредникот и налогодавачот произлегуваат


обврски кои директно се наметнуваат од ЗОО, договорот, добрата деловна практика и општите
начела на договорното право. Имено, со склучувањето на договорот, посредникот се обврзува:
- да бара прилика за склучување на договор;
- да го известува налогодавачот за сите околности од значење за намислената работи,
кои му се познати или морале да му се познати;
- да води посреднички дневник и лист;
- Посредникот е должен да се грижи со внимание на добар стопанственик за интересите
на двете страни меѓу кои посредува.
Во овој дел, ЗОО го предвидува видот и обемот на одговорност на посредникот. Имено,
посредникот не одговара ако и покрај потребната грижливост не успее во своето настојување.
Посредникот одговара за штетата што би ја претрпела едната или другата страна меѓу кои
посредувал, а која би се случила поради тоа што посредувал, за деловно неспособно лице за
чија неспособност знаел или можел да знае, или за лице за кое знаел или морал да знае дека не
ќе може да ги изврши обврските од тој договор и воопшто за секоја штета настаната по негова
вина.
Посредникот одговара за штетата што би настанала за налогодавачот поради тоа што
без дозвола од налогодавачот известил некој трет за содржината на налогот, за преговорите
или за условите на склучениот договор.
Посредникот е должен со внимание на добар стопанственик да бара прилика за
склучување на определен договор и да му укаже за неа на налогодавачот. Посредникот е
должен да посредува во преговорите и да настојува да дојде до склучување на договор ако за
тоа се обврзал посебно. Тој не одговара ако и покрај потребната грижливост не успее во
своето настојување.1 Посредникот кој спротивно на договорот или спротивно на интересите на
својот налогодавач, работи за другата страна, го губи правото на посреднички надомест и на
надомест на трошоците.
По методот на координација, тоа што претставува обврска за посредникот е право за
налогодавачот и vice versa. Сепак во ЗОО посебно внимание се посветува на правото на
надомест на посредникот, односно обврската на налогодавачот да му го плати договорениот
надомест и условите под кои тоа се реализира. Имено, посредникот има право на надоместок и
кога тоа не е договорен. Во случај пак кога надоместокот е утврден меѓутоа не е определена
неговата висина, истата ја определува судот трудот што го вложил посредникот односно
направената услуга. Посредникот нема право на надоместување на трошоците што ги
направил за извршување на налогот. Тој има право на надомест на трошоците, само кога тоа е
утврдено во договорот. Според законското решение од ставот 2 на член 880, посредникот на
кој со договорот му е признато правото на надомест на трошоците, има право на тој надомест
и во случај кога договорот не е склучен.
Поим на договор за факторинг

Договорот за факторинг е правно дело по основ на што се реализираат правата и обврските


кои што произлегуваат од економските интереси на договорните страни. Во современите
услови на трговскиот промет на стоки и услуги, факторингот се појавил како резултат на
одредениот степен на развој на трговијата и потребата од подобрување на готовинскиот тек во
бизнис секторот како најподобната клиентела на банкарскиот сектор.
Договорот за факторинг се склучува помеѓу факторот (најчесто банката), и неговиот
клиент, којшто по основ на договорот за факторинг се обврзува да му пренесе на факторот
(банката) постоечко или идно побарување од договор за продажба, односно договор за
застапување, шпедитерски договор, складишни или друг вид на услуги, склучени со
купувачот, односно застапуваното лице, шпедитерот, складиштарот или друго лице
корисник на услугите, а факторот се обврзува за одредена провизија да го наплати
побарувањето што произлегува од односот на клиентот со третото лице односно
должникот. Со договорот за факторинг, банката стапува на местото на доверителот (неговиот
клиент), преку цедирање на правата на клиентот врз банката, и има право да го наплати
побарувањето (побарувањето што пред склучувањето на договорот за факторинг го имал
неговиот клиент) спрема должникот, т.е. купувачот односно корисникот на услугите. Како
обврска спрема својот клиент, по основ на склучениот договор за факторинг, банката е должна
да го кредитира отстапеното побарување и да врши други факторинг услуги.

