You are on page 1of 24

TEMA 1

ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО НА ЕВРОПСКА УНИЈА

А. Европска регулатива на подрачјето на судот и за извршување


( Регулатива на Советот на ЕУ ) бр.44/2001 година

Глава I
Сфера на примена

Оваа регулатива се применува во предметите од граѓанското и


трговското право на земјите членки на Европската Унија, а не се применува по
однос на по однос на правната и деловната способност, законско застапување на
физички лиц,предмети стекнати во брак, сферата на наследното право,како и
оствинското право,стечајната постапка,социјална безбедност, арбитража.

Глава II
Надлежност

Дел 1
Општи одредби

Против лица кои имаат место на живеење во подрачјето на земја членка


на ЕУ може да се поднесе тужба во судовите на таа земја без оглед на нивното
државјанство. Доколку тужениот нема место на живеење на земја членка на ЕУ
тогаш се одредува надлежноста на судовите на секоја земја членка според
нејзините закони.

Дел 2
Посебни надлежности

Против лица кои имаат место на живеење во една земја на ЕУ може да се


поднесе тужба против тужен во друга друга земја членка каде живее тужениот
како:
Кај договорите во земјата каде што треба да се исполни обврската, за
извршување на услуги на местото во земјата членка каде треба да се исполни
обвската од услугата , по однос на спорови за издршка во местото каде што
треба да се исполни издршката, кај спор за работа на некоја подружница тужба
се поднесува во државата членка во тој суд на местото на седиштето на
подржницата, понатама судот во местото каде што се врши товарење на стоката
каде што се гарантира исплатата на пари доколку не се платени, потоа кај
спорови од недвижности тужбата се поднесува до судот во земјата членка на ЕУ
каде што е недвижноста и слично.

Дел 3
Надлежност за предметите за осигуување

Осигуреникот кој има место на живеење во земја членка на ЕУ може да


поднесе тужба против осигурителната компанија до судот во кој има место на
живеење. Во однос на осигурување од одговорност или во однос на

1
осигурување на недвижни ствари осигуреникот може да поднесе тужба во
судот на местото каде што настапила штетата. Во секој случај тужба се
поднесува и во судовите на земјата членка на ЕУ каде што осигурителната
компанија има седиште. И доколку се поднесе противтужба од тужениот
надлежен ќе биде судот на земјата членка на ЕУ каде што е поднесена и
тужбата .

Дел 4
Надлежност на случаите со потрошувачи

Доколку се склучи договор помеѓу потрошувачот и сопствникот на


стоката во земја членка на ЕУ ,а и потрошувачот има место на живеење таму по
тужба надлежен е судот на таа членка на ЕУ.
Тужба на потрошувачот против договорниот партнер може да се поднесе
или во судовите во земја членка на ЕУ каде што се наоѓа местото на живеење на
договорниот партнер-продавачот или во судот на местото на живеење на члена
на ЕУ на потрошувачот .
Додека пак тужба на договорниот партнер-продавачот против
потрошувачот може да се поднесе само до судот во земјата членка на ЕУ каде
што се наоѓа местото на живеење на потрошувачот.
И едниот и другиот ако изјават противтужба се одлучува судот во
местото каде што е земена во постапка самата тужба.
Од овие случаеви има исклучок само кога е склучена спогодба меѓу
страките да одлучува друг суд по настапувањето на спорот.

Дел 5
Надлежност за индивидуалните договори за работа

Доколку работодавачот и работникот склучат договор за работа ,а


работодавачот нема место на живеење во земја членка на ЕУ, но има подржница
или друга филијала во оваа земја по тужба од работникот надлежен е судот каде
работодавачот ја има подружницата. Во друг случај кога работодавачот
воспоставил своја дејност во земја членка на ЕУ надлежен е судот во земјата
членка каде работи работодавачот. Доколку работодавачот не обезбеди своја
дејност за работа во иста земја по тужба надлежен е судот каде работодавачот
има своја подружница што тој ја основал.
Тужба која сега пак ја поднесува работодавачот може да се поднесе во
судовите во земја членка на ЕУ каде што е местото на живеење на работникот..
Во случај на поднесување на противтужба од страна на работникот надлежен ќе
бде истиот суд кој одлучува по тужбата.
По настапувањето на спорот може да се спогодат станките работникот да
добие право да повика друг суд.

