You are on page 1of 78

1.

БУЧАВА И НЕЈЗИНО ОДНЕСУВАЊЕ

Што е бучава?

Звукот се создава кога промената на воздушниот притисок предизвикува појава на


бранови на притисок кои патуваат по околината. При тоа патување тие дејстувааат со
околните предмети на различни начини. Бучавата е збор кој најчесто се користи за да се
објасни непосакуваниот звук. Во најголем број случаи, на работното место, звукот е
непожелен, па затоа велиме изложување на рабoтна бучава наместо изложување на
работен звук.
Математичкото објаснување за однесувањето на звукот за време на неговото
судирање со тврдите предмети може да биде многу комплициран процес. Поради тоа
однесувањето на звукот се објаснува преку прости идеализирани ситуации, кои се
користат за објаснување за однесувањето на звукот во реални ситуации.
Најосновен вид на звучен бран се нарекува чист тон, кој се движи во една насока
без да се шири во околината додека се оддалечува од неговиот извор. Ако може да се
направи фотографија од промените на притисокот долж насоката во која што се движи, ќе
се добие слика како што е претставено на слика 1.1.

Слика. 1.1 Еден вид на звучен бран.

Такво движење е тешко да се нацрта, па варијациите на притисокот се


претставуваат во график притисок/движење. Мора да се запамети дека звукот е
лонгитудиален бран, што значи дека додека брановите се простираат, движењата на
воздухот се во иста насока со движењата на бранот. Ова е различно кај трансверзивните
бранови. Нив може да ги објасниме со примерот кога капка паѓа во вода, додека
површината на водата се движи вертикално (горе-доле), бранот се движи хоризонтално
(слика 1.2). Ако може да се застане на место каде што звукот би доаѓал директно и да се
прикаже притисокот во функција од времето, ќе се добие чист синусоиден облик (слика

1
1.3). Оваа е под претпоставка дека може да цртате многу брзо затоа што притисокот може
да варира (да се менува) неколку илјади пати во секунда.
Дури и за гласните звуци, промената на притисокот е многу мала. Само 1% од
флуктуацијата (промената) на атмосферскиот притисок е поврзана со нетолерантен гласен
звук. За споредба, атмосферскиот притисок може лесно да се промени со 2-3 % во текот на
едно обично неделно време. Заради тоа, кога ја мериме големината на звучниот бран, се
концентрираме на девијацијата (отстапувањата) од амбиенталниот воздушен притисок, и
оваа девијација вообичаено се нарекува звучен притисок.

Слика 1.2. Промена на притисокот по растојание

Слика 1.3. Промена на притисокот по време

2
Чист звук, синусоидни бранови, фреквенција и бранова должина

Секој звучен бран има своја фреквенција. Таа може да седефинира како број на
бранови кои поминуваат низ одредена точка во период од една секунда. Единица мерка за
фреквенцијата е Херц. Ако фреквенцијата е 1000 Hz (т.е. 1kHz), тогаш тоа значи дека за
време од една секунда низ точката поминале 1000 бранови. Тоновите кои човековото уво
може да ги слушне се од 20 Hz од 20000Hz (или 20kHz). Меѓутоа постојат варијации во
слушниот капацитет на одредени луѓе. Како човекот старее почнува да го губи слухот на
високи фреквенции. Во секој случај, нема остра граница и на двата краеви од опсегот на
фреквенцијата (Табела 1.1).

Табела 1.1 Фреквенција и слушање

Фреквенција Значајност
20 Hz Нормално се смета дека е најниската аудиторска фреквенција
100Hz Бука емитирана од трансформатор или аудио систем
30-4000Hz Опсег на клавијатура
250-1000Hz Опсег на женски пејачки вокал
125-6000Hz Опсег на фреквенција присутни во говорот (женски вокал)
200-8000Hz Опсег на фреквенција присутни во говорот (машки вокал)
20 000Hz Нормално се смета дека е највисоката аудиторска фреквенција

Слика 1.4. Музичка нота

3
Слика 1.5. Немузички звук

За разлика од чистите тонови, како погоре опишаните, кои може лесно да се


создадат, повеќето вистински звуци не се чисти тонови. Некои, како што се нотите
создадени од музичките инструменти, се мешавина од релативно мал број на фреквенции
кои меѓусебно се поврзани (слика 1.4). На пример, нота која е создадена на 440 Hz може
да содржи компоненти и од 880, 1320, 1780 Hz итн. Немузичките звуци вклучувајки ги и
оние звуци на кои луѓето се изложени во текот на нивната работа, очигледно не содржат
карактеристики на повторливост (слика 1.5). После долгогодишни истражувања е
докажано дека овие звуци имаат во себе голем број на фреквенции кои меѓу себе не се
поврзани во никаква математичка смисла.
Освен фреквенција секој звучен бран има и бранова должина (λ). Тоа е растојание
меѓу два последователни врва на бранот и се мери во метри. При нормални услови,
слушниот звучен бран може да има бранова должина која варира од неколку сантиметри
до неколку метри. При фреквенција од 1 kHz брановата должина би била околу 34 cm, а
при 100 Hz истата би била околу 3,4 m.
Брановата должина и фреквенцијата се поврзани преку следнава зависност:

V = f ×λ (1.1)

каде што V е брзината со која бранот патува (ова варира незабележително при промена на
температурата, а на собна температура изнесува 340 ms-1), f е фреквенцијата, а λ е
брановата должина.
Горната равенка може да се запише и на следниов начин:
V
f = (1.2)
λ

4
Во овој случај може лесно да се пресмета фреквенцијата што одговара за дадена бранова
должина. Соодветно, доколку е неопходно да се пресмета брановата должина знаејќи ја
фреквенцијата, тоа може да се изрази како:

V
λ= (1.3)
f

Пример 1 :
(а) Колкава ќе биде фреквенцијата на звучниот бран со бранова должина од 2m?
(б) Колкава ќе биде брановата должина на звучниот бран со фреквенција од
250Hz? Предпоставувавме дека брзината е 340 ms-1.

V
340
(а) f = =
= 170 Hz
λ 2
V 340
(б) λ= = = 1.36 m
f 250

RMS просек (усреднување)

Доколку сакаме да објасниме колку некој звук е гласен, тогаш мора звукот да го
разгледаме во вид на бран и да добиеме одреден број кој би ја објаснил големината на
промената на притисокот. Доколку направиме усреднување на промените во однос на
нормалниот притисок нема да ни пресметаме ништо од причина што притисокот во
различно време се наоѓа или над или под нормалниот притисок. Во идеален случај, за
чиста синусна промена, просекот би бил нула. Наместо тоа, се користат уреди кои би го
мереле таканаречниот RMS притисок. Резултатите се секогаш позитивни, но и варираат
заедно со гласноста на звукот. Погласните звуци имаат поголем RMS притисок. Иако
постојат и дурги мерења, овој начин е најчесто користен во мерењата, бидејќи е во
директна врска со енергијата од која се добива звучниот бран.

Децибелна скала

Звукот настанува заради постоење и простирање на променлив притисок, чија што


мерна единица е Паскал (Pa). Меѓутоа, не е можно звукот да се мери во Паскали, па
наместо тоа како мерна единица за висина на звук се користи децибел (dB). Децибелната
скала е логаритамска и се состои од голем број вредности (вредности во многу широк
опсег). На пример звучен притисок од 0,00002 до 2 Pa, на децибелната скала ќе биде од 0
до 100 dB. Оваа мерна единица се користи од две причини:

5
1. Големината на вредностите кои се вклучени при мерењето на амплитудата од
звукот се премногу големи;
2. Човековото уво не одговара линеарно на различни звучни нивоа и децибелната
скала се поврзува поблиску со мерењата на субјективнот впечаток на гласноста.

Никое од овие објаснувања вистински не води до критички осврт. Кога мериме


други големини (должина и пари се само два примери за ова) се поврзуваме со поголеми
опсези на вредности. Вистина е дека нашиот орган за слух не одговара лиенарно на
промените на звучниот притисок. Со други зборови дуплирањето на звучниот притисок не
ја дуплира појавената гласност на звукот. Независно кои и да се почетните причини за
усвојување на децибелна скала, денес се користи насекаде, така да не постои алтернатива
освен да се користи истата (табела 1.2). Користењето на логаритамската скала датира пред
да почнат да се користат електронски калкулатори, кога многу пресметки биле извршени
со помош на книги за логаритми или ‘log’ табели. Како резултат на тоа, логаритмите биле
многу повеќе познати за сите оние кои требале да спроведат точни пресметки. Многу
помалку луѓе денес се запознаени со нив. За среќа со помош на калкулатор, пресметките
на децибели може да се изврши без големо знаење на тоа како се пресметуваат логаритми.
Во другите подрачја се користат поинакви логаритми-наречени природни логаритми или
скратено loge или ln. Во пресметките на бучавата, сите логаритми ќе бидат во систем
базиран на бројот 10. Тие понекогаш се нарекуваат ‘log со основа 10’.

Табела 1.2. Секојдневни (вообичаени) нивоа во децибели

120dB Прасок на експлозија


110dB Ноќен клуб
100dB Машини за обработка на дрво во работа
90dB Мали инженерски работилници
80dB Подземен воз
70dB Канцеларија без преградни зидови со многу вработени
60dB
50dB Приватна канцеларија
40dB
30dB Рурална средина во текот на ноќта

Децибелната скала за мерење звук е дефинирана со равенката :

 p
L p = 20 × log10   (1.4)
 p0 

6
каде што е Lp е ниво на звучен притисок, p е RMS притисок, а p0 референтен притисок кој
има вредност од 2x10-5 Pa.

Пример 2 :
Колкаво е нивото на звучниот притисок кога rms промената на притисокот е
0,5Pa?

 p  0.5 
L p = 20 × log   = 20 × log  −5 
= 20 × log (25000 ) = 20 × 4.398 = 87.96 ≈ 88.0 dB
 p0   2 × 10 

Понекогаш е потребно да се определи rms звучниот притисок од познато


(измерени) ниво на звучен притисок. Во овој случај може да се преработи горната равенка
при што се добва:

Lp

p = p0 × 10 20 (1.5)

Може да се каже дека нивото на звучниот притисок неретко скратено се означува


со SPL, и оваа скратеница сеуште е често применувана. Во модерната пракса нивото на
звучен притисок се означува со Lp.

Додавање на нивоа од повеќе извори на бучава

Поради тоа што децибелната скала е логаритамска, не е можно да се собираат


децибелни вредности. Нека два извори на звук секој поодделно се со звучно ниво од 70dB
(типично звучно ниво во некоја канцеларија), доколку се соберат нема да дадат резултат
од 140 dB (болно звучно). Во праксата, звучното ниво ќе биде некаде околу 73 dB, а тоа е
поради логаритамските пресметки кои се применуваат кај нивоата изразени во децибели.
Оваа појава се нарекува додавање (собирање) на децибели, фраза која многу често се
одбегнува поради можноста за забуна со обичното додавање.
Да замислиме две машини кои се инсталирани во некоја работилница. Кога
машината 1 е вклучена, а машината 2 е исклучена, измереното ниво е L1. Кога машината 1
е исклучена, а машината 2 е вклучена, измереното ниво е L2. Кога двете машини се
вклучени во исто време комбинираното (вкупното) ниво ќе биде:

 10L1 L2

10 

L p = 10 × log 10 + 10  (1.6)
 

каде што со Lp се означува вкупното ниво.

7
Пример 3 :
Две машини даваат индивдуално ниво на звучен притисок при нормални работни
режими од 86 и 88 dB, секоја посебно. Колку ќе биде вкупното ниво на звучниот притисок
кога тие заедно ќе се вклучат?

 86 
( ) ( )
88
L p = 10 × log 10 10 + 10 10  = 10 × log 3.98 × 108 + 6.31× 108 = 10 × log 10.29 × 108 = 90.12 ≈ 90 dB
 

Модерните калкулатори можат да дадат одговор дури до 10 цифри. Ваквите


пресметки се сосема бесмислени и истите можат да предизвикаат забуни и грешки.
Прифатен договор е дека последната значајна цифра која е дадена ја дефинира големината
на мерната несигурност на прикажаната вредноста. На пример, калкулаторот користен за
пресметките погоре го нуди одговорот за 90,12442603dB. Ова е заокружено на 90dB со
што се наговестува ‘вистинската’ вредност за која се верува дека е некаде помеѓу 89,5 и
90,5 dB. Доколку ја заокружевме вредноста на 90.1dB, ќе се тврдеше дека вистинската
вредност на нивото е во границите помеѓу 90,05 и 90,15dB. Конечниот одоговор
вообичаено се дефинира со точност во рангот на првичниот податок. Барањето е да се
определи нивото на звучниот притисок врз основа на нивоата на иднивидуалните машини
дадени со цел број децибели, па вредноста на вкупното ниво не може ад биде добиена со
повеќе точност од ова. Заради тоа, 90dB е добар одговор.
Ако сакаме да пресметаме збир на повеќе од два звучни нивоа се користи
формулата:

 L1 L2 L3

L p = 10 × log 1010 + 10 10 + 10 10 + ... (1.7)
 

каде L3 е ниво на звучен притисок кога работи само третата машина.


Ако неколку слични машини работат, тогаш L1 ќе биде еднакво со L2, па за n
слични машини вкупното ниво може да се определи според:

 L1

L p = 10 × log  n × 1010  (1.8)
 

Пример 3 .
Една машина е главен извор на бучава во работилница и кога таа работи нивото
на звучниот притисок во работилницата е 84dB. Какво ниво на звучен притисок ќе се
добие, доколку се вклучи втора идентична машина?

8
 84

L p = 10 × log  2 ×10 10  = 87 dB
 

Конечно, доколку сакаме да одземеме едно звучно ниво од друго, на пример кога
можеме да го измериме вкупното ниво (работат двете машини во исто време), го знаеме
нивото на бучава кога работи само првата машина, а не можеме да ја пуштиме да работи
само втората мажина, нејзиното ниво на бучава може да се пресмета со користење на
следниов израз:
 Lp L1


L2 = 10 × log 10 − 10
10 10 
(1.9)
 
 

Некогаш овие пресметки може да се направат со користење на графици за полесно


решавање (слика 1.6), како и таблици кои се наменети за истото. Да претпоставиме дека
сме измериле две звучни нивоа L1 и L2. Прво треба да се одземе помалото ниво од
поголемото и решението да се пронајде на хоризонталата на графикот на слика 1.6. Потоа
треба да се крене ордината до пресек со кривата од графикот и да се отчита нивото на
вертикалата. Отчитаната вредност се додава на поголемото ниво и се добива вкупното
ниво.

Слика 1.6 Графички пристап за комбинирање на децибелни нивоа

Пример 4.
Ако две нивоа се со вредности од 88, односно од 86 dB, нивната разлика е 2 dB. На
вериткалата ќе отчитаме дека тоа ниво е исто така приближно 2 dB, па нив ги
додаваме на нивото со поголема вредност или: 88+2= 90. Тоа значи дека решението би
било 90 dB.

9
Иако овој метод не е сосема точен математички метод, сепак наоѓа примена во
голем број на случаите. Одземањето на звучни нивоа е потежок процес и секогаш е можна
мала грешка. Постојат некои пресметки на децибели кои не се можни со претходно
споменатите методи:
⋅ Ако постојат два извори кои произведуват звук на исто ниво, а вклучени во исто
време ќе дадат звук од 3 dB повисок од поодделните нивоа.
⋅ Ако постојат десет извори кои произведуваат звуци на исто ниво, тие собрани ќе
предизвикаат бучава за 10 dB повисока од индивидуалните.
⋅ Ако се соберат два звучни нивоа со разлика од 10 dB, тогаш збирот ќе биде
еднаков на поголемото звучно ниво и помалото може да се занемари.
.
Пример 5.
Машина предизвикува ниво на бучава во работилница од 92dB. Колку ќе биде
нивото во истата работилница, ако се инсталира уште една индентична машина до
првата?
-Двете идентични машини заедно ќе произведат 92+3=95dB.

Брановни карактеристики на звукот:


рефлексија, абсорпција, рефракција и дифракција

Различни видови на бранови имаат различни карактеристики и многу од


карактеристиките на звучните бранови можат полесно да се разберат ако се споредат со
светлосните бранови.
Многу површини ги рефлектираат звучните бранови. Некои површини го
рефлектираат целосно бранот, додека други дел апсорбираат, а дел рефлектираат.
Големината на енергијата на звучниот бран, апсорбирана или рефлектирана од
површината, зависи најмногу од фреквенцијата на бранот. Рефлексијата може да биде
спекуларна (како на пример рефлектирање на светлината од огледало), или дифузна (како
при рефлексија на светлината од нерамна површина). Рефлексијата на звучни бранови со
рамни површини е слична како кај светлината и огледалото (слика 1.7). Бранот удира на
површината под одреден агол и се одбива од истата под истиот агол. Рефлексијата кај
нерамни (заоблени) површини е слична како кај рефлексијата на светлината со конкавно
огледало (можно е фокусирање на енергијата на звукот).
Рефракцијата е појава која се случува кога звучен бран патува од еден во друг
медиум со различна брзина. Тоа ни укажува дека временската рамка е поразлична од тоа
што многу луѓе мислат. Рефракцијата е важна при испитување на бучавата во животната
средина, а има мало значење за работното место.

10
Слика 1.7 Рефлексија на звучни бранови. Авионот изгледа дека е во различна
позиција поради рефлексија од висока зграда.

Доколку не постојат препреки, брановите патуваат во права линија. Дифракција е


појава која се случува кога звучните бранови, на нивниот пат, ќе наидат на препреки со
остри рабови. Таа укажува на фактот дека звукот може да биде слушнат, дури и кога
изворот не е директно видлив. Карактеристиките на дифракцијата зависат од брановата
должина. Така, звучните бранови со пониска фреквенција (поголема бранова должина) се
многу повеќе склони на дифракција од оние со повисока фреквенција (слика1.8).