- Фактор има обврска на клиентот да му ја плаќа вредноста на неговото побарување кон


третото лице – должникот од првобитниот однос (намалена за договорената провизија на
факторот и трошоците за наплатување на побарувањето) и го наплаќа втасаното побарување
во полн износ. Факторинг спаѓа во услужна функција. услужната функција на факторингот се
состои во повеќе услужни дејности на факторот кои се однесуваат на евидентирање, книжење,
реализирање на преземените побарувања на факторовиот клиент на факторот. Врз основа на
склучениот договор за факторинг, ftфакторот се стекнува со право на преземање на
побарувањата, со право на провизија за пружените услуги, со камата за периодот од
плаќањето на побарувањата на клиентот до неговата наплата од трето лице.
- Клиентот на факторот врши пренос на своето побарување на факторот со цел од него
да добие парична сума веднаш, пред стасаноста на побарувањето коешто тој го има кон
должникот.
- Должник на клиентот е должен согласно општите правила на цесијата да му го исплати
долгот на факторот, секако откако ќе биде известен за отстапувањето (било од факторот, било
од клиентот). Согласно општите правила на цесијата, ирелевантно е кому должникот му
должи, оттука, битно е да биде информиран за неговиот нов доверител кому го должи
побарувањето. Ова во смисла на член 426 став 1 од ЗОО каде е предвидено дека за
пренесување на побарување не е потребно согласност од должникот, но отстапувачот е
должен да го извести должникот за извршеното отстапување

. Поим на договор за лизинг

Лизингот е активност која се однесува на подвижен предмет и недвижен предмет, при која
корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или произведен од
страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен
временски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз
основа на договорот за лизинг кој е склучен меѓу давателот и корисникот на лизинг, според
условите определени во него.

Права и обврски на давателот и примачот на лизинг

Со склучување на договорот за лизинг давателот на лизинг е должен да се однесува со


соодветен степен на внимание, односно тој е должен да се однесува според правниот стандард
на совесен и уреден трговец. Понатаму, давателот на лизинг има обврска да го отстапи
искористувањето на лизинг објектот на примателот на лизинг, уредно и совесно да го одржува
објектот, и конечно, да го пренесе правото на сопственост во случај кога во договорот за
лизинг е предвидена клаузула за пренесување на правото на сопственост. Од друга страна,
примателот на лизинг по основ на склучениот договор за лизинг има обврска да ги плаќа
лизинг ратите согласно условите утврдени во договорот за лизинг, да го користи предметот
земен на лизинг согласно условите предвидени во договорот за лизинг. Понатаму, примателот
на лизинг е одговорен за одржување на предметот кој е предмет на договорот за лизинг, во
добра работна состојба, нормална употреба и абење, освен ако поинаку не е предвидено во
договорот за лизинг. Корисникот се товари со трошоци за одржување, вклучувајќи ги
работењето, техничкото одржување и поправката на предметот на лизинг, освен ако поинаку
не е определено во договорот за лизинг. Доколку поинаку не е определено во договорот за
лизинг, од моментот на приемот на предметот, корисникот е должен да го осигури предметот.
Во категоријата обврски на примателот на лизинг влегува и обврската да го дозволи надзорот
односно контролата на давачот на лизинг врз предметот што е даден во лизинг.

Пренесување на права и обврски што произлегуваат од договорот за лизинг

Пренесувањето на правата и обврските од договорот за лизинг е експлицитно предвидено во


ЗЛ. Пренос на правата од договорот за лизинг може да ги пренесе давателот и примателот на
објектот на лизинг. Имено, давателот може да ги пренесува или на друг начин да ги остварува
сите или некои од неговите права и користи на предметот кои произлегуваат од договорот за
лизинг, под услов таквото пренесување или остварување да не е во спротивност со правото на
корисникот во целост да го користи предметот се додека корисникот ги прифаќа и исполнува
обврските од договорот за лизинг. Ова право на давателот на лизинг може да биде исклучено
со договорот за лизинг (ЗЛ, член 5-б/1). Пренесувањето на правата од договорот за лизинг не
го ослободува давателот од неговите обврски.

