You are on page 1of 16

http://balkananalytica.

info

Доц. д-р Оливер Андонов

КРИМИНАЛИСТИЧКАТА АНАЛИЗА
КАКО АЛАТКА ИЛИ НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ НА
КРИМИНАЛИСТИЧКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ –
ТЕОРИСКИ ОСВРТ НА ПОВРЗАНОСТА

София, 2014

Отговорността за авторските права, свързани с всяка отделна публикация в


обществена медия „Балкан аналитика“, и за отразените в публикацията мнения,
послания и информация е единствено и само лична отговорност на автора или авторите
на дадената публикация.

Обществена медия „Балкан аналитика“ и останалите участници в нея не носят


отговорност за авторството, мненията, посланията и информацията, представени от
всеки отделен автор в която и да било негова или съвместна публикация
в медията.

Всеки участник може да публикува в „Балкан аналитика“ само в случаите, когато това
публикуване: се извършва с нетърговска цел; не противоречи на закона;
не е било изрично забранено; не вреди на нечии законни интереси; не нарушава
приетите „Правила за участие в обществена медия „Балкан аналитика“ и/или
не вреди на мисията, ценностите, дейността, целите и доброто име на медията.

Всички неуредени въпроси в „Правила за участие в обществена медия „Балкан


аналитика“ и „Правила за публикуване в обществена медия „Балкан аналитика“, всички
спорове, породени от или свързани с тези правила, всички спорове, породени от или/и
отнасящи се до тяхното тълкуване, недействителност, изпълнение, неизпълнение или/и
прекратяване, всички спорове за попълване на празноти в тези правила, всички спорове
за приспособяването на тези правила към нововъзникнали обстоятелства се решават
единствено и само въз основа на българското законодателство и са посъдни единствено
и само на компетентните съдилища в Република България.
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

КРИМИНАЛИСТИЧКАТА АНАЛИЗА
КАКО АЛАТКА ИЛИ НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ НА
КРИМИНАЛИСТИЧКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ –
ТЕОРИСКИ ОСВРТ НА ПОВРЗАНОСТА
Доц. д-р Оливер Андонов

Абстракт
Прашањето за местото и улогата на криминалистичката анализа во
криминалистичкото разузнавање е сплет на теориски детерминанти и
практично искуство за нивната поврзаност и улога во реализацијата и
остварувањето на целите на криминалистичкото разузнавање. Оваа
поврзаност во себе ја носи и умешноста за меѓусебното нивно
прагматично надополнување преку употребата на конкретните научни
сознанија. Токму затоа овој труд ќе се обиде да направи едноставен
теориски осврт на нивната поврзаност преку анализата на пози-
ционирањето на криминалистичката анализа во рамките на
криминалистичкото разузнавање. Основното прашање кое теориски ќе се
обидеме да го одговориме е повеќе реторичко, но многу значајно не само
за теориската определеност, туку и за практичната употреба. Тоа прашање
галси: „Дали криминалистичката анализа претставува само придружна
алатка на криминалистичкото разузнавање или е составен дел кој го
засилува истото и го става на цврста основ, водејќи го кон остварување на
вистинските цели“?
Целиот овој труд ќе биде насочен кон одговор на оваа прашање. Не
како формалност, туку ќе се обидеме да даеме теориски цврсто втемелен
одговор на поврзаноста и улогата на криминалистичката анализа во
криминалистичкото разузнавање.

Вовед
Потребата за прибирање на информации е стара колку и светот и
опстојувањето на општественото уредување во било кој облик. Оваа
прибирање на информации се до крајот на минатиот и почетокот на овој
век беше исклучително насочено кон државите непријатели, дефинирано
како разузнавачка активност или кон откривање на разузнавачките мрежи
инсталирани во сопствената држава од страна на странски држави,
дефинирано како контраразузнавачка активност.