Слика 1.8 Дифракција на звучни бранови. Алармот може да се слушне иако нема
директна патека на звучниот.
11
Стојни бранови

Онаму каде што има паралелни рефлектирачки површини, може да се воспостават


стојни бранови со одредена фреквенција, и овие бранови можат да произведат многу
високи звучни нивоа во одредени точки од околината. Тоа се случува поради тоа што
звучната енергија се рефлектира кон и од две или повеќе површини на таков начин што во
одреден момент и на соодветна фреквенција брановите може да се во фаза. Тоа води кон
создавање на многу големи нивоа на звучен притисок во одредени точки од просторот
(соба) наречении антијазол (antinode). Постојат и одредени точки наречени јазли (nodes),
каде што брановите се поништуваат меѓусебе. Последица на оваа појава е дека мерењата
направени во различни точки одалечени меѓу себе само десетина сантиметри може да
дадат многу различни резултати.

Слика 1.9. Постојани бранови

Звучна моќност и интезитет

Звучниот притисок се мери во одредена точка и може да биде резултат на повеќе


звучни извори. Постојат уште две други интересни големини кај звукот:
1. Звучна моќност преставува количество на звучна енергија добиена за време
од една секунда од еден извор. Тоа е големина на бучавата само на тој извор и не зависи
од околината каде што е поставен изворот, но зависи од одредени работни режими. На
пример, бучавата добиена од моторна пила ќе зависи дали таа работи слободно или во
моментот се употребува за сечење дрво. Во децибелната скала моќноста се мери со ниво
на звучна моќност и се означува со LW, SWL или PWL и е најкорисна за споредување на
два звучни извори. Директивата на ЕУ укажува на тоа дека произведувачите на маишини
треба да го измерат и да го означат на машината нивото на звучна моќност.

12
Табела 1.3 Споредба на јачина, притисок и интензитет на звукот

Звучен притисок Звучна јачина Звучен интензитет


Единица мерка Паскал Ват Ват на метар квадратен

Ознака Pa W Wm-2

Децибелен Ниво на звучен Ниво на звучна Ниво на звучен


квантитет притисок јачина интензитет

Симбол Lp Lw LI

Алтернативни SPL SPL, PWL SIL


симболи
Мерења: барања Мерења со Нормални Мерење со специјална
за опрема мерен мерења при опрема
инструент за специјални
звучно ниво собно тестирање
Проблеми при Мерења на Особини на еден Мерења на одредена
мерењето одредена звучен извор местоположба. Потреба
местоположба на директни инфромации
Значењето на Основни Се користи за да
звукот при испитувања за се споредат
работа отркивање на звучните извори.
звук Се користи за да
се предвиди
нивоата на
звучните
притисоци

2. Звучен интезитет е количество на звучна моќност кое поминува низ површина


од 1m . Се мери со единица мерка ват по метар квадратен (Wm-2). Неговата мерка во
2

децибелна скала е ниво на звучен интезитет и може да се мери со напредни акуистчни


мерни уреди.

Звук со слободно распространување и одекнувачки звук

Претходно е кажано дека е релативно едноставно да се претпостави однесувањето


на звучните бранови со слободно распространување. Но, кога во околината има
рефлектирачка површина, особено во згради каде што има многу рефлектирачки
површини, ситуацијата станува се покомплицирана. Во одекнувачки простори, какви што

13
се најголем дел од работните простории, звучната енергија што пристигнува во одредена
точка е комбинација од звучната енергија што доаѓа директно до таа точка, но и од
одекнувачкото поле низ кое поминува. Како последица од тоа, управувањето (контролата)
на звукот во самата работна просторија станува сложено. Освен намалување на звукот од
изворот мора да се посвети внимание и на влијанието на самото одекнувачко поле.
Уште една значајна разлика помеѓу звукот во слободно поле и одекнувачкит звук е
дека кај првиот може да се очекува звучниот притисок да опаѓа со растење на
растојанието до приемникот. За мал звучен извор во воздушна средина, звучниот
притисок опаѓа за 6 dB за секое удвојување на растојанието. Во одекнувачко поле (како
што е просторот во соба, работно место внатре) зголемувањето на оддалеченоста може да
предизвика незначителна промена на нивото на бучава.

14
3. МЕРЕЊЕ НА БУЧАВА

Временска константа

Иако некои извори на бучава изгледа како да емитираат постојано (константно)


ниво на бучава, во пракса вообичаено нивото се менува до одреден степен. Некои извори
на бучава варираат во нивото многу очигледно и во голема мера за кратко време.
Промените во нивоата може да содржат разни информации, но се многу тешки за мерење
заради брзата промена во широк домен. Со цел да се обезбеди конзистентност на
отчитувањата при мерење на бучава во различни услови, развиени се два стандардни
пристапи. Едниот користи бавна временска константа од 1 секунда. Ова значи дека
промените на нивоата во период од околу 1 секунда ќе бидат измазнети и ваквиот
“стабилен” извор на бучава ќе генерира “стабилни” вредности при отчитувањето на
мерачот за ниво на звук. Брзата временска константа од 1/8 секунди , од друга страна ќе
овозможи мерачот на ниво на звук да реагира многу побрзо при менување на нивото, иако
ова не би било користно ако се бара постојано отчитување. Спората временска константа
се покажала покористна при мерење на бучава на работно место.
Импулсната временска константа е развиена покасно како начин на проценка на
ефектите од импулсивните бучења – ковање, експлозии итн. Карактеристиките на овој тип
бучава ги прават многу понападни за човекот отколку што би укажале мерењата
(користејки независно бавна или брза временска константа) на мерачот. Сепак
импулсната временска константа не го следи истиот енергетски пронцип кој се користи за
проценка на ефектите од изложеноста на бучава врз слухот и никогаш не се користи во
проценка на бучава на работно место. Сеуште понекогаш се користи во некои други цели.
Пиковата временска константа е прилично различна од брзата и бавната
временска константа.
Кога нивоата на бучава се прилично стабилни можно е да се измери нивото на
звучниот притисок користејки ја бавната временска константа и да се предвиди
изложеноста на бучава, претпоставувајки дека ова ниво се одржува подолг период. Но,
повеќето мерачи за ниво на звукот денес (освен најевтините модели) можат да измерат
вистински долготраен просек, наречен Leq (еквивалентно ниво). Ваков пристап се
претпочита кога нивоата на звукот имаат тенденција да се менуваат, како што скоро
секогаш прават во реални ситуации.

Еквивалентно континуирано ниво Leq

Како многу други величини, нивоата на звучниот притисок можат да се


усреднуваат на повеќе начини, но највообичаениот метод кој се користи е да се пресмета
енергетската содржина на звукот за точно определено време. Резултатот, Leq е
еквивалентно континуирано ниво (еквивалентно ниво), што претставува ниво со постојана
вредност, кое доколку би било одржано во тек на целиот временски период би содржело
еднаква количина на енергија со таа што била измерена при вистиското променливо ниво
на бучава. Јасно е дека неговата употреба во проценката на бучава на работно место е во
согласност со истиот енергетски принцип опишан во второто поглавје, а се користи и во

15
бројни други области за проценка на бучава, вклучувајки и проценки на бучава во
животната средина.
Кога при проценката се користи фрекфентната тежинска крива А, тоа го
нагласуваме со додавање А во индексот на ознаката, LAeq. Можно е и да се изостави "А"
во ознаката и на друг начин да се означи дека е користена фрекфентната тежинска крива А
(„тежинска крива А со Leq од 86,2 dB беше измерена... “). Заради големата примена на Leq
при мерења кои се прават со користење на различни фрекфентни тежински криви,
потребно е видот на фрекфентна тежинска крива да биде експлицитно даден во ознаката.
Порано нивото на звучен притисок за фрекентната тежинска крива А беше означено со
додавањето (А) по dB, како на пример
"ниво на звучен притисок од 86,2
dB(A)". Оваа форма на означување
датира од времето кога A, B и С
тежинските криви беа често
употребувани, но и денес може да се
сретне.
Мерењата на Leq вклучуваат
алгоритми за континуирано
усреднување. Постојат некои
едноставни ситуации, во кои е можно и
пожелно да се пресмета Leq со помош
на калкулатор. Наједноставното
сценарио е кога е познато дека стабилно ниво на звук постои во одреден период, по кој
нагло се менува во друго ниво и трае некој друг познат временски период, како што е
графички покажано на слика 3.1.
Leq за целиот период е пресметано на следниот начин :

1
L1 L2

Leq = 10 × log  t1 × 1010 + t2 × 10 10  (3.1)
T  

каде што L1 и L2 се нивоата на звучните притисоци за време на двата полупериоди, t1 и t2


се временските периоди во кои овие нивоа се одржувале и T е вкупниот разгледуван
временски период. Т мора да е еднаков на збурот помеѓу t1 и t2 ; и t1, t2 и Т мора да се
мерени во истите единици без разлика дали се тоа часови, минути или секунди.

Пример:
Во дадено место Lp изнесува 86dB за 3h, а потоа 91dB за 2h. Колкаво е Leq за целокупниот
период од 5h?

1
L1 L2
 1
86 91

Leq = 10 ∗ log  t1 ∗1010 + t2 ∗10 10  = 10 ∗ log  3 ∗10 10 + 2 ∗1010  = 88,7 dB

T  
5 
 

Равенката за пресметка на еквивалентно ниво (Leq), може да се користи и во други


случаи. Наједноставен пример е кога нивоата на бучава во двата периоди претставуваат
веќе измерени еквивалентни нивоа на бучава (со самото мерење, направено е усреднување

16
во соодветниот период). Во тој случај за пресметка на еквивалентното ниво на звучен
притисок може да се искористи следната равенка:
1 
Leq1 Leq 2

Leq = 10 ∗ log  t1 ∗10 10 + t2 ∗10 10  (3.2)


T  

Во услови кога постојат повеќе од два подпериоди, равенката за пресметка на


еквивалентното ниво на звучен притисок се проширува и ја добива следнава форма:

1 
Leq1 Leq 2 Leq 3 Leq 4

Leq = 10 ∗ log t1 ∗10 + t2 ∗10 + t3 ∗10 + t4 ∗10 10 ....
10 10 10
(3.3)
T  

Дневна изложеност на бучава, LEP,d


Leq се користи за многу намени, но не е соодветен за проценка на изложеност на
бучава на работно место. Да го разгледаме случајот на двајца вработени, кои работат
заедно и се изложени на исто, постојано ниво на бучава. Едниот работи секојдневно по 4
часа, а другиот често работи прекувремено и во тие денови му се собира изложеност од
12 часа. Ако претпоставиме дека нивото на звукот е исто во текот на денот, вториот
вработен би бил изложен на три пати поголема енергија на бучава од првиот вработен и
ако оваа работна шема продолжи, најверојатно ќе има значително поголемо оштетување
на слухот.
За да се реши овој проблем, проценката на изложеност на бучава на работното
место се прави со квантификација наречена дневна доза LEP,d. За проценка на изложеност
на бучава на работно место, LEP,d во пракса секогаш се мери со користење на А
тежинската крива и може да е означено како LAEP,d. Равенката за негово пресметување, со
користење на информации за изложеноста во тек на различни периоди, многу наликува на
равенката за пресметување на Leq.

1
L1 L2

LEP ,d = 10 ∗ log  t1 ∗10 + t2 ∗10 + ....
 10 10
(3.4)
8 

Тука вкупниот временски период Т на изложеност е заменет со стандарден работен


ден од 8 часа. Овој стандарден работен ден е секогаш 8 часа, без оглед на вистинската
должина на смената. Единствено ќе се смени ако од некоја причина временските периоди
се мерат во минути (или секунди) наместо во часови. Како кај равенките на Leq,
временските периоди мора да се изразени во иста мерна единица, па во овој случај 8 би се
заменил со 480(минути) или 28800(секунди). Како кај равенките на Leq нивоата на
пооделните периоди може да бидат постојани нивоа на звучен притисок, или можат да
бидат измерени Leq. Може да има опфатено толку периоди колку што е потребно и
индивидуалните временски периоди нормално ќе се совпаднат со целосното време на
смената, иако стандарден 8 часовен ден е користен на друго место во равенката.
Во иднина, поточно во Директивата за физички штетности (Physical Agents (Noise)
Directive) LEP,d ќе биде познат како LEX, 8 часа.

17
Пример:
Која е дневната изложеност на бучава, LEP,d, на работникот изложен на нивоата на
бучава од предходниот пример

1
L1 L2
 1
86 91

10 
LEP ,d  10  
= 10 ∗ log  t1 ∗10 + t2 ∗10  = 10 ∗ log  3 ∗10 + 2 ∗10  = 86,7 dB
10 10
8  8 

Бидејки начинот на добивање на Leq и LEP,d се многу слични, постои и поедноставен


начин на претворање од една во друга големина и тоа:

T 
LEP ,d = Leq + 10 ∗ log   (3.5)
8
T 
Leq = LEP ,d − 10 ∗ log   (3.6)
8

каде Т е вистинското време на изложување изразено во часови.

Пример:
Група работници се изложени на постојано ниво на звучен притисок од 91dB. Колкаво ќе
биде LEP,d на работник кој работел 5h?

T  5
LEP ,d = Leq + 10 ∗ log   = 91 + 10 ∗ log   = 89dB
8 8

Во овој пример вистинското работно време е пократко од 8 часа, па LEP,d е пониско


од Leq. Ако работното време е подолго од 8 часа, тогаш LEP,d ќе биде повисок од Leq.

Опишување кратки, бучни настани


Понекогаш значаен придонес на дневната доза на бучава врз која е изложен
работникот може да се направи со еден или повеќе кратки, но многу бучни настани.
Пример за ова вклучува детонација во каменолом која се случува еднаш или двапати на
ден или бучава од летала која влијае врз градежните работници на аеродромите. Корисен
начин на оценување на дозите на бучава во овој случај е да се измери придонесот на
бучава од поединечен настан, користејќи параметар (индикатор) кој официјално се
нарекува ниво на изложеност на звук (sound exposure level, SEL), а скратено се означува со
LAE . Познат е и под разни други имиња и кратенки :
• SEL , кое значи
- Ниво на изложеност на звук
- Ниво на единечен настан
- Ниво на звучен еквивалент
• LeA
• LAX

18
LAE може да се мери директно со многу мерачи на ниво на звук и претставува
нивото кое, ако е одржувано 1 секунда би содржело иста количина енергија како и
вистинскиот настан.
Кога LAE е познат , LEP,d може да се пресмета :

LEP ,d = LAE − 10 ∗ log 28800 + 10 ∗ log n = LAE + 10 ∗ log n − 44 ,6 dB (3.7)

Каде што n е бројот на слични настани на кои е изложен вработениот и 28800 е бројот на
секунди во стандардно 8 часовно работно време, па 10 ∗ log 28800 = 44 ,6 dB .
Многу мерачи на ниво на звук овозможуваат LAE да се мери директно. Ако не е
достапен мерач кој го прави ова, тогаш може да се пресмета од Leq измерен во текот на
еден бучен настан:

LAE = Leq + 10 ∗ log t (3.8)

Пример:
Нормално тивка машина автоматски влегува во процес на чистење четири пати на ден.
За време на еден од овие процеси е измерено Leq од 99dB за период од 1минута. Да се
пресмета LEP,d.
Прво се пресметува LAE за настанот:
LAE = Leq + 10 ∗ log t = 99 + 10 ∗ log 60 = 117 dB
а потоа следува:
LEP ,d = LAE + 10 ∗ log n − 44 ,6 dB = 117 + 10 ∗ log 4 − 44,6 = 78,4 dB

Пик и максимални нивоа

Во текот на годините биле развиени различни начини за проценка на највисокиот


звучен притисок кој се добивал при мерење, а мерачите за ниво на звукот може да имаат
неколку од нив. Само еден е битен во проценката на бучавата на работно место и тоа е
пикот на звучниот притисок за време на периодот на мерење - Lpeak. Максималното ниво
на звучен притисок (или Lmax) е различна величина која не се користи во проценка на
бучава на работно место –
секогаш ќе биде пониска од
потребната пик вредност. Некои
производители на опрема го
користат терминот "пик" за
највисок звучен притисок кој се
случува во претходната секунда.
Во тој случај вкупната вредност
на пикот најверојатно ќе се
нарекува "максимален пик". При
мерењето на пикот на звучниот
притисок битно е да се измери
точната количина.

19
Бидејки пик звучниот притисок нормално се случува во многу краток период, не е
строго опфатен од дефиницијата за децибелна скала користејки rms звучен притисок.
Затоа понекогаш е изразен како обичен притисок во паскали. Во повеќето случаи
подеднакво е прифатено изразувањето во децибели (како што прават повеќето мерачи) и
акционото ниво за пикот во регулативата за бучава на работно место може да се изрази и
како 200Pa или 140dB.
За континуиран синусен бран, нивото на пикот ќе биде 3dB над нивото на звучниот
притисок (кој во овој случај ќе биде еднаков со Leq). За повеќето вистински звуци
разликата помеѓу Lpeak и Leq ќе биде поголема од оваа (слика 3.2). За импулсивна бучава
разликата ќе биде и многу поголема.