Пренос на правата по основ на договорот за лизинг може да направи и корисникот односно


примателот на лизинг. Попрецизно, корисникот може да го пренесе правото за користење на
предметот или обврските што произлегуваат од договорот за лизинг, само со претходна
писмена согласност од давателот добиена врз основа на барање поднесено од корисникот

ДОГОВОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ
Складирањето како трговска дејност има исклучително битно значење во
секојдневниот промет на стоки. Од аспект на трговскиот промет, значењето на
складирањето особено доаѓа до израз во меѓународниот промет, во Б2Б договорите. Во
современите услови на брз и масовен промет, складирањето стока е составен дел на
синџирот на размена на стоки ширум светот.

Складиштарот одговара по концептот на објективна одговорност. Имено,


складиштарот одговара за штетата на стоките освен ако докаже дека штетата е
причинета поради околности што не можеле да се избегнат или отстранат, или е
причинета по вина на давачот на депозитот, поради недостатоците или природните
својства на стоките, како и поради неисправната амбалажа. Складиштарот е должен да
го предупреди давачот на депозит за недостатоците или природните својства на
стоките, односно за неисправната амбалажа поради кои може да дојде до штета на
стоките, штом наведените недостатоци ги забележал или морал да ги забележи. Ако на
стоките би се случиле такви неотстранливи промени поради кои постои опасност
стоките да се расипат да пропаднат, складиштарот е должен, ако тоа на негов повик не
би можел на време да го стори давачот на депозит, да ги продаде стоките без одлагање
на најпогоден начин.
Во извршувањето на своите обврски по основ на договорот, складиштарот е
должен да постапува со внимание на добар стручњак, водејќи сметка за интересите на
давачот на депозит. Во ова насока, складиштарот е должен да презема дејствија заради
зачувување на правата на давачот на депозит и спрема превозникот што му ги предал
стоките за сметка на давачот на депозит во оштетена или манлива состојба.
Попрецизно, складиштарот не смее да издаде чиста складишница доколку стоката од
страна на превозникот ја прими во состојба што отстапува од договорената. На овој
начин складиштарот се обезбедува во однос неговите обврски спрема налогодавачот,
истовремено го штити неговите интереси спрема превозникот.
По основ на договорот за складирање, складиштарот нема законска обврска за
осигурување на стоката што ја прима во депозит. Таа обврска за него произлегува само
доколку тоа изречно е утврдено во договорот. Попрецизно, во делокругот на работните
обврски на складиштарот не влегува и осигурувањето како што тоа е типично за
шпедитерот. Во случаите кога складиштарот има договорна обврска да ја осигури
стоката, а во договорот не е утврдено од кои ризици стоката треба да се осигури, тој е
должен да купи полиса што ги покрива вообичаените ризици.

ДОГОВОР ЗА ШПЕДИЦИЈА
Договорот за експедирање111 е двострано обврзувачки, синалагаматички,
комутативен консензуален, и неформален трговски договор. Со договорот за експедирање
се обврзува експедиторот да склучи, заради превоз на определен предмет од свое име и за
сметка на налогодавачот, договор за превоз и други договори потребни за извршување на
превозот, како и да ги изврши другите вообичаени работи и дејствија, а налогодавачот се
обврзува да му исплати определен надомест.112 Од самата законска дефиниција на поимот
на експедирање (шпедиција), јасно произлегува дека во односите со третите лица,
превозникот, контролорот на стока, складиштарот, осигурителната компанија итн.,
експедиторот настапува во свое име, а за сметка на налогодавачот.
Во ставот 2 од истиот член (883), законодавецот ја предвидува можноста страните
да се договорот, експедиторот да склучува договор за превоз и да презема други правни
дејствија од името и за сметка на налогодавачот. Ова практично значи дека во Република
Македонија постои законски основ шпедитерот да настапи како комисионер и како
застапник (агент). Сепак, мора да се има предвиде дека првиот случај (настапување во
свое име а за сметка на друга) претставува правило, вториот, во име и сметка на друго
лице, претставува исклучок, односно концепт што страните треба да го утврдат во
договорот.