1
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

И во двете активности постоеше исклучителна поврзаност, не во


методите и начините на работа, туку пред се во остварувањето на целите
кои беа поврзани со заштитата на државата од воено, политичко и
економско загрозување.
Токму современиот дискурс на изворите на загрозувањето влијаеше
врз создавањето на различна перцепција за тоа што може да биде
загрозувачки или повеќе загрозувачки да влијае врз општеството.
Поаѓајќи од традиционалното детерминирање на безбедноста во кое
државата претставува референтен објект на заштита и со тоа сите
активности се насочени кон нејзина заштита, можеме во потполност да ја
разбереме традиционалната улога на разузнавањето и
контраразузнавањето. Нивната цел во еден свет кој традиционалистички ја
определува безбедносната парадигма е сосема нормално да биде насочена
кон таканареченото надворешно разузнавање.
Современите извори на загрозување предизвикаа промена на
традиционалната безбедносна парадигма и ја поместија државата од
позицијата на референтен објект на заштита. Секако дека во основата
остана државата, но поаѓајќи од едноставниот факт дека воглавно
современите устави суверенитетот на државата го црпат од граѓаните,
поместувањето на современата безбедносна парадигма како референтен
објект на заштита ги препознава граѓаните и нивната безбедност.
Навлегувајќи во расправа за остварувањето на безбедноста на
граѓаните, се повеќе се оддалечуваме од заштитата на државата од
традиционалните извори на загрозување. Токму новите извори на
загрозување и глобалната поврзаност на денешниот свет ги прават
современите ризици и закани врз безбедноста не помалку загрозувачки и
врз опстанокот на државата отколку некогаш опасноста од воен судир.
Современите ризици и закани врз безбедноста влијаат врз
безбедноста на граѓаните, а со тоа и врз способностите на институциите на
системот и ја претвораат државата во извор на нестабилност, што во
современите меѓународни релации е неприфатливо за една држава.
Еден од исклучиво распространетите и меѓународно поврзани
извори на загрозување е криминалот. Тој директно влијае врз безбедноста
на граѓаните и ефикасноста на институциите на системот без разлика на
кое ниво ќе се појави и какви внатрешни или меѓународни врски ќе
оствари. Оваа влијание кое криминалот, криминалните групи или
поединци може да го остварат врз безбедноста на граѓаните и државата
предизвика промени во начинот на организацијата на безбедносните
служби во однос на прибирањето на информациите нивната обработка,
планирањето и спроведувањето на акциите за сузбивање на криминалот.
Новиот пристап кој од класичниот разузнавачки модел се
трансформираше во современ модел на криминалистичко разузнавање
2
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

отвори ново поглавје во пристапот кон специфичните ризици и закани врз


безбедноста кои во современи услови ги предизвикува криминалот.
Теорискиот пристап кон оваа прашање, особено во последните
години се обидува да воспостави научно-теориска рамка во дефинирањето
на разузнавањето, особено на криминалистичкото разузнавање,
нарекувајќи го „целосно полициско разузнавање“, при што се
употребуваат сите добиени полициски информации од секојдневната
рутинска и посебна работа на терен.
Развивајќи го криминалистичкото разузнавање се наметна потреба
да се развива и криминалистичката анализа и истата од статистички орган
се трансформира во вистински аналитички дел кои своите активности ќе
ги темели на научните сознанија. Основната дилема во криминалистичката
практика денес е, дали криминалистичката анализа успеа да стане составен
и нераскинлив дел од криминалистичкото разузнавање како на теориски
така и на практична основа, или сеуште е само алатка која повремено се
употребува.

Теориско дефинирање на криминалистиката анализа


Познавањето на процесот на криминалистичка анализа и знаењето за
значението на криминалистичката анализа не воведува во нејзиното
дефинирање. Многу е тешко да се даде дефиниција за криминалистичката
анализа доколку не се познава процесот и не може да се согледа нејзиното
значение.
Воглавно во целокупниот разузнавачки процес погледите се свртени
кон оперативната работа и нејзините резултати, при што воопшто не се
размислува за тоа кој и како ги дал насоките за работа на оперативниот
дел, особено при итни ситуации во краток временски период кога се
применува таканаречениот „обратен разузнавачки процес“.
Врз основ на некои сублимирани искуства во досегашната теориска
анализа, можеме да дадеме една дефиниција на криминалистичката
анализа.
„Криминалистичката нализа претставува детално ориентирана
дисциплина преку која се прават аналитички напори за барање на
вистината во дадена ситуација, искористувајчи ги методите и точните
информации и потврдувајќи ја вистината со ефективно формулиран план
за идните постапки. Таа е систематска студија на криминалот и
проблемите кои ги предизвикува, како што се некои прашања кои се
однесуваат на дејствувањето на полицијата“.1
Знаењето во криминалистичката анализа е основа и бара поседување
на специфични вештини за да може да се имплементира. Самото
дефинирање на криминалистичката анализа во суштина содржи неколку
клучни елементи кои ја определуваат во теоријата и праксата, а тоа се:
3
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