Фреквентна тежинска крива

Бучавата со која се среќаваме на работно место нормално содржи мешавина од


разни фреквенции и со нив нормално се справуваме користејќи соодветна фреквентна
тежинска крива во текот на мерењата. За проценка на дневната доза на бучава би се
користела фреквенциската тежинска крива А, која е достапна кај секој мерач за нивото на
звукот. Најевтините марачи за ниво на звук се способни само за мерења на фреквентната
тежинска крива А, па не е возможно да направат мерења на пик нивото за споредба со пик
акционите нивоа. Ова може да е прифатливо само ако претходно било утврдено дека пик
акционите нивоа нема да бидат надминати.
Пик акционите нивоа дефинирани во European Directive 86/188/EC и во Noise at
Work Regulations 1989 наметнува користење на линеарна фреквентна тежинска крива. Ова
е достапно на многу мерачи за ниво на звук и имплицира дека сите фреквенции помеѓу 20
и 20 000 Hz треба да се третираат еднакво во проценувањето на целокупното ниво. По
прашањето за прописите беше сватено дека, додека линеарните фреквентни тежински
криви се многу чести на мерачите за ниво на звук, ниеден стандард за инструменти не
специфицир а во детали ко ј фреквентен опсег да биде опфатен, максималните дозволени
девијации итн. Беше предложено дека за многу намени С тежинската крива дава слични
резултати како и линеарните мерења и
ова беше применувано при мерењата
се додека целосно не беше дефинирано
со IEC 651, тогашниот стандарт за
мерачите за ниво на звук. The 1989
Machinery Directive всушност го
одредува користењето на фреквентната
тежинска крива С при мерење бучава
која се емитира од машинерија.
Резултатите кои се добиваат
при користење на фреквентната
тежинска крива С во некои случаи
може да бидат прилично различни од
оние добиени со линеарни мерења.
Новиот стандард IE 61672 дефинира нова фреквентна тежинска крива,
фрекфентната тежинска крива Z (слика 3.3). Ова е во суштина линеарна крива, но сега е
ставена на стабилна основа па така било кој инструмент со фреквентна тежинска крива Z

20
треба да прикажува исти слики во идентични ситуации. Фреквентната тежинска крива C
продолжува да биде достапнa во некои мерачи за ниво на звук, и навистина the Physical
Agents (Noise) Directive одредува акциони и гранични вредности во рамките на пик
нивоата во фреквентната тежинска крива С. IEC 61672 исто така овозможува
производителите на мерачи за ниво на звук да продолжат да овозможуваат фреквентно
мерење базирано на старата линеарна тежинска крива. Ова треба да биде дефинирано од
страна на производителите и треба да биде заменето со "рамно", а не "линеарно".
Марачите за ниво на звук кои имаа линеарно мерење продолжуваат да се користат сеуште,
а мерењата на пик нивоата направени користејќи линеарна, рамна или Z тежинска крива,
во пракса нема многу да се разликуваат од оние направени во С систем (исклучок од ова
ќе биде доколку пикот се јави на екстремите од фреквентниот опсег).
Каде што е можно мерењата за проценка на пик изложеноста треба да користи
фреквентна тежинска крива С за да се обезбеди лесна споредба со идните мерења
направени во согласност со Physical Agents (Noise) Directive. Пик мерењата направени со
фреквентната тежинска крива А се дефинитивно погрешни.
Фреквентната тежинска крива С исто така се користат во некои од процедурите за
проценка на ефикасноста на слушната заштита. С фреквентната тежинска крива може да
биде о д ко р ист и во неко и о бласти о д акустика во згради и објекти, каде разликата во
нивоата на фреквентната тежинска крива А и С е едноставен начин за проверка на
содржината на ниските фреквенции во бучната средина.

Фреквентна анализа

Понекогаш се бараат повеќе информации за бучавата во околината од тие што


може да се извадат од мерените вредности, што до некој степен се под влијание на целиот
фреквентен опсег. Во овој случај слушниот опсег е поделен во фреквентни полиња и се
прави мерење во секое поле. Мерачот за ниво на звук паралелно може да мери во сите
фреквентни полиња (во овој случај е наречен real-time analyser), но овие мерачи се скапи.
Поверојатно е да се мерат фреквентните полиња по ред, контролирано рачно или со
вграден софтвер.
На работното место октавните полиња се најкорисни. Секое поле е наречено по
неговата средна фреквенција, а средната фреквенција на секое поле има вредност два пати
поголема од средната фреквенција на претходното пониско поле. На тој начин зборот
октава го има истото значење како во музиката. Мерењето во октавни полиња се користи
за точно проценка на намалување на
нивото што го овозможуваат слушните
заштитници и исто така може да се
користи во разни други техники за
проценка за контрола на бучавата.
Граничните и средните фреквенции на
октавните полиња се прикажани во
табела 3.1. Октавните филтри се
достапни како надворешни единици за
некои мерачи за ниво на звук, иако се
повеќе доаѓаат - како опција – вградени
во мерачот.

21
1
/3 октавни полиња – формирани со поделба на секое октавно поле на три дела – се
користат во мерење на акустика на зградите/објектите и може да се користат за поточна
звучна контрола. Стеснетите групи како 1/12 октава се користат многу поретко, посебно за
идентификација на истакнати тонови во широкопојасна бучава.

Мерачи за ниво на звук

Конструкцијата и перформансите на мерачите за ниво на звук се специфицирани во


првиот дел на интернационалниот стандард IEC 61672 (усвоен како BS 61672:2003). Ова
замени два многу постари стандарди, IEC 60651 и BS EN 60804, и овие беа издадени како
Британски стандарди, неодамна како BS EN 60651 и BS EN 60804, но порано како BS 5969
и BS 6698. Многу мерачи направени по спецификите на старите стандарди ќе се користат
уште многу години и во практични цели разликата помеѓу новите и старите мерачи е мала.
IEC 651 и 804 ги поделија мерачите за ниво на звук назначени во четири категории
во зависност од нивната точност, тип 0, 1, 2 и 3. IEC 61672 стандардот ги укинува тип 0
(тешко се реализира инструмент со таква точност во пракса) и тип 3 (не се доволно точни
за професионална употреба), и ги дефинира само класите 1 и 2, кои во суштина се исти со
тип 1 и 2 од старите стандарди.
Во светот сеуште се произведуваат некои мерачи за ниво на звук кои не ги
задоволуваат карактеристиките и барањата од класа 2, но не се соодветни за користење
при проценка на бучава на работно место. Вакви инструменти може да се користат за
првична проценка, со цел за да се види дали попрецизни мерења се потребни. Мерења на
бучава на работно место може да се изведат со класа 1 или класа 2 инструменти, но се
претпочита класа 1, особено кога може да се присутни значајни компоненти на бучава со
ниски или високи фреквенции. Границите на точноста на мерач од класа 2 се многу
пошироки од екстремите на фреквентниот опсег.
Дозволената мерна толеранција за двете класи на мерачи за ниво на звук зависи од
фреквенциите кои се вклучени при мерењето и се прикажани на слика 3.4 . Во однос на
точноста на мерења со користење на фреквентни тежински криви, често се претпоставува
дека мерења со мерач од класа 1 ќе имаат мерна несигурност од ± 1 dB. Мерење направено
со мерач од класа 2 ќе има мерна несигурност од околу ±1,5 dB. Доколку значително
количество од вклучената звучна
енергија е или со многу висока или
со многу ниска фрекфенција, тогаш
мерната несигурност би можела да
биде поголема од овие. Оваа мерна
несигурност се однесуваат само на
инструментот. Треба да се
запамети дека постојат други
извори на мерна несигурност кога
се прави проценка на изложеност
на бучава на работно место и овие
несигурности понекогаш можат да
бидат значително поголеми од
оние кои се должат на точноста на
инструментот.

22
Мерачите за ниво на звук може да определат средна вредност од звучни нивоа
мерени во одреден временски период за да може да се процени Leq. Повеќето мерења на
бучава на работно место денес се вршат со вакви мерачи. Постојат мерачи кои сеуште се
произведуваат, а ги немаат овие можности и се значително поевтини. Нивната употреба е
ограничена на ситуации во кои нивоата на бучава во суштина се стабилни во тек на подолг
временски период.

Слика 3.5 ги покажува суштинските фази низ кои мора да помине електронскиот
сигнал од микрофонот пред да можат да се појават информации за звучното ниво на
екранот. Микрофонот, како значаен елемент од системот за мерење, е дискутиран
понатаму во поглавјето.

Влезна фаза

Ја има функцијата (задачата) да го претвори сигналот од микрофонот во облик кој


лесно може да го процесираат стандардни електични кола. Технички конвертира сигнал со
повисока импеданца во сигнал со пониска импеданца. Сигналите со висока импеданца се
склони кон електромагнетни пречки кои можат да влијаат на точноста на отчитаните
вредности. Многу мерачи за ниво на звук имаат опција да се отстрани микрофонот и да го
поврзат со мерачот со помош на неколку метри долг кабел за да се олеснат мерењата на
непристапни места. Ако овој кабел е директно поврзан со микрофонот ќе биде многу
склон кон електромагнетни пречки. Наместо тоа микрофонот и влезната фаза се
отстранети како целина и приклучени на другиот крај од продолжниот кабел кој потоа
пренесува сигнал со ниска импеданца.
Модерните мерачи на звук можат да покријат широк динамички опсег (тоа е
разликата помеѓу највисокото и најниското ниво кои може да биде измерено прецизно без
промена на подесувањата на опсегот). Сепак, сеуште би било потребно да се вклучат една
или повеќе фази со кои ќе се засили или ослаби сигналот за последователните фази да
работат во рамките на нивните можности. Ова е особено точно за мерачите на бучава кои
се наменети и за мерење на бучава во работно место и мерење на бучава во животна
средина.

Фреквентни тежински криви


Мерач на звук кој се користи за мерење на бучавата во работното место е потребно
да биде опремен со А тежински филтер (сите мерачи на бучава ја имаат оваа опција) или

23
C, Z или рамно тежински мерење. Некои мерачи на бучава вклучуваат октавни филтри
кои овозможуваат да се спроведуваат и мерења кои се користат за пресметка на
штитниците за слух. Постарите мерачи на бучава имаат капацитет за додавање на одвоен
сет со октавни филтри.

Детектор
Ова струјно коло го претвара наизменичниот сигнал во еднонасочен напон кој се
менува соодветно на промената на нивото на звук . Во оваа фаза се одредува временската
константа. Доколку мерачот на звук е потребно истовремено да врши мерења на RMS и
Peak нивоата (оваа можност е користна за проценка на бучава на работно место) тогаш
потребно е инструментот да има два праралелни детектори (две струјни кола).

Интегратор
Поголемиот дел од работата кој кај старите мерачи на звук ја вршеа аналогни
струјни кола, сега се извршува од микропроцесори. Претворањето на информациите од
притисокот на звукот во нивоа во децибели, пресметувањето на Leq вредности,
сочувувањето на измерените резултати и форматирањето на информации за принтер се
примери за задачите кои вообичаено се управувани од микрочиповите и неговите
помошни уреди.

Детектор на преоптоварување
Можно е податоците на дисплејот да изгледаат како да се во рамките на
номиналниот опсег на мерачот на звук, иако во влезната фаза во сигнал се присутни многу
вискоки или ниски фрекфенции на бучава (дел од овие фреквенции ќе бидат отстранети со
А тежинскиот филтер). Исто така, високата импулсна бучава може да претставува голем
проблем при мерењето, а вредностите од мерењата кои ќе бидат добиени под овие услови
нема да бидат точни иако тие изгледаат како да се во опсегот на мерачот на звук. Важно е
секое преоптоварување на влезниот сигнал да биде откриено и да се известат оние кои ги
користат измерените информации. Доколку такво преоптоварување се случи тоа ќе се
појави на екранот и ќе се појави на секоја испринтана копија и секако ќе се појави на
секоја информација која се сочувува.

Состојба на батеријата
Слаба батерија исто така може да придонесе за добивање на неточни информации.
Модерните мерачи на звук ќе ве предупредат за ова и исто така посебно ќе ве предупредат
доколку напонот на батеријата е под прифатливото ниво. Во многу случаи после
предупредувањето се исклучуваат со цел останатата моќ на батеријата да ја искористат за
зачувување на информациите кои се складирани. Можеби не е очигледно, но овие струјни
кола кои продолжуваат да работат иако инструментот е исклулчен можат да вршат
значително влечење на моќта на батеријата. Доколку инструментот е складиран една или
две недели веднаш по промената на батериите можно е да бидете предупредени за слаба
батерија во моментот кога ќе го уклучите.

24
Дисплеј
Мерачите на звук повеќе не се произведуваат со стариот аналоген дисплеј кој
користи игла која се движи. Ваквиот вид на читање на информациите не би бил способен
за исполнување на модерните барања во смисол на динамичкиот опсег покриен од
дисплејот и резолуцијата потребна од сегашните стандарди. За разлика од првите
дигитални дисплеи, тие ја имаа предноста на јасно покажување на правецот на било каква
промена при отчитувањето. Модерните дигитални дисплеи се многу софистицирани, и
многу од нив имаат квази-аналоген индикатор. Ова вообичаено е подвижна лента која го
имитира работењето на аналогниот дисплеј надополнето со дигитални податоци. Многу
од модерните мерачи на звук можат да пресметаат многу различни параметри
истовремено (Табела 3.2) . Печатењето може да приспособи за голем број на податоци за
разлика од дисплејот кој нормално има место само за релативно мал број. Обично тие
можат да бидат избрани од корисникот. Параметрите кои треба да бидат прикажани за
мерење на бучава во животна средина се различни од оние кои се користат за мерење на
бучава на работно место.

Табела 3.2 Потребни и пожелни карактеристики на мерач на звук за работно место


Потребно Пожелно
Ги исполнува најмалку IEC61672 класа2 IEC61672 Класа1
Фреквентни тежински криви А или C, Z или А и C тежински криви
рамно (flat)
Leq и Peak мерења Можност да мери Leq и Peak истовремено
Звучно ниво обезбедено со калибрирање Октавно мерење

Микрофони за мерење на бучава


Микрофоните кои се употребуваат за мерење на бучавата мора да бидат екстремно
прецизни и поради тоа тие се многу скапи. Квалитетот на микрофонот во голема мера
одлучува дали мерачот на звук ќе ги исполни барањата за инструмент од прва класа или
од втора класа (или ниедна). Постојат два вида : кондензаторски микрофони (слика 3.6 и
3.7) и предполаризирани кондензаторски микрофони (слика 3.8).

25
Кондензаторските микрофони се состојат од тенка никелова фолија истегната низ
метален цилиндар што го формира телото на микрофонот. Фолијата е обично неколку
микрометри тенка, а метална црна плоча е поставена на 20 микрони одалеченост позади
него. Микрофоните се направени во серии со стандардни димензии именувани според
нивниот диаметар. Микрофоните од ½ инч се најчести.
Мерачот на звук генерира висок напон, обично 200V, кој се користи за да даде
позитивен полнеж на диафрагмата и негативен полнеж на задната плоча. Осцилациите од
притисокот поради звучниот бран предузвикува дијафрагмата на биде приближувана и
одалечувана од задната плочка. Дијафрагмата и задната плоча заедно создаваат
кондензатор, електронска компонента чија способност да складира полнежи, неговиот
капацитет, е пропорционален на одалеченоста на дијафрагмата од задната плоча. Ефектот
на придвижување на плочата назад и напред е да генерира мал наизменичен напон кој го
претставува излезот на микрофонот.
Постојат и други видови на претполаризирана кондензаторски микрофони, а некои
од нив се најевтините микрофони кои некогаш биле создадени, како оние кои се користат
за снимање на звук на касета, сите го користат истиот принцип. Верзијата која се користи
за мерење на бучава е конструирана на истиот начин како и стандардниот кондензаторски
микрофон, кој е прикажан на слика 3.8. Разликата тука е што задната плочка е покриена со
слој на поларизирачки материјал кој има способност да раздвојува електрични полнежи.
Како резултат на ова задната плоча ќе дејствува како да носи полнеж и диафрагмата да го

26
носи спротивниот. Поларизираниот напон повеќе не е потребен и масивноста и
комплицираноста на мерачот на звук значително се намалува. Од друга страна пак
микрофонот е малку потежок за производство. Прецизноста на предполаризирачкиот
микрофон е малку помала од оној на кондензаторскиот микрофон, но
предполаризирачките микрофони со голем квалитет се способни да ги задоволуваат
стандардите од првата класа на мерачи за звук. Мерачите на звук од втората класа скоро
секогаш имаат предполаризирачки микрофони бидејки вкупните трошоци за производство
се многу помали. Иако димензиите на микрофоните може да бидат исти, не се
препорачува замена на микрофоните помеѓу мерачите на звук. При замена на
микрофоните потребно е да се проверат нивните карактеристики.

Фрекфентен одзив
Микрофоните се произведуваат за различни потреби. Повеќето се произведуваат за
употреба во мерачите на звук кои ги исполнуваат интернационалните стандарди, со што
нивната способност да се справуваат со различни фрекфенции треба да ги исполнува
барањата кои се специфицирани со IEC 61672. Микрофоните кои се произведени за некои
други намени не ги исполнуваат овие барања.

Чувствителност
Излезното ниво на сигналот од различни микрофони кои се изложени на исто
звучно поле можно е да бие различно. Обичните установи за калибрирање дозволуваат
мали отстапувања но различни типови на микрофони имаат различна чуствителност која
не може да се земе како мало отстапување.

Поларизација
Електризиран микрофон нема да биде способен да даде прецизни мерења доколку
се наоѓа во мерач на звук кој снабдува со поларизирачки напон. Од друга страна
кондензаторските микрофони не може да се употребува без поларизирачки напон. Но
сепак некои мерачи можат да се направат да работат на двата начини.
Кога микрофон е изложен на воздушни струи , бучавата ке биде пренесена блиску
до дијафрагмата како резултат на воздушните струи. Дури и на мали воздушни брзини
оваа бучава може да биде многу важна и да предизвика грешни резултати. За да се избегне
ова се употребува ветробран кој во себе содржи сферичен дел од акустична пена со
диаметар од 70-100 mm и дупка во која се внесува микрофонот. Внатре обично не е
потребно да се користи ветробран, но во некои случаи добро е да се користи за да се
заштити микрофонот од прашина и физички контакт.

Дозиметар
Личен дозиметар (слики 3.9) е мал интегриран мерач на звук со микрофон кој е
поврзан со кабел кој се закачува на некој вработен и ја снима бучавата на која вработениот
е изложен додека работи во својата смена на работа. Тие се познати како дозиметри и
лични мерачи на изложеност на бучава.