Определувањето на позицијата на шпедитерот во односите со третите лица има


исклучително битно значење за деловната практика. Ова особено поради прашањето за
определувањето на одговорноста на шпедитерот за работата на третите лица, како и
поради фактот што во деловната практика на полето на шпедицијата се познати и
меѓушпедитерите и подшпедитерите, кои честопати со својата позицијата го
комплицираат детерминирањето на односите и одговорноста за обврските преземено со
договорот.113 Истовремено, имаат битна улога во реализирањето на делокругот на
работните обврски делегирани до страна на шпедитерот.
Според законската концепција на Македонскиот шпедитер, основната негова
обврска е да го организира превозот на стока, и да ги преземе другите потребни дејствија
во функција на превезување на стоката до договорената дестинација.114 Шпедитерот нема
обврска да ја превезува стоката, туку да го организира превозот на стоката, водејќи сметка
за интересите на налогодавачот, односно почитувајќи ги начелата на економичност,
безбедност, сигурност во експедирањето на стоката до договорената дестинација. Во
насока на ова, шпедитерот единствено одговара за погрешната примена на концептот на
инстрадиција. 115

Налогодавачот може да се откаже од договорот по своја волја, но во тој случај е


должен на експедиторот да му ги надомести сите трошоци што ги имал дотогаш, и да му
исплати сразмерен дел од надоместокот за дотогашната работа. Во корелација со член 883
од ЗОО, на договорот за шпедиција се применуваат и одредбите од договорот за комисион,
односно за трговско застапување, во случаите што не се уредени одредбите за содржани во
глава XXV.116 Ова законско решение укажува на фактот дека шпедитерот може да настапи
и како трговски застапник, и како комисионер. Во деловната практика, шпедитерот
честопати врши и складишни, превознички, контролорни услуги. Следствено, на односите
кои настапуваат во врска со вршењето на овие дејности се применуваат правилата кои ги
уредуваат односите од договорите за комисион, превоз, трговско застапување итн. Во
насока на ова е и пресудата на Основен суд Велес, донесена во спорот заведен под број
ПЛ1-ТС.бр.341/13, каде Судот на база на изнесените факти и изведените докази, го
задолжил тужениот да го плати долгот за извршените услуги на налогодавачот. 117
Имено, во предлогот тужителот наведува дека со тужениот биле во
должничко-доверителски односи и врз основа на фактури има пристигнато
парично побарување спрема тужениот во износ од 1.142.517,00 денари, а по
извршен транспорт на керамички плочки со камиони. Во прилог доставува
фактури во кои е наведено да се однесуваат за надомест за услуги за
складишнина на стока за определен период и цена со валути за исплата. Во
приговорот тужениот наведува дека тужбата на тужителот е неоснована,
тужителот никогаш нема вршено транспорт на керамички плочки за тужениот,
ниту некогаш постоел должничко-доверителски однос помеѓу странките.
Приложените фактури од тужителот се однесуваат на складирање на
магнезиум на ден 15.04.2006, 04.05.2006 и 23.04.2006 година кој е примен од
испорачател од Франција, а се работи за период од месец јуни 2010 до месец
јуни 2013 година. Тужениот ги нема примено фактурите, нема увезено
магнезиум од Франција, тужителот кон фактурите нема приложено финансов
меѓународен транспортен документ од кој може да се утврди дека магнезиумот
е увезен и е сопственост на тужениот.
Според прибавените документи од тужениот, магнезиумот е сопственост
на други правни лица и тужителот претходно неосновано во согласност со
претходниот законски застапник на тужениот има наплатено складишнина за
магнезиум кој не бил увезен од тужениот, за што приложува меѓународни
товарни листови за кои фактурите за превоз се книжени и платени од правното
лице М.Л. од К., а тужениот не е сопственик на магнезиумот и нема пасивна
легитимација.
Тужителот согласно член 115 од ЦЗ примената пратка не можел да ја
чува подолго од 12 месеци и немал можност да фактурира. Приговара и на
висината на фактурите од причина што се работи за отпад од магнезиум.
Предлага судот приговорот да го усвои, а решението на нотарот да го укине.