Дел 6
Единствена надлежност

Без оглед на местото на живеење на тужителот или тужениот кој е


параметар за надлежноста на судот, единствена надлежност каде не се зема во
предвид местото на живеење на странкие постои само во случаите:

2
По тужба чиј предмет е ствано право од недвижност одлучува судот во
земјата членка на ЕУ каде се најдува недвижноста.
По тужба во односите на наемот и закупнина на недвижни ствари
надлежни се судовите на земја членка на ЕУ каде двете страни имаат место на
живеење во иста земја членка на ЕУ.
За тужба чиј предмет е ништовноста или распуштање на Друштво
-фирма надлежни се судовите во земја членка на ЕУ каде се најдува седиштето
на друштвото.
За тужба чијшто предмет е важноста на евиденцијата во јавните регистри
надлежен е судот во земја членка на ЕУ каде се води регистарот.
За тужба чијшто предмет е важноста или евидентирањето на
патентите,марките,мострите моделите и други слични права за кои е потребно
архивирање или регистрирање надлежни се судовите од земјите членки на ЕУ
каде што се поднесува барањето за архивирање и евидентирање на овие
пронајдоци.

Дел 7
Спогодба за надлежноста

Доколку страните од кои барем една има место на живеење во некоја


членка на ЕУ се договорат дека судот од таа членка на ЕУ треба да одлучува за
нерешениот спор, или спор кој би настанал покасно тогаш надлежен е тој суд од
таа земја членка.
Таа спогодба за судска надлежност се склучува во писмена или усна
форма, која е во согласност со обичаите и формата со трговската практика.

Дел 8
Проверка на надлежноста и достапноста на постапката

Судот во земјта членка на ЕУ може да се огласи за ненадлежен по


службена должност за спорови за којшто екскузивна надлежност имаат
судовите од други земји членки на ЕУ.

Дел 9
Решавање на спорот и постапката поврзана со него

Кога во судовите во различни земји членки на ЕУ се водат повеќе


спорови за исто барање помеѓу исти странки тогаш покасно воспоставениот суд
кој покасно ја прими тужбата ја продолжува постапката по службена должност
се додека не се утврди надлежност на прво ангажираниот суд каде прво
пристигна тужбата. Кога ќе се утврди надлежноста покасно ангажираниот суд
се огласува за ненадлежен.

Дел 10
Времени мерки и мерки кои што се насочени кон обезбедување

Времени мерки вклучувајќи ги и оние за обезбедување предвидени во


правото во земјата членка на ЕУ може да се поднесе барање до земјата членка

3
на ЕУ и кога за донесување одлука за главната работа надлежен е судот на
друга земја членка на ЕУ .

Глава III
Признавање и извршување

Под поимот одлука во смисла на ова регулатива се подразбира секоја


одлука донесена од страна на судот во земја члека на ЕУ без оглед на нејзиниот
назив како на пример, пресуда, решение, платен налог, извршна одлука како и
решение за утврдување на трошоците од страна на судскиот службеник.

Дел 1
Признавање

Одлуката донесена во земја членка на ЕУ се признава во друга земја


членка на ЕУ без да биде потребна посебна постапка за тоа.
Оваа одлука нема да се признае во друга членка на ЕУ кога самото
признавање е контрадикторно, кога одлуката не е во согласност со одлуката која
е донесена помеѓу двете страни во земјата во која треба да се признава, кога не е
во согласност со некоја предходна одлука која е донесена за иста работа.

Дел 2
Извршување

Одлуките донесени во земја членка на ЕУ којшто треба да се извршат во


оваа земја можат да се извршат во друга земја-членка на ЕУ доколку има
барање на овластено лице за извршување. За поднесување на барање меродавно
е правото на земјата членка на ЕУ каде што се спроведува извршната постапка.
Месната надлежност се определува според местото на живеење на должникот.
Подносителот на барањето за извршување на подрачјето на судот кој ќе
одлучува треба да ангажира место на живеење по избор, а ако тоа не го стори
треба да ополномошти лице кое ќе ја прими доставата од судот. Штом ќе се
исполнат формалностите судот одлуката ја прогласува за извршна. Против
одлуката за барањето на изјавата за извршност секоја станка може да изјави
правен лек каде што се сослушуваат двете страни. Правнот лек се поднесува во
рок од 1 месец од приемот на изјавата за извршност. Доколку должникот има
место на живеење во друга држава членка на ЕУ тогаш рокот за поднесување на
правен лек е 2 месеци од приемот на изјавата за извршност. Изјавата за
извршност може да ја укине судот кој одлучува по правниот лек но никако не
смее да ја ревидира судската одлука а може и да го одбие правниот лек како
неоснован.