27
Дозиметарот може да биде ставен во џебо т на то ј што го но си или мо же да биде
закачен на каишот, микрофонот мора да бид е блиску до увото на вработениот или е
закачен за шлем доколку вработениот носи. Обично
ова значи дека микрофонот е поблиску до главата,
телото или облеката и ова малку ја намалува неговата
точност. Лошо поставен микрофон може да даде лоши
информации доколку дојде до триење на облеката.
Бидејки дозиметарот повеќето од времето
дејствува без посебна супервизија постои видлива
опасност отчитувањата да не бидат точни.
Раните дозиметри биле исклучително мали во
споредба на инструментацијата што се користела и
методите за отчитување на резултатите понекогаш
биле прилично мистериозни. Излезните информации
биле обично претставени во проценти со што 100%
доза да е еквавилентна на граница на изложеност:
LEP,d од 90 dB. Електрониката се разви многу побрзо и
сега не е толку тешко за мал уред да ги даде
излезните информации во различни бројки во
различни формати.
Многу од дозиметрите доставуваат директно
LEP,d отчитување. Оваа LEP,d вредност ќе биде точна
само доколку дозиметарот е носен во само една цела смена. Доколку е употребен само на
пола смена или само во дел од работното време или употребата е прекината пред време
LEP,d вредноста нема да биде точна.

Калибрација

Мора да биде напоменето дека кога се спроведуваат мерења на ниво на бучава, со


цел проценка на бучавата на работно место, потребно е да сме сигурни дека мерачот на
бучава дава прецизн, точни вредности. Постојат неколку оделни процеси кои можат да се
опишат како калибрирање:
• Одобрување на типот
• Калибрација на терен
• Периодична верификација

Одобрување на типот
Понекогаш се нарекува и евалуација на модел, ова се спроведува од независна
лабараторија во раните фази на производство на некој нов мерен инструмент. Обично
предвидува детални тестови за да се проверат сите аспекти од дадените спецификации се
исполнуваат од страна на инструментот. Во некои земји (Велика Британија,..) не е обврска
овие тестови да бидат спроведени. Во Германија пак овој тест е морален за да се дознае
дали карактеристиките се исполнети. Бидејки пазарот на инструменти за мерење на бучава
е интернационален, повеќето од мерачите на звук кои се на пазар се одобрени по овој
начин.

28
Калибрација на терен
Калибрацијата на терен е многу позната на оние кои спроведувале мерење на
бучава. Таа во себе содржи употреба на калибратор кој е потребно да се набави заедно со
мерачот на звук (слика 3.10). Интернационалниот стандард IEC 60942 ги специфицира
карактеристиките на овој калибратор, и ги дели на повеќе класи. Прва класа мерачи на
звук мора да бидат калибрирани со калибратор кој е
од прва класа. Калибраторот мора да биде перфектно
поставен на микрофонот, кога ќе генерира
повторувачко звучно поле во местото помеѓу
калибраторот и самиот микрофон. Обично ова е чист
тон со фрекфенција од 1KHz.
Иако повеќето калибратори кои се користат
со микрофони од ½ инч можат да пасуваат на секој
микрофон од ½ инч , нивото на звук што се генерира
ќе биде малку поразлично доколку не се користи на
микрофонот за кој бил произведен.
Производителите вообичаено го препорачуваат
очекуваното излезно ниво за соодветната
комбинација на микрофон и калибратор.
Често пати мерачот на звук мо же да биде
подесен со мал штрафцигер за отчитувањата да
бидат точни (вредноста на излез да биде идентична
со препорачаната за калибраторот со микрофонот кој
се користи). Помодерните и пософистицираните инструменти имаат автоматска
калибрација која бара само нивото на калибрација да биде внесено и да се притисне
копчето за да започне калибрацијата. Дозиметрите имаат исто така програма за
калибрација. Многу од медерните инструменти се стабилни и нема да биде потребно
посебно подесување на отчитаните информации. Сепак калибрацијата секогаш се
проведува пред (а може и после) мерењето со цел да се потврди дека инструментот дава
точни информации. При спроведување на долготрајни мерења (подолг период во текот на
денот), можно е калибрацијата да се повторува помеѓу мерењата.
Доколку калибрацијата на терен се спроведува како што е претходно кажано
постојат сепак два можни проблеми со доиените информации:
1. Доколку калибраторот не работи согласно неговите карактеристики тогаш
мерењата нема да бидат точни.
2. Проверките со калибраторот се прецизни за мерење на 1KHz чист звук на
одредено ниво. Мерачите на бучава во реалноста се изложени на комбинација
од различни фреквенции и променливи нивоа на бучава. Можно е неисправен
мерач на бучава да покаже точни податоци при калибрирањето, но да даде
неточни вредности при мерење на терен.

Периодична верификација
За да се провери многу поширок опсег на функционалност за разлика од оние на
калибрација на терен, мерачот на звук може да биде пратен на оделна лабараторија која ќе

29
изврши тестови специфицирани во двата дела на BS 7580. Мерачот на звук и калибраторот
се праќаат заедно на тестирање и верификација. Лабараторијата ќе ги тестира одговорите
на мерачот на звук на различни видови на звучни нивоа. Ќе го тестира функционирањето
на временските константи и процесот на усреднување при мерење на Leq. Во суштина се
врши верификација на исправноста на функционирање на инструментот во голем дел од
неговите функции.
Тестирањето пропишано со BS7580 не ги проверува сите функции кои се можни на
мерачот на звук. Сертификатот на тестот само потврдува дека мерачот на звук ги
исполнува неколкуте работи кои се испитани со тој тест.
Периодот помеѓу верификацијта може да биде спорен. Многубројни стандарди и
стандарди за здравјето на луѓето во работниот простор специфицираат 2 години помеѓу
верификации. Ова е максимумот од период кој може да биде за да се одреди дали некој
инструмент ги исполнува пропишаните карактеристики. Понекогаш може да биде
потребна проверка на инструментот почесто, а некои од факторите од кои зависи колку
често мерачот на бучава ќе се носи на верификација се прикажани на табела 3.3.
Колку често мерач на звук ќе биде пратен на верификација е одлука на оној кој е
одговорен за сигурноста на резултатите добиени од инстументот.

Табела 3.3

Тежнеење кон поретки верификации Тежнеење кон почести верификации


Ретка SLM употреба Почеста употреба
Употреба од 1 оператор Употребен од голем број на операции
Употреба само во не-екстремни средини Изложен на прашина,корозивна
средина,екстремни температури
Употреба главно за прелиминарни Информациите добиени можат да
изтражувања пред пуштање во попрецизни формираат бази на многу важни одлуки,
мерења или може да бидат употребени како доказ
во некои судови

30
5. ПРЕСМЕТКА НА ГРАНИЧНИ ГОЛЕМИНИ НА
БУЧАВА

Вовед

Во оваа поглавје станува збор за различни пресметки кои може да се спроведат


при проценка на бучавата на работно место од резултатите кои се собрани. За секој
различен случај е вклучен пример, и други примери можат да бидат најдени во
прилозите. Различните видови пресметки кои што можат да бидат потребни се:
● Лична дневна доза
○ Од еден или повеќе подпериоди
○ Од единствен податок
● Неделна просечна доза
● Претворање од податокот LEP,d во или од други системи со цел прикажување
на изложеноста на бучава
○ Изложеност на бучава EA
○ Процентуална доза
● Рангирање во различни временски периоди согласно придонесот што го
даваат во вкупната доза на бучава
● Поставување на временско ограничување на изложеност на бучава
○ Вклучувајќи само едно ниво на бучава
○ Вклучувајќи ги во предвид и предходните изложувања на бучава

Определување на дозата на бучава

Наједноставен вид за пресметка што може да се направи како резултат на


измерена бучава на работно место е да се пресмета личната дневна доза или LAEP,d на
работникот. Ова може да се добие дирекно со познавање на различните нивоа на
бучава и временски периоди на кои бил изложен работникот во текот на работниот
ден.

1
L1 L2

LEP ,d = 10 × log  t1 × 1010 + t 2 × 10 10 + .... (5.1)
8 

каде што L1 и L2 се различни нивоа на бучава на кои е изложен работникот во различни


временски периоди кои се означени со t1 и t2. Бројот 8 е деноминатор кој претставува
предпоставка дека работниот ден трае 8 часа (независно колку часа работникот работи,
во пресметката се користи стандардно 8 часовен работен ден). Се предпоставува дека
сите временски периоди се во часови. Доколку решиме да пресметуваме во минути
треба бројот 8 да го замениме со бројот 480, кој претставува број на минути во 8 часа.

31
Се предпоставува дека има две или повеќе периоди во кои нивоата на звучен
притисок се всушност фиксирани (постојани). Во пракса ова не е потребно. Ако
нивоата на бучава се менуваат, тогаш L1, L2 итн, може да бидат еквивалентните нивоа,
Leq, за секој подпериод во кој е извршено мерењето. Две измерени нивоа и соодветните
два временски периоди се прикажани во равенката погоре, но во пракса нема
ограничување на бројот на подпериоди на кои е поделен работниот ден.
Понекогаш нивото на бучава е постојано во текот на целиот работен ден. Во
ваков случај измереното Leq може дирекно да се претвори во дневна доза и тоа:

t 
LEP ,d = Leq + 10 × log  m  (5.2)
8

Примери

1. Пресметај ја личната доза на бучава, LEP,d кога работникот е изложен на ниво од


92dB за време од 2h, после кое следи ниво од 84dB за време од 5h.

1
L1 L2
 1
92 84

10 
LEP ,d  10  
= 10 ∗ log  t1 ∗10 + t2 ∗10  = 10 ∗ log  2 ∗10 + 5 ∗10  = 87 ,4 dB
10 10
8  8 

2. Вработен е изложен на нивоа на бучава за време на работниот ден прикажани во


табела. Пресметај ја личната доза на бучава, LEP,d на работникот.

Работна задача Период на изложување Еквивалентно ниво Leq


1 (опис) 2 часа 102 dB
2 (опис) 30 минути 96 dB
3 (опис) 1 час 85 dB
4 (опис) 3 часа 93 dB
5 (опис) 90 минути 90 dB

1
L1 L2 L3 L4 L5

LEP ,d = 10 ∗ log  t1 ∗1010 + t2 ∗10 10 + t3 ∗10 10 + t4 ∗10 10 + t5 ∗10 10  =
8 
1
102 96 85 93 90

= 10 ∗ log  2 ∗10 10 + 0 ,5 ∗10 10 + 1 ∗10 10 + 3 ∗10 10 + 1,5 ∗10 10  = 97 ,1 dB
8 

3. Собирач на стакло е изложен на LAeq=99 dB за време од 3 часа. Колкава е неговата


лична доза на бучава LAEP,d?

t  3
LAEP ,d = LAeq + 10 × log  m  = 99 + 10 × log   = 94 ,7 dB
8 8

32
Пресметување на LAEP,d од LAE

LAE најчесто може да се измери дирекно со помош на мерачот на ниво на


бучава, или може да се пресмета од Leq на некој настан и времетраењето на истиот:

LAE = Leq + 10 × log (t ) (5.3)

каде t e времетраењето на настанот.


Дневното изложување може да се пресмета преку LAE и преку бројни слични
настани коi се случиле за време на работното време:

LEP ,d = LAE − 10 × log (28800 ) + 10 × log (n ) (5.4)

или
LEP ,d = LAE + 10 × log (n ) − 44 ,6 dB (5.5)

(28800 представува број на секунди во 8 часа).

Пример:
Еден работник е изложен на бучава од авиони кои ниско летат, 15 пати во текот на
работното време. При извршените мерења е утврдено дека во период од 60 секунди
при прелет на авион, LAeq изнесува 93dB. Пресметај ја дневната доза на изложеност
на работникот.

LAE = Leq + 10 × log (t ) = 9 + 10 × log (60 ) = 110 ,8 dB

LEP , d = LAE + 10 × log (n ) − 44,6 = 110,8 + 10 × log (15) − 44,6 = 80 dB

Употреба на HSE дијаграмот за пресметка на дневната доза

На слика 5.1 е прикажано како се употребува дијаграмот, кој е издаден од


“Health and Safety Executive in Reducing Noise at Work (1998)”, за пресметување на
дневната доза на бучава. Со користење на овај дијаграм се избегнуваат пресметките и
често се користи од оние кои ја проценуваат дневната доза на бучава. Измереното ниво
на бучава на самото работно место е обележано на левата страна на дијаграмот, а
временската изложеност на десната страна. Правата која ги поврзува предходно
споменатите точки ја пресекува средната колона и во точката каде ја пресекува
колоната можеме дирекно да ја отчитаме вредноста за дневната доза на бучавa LEP,d,
која се наоѓа на левата страна од средната колона. На пример да пресметаме LEP,d за
вработен кој е изложен на 99 dB бучава во времетраење од 3 часа. Неговиот еквивалент
за 8 часа може да се отчита дека е околу 95 dB.

33
Десната страна од средната колона се користи за пресметување на дневната доза
во покомплексни ситуации, каде личноста е изложена на повеќе од едно ниво на
бучавост во текот на работниот ден. Во овај случај, правата е повлечена да ги поврзи
нивото на бучавост со временскиот период кој одговара за таа изложеност. Вредноста
на одделната изложеност се отчитува од десната страна на средната колона. Земајќи ги
во предвид отчитувањата за поодделните изложености се пресметува вкупната LEP,d.

34
Просечна неделна доза на бучавост

Во некој случаи во регулативите за бучава на работното место е потребно,


покрај дневната доза на бучавост, да се определи и просечната недела доза на бучава.
Просечната неделна доза на бучава можеме да ја пресметаме преку:

1
LEP ,d 1 LEP ,d 2 LEP ,d 3 LEP ,d 4 LEP ,d 5

LEP ,w = 10 × log 10 10
+ 10 10
+ 10 10
+ 10 10
+ 10 10  (5.6)
5 

каде, LEP,w представува дневната просечна доза на бучавост во текот на една недела,
LEP,d1 , LEP,d2 , итн представуваат LEP,d вредности за секој ден посебно.

Пример:
Работник кој управува со машина, е изложен на LAEP,d = 83 dB 4 дена во неделата. Во
петок малку време поминува во чистење на машината со црево кое е под висок
притисок кое има LAEP,d = 89 dB. Пресметај го просечниот неделен LAEP,d (LEP,w).

1
83 89

LEP ,w = 10 × log  4 × 10 + 10  = 85 dB
10 10
5 

Процентуална доза на бучава

Наједноставен пристап за оценување на дозата на бучава е:


● мерење на Leq на кои е работникот изложен во текот на работниот ден,
● утврдување на времето на изложеност на различни нивоа на бучава,
● употреба на резултатите од измерените Leq и времето на изложеност за
пресметување на LAEP,d,
● споредба на добиените резултати со пропишаните граници.
Во минатото биле употребувани други начини за оценување на дозата на бучава
и понекогаш е потребно добиените резултати да се претворат од еден облик во друг. Се
до 1980, максималната дозволена доза на изложеност на бучава во Обединетото
Кралство било земано како 100% и дневната доза на изложеност била често изразувана
како процентуална доза на изложеност на бучава во однос на максимумот. Дури и
дозиметрите при мерење, изложеноста ја прикажувале во проценти во однос на
одредена вредност (препорачана, максимално дозволена и сл.). Една предност на овај
систем е тоа што процентуалната доза може многу лесно да биде додадена. На пример
ако работник прима 75% доза на бучава наутро и 33% попладне и на крајот на денот тој
ќе има примено доза од 108%. Доколку се користат проценти, потребно е да се
прецизира за кое акционо ниво овие проценти се однесуваат (доколку во регулативата
се дефинирани повеќе акциони нивоа).

35
Според равенките подолу се предпоставува дека LAEP,d = 90 dB е еквивалент со
процентуална доза од 100%.
За претворање на LЕP,d во процентуална доза (базирана на 8 часа изложеност на
90dB= 100%):
LEP ,d −90

Процентуална доза = 100 × 10 10


% (5.7)

За префрлање од процентуална доза (базирана на 8 часа на 90dB= 100%) во LEP,d:

 % dose 
LEP ,d = 90 + 10 × log   dB (5.8)
 100 

Примери:

1. Колку изнесува процентуалната доза соодветна на LAEP,d=94.5 dB, доколку


акционото ниво од 90 dB е еднакво на 100%?

LEP ,d −90 94.5−90


Процентуална доза = 100 × 10 10
= 100 × 10 10
= 100 × 100.45 = 282 %

2. Колкu e процентуалнаta доза од претходната задача (LAEP,d=94.5 dB), доколку


акционото ниво од 87 dB е еднакво на 100%?

LEP ,d −87 94.5−87


Процентуална доза = 100 × 10 10
= 100 × 10 10
= 100 × 100.75 = 562 %

овде 87 го заменува 90 од претходната задача

3. Каква е LAEP,d споредена со процентуалната доза од 132%? (земи дека LAEP,d=90 dB


представуват 100%)

 132 
LEP ,d = 90 + 10 × log   = 90 + 10 × log (1.32 ) = 91.2 dB
 100 

Изложеност на звук, EA

Изложеноста на звук ЕА, што се мери во паскали на квадрат на час [Pa2-h],


никогаш не била прифатена како мерна величина. Мерната скала на оваа величина има
две предности од останатите:

● Тоа е линеарна скала, 0.5 Pa2-h представува пола доза од 1.0 Pa2-h. Дозите во
Pa2-h можат да се додават аритметички

36
● 1.0 Pa2-h е идентична со LEP,d=85 dB, кое е првото акционо ниво според
регулативите “Noise at Work Regulations” од 1989.

За да се претвори LEP,d во изложеност во Pa2-h потребно е:

LEP ,d

E A = p × 8 × 10
2
0
10
(5.9)

Каде ЕА представува изложеност на звук, измерена во Pa2-h, р0 = 20 х 10-5 Ра


Обратната врска е дадена со:
 E 
LEP ,d = 10 × log  2 A  (5.10)
 p0 × 8 

Примери:
1. Колкава вредност на изложеноста на звук одговара на LAEP,d=89 dB?

( )
LEP ,d
2
E A = p02 × 8 × 10 10
= 2 × 10 −5 × 8 × 108.6 = 1.27 Pa 2 h

2. Ако работник е изложен на звук од 1.6 Ра2h, колкава е неговата LAEP,d?