 Основни знаења за криминалистичката анализа,


 Евалуација на интегритетот-вредноста на информациите,
 Знаења за функционирањето и опстанокот на криминалот, (за
сите видови криминал)
 Разбирање на социолошките, економските, психолошките,
биолошките и историско-теориските влијанија,
 Разбирање на правниот систем,
 Спроведување на временска анализа, (следење на трндови,
анализа на долг и краток период итн.),
 Трасирање-водење на разузнавачки истраги и анализа,
 Пишување и наративно изложување на сознанијата (при
десиминенција на производите),
 Разбирливи извештаи,
 Правење на ефективни презентации,
 Следење на работниот процес низ примена на различни вештини,
 Табела на операциите (електронски матрици, основни прашања,
процентуалност на реализација, стандардна девијација, развојна анализа,
корелации и вкрстувања),
 Компјутерски вештини и
 Аплицирање на истражувачките методи во криминалистичката
анализа.2
Согледувајќи ги сите наведени елементи кои се однесуваат на
криминалистичката анализа во криминалистичкото разузнавање, слободно
може да кажеме дека истата е далеку од алатка на криминалистичкото
разузнавање, туку дека се работи за негов интегрален дел. При тоа,
потребно е да размислуваме дека криминалиситичката анализа е
неразделна од криминалистичкото разузнавање во оперативниот дел.
Доколку бараме едноставно чисто теориско дефинирање на
криминалистичката анализа, тогаш наведените елементи кои го
определуваат нејзиниот простор за работа можеме да ги дефинираме како
нејзини алатки, но разгледувањето на секој од овие елементи поединечно
би претставувало обемен научен труд, пред се затоа што во себе содржат и
други елементи кои помеалку или повеќе зафаќаат голем дел од
криминалистичката анализа.
Во основа еден многу значаен аспект кои влијае врз дефинирањето
на криминалистичката анализа како составен дел на криминалистичкото
разузнавање е нејзината научна фундираност. Оваа научна заснованост се
гледа низ примената на научните методи во сите елементи поединечно,
особено како методологија на научно-истражувачката работа преку
примената на метосите на истражување, поставувањето на хипотезите и
анализата на сите добиени резултати.
4
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

Од тука, може да кажеме дека токму научната поставеност на


криминалистичката анализа во пракса има извршено влијание врз
видокругот на криминалистичкото разузнавање и примената на методите
на истрага, како и користењето на разузнавачките ресурси во полицијата,
особено вклучително на led policing intellegance, или употребата на сите
расположиви полициски информации добиени во секојдневната полицика
активност. Овој пристап во теоријата уште се сретнува и како „тотално
криминалистичко разузнавање“ што претставува концепт на прибирање на
сите расположливи информации, кои досегаат дури и во областа на
терористичките загрозување.3 Секако, при тоа треба да се има пред вид
дека основната иницијатива не започнала со директно барање на некоја
терористичка организација или група, туку дека разузнавачкото истражу-
вање започнало поради друга криминална причина (шверц на оружје,
недозволена трговија со дрога, криумчарење, перење пари и слично), но
истата резултирала со откривање на терористичка организација и нејзини
криминални активности.
Поради оваа практична поврзаност криминалистичкото разузнавање
неможеме да го поставиме надвор од добиените информации како основен
извор за работа, ниту пак да го издвоиме од теренската-оперативна работа
на полициските офицери во истрагите и фондот на информации кои
доаѓаат од нив, без разлика дали ќе се соочиме со проблемот дека дел од
тие информации неможе да се документираат. Овој недостаток е резултат
на недоследноста во практицирањето на тоталното криминалистичко
разузнавање и сплет на можности да се документира секоја информација,
барем во облик на пишан документ од страна на полициските службеници.
Токму затоа, при дефинирањето на криминалистичката анализа и
одговорот на основното прашање кое во абстрактот го поставивме за
потребите на овој труд неможеме да ја издвоиме криминалистичката
анализа од криминалистичкото разузнавање, но во исто време со
сигурност може да кажеме дека таа не е алатка туку негов составен и пред
се неопходен дел.
Доколку направиме уште еден осврт на дефинирањето на
криминалистичката анализа надвор од елементите кои ги содржи и
задачата која ја има во криминалистичкото разузнавање, можеме да
констатираме дека несуштинското гледање на нејзиното дефинирање ја
определува само како поим или термин.
Од теориска гледна точка, терминолошкото определување на крими-
налистичката анализа може да претставува проблем на концепциски судир
во однос на нејзината прагматичност и значење. Сепак како научен
пристап терминолошкото дефинирање неможеме да го отфрлиме и затоа
ќе го разгледаме како интегрален дел на овој труд и негова тенденција.