4
ТЕМА 2

ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ПОСТАПКА ЗА


ЕВРОПСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ

Регулатива на ( ЕЗ) 2006/1896 на Европскиот парламент и Советот на ЕУ од


12.12.2006

ПРЕДМЕТ

Целта на оваа еврпска регулатива е поедноставување и забрзување на


прекуграничната постапка по однос на неспорените парични побарувања и
намалување на процесните-судски трошоци како и слободен промет на
европските платни налози при што на се губи многу време во земјата на
извршување што досега беше време потребно за признавање и извршување.
Оваа регулатива му овозможува на подносителот на барањето да го спроведе
побарувањето на друга постапка според правото на земја членка на ЕУ или
спрема правото на Заедницата.

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива се применува во прекуграничните правни предмети од


граѓанското и трговското право.
Со неа не се опфатени предметите од областа на даночното право и
правото за царина, управните предмети, не се применува нити во односите на
имот стекнат во брак, во сферата на наследните односи, стечаите, врз правата од
недвижни ствари,правата од недоговорни должничко доверителски односи и сл.

ПРЕКУГРАНИЧНИ ПРАВНИ ПРЕДМЕТИ

Прекуграничен правен предмет постои во смисла на оваа регулатива


доколку барем една од страните има место на живеење или на престојување во
друга земја членка од седиштето на судот.
Пример кога странски тужител поднесе тужба против тужено лице од
Австрија во Австрија тогаш на располагање му стои постапката за европски
платен налог.

ПОСТАПКА ЗА ЕВРОПСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ

Оваа постапка важи за наплата на доспеани парични побарувања кои


доспеале во моментот на поднесувањето на барањето за издавање на европски
платен налог.

ДЕФИНИЦИИ

Во оваа регулатива изразот:

5
1. ,,изворна земја членка ,, ја означува земјата членка во којашто се
издава европскиот платен налог.
2. ,,земја членка на извршување,, значи земја-членка во која се
спроведува извршувањето на европскиот платен налог.
3. ,,суд,, се однесува на сите органи во земјата членка коишто се
надлежни за европскиот платен налог или кој било друг предмет.
4,,изворен суд,, е судот којшто го издава европскиот платен налог.

БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ

Барањето за издавање на европски платен налог го поднесува тој што


има побаруање на готов формулар А според прилог 1.
Барањето мора да содржи:
- име презиме и адреса на учесниците во постапката, а и на нивните
застапници-полномошници доколку ги има како и на судот во којшто се
поднесува барањето;
-висината на барањето( пример колку пари се бара) и евентуално камата
како и трошоците;
- ако се бара и камата на главниот долг се наведува и каматната стапка;
- предмет на спорот ( пр.Долг во пари) со опис на фактичката состојба
којашто е основа за остварување на главното побарување и на каматата;
-назив на доказите кои се презентираат за засновање на побарувањето
- основите за надлежност ( пример зошто соодветниот суд е надлежен за
платниот налот;
- прекуграничниот карактер на правниот предмет( пр. една од страните
кој е странец има место на живеење или на престојување во друга земја членка
од седиштето на судот);
- во брањето треба да се наведе и тоа дека податоците во него се
веродостојни-вистинити.
Барањето го потпишува подносителот или евентуално неговиот законски
застапник ако го има. Истото се подесува во пишана форма на хартија или
електронски.

ПРОВЕРКА НА БАРАЊЕТО

Судот што решава по барањето за издавање на европски платен налог по


приемот врши проверка на истиот дали ги содржи потребните елементи и дали е
истото основано.
Доколку има неправилности во барањето судот го користи Формуларот Б
во прилогот 2 со внесување на податоци во него што барателот треба да
дополни во барањето.

ИЗМЕНА НА БАРАЊЕТО

Доколку има основ само за прифаќање на дел од барањет судот го


подучува барателот да го искористи Формуларот В според прилопгот 3 . Овој
формулар подносителот го користи и го враќа во судот .Доколку го прифтати
предлогот на судот за исплата на еден дел од барањето тогаш судот го издава
европскиот платен налог.