 EA   1.6 
LEP ,d = 10 × log   = 10 × log   = 87.0 dB
2 
 8 × p0 
 (
 8 × 2 × 10
−5
)2 

Рангирање на различни периоди на изложеност

Понекогаш може да биде корисно, доколку работникот се движи низ средини со


различна бучава во текот на работниот ден, да се процени влијанието на поодделните
нивоа на изложеност, врз вкупната дневна изложеност на бучава. Постојат различни
пристапи на проценка, но наједонставен (затоа што не вклучува нови техники на
пресметување) е пресметување на влијанието на секој настан поодделно.
Пресметување на LEP,d се сведува на пресметување (проценка) на изложеноста на
работникот само на еден настан како да е тоа најзначајната изложеност на бучава во
текот на работниот ден. На овој начин се добива група од бројки (пресметани нивоа на
изложеност) при што нивната релативна големина го прикажува придонесот на секоја
од нив во вкупната дневна изложеност. Секој обид да се намали дневната изложеност
на бучава, најдобро би било да се сконцентрираме на намалување на бучавата во
периодот на работното време каде изложеноста сме пресметале дека е најголема.

Пример:
Дневната доза на изложеност на бучава на еден работник во текот на еден ден е
табелирана во табелата подолу.

37
а. Пресметај ја дневната доза на изложеност LEP,d
б. Подреди ги машините согласно нивниот придонес во вкупната дневна доза на
изложеност на бучава.

Значи најголем придонес врз дневната изложеност доаѓа од циркуларот, потоа


од дребонгот (стругот), глодалката па рачната пила.
Потрадиционален пристап на предходниот проблем би бил со пресметување на
процентуалната доза за секоја од машините.

Ограничување на време на изложеност

Понекогаш нивото на бучава на кое е работникот изложен е познато, но


проблем е да се донесе одлука колкаво треба да е времето на кое работникот ќе биде
изложен на бучава, за вкупната дневна доза на изложеност да биде под препорачаното
акционо ниво. Треба да се погрижиме изложеноста да не ги надмине предходно
препишаните норми.

t
LEP ,d = Leq + 10 × log   (5.11)
8

38
t претставува препорачаното време на изложеност. За LEP,d се користи пропишаното
акционо ниво на изложеност, додека Leq е нивото на кое ракувачот со машината е
изложен. Со замена на вредностите за Leq и LEP,d , може да се пресмета вредноста на t.
Предходната формула можеме да ја преобликуваме на следниот начин:

L EP ,d − Leq

t = 8 × 10 10
(5.12)

Примери:
1. Келнер во ноќен клуб е изложен на Leq = 102 dB во период од 3 часа. Колкава е
личната дневна доза LAEP,d на вработениот?

t 3
LEP ,d = Leq + 10 × log   = 102 + 10 × log   = 97.7 dB
8 8

2. Колку долго може келнерот да работи безбедно пред да ја достигне вредноста на


второто акционо ниво?

LEP ,d − Leq 90−102


t = 8 × 10 10
= 8 × 10 10
= 0.5 h

Преостанати време на изложеност

Да претпоставиме дека вработениот веќе бил изложен на ниво на бучава


одреден временски период. Доколку сакаме да го пресметаме времето на изложеност
на некое друго ниво пред да се достигне препорачаната акциона вредност на дневна
изложеност на бучава може да се искористи равенката за пресметување на LEP,d од две
различни нивоа на изложеност.

1
SPL1 SPL2

LEP ,d = 10 × log  t1 ∗10 10
+ t2 ∗10 10
+ .... (5.13)
8 

Во овој случај, t1 и SPL1 се познати вредностите кои ја претставуваат претходната


изложеност. SPL2 е новото ниво на изложеност, а LEP,d претставува дозволеното
акционо ниво на дневна изложеност. Ако овие вредности се заменат во горниот израз,
тогаш со равенката може да се манипулира за да се добие вредност за t2, преостанатата
дозволена временска изложеност.

39
Пример:
Работник во период од 3 часа бил изложен на ниво од 92 dB. Уште колку време
истиот работникот смее да биде изложен на ниво од 89dB без да ја надмини
вредноста на второто акционо ниво?

1
L1 L2

LEP ,d = 10 × log  t1 × 1010 + t2 × 10 10 
8 
1
92 89

10 

90 = 10 × log  3 × 10 + t 2 × 10 
10
8 
3 × 109.2 + t2 × 108.9
109 = 10 ×
8
8 × 109 − 3 × 109.2
t2 = = 5.1h
108.9

Користење на HSE дијаграмот за определување на вредностите


на временските ограничувања

Кога е потребно да се определи времето што мо же да се по мине во одредена


средина со некое ниво на бучава, може да биде значително поедноставно ако тоа се
направи со користење на HSE-дијаграмот, отколку да се спроведе истата пресметка на
калкулатор. На слика 5.2 е прикажано како едноставно се користи за пресметките од
претходниот пример каде што келнер во ноќен клуб е изложен на ниво од 102 dB. Ова
ниво на звучен притисок се наоѓа во левата колона, додека целта LEP,d = 90 dB во овој
случај е идентификуван од левата страна на централната колона. Линијата што ги
поврзува овие две точки е продолжена се додека не ја пресече десната колона.
Пресечната точка одговара на бараното време - околу 30мин.

40
41
7. ОСНОВИ НА ВИБРАЦИИ

Што е вибрација?
Вибрации се појавуваат кога тело осцилира околу рамнотежна положба.
Најпростата форма на вибрации може да се разгледува кога мала маса е закачена на
пружина. Оставена сама на себе, масата ќе мирува во позиција каде што
гравитационата сила што дејствува на масата е еднаква по големина (но во спротивна
насока) со силата што се појавува во истегнатата пружина (слика 7.1).
Доколку се измести масата од нејзината
рамнотежна положба горе или долу силите веќе не
се во рамнотежа. На пример, ако се помести малку
надолу и се пишти, пружината е истегната повеќе
од претходно и силата што се воспоставува во неа е
поголема од гравитационата сила. Силата во
пружината влече нагоре и масата ќе забрзува
нагоре. Во одреден момент повторно се постигнува
рамнотежна положба, но заради постоење на
инерцијални сили масата продолжува да се движи
(поместува). Одкако ќе ја помине рамнотежната
положба се воспоставува сила што дејствува
надолу која ќе почне да ја забавува масата. Во
одреден момент (во најгорна положба) масата
запира. Во тој момент масата е над нејзината
рамнотежна положба и силите ќе предизвикаат
масата да биде забрзана надолу. Истата ќе
продолжи да се движи нагоре и надолу околу
рамнотежната положба се додека некоја надворешна сила не делува да го смени ова
движење.
Овој вид на движење е познато како просто хармониско движење. Ова е многу
поедноставен модел за тоа што се случува во реалните системи. Дури и едноставен
систем од реална маса и реална пружина не секогаш се однесува вака. На пример,
масата може да почне да ротира малку додека се движи нагоре и надолу. Сепак,
ваквиот модел може да се користи за да разбереме што се случува кај голем број
реални системи, односно кога реален предмет вибрира.
Значаен параметар на вибрацијата е нејзината фреквенција. Фреквенцијата го
претставува бројот на циклуси (движења кои се повторуваат) што се случуваат во една
секунда, а како и кај звукот, единицата во која се мери е херц (Hz). Кога масата и
пружината имаат фреквеција од 1 Hz тоа значи дека за време од една секунда масата ќе
изврши едно целосно движење (рамнотежа-долна положба-рамнотежа-горна положба-
рамнотежа). Повеќето предмети вибрираат на поголеми фреквенции од оваа, можеби
над сто дури и илјадници херци. Во суштина, вибрациите кои влијаат врз човекот
имаат фреквентен ранг (опсег) кој е понизок од фреквентниот ранг што се однесува на
звуците. Сепак тие се преклопуваат, бидејќи вибрациите од интерес за здравјето на
човекот најчесто имаат фреквентен ранг од 1 Hz до 1000 Hz.
Во суштина вибрациите може да се разгледуваат како статични, додека бучавата
се манифестира преку бран што се движи. Ова е премногу поедноставено гледиште,
бидејќи знаеме дека вибрациите можат да патуваат (да се пренесуваат преку
структурите). Ако тоа не беше така тогаш вибрационите механизми внатре во алатот

42
немаше да имаат начин да предизвикаат рачката на алатот да вибрира и вибрирачката
енергија немаше да биде пренесена на човечкото тело. Во суштина теоретските
разлики меѓу звукот и вибрациите не се баш големи. Во стварноста, брановите
патуваат многу побрзо низ цврсти тела отколку низ воздух. Движењето на вибрациите
на работното место не е очигледно и разумно е, во повеќето случаи, да се третираат
како да се статички феномен.

Придушување и изолација
Погоре беше констатирано дека системот маса-пружина ќе може да осцилира се
додека надворешна сила не дејствува за да го смени движењето. Во практиката,
надворешните сили се секогаш присутни и може да се спротивставуват на вибрирањето
на телото. Ваквите сили се познати како придушувачки (дисипативни) сили. Во овој
случај, отпорот на воздухот на движењето на масата е можеби најважниот извор на
придушување. Има и други: пружината нема да биде идеална и мала количина на
енергија ќе биде претворена во топлина секој пат кога пружината се истегнува или
притиска. Доколку точката на потпирање не е апсолутно крута, тогаш исто така ќе има
губење на енергија до системите за потпирање. Секогаш кога дел од енергијата се губи
од вибрирачкиот ситем, се појавува придушување кое се стреми да ја намали
амплитудата на вибрациите. Вибрациите на алатките што се држат со дланка ќе бидат
придушени со повеќе внатрешни процеси, со контакт со работата и со пренос на
енергија до дланката на ракувачот, како и со воздушно пригушување што се појавува.
Придушените вибрации се појавуваат кога енергијата што се отстранува со
придушување од вибрирачкиот систем е отстранета од енергетскиот извор.
Рамнотежата се воспоставува кога енергијата обезбедена од изворот е еднаква на
енергијата отстранета од придушувањето. На тој начин вибрациите во рачката од
алатот кој работи во стационарни услови ќе имаат тенденција да бидат постојани во
времето, но доколку алатот се исклучи тогаш разните придушувачки механизми бргу
ќе реагираат и ќе ги смират вибрациите.
Изолација е процесот на спречување на пренос на енергија од еден предмет на
друг без да мора да се отстрани енергијата од системот (изворот). Моторно возило
може да се смета дека претставува маса поставена на пружини. Ако возилото поминува
преку низа од препреки, тогаш вибрациите на тркалата нема да бидат директно
пренесени на патниците. Пружините ќе отстранат мал дел енергија од системот, додека
придушивачките елементи (амортизерите) ќе го завршат големиот дел од работата.

Забрзување, брзина и поместување


За да се оцени големината на вибрациите на телото, може да се користат три
големини. Претходно е кажано дека во секој момент вибрирачката маса може да биде
поместена од рамнотежната положба (нагоре, надолу), односно два пати во секој
циклус ќе има поместување нула (ќе биде во рамнотежна положба). Големината на
поместувањето постојано се менува, но за време на еден период можно е (како кај
притисокот од звукот) да се пресмета rms средна вредност на поместувањето.
Бидејќи поместувањето постојано се менува, во секој момент ќе има одредена
брзина која може да биде насочено нагоре или надолу. Два пати во секој циклус масата
ќе застане кога ќе постигне максимално поместување независно во горна или долна
положба, но оваа нула брзина е моментална и масата го продолжува движењето и
почнува веднаш да се враќа назад во рамнотежна положба. Графикот на брзина по

43
времето има ист облик како графикот од поместувањето по време. Брзината постојано
се менува и промената на брзината во единица време се нарекува забрзување.
Забрзувањето, исто така се менува синусоидно. На слика 7.2 е даден графички приказ
на поместувањето, брзината и забрзувањето. Иако тие се прикажани на ист график,
треба да се запамти дека амплитудите не можат лесно да бидат споредени бидејќи
трите големини се физички различни и се мерат во различни единици мерки.

Поместувањето се мери во метри (или почесто во милиметри), брзината во


метри во секунда (m/s) и забрзувањето во метри во секунда на квадрат (m/s2). Бидејќи
овие се различни големини, мерени во различни единици, не може директно да се
споредуваат. Амплитуда од 1.5 m/s2 кога се мери забрзување, на пример, нема да
одговара на амплитуда од 1.5 m/s кога се мери брзина. Иако амплитудите не можат
директно да се споредат, фреквенцијата е иста за било која големина што е мерена, а
може да се види дека фазата на трите големини е различна. Со други зборови тие се
поместени на графикот во страна релативно една во однос на друга. Врската помеѓу
забрзувањето, брзината, поместувањето и фреквенцијата е дадена подолу во текстот.
Амплитудите на вибрациите, независно дали се мерени во смисол на
забрзување, брзина или поместување, можат да бидат искажани во децибели. Сепак,
ова вообичаено не се прави и е компликација која е најдобро да се избегне.
Од трите големини, обично се мери забрзувањето, можеби затоа што уредите за
мерење вибрации вообичаено даваат излез пропорционален на забрзувањето. Многу од
човечките реакции на вибрации се чини, барем за дел од фреквенцискиот опсег, дека се
поврзани повеќе со брзината. Поместувањето може да биде важно бидејќи претставува
големина која некогаш може да биде проценета визуелно така што некогаш е лесно да
провериш дали навидум големо ниво на поместување е физички можно.
Каде што има присутно повеќе од една фреквенција, овие големини можат да
бидат претворени една во друга доколку е достапна соодветна опрема за анализа на
фреквенциите.

44
Доколку е позната фреквенцијата на вибрациите, изразите за претворање на трите
големини една во друга се:

arms
vrms = (7.1)
ω
vrms
xrms = (7.2)
ω
arms
xrms = 2 (7.3)
ω

каде што arms e rms забрзување, vrms e rms брзина, xrms e rms поместување и сопствената
кружна фреквенција ω=2πf, a f е фреквенцијата на вибрациите.

Три оски

Забрзувањето, брзината и поместувањето се векторски големини. За целосно да


се опишат, мора да биде познат правецот како и интензитетот. Рачката од алат може да
вибрира во една од трите правци кои се под прав агол меѓу себе. Најверојатно,
движењето ќе биде комбинација од сите три.
Со цел да се добие целосна слика од движењето потребно е да се направат
мерења во правец на трите оски кои се ортогонални (тие се под прав агол меѓу себе).
Традиционално, трите координатни оски се означени како x, y и z оски. За вибрациите
на дланка-рака и за вибрациите на цело тело, дефинирани се стандардни оски поврзани
со човечката рака и тело. За некои цели, значајно е да се направи проценка на
интензитетот на вибрации во правец на секоја од трите оски посебно. За проценка на
вибрациите на дланка-рака според ISO 5349:2001, вредностите за трите поодделни
оски се комбинирани користејќи ја Питагоровата теорема.

Усреднување на нивото на вибрации по време

Нивоата на вибрации на работно место ретко се константни во подолг


временски период. Како и за бучавата, за проценка на нивото на вибрации на дланка-
рака се користи принципот на еднаква енергија за мерење на просекот во одреден
временски период. Бидејќи децибелите не се вообичаено употребувани за мерење на
вибрациите, пресметките што се применуваат за усреднување на нивоата на вибрации
по одредено време се малку поедноставни од оние што се потребни за просечни
(усреднети) нивоа на бучава.

a12 × t1 + a22 × t2
aeq = (7.4)
T

каде a1 и a2 се нивоа на забрзување: t1 и t2 се времињата за кои тие се случуваат, T е


целокупниот врементски период (еднаков на t1+t2); и aeq е постојано ниво на вибрации,
оджувано преку целиот период, кое ќе ја пренесе истата количина на вибрациона
енергија.

45
Инструменти за мерење на вибрации на дланка-рака се способни да направат
усреднување на енергијата дури и кога, како што е обично случај, промената во
забрзувањето е покомплексна од овој прост пример.
Изложеноста на вибрации на цело тело може да биде пресметана или користејќи
rms усреднување (кое претпоставува дека целата инволвирана енергија е важна
големина) или користејќи процедура позната како rmq (root-mean-quad) усреднување.
rmq усреднувањето, за разлика од rms, го акцентира влијанието на високите
вибрациони интензитети, дур и и ако тие се кр ткотрајни.а Поинаку кажано,
времетраењето на изложување е помалку значајно при користење на rmq проценката
отколку при користење на rms проценката.
Кога се оценува дневната доза на вибрации на дланка-рака, обично се
пресметува големината позната како А(8). Ова е еквивалентно 8-h ниво; со други
зборови тоа е константно ниво на вибрации кое, доколку е одржувано за 8 h, ќе содржи
исто ниво на енергија како што е содржано во вистинското, променливо изложување на
вибрации. Затоа е многу слично со концепцијата LEP,d, големина употребена на сличен
начин при оценување на нивото на бучава. Во изданието од 2001 на ISO 5349 А(8) е
преименувано во ahv(eq,8 h), меѓутоа ознаката А(8) продолжува да биде широко
употребувана за оваа големина.

Удари

Ударот во терминологијата на вибрациита го има истото значење како во


говорниот јазик. Работата на многу алатки зависи од нивните повторувачки удари меѓу
главата на алатот и објектот. Некогаш оваа удирачко дејство е единственото значајно
дејство кое се одвива; примери од ова би биле кршачи на патишта или пиштол за
шајки. Понекогаш, како во случајот со копач со чекан, ударите се суперпонирани во
ротирачко движење. Во неколку случаи, ударите произлегуваат од употребувањето на
ротирачки алат кој отскокнува за време на употреба.
Во однос на анализирање на амплитудата и фреквенцијата на вибрациите,
ударите се манифестираат како високо амплитудна вибрација што се оджува многу
краток период. Кога во стационарните вибрациони нивоа се вклучат ударите, тогаш
фреквентните анализи покажуваат дека постои присуство на значајно високи
фреквентни компоненти.