5
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

При тоа, терминолошкото определување на криминалистичката


анализа е веројатно исто толку широко во концептуализацијата и
веројатно креира еден нов терминолошки проблем отколку тоа дека не е
значајно рефлектирањето на некои специфични аналитички процедури
вклучени во практиката.
Токму затоа, во терминолошкото дефинирање на криминалистичката
анализа може да се сретнат многу практични елементи. На пример,
криминалистичката анализа се дефинира како: „техника на полициската
истрага поддржана од комбинација на традиционалните истражни мерки,
објективните податоци од правните процедури и деталните знаења од
психо-криминологијата“.4 Многу значајно определување во дефинирањето
дава терминот „техиика“, кој криминалистичката анализа ја сведува на
ниво на техничка активност. Во полициската пракса, основна техничка
активност која ја поддржува истрагата во сторените кривични дела е
„криминалистичката техника“, но и таа полека прераснува во научна
дисциплина втемелена врз форензиката со основна цел да дае непобитни
докази за сторителите на кривичните дела врз основ на биолошките и
материјалните треги оставени на местото на криминалниот инцидент.
Криминалистичката анализа има сосема различна цел, а тоа се огледа во
употребата на сите составни елементи и на крајот во дисеминенцијата на
производите од криминалистичкото разузнавање, давајќи токување и
предвидување за развојот на криминалните активности или за последиците
од постојните. Овде е една од основните точки на прекршување при
објаснувањето и разбирањето на терминот криминалистичка анализа.
Всушност, вториот аспект на дефинирањето на криминалистичката
анализа како термин се сведува на употребата на извештаите и описите на
криминалните активности како „почеток на полициската истрага“. Ваквата
дефинираност на криминалистичката анализа е многу подобра и поблиска
до нејзиното вистинско значение отколку дефинирањето како „техника“,
но сеуште не претставува суштинско разјаснување и нејзино
определување. Доколку се задржиме само на разбирањето на „психо-
криминологијата“ или поедноставено знаењата на криминалистичката
анализа во криминалистичката психологија, повторно немаме целосна
претстава за терминолошкото значение на криминалистичката анализа.
Уште повеќе што немаме концептуален пристап кон појмовното
определување на криминалистичката анализа, бидејќи криминалистичката
психологија е само еден елемент кој е вклучен во активностите и задачите
кои стојат пред криминалистичката анализа.
Во дел од теориските поставки на дефинирањето на
криминалиситичката анализа, може да забележиме и обиди за дефинирање
на криминалистичката анализа како биваријантна анализа или
биваријантен пристап. Оваа детерминација или создавањето на оваа
6
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