6
Ако подносителот не го прифати предлогот на судот ,судот го отфрла
барањето за издвање на европски платен налог.

ОТФРЛАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Судот ќе го отфрли барањето


- доколку барањето е неосновано
- доколку барателот не даде одговор до судот со извршена корекција
Судот со Формуларот Г во прилог 4 го известува барателот за отфрлање
на барањето за издавање на европски платен налог

ИЗДАВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ

Доколку се исполнети условите и е основано барањето судот издава


европски платен налог во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето
користејки го образецот Е во прилог 5 . Во овој рок не се зема периодот кога
барањето е вратено на корекција , што значи дека рокот од 30 дена започнува од
вратеното корегирано барање доколку имало корекција.
Европскиот платен налог се издава заедно со копија од формуларот од
барањето.
Во европскиот платен налог противничката страна од барањето се
известува за тоа дека може на барателот да му го исплати бараниот износ или
доколку не е задоволен може да изјави приговор до судот кој го издаде
платниот налог во рок од 30 дена од денот на приемот на платниот налог.
Во европскиот платен налог противната страна на барањето добива
правна поука дека платниот налог се издава само врз основа на податоците на
подносителот на барањето и истиот ќе се изврши доколку во судот не поднесе
приговор.
Доколку противната страна на барањето поднеси приговор на платниот
налог постапката се продолжува од страна на надлежниот суд каде е издаден
платниот налог според нормите во редовна граѓанска постапка.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПЛАТНИОТ НАЛОГ

Платниот налог се доставува на противната страна на барањето или на


неговиот застапник со лична достава, со достава по пошта или по електронски
пат.

ПРИГОВОР ПРОТИВ ЕВРОПСКИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ

Противничката страна на барањето може до судот кој го издаде платниот


налог да поднесе приговор против платниот налог користејки го Формуларот Ф
во прилог 6 .
Приговорот потпишан од противната страна се поднесува во рок од 30
дена од приемот на планиот налог.

По приемот на приговорот постапката се спроведува пред надлежните


судови од земјата која го издала платниот налог според нормите за редовна
граѓанска постапка.

7
Потоа подносителот на брањето се известува дека противничката страна
изјавила приговор и дека постапката се продолжува како редовна граѓанска
постапка.

ИЗВРШНОСТ

Доколку противникот на барањето во предвидениот рок од 30 дена не


поднесе приговор на платниот налог , тогаш судот го прогласува европскиот
платен налог дека може да се извршува користејки го формуларот Г во
прилогот 7 .
Судот на подносителот му го препраќа европскиот платен налог кој може
да се извршува.
Европскиот платен налог може да се извршува во земјата која го донела
платниот налог , истиот се признава и во друга земја членка на ЕУ и се
извршува без да биде потрбна изјава за извршување и без да се оспори
признавањето.
За извршување на платниот налог во друга земја ,а не во земјата каде е
издаден подносителот на барањето ги поднесува следниве документи:
-Примерок од европскиот платен налог кој е извршен ,односно може да
се извршува и
- превод на европскиот платен налог на јазикот во земјатана ЕУ каде што
ќе се извршува..

8
Тема 3

ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ПОСТАКА ЗА НАПЛАТА


НА МАЛИ ПОБАРУВАЊА
Регулатива (ЕЗ) бр.861/2007 на Европскиот парламент и Советот на ЕУ
од 11.06.2017 година

ПРЕДМЕТ И СФЕРА НА ПРИМЕНА

Со овваа регулатива се поведува европска постапка за мали побарувања


заради побрзо и поедноставно решавање на споровите во прекуграничниот
правен промет со мала вредност на спорот и со помали трошоци.
Кај оваа регулатива се отстранува потребата од примена постапка за
признавање и извршување на пресуда донесена во друга земја членка на ЕУ во
постапката за мали побарувања.