Побара трошоци. Во поднесок од 27.08.2013 година, полномошникот на
тужителот наведе дека при изготвување на предлогот направена е техничка
грешка во основот на фактурите кои се однесуваат за лежарина (складишнина)
на магнезиум, видно од пријавата (ИМА 7) која се однесува на складирање под
царински надзор и е заверена од ЦУ на РМ и поднесена од правното лице М.Ш.
како шпедитер, сопственик-увозник на стоката е тужениот.
Шпедитерот не можел без налог на сопственикот на стоката да
располага со неа. Тужениот и порано увезувал и складирал магнезиум кај
тужителот за што постои правосилна и извршна пресуда ПСС бр.772/07 од
07.02.2008 година на Основниот суд во Велес. Приложил наод и мислење на
вешто лице С.Ф. од С... Со поднесок од 02.09.2013 година, полномошникот на
тужениот ги оспори наводите на тужителот, да помеѓу странките не е склучен
договор за складирање и тужителот нема издадено складишница и согласно
чл.793 од ЗОО тужителот бил должен по истекот на една година даја продаде
стоката на јавна продажба, што е во согласност и со чл.90 и чл.115 ст.2 од
Царинскиот закон. Попратните царински документи не се доставени од
тужителот кон фактурите. Тужениот ги нема добиено предметните фактури, на
залиха нема магнезиум, а превозот на стоката бил платен од страна на друга
фирма-М.Л. ДОО К.., па тужениот нема пасивна легитимација за водење на
спорот.
Позицијата на шпедитерот во деловната практика и согласно ЗОО битно се
менува во случаите познати како „специјални работи на шпедитерот“. Во
специјалните работи на шпедитерот влегуваат:
- контрола на квалитетот и квантитетот на стоката;
- Издавање гарантни писма (Letter of Indemnity);
Застапување на налогодавачот во постапка за регрес спрема трети лица
ДОГОВОР ЗА ПРЕВОЗ НА СТОКИ И ЛИЦА
Договорот за превоз на стока претставува еден од најексплоатираните договори во
секојдневниот промет на стоки. Договорот за превоз на стоки, особено има значење во
меѓународната трговија, каде служи како правен основ за реализирање на целокупниот
промет на стоки ширум светот. На значењето на договорот за превоз на стоки, укажува
и фактот што тоа е една од најнормираните правни области на меѓународно ниво.
Следствено, правниот режим за превоз на стока се развивал во повеќе сообраќајни
гранки и тоа: поморскиот, воздушниот, железничкиот, патниот и превозот во
внатрешните води. Во современите услови на трговскиот промет, под влијание на
процесот на глобализација, контејнеризација, експанзија на door-to-door превозот итн.,
унификација на правниот режим постои и во делот на комбинираниот и
мултимодалниот превоз.
Во насока на ова е и донесувањето на Ротердамските правила за превоз на стока
целосно или делумно преку море (во понатамошниот текст РР). Ротердамските
правила се применуваат на договорите за превоз на стока во кои местото на прием и
испорака на стоката е во различни држави, и пристаништата на товарање и истоварање
на иста стока се во различни држави, доколку, согласно договорот за превоз, кое било
од долунаведените места е лоцирано во државите договорнички: а) местото на прием,
б) пристаништето на товарање, в) местото на испорака, г) местото на истоварање.2
Ротердамските правила претставуваат првиот меѓународен сет на правила кои во себе
вклучува решенија за комбиниран превоз.

Тргнувајќи од генезата на меѓународната правна рамка на превоз на стока,


истакнуваме дека најголемите достигнувања на полето на правото првенствено се
направени во поморскиот превоз. Како најевтина сообраќајна гранка, поморскиот
превоз на стока бил најискористуваната транспортна маршрута, истовремено и
најголемиот предизвик за унифицирање на правилата од страна на трговците.
Договорот за превоз на стока по пат на железница спаѓа во категоријата договори
што се правен основ за вршење на услугиДоговорот за превоз на стока по железница
се склучување помеѓу испраќачот на стоката, и железницата како превозник. Со
договорот за превоз на стока, превозникот се обврзува да ја превезе стоката до
упатната станица и да му ја предаде на примачот, а испраќачот се обврзува на
превозникот за тоа да му ја исплати договорената превознина.