теориска рамка може да биде многу интересна, иако самата


криминалистичка анализа втемелена врз елементите кои во себе ги содржи
е мултиваријантна. Сепак, доколку се обидеме да ги групраме обврските и
задачите кои ги остварува криминалистичката анализа може да ја сведеме
на биваријантен пристап, но во секој случај тоа е само теориска игра во
воспоставувањето на концептот. Всушност, во биваријантниот пристап,
криминалистичката анализа се дефинира на два нивоа и тоа: како основа
за создавање на процедура во создавањето на извештаите или како нов
методолошки пристап во однос на актуелните постојни криминалистички
анализи во пракса. Во основа и двата пристапа се ориентираат кон
создавањето на индикатори за потенцијалните криминални проблеми, во
неможност точно да се дефинира криминалот.5
Оваа таканаречена неможност да се дефинира криминалот не треба
да се разбере буквално, туку како резултат на неможноста од практично
учество на криминалистичката анализа во разузнавачкиот процес. Поради
тоа насоченоста е пред се предикативна што е само еден дел од реалната
улога на криминалистичката анализа. На овој начин на криминалистичката
анализа и се дава улогата на статистички оддел кои врз основ на
статистичките податоци добиени од криминалистичкото разузнавање ќе
може да направи предвидувачка анализа за потенцијалните криминални
проблеми.
Токму предвидувачката анализа е само еден дел од
криминалистичката анализа и истиот не се однесува исклучиво на
проценка на идниот криминал, туку постои дел кои ги предвидува и
случувањата во рамките на една разузнавачка операција, а за што ги
употребува алатките кои се на располагање на криминалистичката
анализа.
Обидувајќи се да ја дефинираме криминалистичката анализа
потребно е да се вратиме на дефиницијата која ја дадовме на самиот
почеток на овој дел од трудот и да заклучиме дека: „криминалистичката
анализа е детално ориентирана и научно заснована дисциплина која во
пракса преку научните методи употребувајќи точни информации создава
систематска студија за криминалот и последиците кои ги предизвикува.
При тоа со својот капацитет влијае врз насочувањето на
криминалистичкото разузнавање и развојот на разузнавачкиот процес,
внесувајќи развојни компоненти во справувањето со криминалот како
резултат насобраното знаење и искуство“.
Накратко кажано криминалистичката анализа е мозокот на
криминалистичкото разузнавање каде што се зачувуваат стекнатите
искуства и знаења, но и се планираат, насочуваат и спроведуваат
разузнавачките операции и подготвуваат и доставуваат потребните

7
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

извештаи до нарачателите и донесувачите на одлуките во креирањето на


безбедносната политика.
Во оваа своја обемна активност, криминалистичката анализа се
потпра врз употребата на практичните алатки.

Криминалистичката анализа и нејзините алатки


Барајќи ја дефиницијата на криминалистичката анализа како поим
или термин, ги детерминиравме елементите кои ја определуваат.
Всушност, овие елементи во најголем дел претставуваат вештини и знаења
засновани врз истражување и методолошки постапки. Основни алатки на
криминалистичката анализа се разузнавачкото истражување,
методологиите и криминалистичкото мапирање, како и дополнителните
инструменти особено во методолошкиот пристап. Очигледно е дека овој
пристап е обемен и во интерес на овој труд ќе се задржиме само на
основните можности на разузнавачкото истражување и методолошките
пристапи во однос на релациите со оперативното криминалистичко
разузнавање, а што ќе не насочи кон утврдувањето на поврзаноста на
криминалистичката анализа со криминалистичкото разузнавање.
Разузнавачкото истражување е зависно од факторот време, а тое
една од основните карактеристики на разузнавачкиот циклус, дури и при
неопходноста од спроведувањето на обратниот разузнавачки циклус кога
криминалистичката анализа бара податоци во недостиг на време.
Всушност, од практична гледна точка времето во криминалистичкото
разузнавање е фактор кои секогаш недостасува.
Токму истражувањето во ограничен временски период е дел од
комплексен научен метод кои бара познавање на методологијата на
стандардните општествени истражувања.
Самиот процес на разузнавачко истражување е определен со испи-
тување на:
 Формулацијата на проблемот,
 Преглед на литературата,
 Методологијата,
 Збирен разузнавачки план,
 Собирањето на податоците,
 Евалуација на податоците,
 Контролата на квалитетот ( се однесува на контролата на
квалитетот на информациите),
 Прочистување на податоците,
 Споредба на податоците,
 Воспоставување на разузнавачки систем,
 Анализа на податоците,