46
8. СИНДРОМ НА ВИБРАЦИИ НА ДЛАНКА-РАКА (HAVS)

HAVS и бели прсти

Синдром на вибрации на шака-рака (HAVS) е назив со кој се опишува


состојбата која настанува кога системот дланка-рака е изложен на продолжено дејство
на механички вибрации. Истиот има три компоненти: васкуларна (vascular),
невролошка (neurological), мускулно-скелетна (musculoskeletal).
Васкуларната компонента е најпозната и најчесто е изразена преку појава на
“бели прсти” од вибрации. Често пати белите прст, погрешно се поистоветуваат со
синдромот на вибрации на дланка-рака во целост. Васкуларните симптоми може да
имаат и друго потекло освен потеклото од вибрации. Невролошките симптоми исто
така може да имат други потекла, но заедничкото појавување на васкуларните и
невролошките симптоми скоро со сигурност укажува на вибрациите како основен
причинител на овие заболувања. Мусколно-скелетните симптоми се компоненти за кои
најмалку се воспоставени врските помеѓу вибрационата доза и ефектот.

Васкуларна, невролошка и мускулно-скелетна компонента


Васкуларната компонента на HIVS е форма на Рајнаудсовит феномен. Кога се
изложени на ладно време, вените во прстите се изложени на грч кој што ја спречува
крвта да тече. Тоа предизвикува побелување на прстите и во исто време чуството на
допир на раката е изгубено. Нападот може да трае и 30 мин. и завршува кога раката ќе
се загрее. Обновувањето на рецилкурацијата често е пропратено со болка.
Во лесни случаи на заболување, нападите се поретки и се појавуваат кога
постои изложување на екстремно студенило. Во овие лесни случаи, нападите
настануваат на врвовите на еден или два прсти. Како состојбата се развива, нападите
стануваат се почести дури и за не изразито ниски температури. Овие напади почнуваат
да зафаќаат повеќе зглобови и прсти. Палецот и дланката на раката се ретко зафатени,
но во екстремни случаи снабдувањето со крв на врвовите од прстите се нарушува и ова
може да доведе до појава на гангрена. Состојбата е именувана по Maurice Raynaud,
француски физичар кој прв ја проучувал оваа појава во 19 век, меѓутоа не ја поврзал со
изложеноста на вибрации.
На невролошката компонента во последните години се посветува повеќе
внимание. И по кр ај тоа што е помалку очигледна од васкуларната компонента, таа
сепак може да влијае посериозно врз способноста за работа и водење на нормален
живот. Диагностицирањето и на двете компоненти не е лесно, но во случај на
невролошката компонента дијагнозата е поедноставна, затоа што нема голем број на
случаи за кои не е откриена причината. Симптомите се состојат од зголемена
вкочанетост на се повеќе зглобови од прстите, пропратено со пецкање (отрпнатост).
Овие симптоми може да бидат придружени и со отсуство на способност за фина
моторика на дланките (неможност да се ракува со мали предмети).
Мускулно-скелетната компонента вклучува голем број на состојби кои влијаеат
на коските и зглобовите. Никоја од овие состојби не е исклучиво специфична за
вибрациите како причинител. Меѓутоа, неспорно е дека во значителна мера расте

47
ризикот за зголемен број на повреди кај работниците изложени на вибрации на дланка-
рака.
Физолошкиот процес поврзан со појавата на HAVS синдромот сеуште не е
добро разбран. Една теорија е дека во основа настанува оштетување на нервниот
систем. Ова влијае на неможноста за добра цилкурација на крвта, што влијае на
одржување на телесната температура во телото. Друга теорија објаснува дека
синдромот влијае на капиларите во прстите. Тие примат нормален сигнал кога раката е
изложена на ладно, но не се способни да дејстуват на соодветен начин.

Дијагноза

Дијагнозата на HAVS е попречена од фактот дека постојат само неколку


објективни тестови. Побелување на прстите е многу очигледно, но бидејќи тоа
вообичаено се случува рано наутро во зима, не е можно да биде пратено од доктор.
Главниот извор на информации претставуваат изјавите на пациентот за зачестеноста и
интензитетот на нападите.
Постојат тестови за квантифицирање на обемот на вкочанетост, но тие зависат
од соработката и објективноста на пациентот при давање на изјавите.

Дијагностички тестови за HAVS

1. Тестовите на Ален и Адсон вклучуваат мерење на притисокот во крвта за да се


добијат информации за снабдување на раката со крв.
2. Тестовите на Тинел и Фален детектират оштетување на нервниот систем на
раката.
3. Тестот на Пордуе е вид на тестирање на умешноста на користење на раката.
4. Тестот на Јамар – овој тест вклучува мерење на силата на стисок на дланката.
5. Тест на изложеност на студ: На секој прст се поставуваат температурни
сензори. Потоа раката се лади со потопување во вода. По неколку минути на
раката се вади од водата и се прати процесот на загревање. На раката зафатена
со васкуларната компонента на HAVS, вообичаено и треба значително повеќе
време да ја поврати нормалната температура.
6. Термичка aesthesiometry – Ова е тест на способноста за чуствување на топло и
студено на заболениот прст. Прстот е во контакт со метален диск чија
температура се менува контролирано, при што се забележува осетот за топло и
ладно за време на тестирањето.
7. Праговина осет на вибрации – ова е тест со кој се определува способноста да
се почувствува вибрација на површина во контакт со прст.

Не може да се каже дека испитаниците секогаш ќе соработуваат и ќе бидат


објективни за време на тестирањето за утврдување на овој синдром. Често пати
изјавите на испитаниците може да бидат и неточни. Уште повеќе, постојат случаи кога
работниците ги кријат симптомите, се со цел да не ја изгубат работата или да не бидат
префрлени на друго, помалку платено, работно место.

Лекување
Во суштина, не постојат многу активности ко и мо же да бидат преземени за
лекување на HAVS. Постојат сознанија дека состојбата на заболените во пораните фази

48
може да се подобри ако тие се остранети од работа која вклучува изложеност на
вибрација. Во првата стаза симптомите може да престанат во целост. Остранувајќи ги
заболените од изложеност на вибрација и потврдување на симптомите што поскоро, е
веројтано единствениот чекор кој може да се преземе за да ја подобри состојбата.
Иако склоноста кон васисоспатички напад може да биде намалена само до
одредени граници, сепак е потребно заболените да ги избегнуваат ситуациите кои ги
предизвикуваат нападите. Ова значи носење ракавици и топла облека и избегнување на
работни услови и работни задачи кои доведуваат до изложување на рацете на студ.
Исто така, кога не е можно да се избегне работењето во тешки услови, може да се
практикуваат техники за подобрување на цикулација на крвта во рацете.

Врска помеѓу дозата на вибрации и HAVS

Бројот на вработени кои се изложени на ризик од овој синдром од вибрации, е


помал од бројот на вработени кои се изложат на р изик о д бучава. Како и да е,
свесноста за проблемот се развива подоцна за разлика од случајот со бучава, а
инструментите за мерења стануваат достапни во последно време. Сознанијата за
квантитативната врска помеѓу изложувањето на бучава и губење на слухот се
попрецизни одколку сознанијата за изложеноста на вибрации на дланка-рака.
Првичната претпоставка беше дека, како и со бучавата, треба да се користи
идентичен принцип на енергија. На о во ј начин можно е да не се опфати појавата во
целост, но во праксата овој пристап е задоволувачки, и претставува основа за методите
прифатени и пропишани според интернационалниот стандард ISO 5349 Part 1: 2002.
Имено, постојат детални сознанија за врската помеѓу изложеноста на вибрации и
веројатноста за појава и развивање на HAVS. Тој го предвидува бројот на години
потребен за да се развијат симптоми на HAVS кај 10 проценти од работниците кои се
изложени на вибрации со просечна А(8) изложеност за време од 8 часа.

Dy = 31.8 x A(8)-1.06

Каде Dy е просечен број на години на изложеност на вибрации на група работници,


А(8) е просечна 8 часовна еквивалентна изложеност во ms-2, добиена со примена на
RMS постапката.
Ефектите на односот помеѓу изложеноста на вибрации и веројатноста за појава
на симптоми на HAVS може да се опише како:
• Изложеноста на вибрации А(8)=3,0 ms-2 во период од 10 години, може да
предизвика васкуларни симптоми на 10% од изложените вработени.
• Дуплирајњето на А(8) еквивалентната изложеност, приближно ќе го преполови
време за појава на HAVS симптомите.

Во табела 1 прикажан е бројот на години за различни нивоа на А(8)


еквивалентна изложеност, согласно стандардот, потребни за да се развивие HAVS
синдротот кај 10% од изложените на вибрации.
Вообичаено, за оние кои користат алат што предизвикува вибрации, се
прпорачува и рацете и телото да им бидат загреани. Пушењето додека трае
изложеноста на вибрации може да штети, заради неговото влијание врз периферната
циркулација. Постојат сознанија и дека кратки периоди на изложеност на вибрации

49
пропратени со периоди на одмор (кога нема изложеност на вибрации), предизвикува
помалку штета од континуираната изложеност.

Табела 1.

A(8) in ms-2 Време на изложеност


во години
1.0 32
2.0 15
3.0 10
4.0 7
5.0 6
6.0 5

Фреквенцијата на вибрациите која предизвикува најмногу штета, била главна


тема на некои дебати. Во ISO стандардите постојат тежински криви (коефициенти) за
фреквенциите на вибрација на дланка-рака. Истите се добиени врз основа на
перцепцијата (субјективното чувство) на луѓето за вибрациите на рака. Ова не значи и
дека тоа се фреквенции кои предизвикуваат најмногу штета. Фреквентните тежински
криви најмногу значај придават навибрации со фреквенции од 8-20 Нz, а се
претпоставува дека фреквенциите на кои се прдизвикува најмногу штета се повисоки и
се движат од 25 до 150 Hz. Со ревизијата на ISO 5349 во 2001 година, не се направени
измени на постоечките фреквентни тежински криви, што значи дека истите ќе останат
во употреба и во наредните години.

50
9. МЕРЕЊЕ НА ВИБРАЦИИ

Временско усреднување
Мерењата на вибрациите што се користат за оценување на вибрациите на
дланка-рака се прават со претпоставка дека принципот на еднакви енергии дава
задоволителни предвидувања за можноста за појава на штета. Инструментите за
мерење на вибрациите на дланка-рака ја имаат таа претпоставка вградена во софтверот
на инструментот. И по кр ај то а што неко и о д нив имаат мо жно ст за мерење на
моменталниот интензитет на вибрации, сите инструменти што се користат за овој тип
на мерења имаат можност и за усреднување на енергијата (слично на функцијата за
мерење на Leq кај инструментите за мерење на бучава). Терминологијата за мерењата
на вибрации на дланка-рака е помалку напредна од таа за мерење на бучава, така што
производителите на инструментите користат различни нестандардни изрази на
покажувањето на мерењата.
Равенката што се користи за пресметка на средното забрзување на вибрациите
при повеќекратно изложување на вибрации на дланка-рака е дадена со:

ahv2 1 × t1 + ahv2 2 × t2
ahv =
T

каде што ahv е средното забрзување за време на целиот период Т; ahv1 е забрзувањето за
првиот подпериод t1; ahv2 е забрзувањето за вториот подпериод t2; и Т=t1 + t2.
Горната равенка може да се модифицира за да пресмета еквивалентно ниво на
забрзување за период од 8 часа, познат како А(8).

ahv2 1 × t1 + ahv2 2 × t2
A( 8 ) =
8

каде што A(8) е средното забрзување за време на целиот период Т=8 часа (реботен
ден); ahv1 е забрзувањето за првиот подпериод t1; ahv2 е забрзувањето за вториот
подпериод t2.

Фреквентна тежинска крива за вибрации на дланка-рака

Фреквентната тежинска крива за мерење на вибрации на дланка-рака (слика 9.1)


е дефинирана од неколку различни стандарди и се појавува во различни форми. Во
пракса, разликите помеѓу нив не е многу важна, иако понекогаш може да стане
збунувачко ако се најдат неколку вида на фреквентни тежински криви во една иста
публикација. Различните видови на фреквентна тежинска крива се појавуваат бидејќи
сеуште областа на изложување на вибрации на дланка-рака е релативно нова.
Сите инструменти кои се користат за мерење на вибрации на дланка-рака ја
имаат вградено во себе оваа фреквентна тежинска крива. ISO 8041:1990 побарува
инструментите, исто така, во себе да имаат вградено и линеарна фреквентна тежинска
крива. Taa се користи во постапката на калибрирање, но дава погрешни податоци при

51
мерењето на вибрации на човек. При мерење на вибрации на дланка-рака, повремено се
користи и опрема за правење на фреквентна анализа.

Слика 9.1 Тежинска крива за вибрации на дланка-рака

Инструменти за мерење на вибрации (виброметри)

Иако на пазарот постојат многу мерачи на вибрации, може да се користат само


тие наменети специјално за вибрации на дланка-рака. Многу од тие мерачи се
наменети само за дланка-рака, додека има и такви кои можаат да мерат и вибрации на
цело тело.
Многу мерачи за мерење на вибрациите на дланка-рака во голема мера личаат
на мерачи на звук. Како што претходно кажавме, микрофонот на мерачот на звук
вообичаено е монтиран на предниот дел од инструментот со цел поедноставно
користење поблиску до главата на работникот, при што во исто време може да се гледа
и дисплејот. При мерење на вибрации на дланка-рака потребно е да има директен
контакт на акцелерометарот со рачката на алатот. Заради тоа сензорот на мерачот на
вибрации (акцелерометарот) е поврзан со останатиот дел на мерачот со краток кабел,
обично помеѓу 0,5 и 1 m долг, иако има можност да се употреби и подолг кабел
доколку за одреден вид на посебно мерење тоа е потребно.

Сл.9.2 Блок дијаграм на мерач на вибрации на дланка-рака

52
Акцелерометри

Повеќето акцелерометри кои се употребуваат за мерење на вибрации на дланка-


рака се пиезоелектрични. Пиезоелектричните материјали имаат особина да генерираат
напон (електричен полнеж) помеѓу двете поршини на кристалот во моментот кога се
притиснати. Во наједноставната форма на пиезоелектричен акцелерометар, еден
пиезоелектричен кристал е поставен така да наизменично може да се притиска и
истегнува при вибрирање на телото кое се набљудува. Електричните импулси што се
генерираат како последица на тоа се пренесуваат на влезот на инструментот (Слика
9.3). Во пракса почесто се применуваат пиезоелектрични акцелекометри што работат
на принцип на смолкнување (Слика 9.4).
Постојат и други видови на акцелерометри, како што се пиезоотпорнички,
капацитивни, ласерски, но пиезоелектричните акцелерометри скоро секогаш се
користат за мерење на вибрациите на дланка-рака.

Сл.9.3 Шематски приказ на акцелерометар со принцип на компресија

Сл.9.4 Шематски приказ на акцелерометар со принцип на смолкнување

Во принцип, акцелерометрите би требало да работат во линеарно подрачје кога


се изложени на вибрации во очекуваниот ранг на забрзувања. Тоа би значело дека ако
забрзувањето се зголемува два пати, треба излезот на инструментот да биде два пати
поголем. Но, ова се случува само во ограничен ранг на фреквенции. На слика 9.5 е
прикажан фреквентниот одговор на типичен акцелерометар.

53
Сл.9.5 Фреквентен одговор на акцелерометар

Фреквенцијата до која може да се користи акцелерометарот претставува рангот


до каде излезот е независен од фреквенцијата и е ограничен од резонантната
фреквенција на акцелерометарот. Таа граница треба да биде неколку пати поголема од
највисоката фреквенција која се очекува да се прифати со акцелерометарот. Во секој
случај, фреквентниот одзив добиен при лабораториски мерења, претпоставува цврст
контакт помеѓу акцелерометарот и површината која вибрира. Во пракса, кога
акцелерометарот е прицврстен на рачката од алатот, врската помеѓу нив нема да биде
совршена и понекогаш може да биде многу слаба. Овој феномен има последица да ја
намали резонантната фреквенција и да го намали рангот на акцелерометарот. Затоа е
многу важно да се употреби акцелерометар со резонанта фреквенција барем четири
пати поголема од највисоката фреквенција која може да се појави при испитувањето.
Излезот на акцелерометарот има многу висока импеданца и треба да се конвертира
во помала импеданца со предзасилувач. Два типа на предзасилувачи се најчесто
употребени:
• Предзасилувач на волтажа - дава излез пропорционален на волтажата на
акцелерометарот.
•Предзасилувач на оптоварување - дава излез на волтажа пропорционален на
оптоварувањето кое циркулира низ акцелерометарот.
Предзасилувачите на оптоварување во моментов се повеќе употребени. Една многу
важна предност е дека се помалку осетливи на разлика на должината на кабелот
помеѓу акцелерометарот и предзасилувачот.
Значајна карактеристика на акцелерометрите е нивната осетливост. Осетливоста
претставува однос на влезната и излезната големина (за колкава вредност на
забрзување на влез, колкав напон на излез се добива).

Vrms
осетливост =
arms

каде што Vrms претставува rms напон на излез од акцелерометарот, а arms е rms
забрзувањето на влез на акцелерометар.

54
Многу акцелерометри сега имаат минијатурен електронски предзасилувач
вграден во нивното куќиште и примаат електрично напојување со истиот кабел каде се
пренесува и сигналот од акцелерометарот.
Повеќето од акцелерометрите можаат да мерат само во правец на една оска.
Триоскин акцелерометар во основа е составен од три акцелерометри вградени во едно
куќиште и ориентирани во правец на три нормални оски. Тоа генерално значи дека овој
вид на акцелерометар (триоскен) е многу покрупен по димензии и претставува проблем
при монтирање на алатот. За да се минимизира овој проблем, треба да се користат
многу мали акцелерометри, но ова може да претставува проблем за осетливоста на
истите. Сепак, времето за испитување на вибрациите во правец на трите оски е три
пати помало со користење на триоскен акцелерометар.

Монтирање на акцелерометрите на држачи

Најдобар начин за монтирање за акцелерометарот за мерење на вибрациите на


дланка-рака е со помош на завртка директно на рачката на алатот. Потребно е да се
постават три единечни во правец на секоја од трите оски, или еден триоскен
акцелерометар. Ваква крута врска може да се направи со употреба на алуминиумски
блок со дупки во трите негови страни, во правец на сите три оски. Ова е изводливо и
економски оправдано во случај на лабораториско испитување на вибрации на дланка-
рака кај прототипови од нови алати. Во пракса, поврзување на акцелерометарот со
рачката на алатот се прави со помош на готови држачи (слика 9.6) на повеќе начини:
• Држачи со стега за прицврстување на рачката од алатот.
• Држачи со облик Т кој се држи помеѓу прстите на раката.
• Рамни или закривени држачи кои се поставуваат на рачката од алатот и се држат
со шаката.
Во принцип, за спроведување на мерењето, заради постоење на разни видови на
алат, потребно е користење на различни видови на држачи за акцелерометрите.