Од самата законска дефиниција произлегува дека договорот за превоз по пат на


железница е двострано обврзувачки, товарен, неформален, каузален. Договор за
превоз ќе се склучи кога превозникот ќе ја прими стоката на превоз со товарен лист.
Приемот на стоката се потврдува со ставање на датум и жиг на отправната станица на
товарниот лист. Товарниот лист во железничкиот превоз на стока претставува доказ за
склучениот договор за превоз, следствено, во правна смисла не го претставува
договорот за превоз на стока. На примерокот од товарниот лист, кој му се предава на
испраќачот, превозникот е должен да го потврди денот, а за лесно расиплива стока и
живи животни и часот на приемот на превоз .

Договор за превоз на стока во воздушниот сообраќај

Авионскиот карго бизнис претставува исклучително битен извор на приход за


превозничкиот сектор и воопшто за деловните субјекти, односно за економијата. Во
последните децении на 20-тиот и почетоците на 21-век, авионскиот превоз доживува
експанзија од повеќе аспекти.3 Во насока на ова, авионските (карго) компании се
повеќе се фокусираат на интегрирање на своите услуги со цел задоволување на
потребите на своите клиенти. Сето ова се одрази и на транспортната документација во
авионскиот превоз, пакување на стоката, организацијата на пратките, концептот на
одговорност на превозничките компании итн.

Договор за превоз на стока во патниот сообраќај е двострано обврзувачки, товарен,


комутативен, каузален и неформален договор. Во техничка смисла договорите за
превоз на стока во патниот сообраќај се склучуваат по концептот на адхезиони
договори, па неформалниот карактер на договорот во практиката нема некое значење.

ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ
Трговецот - поединец е физичко лице кое, во вид на занимање, врши некоја
од трговските дејности определени со овој закон.23 Трговецот-поединец одговара
за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот.24 Како трговец-
поединец може да се запише во трговскиот регистар секое деловно способно
физичко лице со постојано место на живеење во Република Македонија.25
Прашањата кои што не се уредени во делот на трговец поединец, а во одредена
ситуација се поставуваат, одговорите се содржани во делот на одредбите кои се
однесуваат на трговски друштва, освен ако со овој закон поинаку не е
определено.26 Својство на трговец-поединец се стекнува со
уписот во трговскиот регистар. Ова својство на трговецот му престанува со уписот
на бришењето на субјектот во регистарот. Трговецот поединец се запишува во
трговскиот регистар кај Централниот регистар на РМ. Пријавата за упис на
трговец-поединец во трговскиот регистар поднесува физичкото лице кое бара да
биде запишано како трговец поединец или негов полномошник со посебно
полномошно во кое се наведуваат податоците што се запишуваат во трговскиот
регистар. Во пријавата за упис се наведуваат:
Името и презимето, ЕМБГ на граѓанинот и местото на
живеење; Претпријатието под кое што ќе се врши
дејноста;
Седиштето од каде што ќе се врши
дејноста; Предметот на работење на
трговецот поединец.
Трговецот поединец е физичко лице кое во согласност со законот под
одредени
услови стекнува својство на трговец поединец. Кога тие услови ќе престанат,
престанува и својството на трговец поединец. Својството на трговец поединец
може да престане на следните начини:
По волја на трговецот
поединец; Со смрт на
трговецот поединец;
Спротивно на волјата на трговецот поединец - со стечај.
Трговецот поединец е физичко лице и токму затоа, ако настапи смрт, по
сила на законот, му престанува и својството на трговец поединец. Во овој случај
наследниците на трговецот поединец се обврзани да го објават престанувањето
на трговецот поединец. Објавувањето го вршат во дневен весник, деловните
простории и слично. По објавувањето, престанувањето на работењето се
пријавува на органот за јавни приходи. Потоа се исполнуваат обврските кон
доверителите и кон државата. Исто така се наплаќаат и побарувањата. На крајот
се поднесува барање до регистарот да биде избришан од регистерот. И во овој
случај, од формално правен аспект, својството на трговец поединец престанува
кога регистраторот ќе изврши бришење на запишаното својство, трговец поединец
на починатото физичко лице.
СКЛАДИШНИЦА СЕ СОСТОИ ОД :
Складишницата се состои од два дела: признаница со којашто се докажува сопственоста на
стоката и заложница којашто служи за добивање кредити со заложување на складираната
стока. Признаницата и заложницата мора да се повикуваат една на друга
Ако треба да се одговара за договор за складирање
Складирањето како трговска дејност има исклучително битно значење во
секојдневниот промет на стоки. Од аспект на трговскиот промет, значењето на
складирањето особено доаѓа до израз во меѓународниот промет, во Б2Б договорите.
Во современите услови на брз и масовен промет, складирањето стока е составен дел
на синџирот на размена на стоки ширум светот.