8
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

 Одвојување на развојните компоненти и скицирање на заклучоци,


 Создавање препораки и
 Доставување на извештаи.6
Преку овие елементи всушност е опишана содржината на секој
разузнавачки процес гледан низ призмата на криминалистичката анализа и
примената на научните методолошки содржини. Кон вака
детерминираниот разузнавачки процес гледан низ призмата на
криминалистичката анализа се надоврзува оперативната активност на
криминалистичкото разузнавање.
Секој од овие елементи, доколку редоследно и правилно се
употребата во криминалистичката анализа како дел од разузнавачкото
истражување ќе дадат одлични резултати. Правилното формулирањето на
проблемот и неговото усогласување со барањата на нарачателите или со
степенот на загрозувањето на безбедноста, даваат можност за успешно
воспоставување на методолошкиот пристап, но и насочување на
оперативната работа. Изборот на литературата се однесува на можноста од
согледување на досегашните искуства и навлегување во методолошките
аспекти. Овие први три елементи, доколку правилно се воспостават ќе
овозможат да се постават хипотезите со што се навлегува во научниот
аспект и се овозможува нивно тестирање во пракса преку оперативното
насочување на активностите.
Како составен дел на методолошкиот пристап на разузнавачкото
истражување е неговата неограниченост и примена на сите нивоа на
криминалистичка анализа. Во тој контекст може да зборуваме за
поединечен пристап во методолошкиот пристап и создавањето хипотези
при истрагите на поедини криминални дела, па се до стратешкиот пристап
во размислувањето за развојот на криминалните појави.
Во пракса се креира научна средина за криминалистичка анализа на
криминалните случувања на сите нивоа.7
Примената на истражувачките методи претставува продолжеток на
воспоставувањето на хипотезите и барање на одговор при нивното
тестирање. Истражувачките методи може да с егрупираат во две
категории: квантитативно и квалитативно истражување, а во зависност од
тоа кои мерливи податоци се проучуваат во криминалистичката анализа и
што се очекува да се добие во крајниот производ. Може да се употребат
инструментите како анализа на случаи или анализа на содржина преку
квантитативен или квалитативен метод.8
Криминалистичката анализа во спроведувањето на разузнавачкото
истражување како процес најчесто применува: акциско истражување или
анализа на секундарните податоци. Акциското истражување има
практична цел да развие хипотеза за определено прашање и истата ја
тестира при што ќе ги оцени добиените сознанија и ќе изврши определени
9
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

промени врз поставеното прашање. На овој начин може да се засилат


практичните квалитети и да се проучи некоја криминална организација и
нејзината хиерархија и начин на дејствување. Оваа претставува емпириски
квалитет кои може да резултира со подобра заштита на оперативната
работа, полицикиот удар или побрзото разбирање во делувањето на други
криминални организации. Доколку констатираме дека, разбирањето на
делувањето и организацијата на криминалните мрежи претставува клучен
сегмент за успех на криминалистичкото разузнавање, тогаш може да кон-
статираме дека криминалистичката анализа која е единствениот пат за
реализација на оваа цел е клучен составен дел на криминалистичкото
разузнавање. Анализата на секундарните податоци е активност на
криминалистичката анализа поврзана со тоталното криминалистичко
разузнавање. Преку анализата на второстепените податоци овозможува
создавање на база на податоци кои во секој момент може да се употребат
како дел од конкретен разузнавачки процес.
Последната алтка во криминалистичката анализа при разузнавачкото
истражување и методолшкиот пристап, а со цел потполно заокружување
на процесот и користењето на податоците како емпириски сознанија се
инструментите на истражувачката анализа. Овие инструменти или алатки
во криминалистичката анализа се:
 Размислување за системот,
 Мапирање на процесот,
 Анализа на трендовите при определени видови на криминални
појави,
 Делфи техника,
 SWOT анализа,
 Ишикава дијаграми,
 Пастел анализа,
 Морфолошка анализа,
 Спротивставени хипотези и др.
Како завршен елемент на криминалистичката анализа кои сакаме да
го споменеме во овој труд е криминалистичкото мапирање. Тоа не е
засебен дел од криминалистичката анализа, туку претставува процес при
самата криминалистичка анализа кој е поврзан на сите нивоа на анализа.
При тоа криминалистичкото мапирање ги поддржува трите главни
функции на криминалистичката анализа:
1. Го олеснува согледувањето и статистичката анализа на
природниот простор во кој се одвива криминалот, како и структурата на
криминалните организации, но и настаните од секундарните извори
значајни за криминалистичкиот разузнавачки процес.

10
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

2. Анализа и поврзување на несаканите извори на загрозување и


создавање на база на податоци на географско и информационо ниво
употребливи во предиктивните производи.
3. Поддршка на комуникацијата со резултатите во полициското
дејствување, особено при безбедно изведување на полициски удари врз
криминалните организации.
Употребувајќи ги овие функции криминалистичкото мапирање се
употребува како алатка во мапирање на процесот и овозможува на
криминалистичката анализа да има увид во целиот разузнавачки процес и
конкретното спроведување на полициската акција.