Сл.9.6 Држачи за монтирање на акцелерометарот

55
Други методи на монтирање секогаш се можни. Како на пример,
акцелерометарот може да се прицврстува употребувајќи лепаци или епоксидни смоли.
Овој метод очигледно има мана во тоа што после завршување на мерењето, многу е
тешко да се отстранат компонентите од алатот.

Калибрирање

Калибраторите за инструментите за вибрација се слични на тие што се


употребуваат кај инструментите за мерење на звук. Се употребуваат и преносни и
лабораториски калибратори. Доколку не се набавени во ист пакет со акцелерометарот
и мерачот на вибрации, треба да се внимава да бидаат компатибилни. Акцелерометарот
мора да има маса која е во рангот за кој калибраторот е способен да генерира
соодветно забрзување. При калибрирањето потребно е да се води сметка каква
тежинска крива (кој филтер) е вклучена. Во принцип, забрзувањето што го дава
калибраторот треба да одговара на вредностите измерени со инструментот при вклучен
линеарен филтер (линеарна тежинска крива). Доколку инструментот ја нема таа
можност, при калибрирањето е потребно да се земат во предвид и коефициентите
(множителите) со кои е добиена соодветната тежинска крива.
Иако електронските инструменти како што се мерачите на вибрации денеска се
исклучително стабилни, калибрирањето дава многу добри повратни информации за
целиот систем за мерење. Бидејќи кабелот кој го поврзува акцелерометарот со мерачот
на вибрации е многу изложен на оштетување, со калибрацијата пред мерење може да
се процени неговата исправност. Стандардот ISO 5349 дел 2 побарува спроведување на
калибрација пред започнување на мерења на терен.

56
11. ПРЕСМЕТКА НА ДОЗИ И ГРАНИЦИ НА ВИБРАЦИИ НА
ДЛАНКА-РАКА

Вовед

Во ова поглавје се прикажани различните пресметки кои се потребни за време или


после проценката на изложеноста на вибрации на дланка-рака. За секој вид на пресметка,
вклучени се и конкретни примери.
Различните пресметки кои се потребни се:
• Пресметка на корен од збирот на квадратите од забрзувањето (rss - root sum of
squares) од мерењата по три одделни оски,
• Пресметка на 8-часовно еквивалентно ниво А(8) што се должи на употребата на
само една алатка,
• Пресметка на 8-часовно еквивалентно ниво А(8) што се должи на употребата на
повеќе од една алатка,
• Пресметка на дозволеното време на ракување со одредена алатка,
⋅ за да се задржи изложеноста под акционата вредност на изложеност,
⋅ за да се задржи изложеноста под граничната вредност на изложеност,
• Пресметување на дозволеното време на ракување со одредена алатка, кога друга
алатка веќе е користена тој ден за познат период.

Комбинирање на измерените податоци од три оски

Мерењата од трите оски треба да бидат комбинирани со методот на збирот на


квадратите (rss - root sum of squares).

ahv = ahwx
2
+ ahwy
2
+ ahwz
2
(11.1)

каде ahv е комбинација на амплитудите на вибрации по трите оски, а ahx, ahy и ahz се
амплитудите на забрзување по трите оски поодделно.

Пример
На рачката на ударна дупчалка измерени се вибрации на дланка-рака со забрзувања од
1.2, 6.4 и 9.7 ms-2 за x, y и z оската. Кое е вкупното ниво на забрзување во согласност со
ISO 5349:2001?

ahv = ahwx
2
+ ahwy
2
+ ahwz
2
= 1.2 2 + 6.4 2 + 9.7 2 = 11.7 ms −2

57
Табелата објавена од страна на Health and Safety Executive (1994), исто така, може
да се користи за да се пресметаат A(8) вредности. На слика 11.1 се покажува како се прави
тоа.
Претходните стандарди за спроведување на проценка на вибрации на дланка-рака,
ISO 5349:1989 и BS 6842:1987 дозволуваат употреба на најголемата вредност од трите
оски наместо комбинација на збир на квадрати на трите вредности.
Со користење на новиот стандард, вредноста на забрзувањето добиено од мерењата
спроведени на истата алатка може да биде и до 70% повисока од проценката направена со
користење на претходните стандарди. Во просек, мерењата со користење на тековните
стандарди може да се очекува да излезат за 40% повисока од оние со користење на старите
стандарди.

А(8) пресметка од единечен период на изложеност

Ако еден вработен работи на истата машина под истите услови за време на цела
една смена од 8-часа, тогаш амплитудата на вибрациите која резултира од ваква пресметка
ќе биде иста како А(8), еквивалентно забрзување на 8-часовна вибрациона енергија. Во
пракса работите никогаш не се толку едноставни, но некаков вид на пресметка треба да се
направи со земање во предвид на времето на изложување на вработениот на значајни
(високи) нивоа на вибрации во текот на работниот ден.
Во наједноставен случај, изложеноста е на константно ниво на забрзување, кое трае
пократко од цела смена од 8-часа. Во овој случај:

A(8) = ahv ×
t
(11.2)
8

каде ahv е ниво на забрзување на кое работникот е изложен, а t е времетраењето на


изложеноста.
Всушност, иста пресметка може да се направи и во случај кога времето на
изложеност би било поголема од 8 часа во текот на еден работен ден.

Пример
Еден вработен користи рачна алатка приближно 3 часа дневно, а забрзувањето
измерено во рачката е 4,5ms-2. Да се процени 8-часовното ниво на изложеност.

A(8) = ahv ×
t 3
= 4.5 × = 2.76 ms −2
8 8

58
1) За секоја изложеност, се повлекува линија која ја поврзува вредноста на забрзување со времето на
изложување. Се отчитуваат поодделните вредности на изложеност на вибрации, Аi(8), добиени во
пресечните точки со скалата во средина центар.
2) Се креваат на квадрат и се сумираат сите поодделни вредности на изложеност.
3) Се пресметува квадратен корен на резултатот за да се добие дневната изложеност на вибрации.

Слика 11.1 Пресметка нa еквивалентното ниво А(8) со користење на HSE графикот

59
На слика 11.1 е прикажано како да се користи дијаграмот од Health and Safety
Executive за вибрации на дланка-рака за определување на еквивалентното ниво А(8) од
претходниот пример за алатка која се користи за време од 3 часа на изложување со
забрзување од 4,5ms-2. Вредноста на нивото на забрзување од 4,5ms-2 на левата колона, со
линија, се поврзува со времето на изложеност од 3 часа кај десната колона. Линијата ја
пресекува средната колона во точка која одговара на еквивалент од 8 часа изложеност, кај
вредноста нешто помала од 3 ms-2.

Пресметка на А(8) од повеќе изложености

Често пати, во текот на една смена, работникот користи повеќе од една вибрирачка
алатка. Во тој случај равенката која се користи за пресметување на А(8) вредноста треба
да да се прошири и да се земат во предвид сите значајни временски периоди на
изложеност.

ahv2 1 × t1 + ahv2 2 × t2 + ahv2 3 × t3 ...


A(8) = (11.3)
8

каде што ahv1, ahv2, ahv3, итн., се ahv вредности измерени во текот на сите временски
периоди на значајни изложености на вибрации; t1, t2, t3, итн., се временските периоди во
кои што секое од овие нивоа се одржува.

Пример
Вработен користи рачни алатки да изврши две различни работи:

Задача Времетраење А(8)

брусење 4 h/ден 2 ms-2


дупчење 2 h/ден 3.5 ms-2

Што ќе биде 8часовна изложеност на овој вработен?

ahv2 1 × t1 + ahv2 2 × t2 + ahv2 3 × t3 ... 2 2 × 4 + 3.52 × 2


A(8) =
40.5
= = = 2.25 ms −2
8 8 8

60
Временски ограничувања

Во многу случаи потребно е да се пресмета временското ограничување кое ќе


овозможи дневната доза на вибрации на дланка-рака на вработениот да биде под
акционата или граничната вредност на изложеност. Уште еднаш, ова е наједноставно кога
се употребува само една алатка која предизвикува изложеност на вибрации на дланка-
рака.

 A(8) 
2

tmax =   × 8h (11.4)
 ahv 

каде tmax е максимално временско ограничување; А(8) е 8-часовно гранично еквивалентно


изложување; ahv е вкупното забрзување на рачката на алатот.

Пример
Мерењето на ahv на рачка на брусилка за време на завршни операции дава вредност од
9.4ms-2? Колку долго вработениот може да ја користи оваа машина пред 8ч
еквивалентното ниво А(8) да достигне 2,5ms-2? Колкаво ќе биде времето ако
работодавачот одлучи да се примени построго А(8) ограничување од 2,0ms-2?
За А(8) ограничување на 2,5ms-2:
 A(8) 
2 2
2.5 
tmax =   × 8h =   × 8 = 0.57 h = 34 min
 ahv   9.4 
За А(8) ограничување на 2,0 ms-2:
 A(8) 
2 2
2.0 
tmax =   × 8h =   × 8 = 0.36h = 21.7 min
 ahv   9.4 
20% намалување на границата на изложување, доведува до речиси 40% намалување на
дозволеното време на ракување.

На слика 11.2 се покажува како да се користи дијаграмот на HSE за да се определи


времето на изложување. Во овој случај претходниот пример се користи за да се определи
времето на изложување на работникот на забрзување со ниво од 9,4 ms-2. А линијата што
ги поврзува 9,4 ms-2 од левата колона до 2,5 ms-2на средната колона е продолжена до
пресек со десната колона, а отчитаната вредност за времето на изложување е нешто повеќе
од 30 мин.
Табела 11.1 покажува некои примери на временски рокови за да изложеноста се
задржи во рамките на акционите и граничните вредности на изложеност, а слична
информација може да се изведе од слика 11.3.

61
1) За секоја изложеност, се повлекува линија која ја поврзува вредноста на забрзување со времето на
изложување. Се отчитуваат поодделните вредности на изложеност на вибрации, Аi(8), добиени во
пресечните точки со скалата во средина.
2) Се креваат на квадрат и се сумираат сите поодделни вредности на изложеност.
3) Се пресметува квадратен корен на резултатот за да се добие дневната изложеност на вибрации.

Слика 11.2 А(8) Пресметка нa временско ограничување со користење на HSE шема

62
Слика 11.3 Временски ограничувања за да се задржи изложувањето на вибрации под
акционата и граничната вредност.

63
Преостанато време на изложување

Повремено, може да биде потребно да се определи и преостанатото време на


вработениот за користење на одредена алатка врз основа на податоци за изложеност на
вибрации на дланка-рака кои веќе се случиле претходно тој ден. Еден начин да се
пресмета преостанатото време е со обиди и грешки и со користење на А(8) пресметките
покажани порано. Посистематски приод на пресметка е даден со следнава равенка:

8 × A(8) − ahv2 1 × t1
2
t= (11.5)
ahv2 2

каде што изложеноста која веќе се случила со амплитуда на забрзување ahv2 1 траела
временски период t1, а ahv2 2 е забрзување на рачката на алатката која ќе се користи
следниот пат и t2 е максималнo дозволено време за кое таа може да се користи и А(8) е
акциона или гранична вредност на изложување.

Пример
За еден работник кој има поминато 2 часа во користење алатка со вибрации чија
големина изнесува 3ms-2 сега се бара да користи алатка со ahv2 = 4ms-2. Кое е временското
ограничување за ракување со вториот алат со цел да се задржи дневната изложеност
А(8) под 2,5ms-2?
8 × A(8) − ahv2 1 × t1 8 × 2.52 − 32 × 2
2
t= = = 2h
ahv2 2 42

64
12. ПРОЦЕНКА НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ВИБРАЦИИ НА
ДЛАНКА-РАКА

Дали проценката е неопходна?


Како и со проценката на бучавата, првиот чекор во процесот на управување со
ризик од вибрации на дланка-рака е за работодавецот да препознаe дека постои можност
некои вработени да бидат изложени на ниво поголемо од акционото. Поголемиот број на
врботените не се изложени на ризик од вибрации на дланка-рака и не е потребна формална
проценка. Повеќето начини на кои работодавачот ќе биде свесен за потенцијалниот ризик
се:
• Вработените кои поминуваат повеќе од неколку минути во денот користејќи една
или повеќе машини се често поврзувани со HAVS (hand arm vibration syndrome);
• Постоење на реален или можен случај на HAVS помеѓу вработените;
• Загриженоста помеѓу вработените за HAV изложеноста.

Како и со бучавата, работодавецот има должност да направи проценка на


изложеноста на вибрации на дланка-рака. Најверојатно е потребна иницијална посета за
утврдување на обемот на потребната проценка. Тоа зависи од бројот на машини,
вработени лица и вклучени процеси.

65
Треба да се очекува дека ќе има многу сличности помеѓу изложеноста на бучавата
и изложеноста на вибрации на дланка-рака. Клучната разлика помеѓу овие два фактори е
дека звукот се пренесува преку атмосферата, а вибрациите преку директен контакт. Тоа
значи дека:
• Само операторот со алат ќе биде изложен на вибрации од истиот.
• Мерењето на вибрацијата мора да се врши во контакт со рачките на самата машина,
(не во близина на увото на операторот).
• Не постои ефективна заштитна опрема.

За возврат, има одреден број последици за управување на изложените проценки:

• Додека проценката на бучава може да биде извршена во непрекинати услови на


работа на работниците, вибрациите на дланка-рака се мерат така што на рачката на
машината се поставува давачот кој преку кабел ја пренасува информацијата до оној
што го врши мерењето. Ова прави процесот на работење да мора да биде
прекинуван почесто од вообичаено, со цел да може да се спроведат мерењата.
• Времетраењето на изложеност на вибрации на системот дланка-рака е значително
потешко да се определи, отколку времетраењето на изложеност на бучава.

Планирање на проценката на изложеност на вибрации на дланка-


рака на работно место
Пред да се донесе одлука за проценка на изложеност на вибрации на системот
дланка-рака на посебно работно место или оддел, потребни се информации во врска со
обемот и разновидноста на работата што се извршува така што би можело да се испланира
времето потребно да се направи анализа на изложеност на вибрации. Голем дел од
активностите кои беа споменати при проценка на изложеност на бучава (Глава 6), може да
се применат и при проценка на изложеност на вибрации на дланка-рака. Главната разлика
е тоа што само оние што ракуваат со алатот се изложени на вибрации. Бројот на мерења
што треба да се извршат зависи од бројот на алати како и од разновидноста на работни
задачи што се извршуваат.
Како и кај испитувањето на бучавата, потребна е почетна посета на работното
место за да се определи обемот на работата. Поради потребата за директен контакт на
мерниот инструмент со машината, истиот може да биде оштетен, а тоа влијае на изборот
на мерен инструмент и на големината на надоместокот кој е потребно да му се исплати на
надворешниот консултант.
Кабелот кој ги поврзува акцелерометарот со инструментот е најчувствителен и
потребно е во случај на важни мерења да се поседува резервен кабел. Постоењето на
голем број видови на рачки значи дека не постои универзален метод на прицврстување на
акцелерометарот кој би функционирал во сите случаи и затоа се потребни алтернативни
методи.
Слично како и кај проценката на бучава, потребно е да се врши запис на сите
мерења така што информациите добиени од истите може да се организираат и споредуваат
меѓусебно за различни машини и индивидуи. Некои проценки ќе се вршат на различни
алати управувани од еден оператор за време на работниот ден, но поверојатно е дека
мерењата ќе бидат фокусирани на посебен алат или операција (работна активност).

66
Планирање на проценка на одреден алат или процес
Бројот на потребни мерења што треба да се извршат на некои алати може да биде
многу голем. Работник со брусалица може да употребува голем број на различни дискови
што се користат за различни задачи или во разлизни фази на одредена операција.
Градинарот може да ја коси тревата во различни услови кои директно влијаат на
изложеноста. Факторите кои влијаат на изложеноста на вибрации на рачката на алатот
вклучуваат:
• Типот на алат (косилка, дупчалка, хилта,...)
• Моделот на алат (фактори како моќност и големина)
• Ножот прикачен на алатот (обликот, рапавоста, големината на запците на сечилото
и сл.)
• Острината на ножот
• Староста и нивото на кое е одржуван алатот
• Материјалот кој се обработува и неговата состојба (влажен, сув)
• Индивидуалните техники на ракувачот
• Менталната состојба на ракувачот (заморен ракувач можно е да го користи алатот
различно)
• Позицијата и аголот под кој се управува алатот

Дури и мерења во лабараториски услови на различен алат од ист модел користен на


ист начин може да даде различни резултати. За да се направи мерење при секоја можна
комбинација на горенаведените услови, потребно е многу време и трошоците би биле
високи. По одреден број на мерења веднаш ќе стане јасно дека секое наредно мерење дава
резултат во лесно предвидлив опсег на вредности, до кој може да се дојде на многу
поедноставен начин. Голем дел од времето потрошено за да се извршат мерења со кои
работникот управува краток временски период, може да се искористи на дополнителни
испитувања кои ќе ги дадат информациите потребни за намалување на изложеноста на
вибрации.
Знаејќи дека не е потребно да се извршат мерења во сите можни услови, потребно е
да се определи (дефинира) кои мерења ќе се извршат. Важно е да се запомни дека
најголемото влијание врз дневната изложеност може да се определи според:
1. Операциите или процесите кои го изложуваат операторот на највисоки вредности
на вибрации
2. Операциите или процесите на кои работникот е изложен најдолго.