Складиштарот одговара по концептот на објективна одговорност. Имено,


складиштарот одговара за штетата на стоките освен ако докаже дека штетата е
причинета поради околности што не можеле да се избегнат или отстранат, или е
причинета по вина на давачот на депозитот, поради недостатоците или
природните својства на стоките, како и поради неисправната амбалажа.
Складиштарот е должен да го предупреди давачот на депозит за недостатоците или
природните својства на стоките, односно за неисправната амбалажа поради кои може
да дојде до штета на стоките, штом наведените недостатоци ги забележал или морал
да ги забележи. Ако на стоките би се случиле такви неотстранливи промени поради
кои постои опасност стоките да се расипат да пропаднат, складиштарот е должен, ако
тоа на негов повик не би можел на време да го стори давачот на депозит, да ги
продаде стоките без одлагање на најпогоден начин.
Во извршувањето на своите обврски по основ на договорот, складиштарот е
должен да постапува со внимание на добар стручњак, водејќи сметка за интересите
на давачот на депозит. Во ова насока, складиштарот е должен да презема дејствија
заради зачувување на правата на давачот на депозит и спрема превозникот што му ги
предал стоките за сметка на давачот на депозит во оштетена или манлива состојба.
Попрецизно, складиштарот не смее да издаде чиста складишница доколку стоката од
страна на превозникот ја прими во состојба што отстапува од договорената. На овој
начин складиштарот се обезбедува во однос неговите обврски спрема налогодавачот,
истовремено го штити неговите интереси спрема превозникот.
По основ на договорот за складирање, складиштарот нема законска обврска за
осигурување на стоката што ја прима во депозит. Таа обврска за него произлегува
само доколку тоа изречно е утврдено во договорот. Попрецизно, во делокругот на
работните обврски на складиштарот не влегува и осигурувањето како што тоа е
типично за шпедитерот. Во случаите кога складиштарот има договорна обврска да ја
осигури стоката, а во договорот не е утврдено од кои ризици стоката треба да се
осигури, тој е должен да купи полиса што ги покрива вообичаените ризици.

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ПОСРЕДНИК И ШПЕДИТЕР


посредникот се обврзува дека ќе настојува да најде и да го доведе во врска со
налогодавачот трето лице штоп му одговара на налогодавачот, за преговарање за
склучување на договор. За извршената услуга, налогдавачот се обврзува дека на
посредникот ќе му плати провизија. Од самата дефиниција на поимот на
посредувањето јасно произлегува дека посредникот не влегува во облигација со
третото лице, туку дека неговата обврска е да најде субјект што согласно
потребите на налогодавачот има волја да почне преговарачки процес за
склучување на одредено правно дело. Посредникот не склучува договорот со
третото лице ниту во свое име, ниту во име на налогодавачот. Токму во ова се
огледа и суштинската разлика со трговскиот застапник и комисионерот коишто
влегуваат во договорен однос со третото лице. Покрај ова заслужува внимание и
аргументот дека посредникот нема траен однос со налогодавачот, што не е случај
кај трговското застапување што се базира на подолготрајна основа.161
Шпедитерот е субјектот кој го организира транспортирањето на стоките, тој самиот не ги
вози. Негова основна функција е благовремено и без штети да ги изврши сите
работи(осигурување, царина, складирање) да ги транспортира стоките и за таа цел
ангажира возач(превоз) и да се грижи за стоката за време на превозот до крајното место
на истовар. Шпедитерот може да го изврши превозот и со сопствени возила, но најчесто
тоа го прави со шпедитерски комитенти, кои најчесто се индустриски и трговски
претпријатија (друштва), кои помагаат за да може стручно да се користат транспортните
услуги.

You might also like