Практична поврзаност на криминалистичкото разузнавање и


анализа
Практичното поврзување на криминалистичката анализа во
криминалистичкото разузнавање, е прагматичен завршеток на
разузнавачкиот процес. Крајната цел на оваа поврзување е постапката по
дисеминенцијата на разузнавачките податоци на донесувачите на одлуки
односно нарачателот.
Завршувањето неможе да го гледаме теориски, затоа што тоа е
најпрактичниот дел кој зад својата успешна реализација ги има сите
претходни активности и теориското и практичното поврзување на
криминалистичкото разузнавање со можностите кои ги нуди
криминалистичката анализа.
Накратко во овој труд сакаме да употребиме една шема преку која ќе
ја прикажеме поврзаноста на криминалистичкото разузнавање и
криминалистичката анализа како составни делови кои се меѓузависни.
Оваа меѓузависност е исклучително видлива во практичната
реализација на разузнавачкиот циклус, било да е целосен или обратен.
Остварувањето на крајните цели сосема чисто ја покажува поврзаноста на
криминалистичката анализа како составен дел на криминалистичкото
разузнавање.
На крајот потребно е да напоменеме дека последната алатка при
реализацијата на резултатите од разузнавачкиот процес е полицијата со
остварување на полицискиот удар врз криминалната организација, а како
резултат на проценката на криминалистичката анализа и донесената
одлука.
Сепак, тука не завршува улогата на криминалистичката анализа која
како емпириски резултат може да ја употреби и ефикасноста на
полицискиот удар врз криминалната организација. При тоа во идните
операции може да се примени и изготвувањето на предупредувачка
анализа за потребите на полициските сили и ризиците и заканите врз
полицијата при дејствувањето. Оваа е составен дел од обврските на
11
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

криминалистичката анализа која мора да направи евалуација на целиот


процес. Самата евалуација ќе помогне во повторното поставување на
барањата пред криминалистичкото разузнавање затварајчи го кругот на
практикувањето на процесот.

Шема бр. 1
Поврзаноста во разузнавачкиот циклус на оперативното
криминалистичко разузнавање и криминалистичката анализа9

Нарачател на
барањето Оперативни К
информации од Р
П крим. И
О разузнавањето М
Л И
И Барање pа Н
Ц понатамошна работа А
на крим. Л
И
разузнавањето И
С Криминалистичка С
К анализа Т
О И
Ч
Д К
Е О
Ј
С Р
Дисеминенција А
Т Полициска
на податоци З
В акција У
У З
В Н
А А
Њ В
Е Донесување на А
одлука за дејство До Њ
нарачателот Е

Заклучок
Завршувајќи го овој труд, во кој се обидовме да направиме теориска
концептуална рамка на криминалистичката анализа и нејзината поврзаност
со криминалистичкото разузнавање, ќе се вратиме на реотричкото
прашање кое го поставивме во абстрактот.
„Дали криминалистичката анализа претставува само придружна
алатка на криминалистичкото разузнавање или е составен дел кој го
засилува истото и го става на цврста основ, водејќи го кон остварување на
вистинските цели“?

12
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

Можеме да заклучиме дека од теориски, но и концептуален и секако


практичен аспект криминалистичкото разузнавање е составено од
оперативен дел и криминалистичката анализа. Дека овие два дела на
криминалистичкото разузнавање се меѓусебно цврсто поврзани и
независно тешко може да функционираат. Оваа не надевува на заклучокот
дека тие меѓусебно се надополнуваат, што во пракса им дава еднакво
значение без разлика на теориската поставеност на концептот. Како и да ја
поставиме концептуалната рамка на криминалистичката анализа, односно
каков и да прифатиме теориски модел и нејзино дефинирање, таа мора да
биде помалку или повеќе застапена во криминалистичкото разузнавање.
Сепак, оваа застапеност ќе даде подобри конкретни резултати
доколку теорискиот модел на дефинирање и концептуална примена на
криминалистичката анализа се разберат во целост и правилно. Тоа
подразбира дефинирање на криминалистичката анализа како специфичен
научен модел на пристап во обработката на информациите, а со цел
давање на вистински правец на разузнавачкиот процес и успешно
завршување на разузнавачкиот циклус.
Во пракса, доколку ги имаме прифатено овие теориски основи на
криминалистичката анализа, таа ќе го засили криминалистичкото
разузнавање, а особено ќе биде високо рангирана од страна на
нарачателите и корисниците на разузнавачките производи.
Криминалистичката анализа ги оформува вистинските цели на
криминалистичкото разузнавање, давајќи можност за негов развој.
Криминалистичката анализа е составен еднаков дел на
криминалистичкото разузнавање, а не негова алатка.
Констатирајќи го оваа може да заклучиме дека развојната
компонента во криминалистичкото разузнавање е втемелена во
криминалистичката анализа како збир на знаења и емпирија. Колку оваа ќе
биде правилно искористено многу често зависи од креаторите на
политичките одлуки и нивните реални барања.
На крајот, се наметнува една практична потреба за продолжување на
теориското разгледување на криминалистичката анализа, но во директна
корелација и поврзаност со целокупното криминалистичко разузнавање.
Оваа проучување треба да даде нов теориски концепт за дефинирање на
криминалистичкото разузнавање и криминалистичката анализа во однос
на нивната употреба во современите услови при појавата на нови
криминални извори на загрозување на општеството.