Најчесто работникот е свесен или многу добро знае при која операција или процес
чувствува најмногу вибрации, и знае кои машини се користат најчесто и најдолго.
Повторување на мерењето со ист алат и материјал може да ни даде сознание во
врска со повторливоста на мерењето.
Ако опремата за мерење може да мери вибрации во насока на сите три оски, тогаш
времето потребно да се изврши мерењето на вибрации се скратува со фактор 3. Ова
претпоставува дека триаксијалниот акцелерометар треба да е доволно компактен да се
прикачи на сите рачки на кои може да се постави едноаксијален акцелерометар. Во некои
случаи триаксијалниот акцелерометар е попрактичен, односно во случај кога операцијата
е краткотрајна и мерењето за секоја оска посебно е многу потешко.

67
Проблеми што се јавуваат при мерењето
Акцелерометарот треба да биде поставен на рачката на машината односно на
местото каде што раката на работникот е директно изложена на вибрации. Многу е битно
присуството на акцелерометарот да не влијае на безбедноста и што помалку да го
попречува работењето.
Одлуката за методот и местоположбата за поставување на акцелерометаро т не е
секогаш едноставна работа и треба да се има на ум дека е потребно место за да се постави
во три различни правци. Како и да е, позицијата на акцелерометарот се зема од веќе
усвоени стандарди (ISO 5349 Part 2), но најдобрата позиција би требало да се одлучи по
разгледување на алатот и консултација со операторот.
Ако рачката е со релативно голем дијаметар, можно е акцелерометарот да се
постави дијаметрално спротивно на дланката. Во други случаи по тр ебно е да се
позиционира во непосредна близина на зафатот со дланката (слика 12.1).

Слика 12.1

Често се случува работникот да не го држи алатот онака како што производителот


предвидел. Често, кога ова се случува, постојат здравствени и сигурносни последици кои
не се поврзани со изложеноста на вибрации. Можно е да биде избран погрешен алат за
задачата или операторот да не биде доволно обучен. Но кога станува збор за изложеност

68
на вибрации не постои друг начин да се измери, освен на местото на директен контакт
помеѓу раката на работникот и алатот (слика 12.2).
Без оглед на позицијата која е избрана, постојат разни начини на кои присуството
на акцелерометарот може да влијае на безбедноста и/или нормалното управување со
алатот, и тоа:
• Попречувајќи го прекинувачот за вклучување и исклучување
• Активирајќи го безбедносниот прекинувач (некои машини работат само доколку се
управувани со 2 раце)
• Спречувајќи го кочењето
• Ограничувајќи го пристапот до одредени делови од работата поради физичкото
присуство на акцелерометарот
• Доведувајќи ги прстите и дланката во неприродна позиција.

Слика 12.2

Во случај кога работното парче се држи во рака и се обработува на ротирачка


машина, тешкотиите се многу поголеми. При нормална работа во таков случај, работникот
континуирано го движи и врти работното парче за да може целосно да го обработи. Ова го
отежнува мерењето и ги зголемува шансите за повреда на работникот или оштетување на
опремата за мерење и машината. Не постојат едноставни правила за мерење во вакви
ситуации. Можеби ќе биде потребно да се извршат повеќе мерења и подоцна да се одлучи
кои резултати ќе бидат најрелевантни. Алтернативно може да се изработи модел на кој ќе
се изврши мерењето и кој во поголем дел ќе ја симулира работата и ќе ги елиминира
потешкотиите што би се случиле во реален случај (слика 12.3).

69
Слика 12.3

За алати кои се управуваат со двете раце потребно е да се определат методи и


позиции на поставување на акцелерометарот за двете раце посебно.
Постои стандарден начин за поставување на оските според ISO 5349 стандардите и
кои може да бидат:
• биодинамички координати врз основа на геометријата на дланката,
• базицентрични координати согласно поставеноста на рачката на алатот (слика
12.4).

Слика 12.4

70
Во пракса разликата помеѓу овие два координатни системи не е многу важна.
Важно е само од аспект на споредување на резултатите со други мерења, но неважно од
аспект на мерење на изложеност на вибрации. Важно е да бидат извршени мерења по сите
три оски, но нивната ориентација во однос на дланката не е пресудна во мерењето. Секако
добро би било мерењата да се извршат, доколку е возможно, соодветно на стандардните
оски, што би овозможило лесна споредба на резултатите од мерењата на слични машини,
што може да биде важно за воочување на грешки. Кога Y оската е во прашање, обично не
претставува проблем зато а што е во ист пр авец со до лжината на рачката. До дека X и Z
оските се проблематични затоа што се менуваат во зависност од тоа како се држи
машината (слика 12.5).
Кабелот од акселерометарот мора да биде залепен за рачката од машината за да се
спречат грешки при мерењето, како и од безбедносни причини.

Слика 12.5

DC SHIFT

“DC SHIFT” (dc поместување) е проблем што се случува кога се користи


пиезоелектричен акцелерометар за мерење на вибрации со силни удари (импулсни
вибрации). Ова вклучува вибрации генерирани од ударни машини (хилти, пневматски
пиштоли, кршачи на бетон и сл.). Во самиот акцелерометар се генерира напон со постојан
интензитет околу кој се менува променливата компонента од напонот. Кога ќе се определи
rms просечната вредност, постојаната компонента генерира големи забрзувања, во некои
случаи толку големи што е очигледно дека станува збор за грешка.
Dc shift-от е непредвидлив, но треба да се внимава кога се вршат мерења на ударни
машини. При појава на dc shift решение е поставување на механички филтер помеѓу
акцелерометарот и монтирачкиот блок. Тој се состои од гумен блок поставен помеѓу две
парчиња метал така дизајниран да ги отстрани високо-фреквентните компоненти во
ударот што генерира dc shift, без да влијае на фреквенциите битни по мерењето (слика
12.6 до 12.8).

71
Слика 12.6

Слика 12.7

Слика 12.8

72
Други извори на грешки при мерењето
Dc shift е можеби најпознатиот извор на грешка при мерењето и понекогаш се
мисли дека е причината за грешка, а всушност грешките се предизвикани како резултат на
неправилно мерење (лоши процедури). Во многу случаи кога акцелерометарот е лошо
поставен на рачката на машината, измереното забрзување ќе биде поголемо од неговата
вистинска вредност.
Оштетениот кабел исто така може да биде причинител за високи измерени
забрзувања, кои понекогаш се отчитуваат дури и да не е акцелерометарот прикачен на
изворот за вибрации. Решение за овој проблем е промена на кабелот.
Исто така, масата на мерните компоненти (акцелерометар, мерен блок, филтер)
прикачени на рачката не смее да бидат поголеми од 5% од масата на рачката (согласно
ISO 5349 Part 2). Доколку се, нивната маса значително ќе влијае на промена на
сопствените фреквенции на рачката. Ова може да влијае на резултатите од мерењето.
Понекогаш мо же да биде тешко да се процени дали акцелерометарот надминува 5% од
масата на рачката, без притоа да се отстрани од алатот. На многу рачни алати рачката им е
интегрирана со кучиштето на алатот, што ја прави проценката на нејзината маса
невозможна. Во ваков случај алатот може да биде третиран како целина и малку е
веројатно дека масата на акцелерометарот ќе ги надмине тие 5%. Некои делови од алатот
се направени од еластични материјали што може да доведе до погрешни мерења. Тврди
PVC рачки не се проблем, но кога станува збор за меки гумени рачки, истите може да
делувааат како еластичен систем со фреквенција во опсег кој може да влијае на
измерените забрзувања. Во ваков случај потребно е мерењето да се изврши без гумениот
дел од рачката, или акцелерометарот добро да се прицврсти за рачката (слика 12.9).

Слика 12.9

73
Отчитување на податоци од мерач за вибрации на дланка-рака
Многу од инструментите за мерење на вибрации на дланка-рака имаат опција да ги
прикажат вредностите од целиот период на мерење или да прикажат сегменти од истото.
Во прикажувањето на податоците по завршувањето на мерењето се прикажува целиот
период на мерење. Поради тоа што параметарот што треба да се процени е 8 часовното
еквивалентно ниво А(8) и поради тоа што многу од инструментите на пазарот вршат вакво
мерење, треба да се внимава дали вредностите да се земаат без никакво сомневање во
нивната точност. Всушност некои инструменти вредностите ги пресметуваат врз основа
на погрешни претпоставки. Така на пример, можно е инструментот да даде вредност за
нивото А(8) претпоставувајќи дека мерењата се спроведени со времетраење на една
дневна смена (8 часа), а таа претпоставка најверојатно е неточна и тие вредности најчесто
се погрешни. Дури и при точно мерење за 8 часовен периот, потребно е да се земе во
предвид дека постојат различни начини на користење на алатот секој ден. Технички е
невозможно да се конструира инструмент што ќе ги предвиди сите променливи при
мерењето.
Затоа пак најчесто компјутерите ја олеснуваат работата со тоа што лесно ги
обработуваат вредностите добиени од мерењето и при тоа се добиваат доволно точни и
прифатливи вредности. Најдобра комбинација е да се користи инструмент оптимизиран за
прецизни мерења и притоа да се користи компјутер за предвидување на сите работни
услови во кои се управува машината (правење на различни комбинации на користење на
соодветните алати).

Време на мерења
ISO стандардите препорачуваат дека минимум време за мерење треба да биде 1
минута. Некои операции траат многу кратко и во таков случај потребни се многу пократки
мерења. Најчесто постои точно определена постапка по која се вршат операциите. Ваков
циклус е прикажан на слика 12.10. Во таков случај времето на мерење ќе биде
синхронозирано со работната операција. Најчесто времетраењето на мерењето треба да
биде два или повеќе вакви циклуси.
Во многу случаеви нема да има стандардно упатство за мерење и потребно е
времетраењето да биде избрано така што ќе се добие просечна вредност на промените на
вибрациите. Ако не може да се одреди погоден период за мерење потребно е мерењето да
се повтори така што ќе се утврди дали се добиваат слични резултати.

Собирање на информации
Покрај податоците од мерењето потребно е да се имаат информации колку долго во
текот на денот работникот е изложен на одредени вибрации. До оваа информација може
да се дојде:
• Прашувајќи го работникот
• Прашувајќи го менаџерот
• Директно набљудување
• Прегледувајќи ги податоците за производната линија

74
Слика 12.10

Најрелевантно сознание би било комбинација од сите горе наведени методи. Ако


работникот користи одредена машина во повеќе смени потребна е информација за секоја
смена посебно. Во многу случаи најмалку два временски периоди ќе се појават. Еден што
ќе го одсликува типичното дневно изложување на вибрации, а друго на максимално
дневно изложување на вибрации.
Истражувањата покажале дека работникот лаже кога е запрашан: “Колку долго во
денот управуваш со машината?”. Најчесто таа информација е неточна поради фактот што
ракувачот со алатот најчесто го кажува времето на користење на алатот до завршување на
задачата. Термините Anger time и Trigger time се користат за да се опише фактичкото
време поминато во контакт со изворот на вибрации. Најточните претпоставки за аnger time
се добиваат од директно набљудување на работата, и се потврдува со проверка на
записите на производството.

Проценка на дози и временски ограничувања


Целта на секоја проценка е да се пресмета изложеноста на вибрации на системот
дланка-рака за секој работник посебно, и да се препорачаат мерки за подобрување. Во
случај на проценка на бучава препораките најчесто се користење на заштитна опрема.
Бидејќи не постои ефективна заштитна опрема од вибрации, мерките што се превземаат се
намалување на времетраењето на изложеност на вибрации. Така најчесто временските
ограничувања се неизбежен дел од секое истражување на вибрациите кои влијаат на
системот дланка-рака.

75
Поради променливоста на тежината на работата, се пресметуваат два типа на
дневна изложеност А(8) и тоа номинално изложување и изложување во најлош можен
случај. Во случај кога се управуваат повеќе машини, временското ограничување на
користење една машина зависи од тоа која друга машина и колку долго истиот ден била
користена. Во многу вакви случаи проценките даваат сложени резултати и препораки кои
во пракса тешко се применуваат или е неисплатливо. Претварањето на мерењата во сет од
изводливи препораки за намалување на изложеноста на вибрации е главна вештина во
процесот на управување со ризици на системот дланка-рака.

Несигурност во проценка на изложеност на вибрации на системот


дланка-рака
Како и кај други проценки кои се засноваат на мерења, така и проценката на
изложеност на вибрации мора да вклучи и индикатори за несигурност во наодите.
Несигурноста во определувањето на 8 часовно изложување А(8) ќе ги вклучува:
• декларираната мерна несигурност за инструментот што се користи,
• повторливоста на мерењата со ист алат
• разлики во техниките на ракувачот
• несигурности кои произлегуваат од проценка на времето на изложување
• претпоставката дека процесот што се мерел е сличен на процесот што се одвивал во
пракса
• разликите помеѓу навидум индентични машини во текот на нивниот животен
циклус.
Некои од овие извори на несигурност ќе бидат поголеми од другите и во некои
ситуации ќе бидат побитни од вообичаено. Вообичаено, резултатите од мерењата имаат
мерна несигурност од ±30-40%. Под посебни услови мерната несигурност може да биде
помала, но практичниот минимум е околу 20%.

Извештај од проценката на изложеност на вибрации на системот


дланка-рака
Еве дел од препораките во врска со изготвување на извештај :
1. Мора точно да биде наведен обемот на проценки во смисла на оддели и број на
работници.
2. Измерените времиња на изложување мора да бидат вклучени
3. За секој работник мора да се наведе А(8), или повеќе А(8) нивоа за различни
услови.
4. Во извештаите, заедно со А(8) вредностите, треба да биде точно наведено кои
работници се изложени на вакви нивоа на вибрации.
5. Временските ограничувања да бидат во рангот на акционите и граничните
вредности.
6. Обврските на работодавачот према секој работник треба да бидат потенцирани.

Извештајот треба да содржи препораки за намалување на ризикот од вибрации без


да му го одзема правото на менаџерот самиот да одлучи кои мерки ќе ги превземе.

76
Практичен пример 12.1: Истражување на вибрации на дланка-рака
Фирма има 20 вработени и произведува опрема за угостителство. Одлучено е да се
направи истражување на изложеноста на вибрации на системот дланка-рака на
работниците кои работат во производствената линија на оваа фирма.

Прелиминарно истражување
Менаџерот за здравје и заштита ќе се прошета низ секој оддел со менаџерот на
истиот и ќе ги одреди алатите кои се најчест извор на вибрации на дланка-рака. Листата
содржи рачни и статични брусалки, вибрациски клучеви за навртки и други алати.
Менаџерот се обидува да собере информации за изложеноста на вибрации со
помош на податоците од производителите на алат. Овие податоци се недоволен показател
за изложеноста на вибрации на работникот.
Подоцна е одлучено дека треба да се ангажира стручно лице за да изврши мерења
на секој алат посебно. Потоа секој работник е испрашан во врска со времетраењето на
користење на алатот во текот на работното време и начинот на одржување на алатот.

Процес на мерење
Бидејќи неколку брусалки од ист модел се користат за извршување на идентична
работа, со цел да се заштеди време при проценката, извршени се мерења на само две од
нив. Притоа се прашани работниците дали почувствувале поголеми вибрации на другите
брусалки, при што одговорот е негативен. Наједноставно е да се постави акселерометар на
рачните машини во близина на местото каде работникот ја држи машината. Некои
машини имаат две рачки. Во ваков случај мерењата се направени на секоја рачка посебно.
Онаа рачка што има поголеми вибрации е релевантна за проценката на изложеност. Некои
машини имаат рачки на двете страни од телото. Во таков случај акцелерометарот е
поставен на средина помеѓу двете рачки со претпоставка дека на двете рачки има иста
изложеност.
Подоцна е извршено мерење на поголема брусалка од оние кои беа претходно
испитувани и се дојде до заклучок дека изложеноста на оваа брусалка е поголема. По
утврдувањето од страна на работниците дека работата која што ја врши оваа брусалка
може да се заврши со друга помала брусалка, истата беше отстранета.
Производството на машини во фабриката оди една по една, а не на производна
линија. Сложеноста на етапите во текот на изработката на една машина е различна, па така
и времето кое се поминува на користење на секој алат е различна. Така во некои денови
работникот користи 2 или 3 алати во различни периоди од смената. Со добиените
резултати од мерењето беше возможно да се одреди максималното изложување на
вибрации на дланка-рака во текот на една смена. Истото може да се направи со мерење на
времето на поминување на секој алат одделно во текот на една смена. Според методите на
производство на фабриката јасно беше дека користејќи ги истите подоцна може да се
провери точноста на претходно утврдените времиња на изложеност. Голема серија на една
компонента укажува дека тој алат се користи подолг временски период, но исто така
остава помалку време за употреба на други алати. На пример, еден работник, чија задача е
да ги избруси несовршеностите на некои делови, изјавува дека обично обработува 10
такви делови во денот. Од податоците на производство се добива податок дека во еден ден
се случило да се обработат 20 такви делови. Времето потребно да се обработи еден таков

77
дел е 20 минути што значи дека во таков случај потребна би била 12 часовна смена. Во
таков случај ниту една друга алатка нема да биде користена. Во нормални случаи работата
ќе се заврши за 5 часа, а потоа работникот смее да управува со друг алат не подолго од 90
минути. Некои делови се полираат на машина за полирање. Машината за полирање ротира
додека операторот го држи обработуваниот дел и го обработува додека не се постигне
саканата обработена површина. Мерењето на изложеноста во ваков случај е многу тешко.
Конструиран е модел сличен на делот што се обработува на кој е прикачен
триаксијален акцелерометар и при тоа му е даден на работникот да ја симулира
обработката на таквиот дел. Поради сложеноста на мерниот процес претпоставено е дека
при мерењето се направени поголеми грешки од обично.

Следна фаза
Кога ќе се утврди изложеноста се одржува состанок. Утврдено е дека изложеноста
на некои работници ја надминуваат граничната вредност на изложеност. Менаџерот за
заштита на здравјето препорачува дека е потребно да се елиминираат процесите кои се
извор на преголеми вибрации, но менаџерот на производство се изјаснува дека тоа е
невозможно и за тоа е потребно 6 месеци до 12 месеци. Донесено е краткотрајно решение
со препорака дека треба да се ротираат 2 или повеќе работници на едно место додека не се
најде долготрајно решение за тој проблем.

78

You might also like