You are on page 1of 9

ВОВЕД

Спортот преставува форма на културна коминукација помеѓу луѓето (спортистите),


земјите и заедниците. На внатрешен план спортот има не така мало влијание, тој делува во
определена насока, било во позитивна, било во негативна, а Владите (властодршците)
многу мудро го користат како форма на “социјален лепак“ кои ги поврзува луѓето и во нив
создаваат чуство на зедништво.
Постојат повеќе дефиниции за спортот и самиот како термин произлегува од
англискиот збор диспорт што значи игра, забава. Некои го употребуваат изразот спорт за
игра, забава и разонода а некои пак го употребуваат терминот спорт во потесна,
поодредена смисла која и денес е најчеста: Олимписки спорт.
Модерни карактеристики спортот добил во Англија каде што новите општествени
односи биле резултат на класен компромис помеѓу англиското благодарништво од една
страна и буржоазијата од друга страна. Резултат на тој компромис во физичката култура
била појавата на модерен спорт, во кој се поврзале некои облици на телесно вежбање и
игри кои биле омилени кај англиското благородништво (лов, јавање, мечување) со некои
народни форми (трчање, борење, бокс, веслање).
Спортот брзо се развива и се шири во останатите капиталистички земји, а особено
во САД, каде што најмногу се развил натпреварувачкиот карактер на спортот.
Сите сили во спортот биле насочени кон постигнување колку што е можно поголм
резултат, а императив им бил рекордот. Така се создале специјалисти по одредени
спортови, а спортот сѐ повеќе ја губел воспитната и образовната вредност..
Сепак спортските форми на физичкото воспитување постепено продирале во сите
земји. Спортот најмногу се афирмирал и најголема популарност стекнал на Олимписките
игри, кои станале најголема спортска приредба во светот.
СПОРТОТ ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ
Значајна социолошка промена која се однесува на односот кон спортот, која денес
во голема мера е насочена кон задоволувањето на потребата за лична или колективна
афирмација. Од елементарната (не)можност да се учествува во одреден спорт, преку
мотото на Кубертен „Важно е да се учествува“, таа трансформација денес завршува со
мотото “Важно е да се победува“, кое се повеќе се базира на залагањата и барањата за
достигнување високи и врвни резултати и постигнување победа. Основен принцип во
спортот станува друг вид селекција – навремен избор на талентирани и нивно
потчинување на долгогодишен процес на специјални и напорни подготовки. Спортот во
современиот свет се повеќе станува сфера за меѓународен престиж, а за потребите на тој
успех, за среќа, не е важна ни половата ни расната припадност на спортистот, ако тој
земјата или тимот ги доближи до таа цел.

2
ИНДИВИДУАЛНИТЕ НАСПРОТИ КОЛЕКТИВНИТЕ СПОРТОВИ
Децата и младите треба да се воведуваат и да во целост се охрабруваат за
вклучување во спортски активности кои нудат здрав живот од најраното детство, бидејќи
занимавањето со кинезиолошки активности не само што го подобрува здравјето туку ги
учи децата и младите на тимска работа и дисциплина. Децата и младите едноставно ги
сакаат спортовите и физичка активност и во тој свет треба да ги веведувате уште од
најраното детство, но треба да знаете да го изберете вистинскиот. Некои видови на
спортови не им лежат на децата и на нивниот карактер. Ако не знаете како да процените
дали вашето дете е за тимски спорт или индивидуален следете ги нашите инструкции и
мислења кои може да Ви помогнат.

3
Колективни спортови

Она што мораме да го нагласиме, кога се во прашање колективните спортови е тоа


дека се тие одлични за малите деца бидејќи кај нив ги развиваат вештините за соработка,
почитување и дисциплина. Ако сакате вашето дете да се занимава со колективен спорт,
обидете се да најдете програми прилагодени на предшколска возраст, а кои не вклучуваат
натпревари.

Колективните спортови се добри за предшколска возраст, бидејќи покрај тоа што


ги развиваат моторичките способности и координацијата на движењата, тие го
поттикнуваат и психичкиот развој на децата, дисциплината, заедничката работа и
меѓусебното почитување, што на децата ќе им биде од големо значење во животот.

4
Индивидуални спортови
Како и колективните и индивидуалните спортови се како создадени за децата од
предшколска возраст. Гимнастиката е секогаш популарна бидејќи децата работат во групи
и ги подобруваат индивидуалните вештини. Спортската гимнастиката е одлична за
флексибилност, јакнење на мускулите и одржување на рамнотежа. Родителите кои своите
деца ги вклучиле во тренажен процес од спортска гимнастика од најраното детство, имаат
само пофални зборови. Таа ќе ги поттикне деца и младите да ги испитуваат границите на
сопствената издржливост и да не се плашат да испробуваат нови активности и дејства од
најрана возраст.
Боречките вештини се исто така одлични за деца од предшколска возраст, бидејќи
ќе научат како да го контролираат сопствениот бес и ќе научат дека нивните екстремитети

5
се исто така оружје кое може некого да повреди. Боречките вештини ќе ги научат на
самоконтрола, дисциплина, а ќе им донесат и одредена доза на самодоверба, колку што
тоа е можно на нивна возраст.
Пред да ги вклучите децата во некој спорт, информирајте се дали постои можност
да ги посетите неколку пати тренинзите , за да детето да се запознае со спортот и со
работата на тренерот, пред да го вклучите во таа кинезиолошка активност. Ако на детето
не му лежи баш најдобро тоа што сте го избрале, побарајте нешто друго што ќе му оди
подобро.
Доколку вашето дете не е талентирано и доколку нема желба да се занимава посериозно
со некој спорт, оставете го да тренира се додека му е забавно.

6
7
Заклучок

Капитални проекти во спортот кои се од значење за развојот и популаризацијата


на спортот, создавање на услови за рекреација на граѓаните, но и услови за
развојот на младите генерации кои со спортувањето покрај физички се развиваат
и како личности.

- Покрај спортските успеси, спортските сали имаат многу други намени. Тие се
значајни за рекреација и за физичкиот развој на младите, на децата, за нивно
насочување кон спортот и кон здравиот живот, наместо кон пороците или било кој
друг вид на нездрав живот. Тие се значајни и за правилна физичкка изградба на
младите луѓе, но влијаат и на психичкиот развој, затоа што преку спортот се гради

8
и личноста, преку спортот се учат многу работи- се учи да се победува, се учи
понекогаш да се загуби па откако ќе се загуби како да се подготви за наредната
утакмица во која ќе се победи, се учи да се респектира противникот, бидејќи тоа е
првата лекција за да може да се победи. Се учат многу работи и затоа велам дека
спортот е многу важен и за физичкиот и за психичкиот развој на децата и за
нивниот здрав живот и за нивната насока во правилен правец, а не во правецот на
пороците или во нездравиот живот и однесување.

You might also like