13
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

ЛИТЕРАТУРА

1. Deborah, A. Osborne, Susan, C. Wernicke, “Introduction to crime analysis – basic


resources for criminal justice practice”, Haworth press, New York, 2003.
2. Hank Prunckun, “Handbook of Scientific Methods of Inquiry Intelligence
Analysis”, Scarecrow press, Maryland, 2010.
3. Jonathan, R. White, “Terrorism & homeland security”, Wardsworth, seven
edition, Belmont, 2012.
4. Julian Richards, “The Art and Science of Intelligence Analysis”, Oxford
university press, New York, 2010.
5. Андонов, Оливер, „Основи на криминалистичко разузнавање и кри-
миналистичка анализа”, Астра-принт, Скопје, 2012.
6. Rachel, Boba, “Crime Analysis and Crime Mapping”, SAGE Publication, London,
2005.
7. Richard, N. Kocsis, “Criminal Proffiling-International theory, research and
practice”, Humana press, New Jersey, 2007.
8. Ronald, Wizinsky, “Our Sixth sense-using common police knowledge to analyze
crime data”, Tate Publishing & Enterprises, Oklahoma, 2011.

14
Balkan Analytica, 2014:
Оливер Андонов. Криминалистичката анализа како алатка или нерасклинив дел на
криминалистичкото разузнавање – теориски осврт на поврзаноста

БЕЛЕШКИ
1
R. Boba, „Crime Analysis and Crime Mapping“, SAGE Publication, London, 2005, pp. 6.
2
D. A. Osborne, S. C. Wernicke, „Introduction to crime analysis – basic resources for criminal justice practice“,
Haworth press, New York, 2003, pp 78-80.
3
J. R.White, „Terrorism & homeland security“, Wardsworth, seven edition, Belmont, 2012, pp. 583.
4
R. N. Kocsis, „Criminal Proffiling-International theory, research and practice“, Humana press, New Jersey, 2007,
pp. 292.
5
R. Wizinsky, „Our Sixth sense-using common police knowledge to analyze crime data“, Tate Publishing &
Enterprises, Oklahoma, 2011, pp. 69.
6
H. Prunckun, „Handbook of Scientific Methods of Inquiry Intelligence Analysis“. Scarecrow press, Maryland,
2010, p. 20.
7
J. Richards, „The Art and Science of Intelligence Analysis“, Oxford university press, New York, 2010, pp. 123.
8
О. Андонов, „Основи на криминалистичко разузнавање и криминалистичка анализа”, Астра-принт,
Скопје, 2012, стр. 104.
9
J. Richards, "The Art and Science of Intelligence Analysis", Oxford university press, New York, 2010, pp. 33,
шемата е прилагодена кон прикажување на конкретната поврзаност на криминалистичкото разузнавање со
криминалистичката анализа како негов составен и задолжителен дел, а воедно и да ја прикаже поврзаноста со
полициското дејство и улогата на нарачателите на разузнавачкиот процес и донесувањето на одлуки.

София, Балкан аналитика, 2014.


Публикувано в „Балкан аналитика“ от автора със съдействието на
фондация „Национална и международна сигурност“ като:
Андонов, Оливер. Криминалистичката анализа како алатка или
нерасклинив дел на криминалистичкото разузнавање – теориски осврт
на поврзаноста. В: Сборник научни трудове. Том първи. София,
Фондация „Национална и международна сигурност“, 2012, с. 240 –
252.

15

You might also like