You are on page 1of 8

Спортска психологија

Час 1: Предмет и задачи на спортската психологија


Цели на часот:
 Ученикот да се запознае и да знае да го дефинира предметот и задачите на спортската
психологија
• Џеф е талентиран кошаркар во средношколскиот тим, меѓутоа, за време на натпреварите тој се
чувствува многу нервозно и тензично. Кога натпреварот влегува во критична фаза, Џеф станува се
повеќе понервозен, и неговата игра се влошува. Предизвик и за Џеф и за неговиот тренер е како Џеф
успешно да се справи со стресот во текот на натпреварите.
• Марио отсекогаш сакал да биде наставник по физичко образование. Сега тој се чувствува
незадоволно, бидејќи неговите ученици не се заинтересирани да ги научат физичките вежби. Целта
на Марио е да ги мотивира своите ученици поактивно да учествуваат на часовите по физичка
активноста.
• Пит постигнал 99% закрепнување од операцијата на коленото. Неговиот тренер забележал дека за
време на тренинзите Пит се плаши да преземе иницијатива. Тренерот знае дека Пит физички е
закрепнат, но и дека треба да си ја врати својата самодоверба.
Што е спортска психологија?
Дефиниција:

• Спортската психологија е наука која ги проучува психолошките процеси и


однесувањето на спортистите во контекст на тренинзите и спортските
натпревари.
• Три карактеристики на дефиницијата:
1. Спортската психологија е наука (го користи научниот метод – поставува хипотеза и потоа ја
тестира).
2. Ги проучува психолошките процеси (мислите и емоциите на спортистите) и нивното однесување.
3. Тренинзите и спортските натпревари се две средини во кои ги проучуваме спортистите.
Две основни задачи на
спортската психологија (1)

• ЗАДАЧА 1: Кои се ефектите на психолошките фактори врз физичките


и моторните способности?
1. Како анксиозноста влијае на кошаркарот при изведувањето на слободни фрлања?
2. Дали недостатокот на самодоверба влијае на детето да научи да плива:
3. Дали менталниот тренинг му помага на спортистот при закрепнувањето од повреда?
4. Како казните и наградите од страна на тренерот влијаат врз мотивацијата и кохезијата во
тимот?
Две основни задачи на
спортската психологија (2)

• ЗАДАЧА 2: Кои се ефектите од учеството во спортските активности


врз психолошкиот развој и здравјето на учесниците во спортот?
1. Дали трчањето го смалува стресот и депресијата?
2. Дали младите се поагресивни кога учествуваат во спортските активности?
3. Дали учеството во спортските активности ја зголемува самодовербата кај младите
спортисти?
4. Како учеството во спортските активности го подобрува психолошкиот раст и развој кај
младите спортисти?
Предмет на проучување на
спортската психологија

• Компетитивниот спорт (физички активности со


натпреварувачки цели) (Задача 1)

• Рекреативниот спорт (физички активности со здравствени


и рекреативни цели) (Задача 2)

You might also like