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива важи за прекуграничните правни предмети во


граѓанското и трговското право доколку спорната вредност од тужбата во
моментот кога се поднесува до судот не е повисока од 2000 Евра без камата и
трошоци.
Оваа сфера не ги опфаќа предметите од даночното право и од царинското
право,управните предмети.
Сферата на примена не се применува во однос на:
-позицијата на лицето,правната и деловната способност
-имотот стекнат во брак,правото на издршка, сферата на наследното право и
оставинското право
-стечаите,судски спогодби,медијација ,социјална безбедност и слично

ПРЕКУГРАНИЧНИ ПРАВНИ ПРЕДМЕТИ

Прекуграничен правен предмет во смисла на оваа регулатива постои


доколку барем една од двете страни има место на живеење или на престој во
друга земја членка на ЕУ од онаа каде што е ангажиран судот.
Пример кога странски тужител поднесе тужба против тужено лице од
Германија во Германија тогаш на располагање му стои постапката за наплата
на мали побарувања

ЕВРОПСКА ПОСТАПКА ЗА МАЛИ ПОБАРУВАЊА.

Тужителот ја поведува европската постапка за наплата на мали


побарувања со пополнување на Формуларот А во прилогот 1 кој го потпишува и
доставува до надлежниот суд по пошта или електронски.Овој формулар содржи
податоци на тужителот и тужениот и опис на доказите врз кои го заснова своето
побарување,со прилог на доказите.
Ако поднесената тужба не може да се применува со оваа регулатива
судот го подучува тужителот за оваа состојба . Тужителот тогаш може да ја
повлече тужбата.

9
Исто така ако формуларот на тужбата не е уредно-целосно пополнет ,
судот на тужителот му дава можност со пополнување од страна на судот на
Формуларот Б во прилог 2 да ја дополни тужбата во одреден рок кој го
определува судот.
Доклку нема основ за поднесување на ваква тужба, или доколку
тужителот не успее навреме да ја дополни или корегира тужбата тогаш судот ја
отфрла тужбата.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Европската постапка за мали побарувања се спроведува по писмен


пат.Судот одржува усна распправа само ако смета дека тоа е потребно и
доколку една од страните поднесе барање.Судот може да го одбие барањето за
усна распрва ако утврди дека може да се обезбеди фер судење и без усна
расправа .Ако го одбие барањето судот на Формуларот В од прилогот 3 во делот
1 наведува дека го отфрла барањето за усна расправа.
Кога ќе пристигне формуларот од тужбата во судот тој пропратува
фотокопија од тужбата во рок од 14 дена заедно со доказите кај тужениот за
одговор на тужба.
Тужениот во рок од 30 дена треба да даде одговор на тужбата при што го
пополнува Формуларот В дел 2 и истиот тужениот го пропратува до судот
заедно со неговите докази кои му одат во прилог.
Во рок од 14 дена од приемот на одговорот на тужбата судот овој
одговор во копија го испраќа до тужителот заедно со доказите кои ги приложил
тужениот.
Доколку тужениот во одговорот на тужбата наведува дека вредноста на
спорот надминува 2000 Евра, судот во рок од 30 дена одлучува дали овој
предмет ја опфќа регулативата за европска постапка за мали побарувања.

ЈАЗИЦИ

Формуларите од тужбата и одговорот на тужбата како и доказите се


поднесуваат на јазикот на кој што се применува во судот.
Ако не се поднесат на тој јазик кој што е во постапка во судот, тогаш
судот ќе ги врати документите кај станките заради нивен превод на јазикот на
судот.

ЗАТВОРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Во рок од 30 дена од приемот на одговорот на тужбата судот донесува


Пресуда . Судот донесува пресуда дури и ако тужениот не поднесе одговор на
тужба. Пресудата се доставува до странките по пошта или електронски.

УСНА РАСПРАВА

Во случај кога е потребна усна расправа таа може судот да ја одржи


преку видео конференција или со друго средство на комуникација доколку го
има на располагање

10
ПОСТАПКА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ

Постапката за разгледување на докази може да се допушти со писмена


изјава на сведоците или вештаците или со сослушување на страните во писмена
форма. Исто така доказите можат да се разгледуваат преку видео конференција
или со други средства за комуникација.
Судот може да одобри разгледување на доказите на вештаците или усно
искажување на сведоците и вештаците. Тука трошовите паѓаат на судот.

ЗАСТАПУВАЊЕ НА СТРАНИТЕ

Застапување на страните од адвокат или друго првно лице не е


задолжително.Тоа значи дека можат да имаат адвокат но не мораат.

ИЗВРШНОСТ НА ПРЕСУДАТА

Пресудата е извршна со самото донесување од судот.

ТРОШОЦИ

Страната која го изгубила спорот ги поднесува трошоците на постапката.

ПРИЗНАВАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ

Пресудата донесена во една членка на ЕУ во европска постака за помали


побарувања се признава и се извршува и во друга членка на ЕУ без да биде
потребна изјава за извршување и без да може да се оспори признавањето.
На барање на странката судот кој ја донесе пресудата составува потврда
користејки го Формуларот Г од прилог 4 за пресудата донесена во европска
постапка за мали побарувања без дополнителни трошоци.

ИЗВРШНА ПОСТАПКА

Пресудата донесена во оваа постапка може да се изврши и во друга земја


членка на ЕУ..
Страната која бара извршување во друга земја која не ја донесе пресудата
мора да приложи примерок од пресудата, превод на истата и составената
потврда на пресудата за признавање и извршување од судот кој ја донел.

ОТФРЛАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗВРШНОСТ

На барање на страната против која се спроведува извршување во друга


земја може да се отфрли извршувањето во случаи кога:
Во земјата каде што се спроведува извршувањето е донесена предходна
пресуда меѓу исти странки со ист предмет на спорот.
Иако се отфрлува одлуката за извршност пресудата овде не може да се
ревидира односно да се елиминира.

11
Тема 4

РЕГУЛАТИВА ЗА НАДЛЕЖНОСТА И ПРИЗНАВАЊЕТО


И ИЗВРШУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ ВО ПРЕДМЕТИТЕ
ОД БРАЧНОТО ПРАВО И ВО ПОСТАПКАТА ЗА
РОДИТЕЛСКАТА ОДГОВОРНОСТ
Регулатива (ЕЗ) бр.22012/2003 на Советот на ЕУ
од 27.11.2003 година

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива важи за предметите од граѓанското право кај следниве


предмети
- развод на брак, раздвојување без раскинување на бракот и изјава за
невалидност на бракот
- доделување, искористување, пренос како и целосно или делумно одземање на
родителското право
Граѓанските предмети спомнати погоре се однсуваат особено на :
-правото на грижа и правото на посета
-старатeлство,туторство и сл
-згрижување на детето кај семејство за посвојување или во дом
-мерки за заштита на детето во врска со управувањето и одржувањето на
неговиот имот.

НЕВАЖНОСТ НА ОВАА РЕГУЛАТИВА

Оваа регултива не важи за:


- утврдување и оспорување на односите родители-дете;
-името и презимето на детето;
-изјава на полнолетност;
-обврски на издржка;
-старателство и наследство;
-мерки за кривични дела кои ги извршило детето.

НАДЛЕЖНОСТ

ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ

За одлуките за развод на брак,одвоен живот без раскинување на брачниот


однос или за изјавата за невалидност на бракот надлежни се судовите во земјата
членка на ЕУ каде :
-двајцата брачни другари имаат вообичаено место на престојување;
-двајцата брачни другари последно имале вообичаено место на престојување;
-противничката страна на барањето-тужениот имал вообичаено место на
живеење;
-во случај на заедничко барање еден од брачните другари има вообичаено место
на престојување;
-подносителот на барањето имал вообичаено место на престојување доколку
таму престојувал најмалку 1 година пред поднесувањето на барањето.

12
ПРОТИВБАРАЊЕ

Судот кај кој е поднесно барање (тужба) е надлежен и за противбарањето


од спротивната страна доколку ова спаѓа во сферата на примена на оваа
регулатива.

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОДВОЕНИОТ ЖИВОТ БЕЗ РАСКИНУВАЊЕ


НА БРАЧНИОТ ОДНОС ВО РАЗВОД НА БРАК

Судот во Земјата -членка на ЕУ кој издал одлука за одвоен живот без


раскинување на брачниот однос е надлежен и за трансформација на оваа одлука
во развод на брак доколку тоа е предвидено со правото на оваа земја членка.

ЕКСКЛУЗИВНА НАДЛЕЖНОСТ

Против брачниот партнер (тужениот) кој има вообичаено место на


престојување во суверената област на земја членка на ЕУ надлежен е судот на
земјата каде што престојува.
Протива брачниот партнер кој е државјанин на членка на ЕУ или има
место на живеење во една од земјите члнки на ЕУ смее тужителот да води
постапка пред судовите во друга земја членка на ЕУ.

ПОВИКУВАЊЕ НА СУДОТ

Судот се смета дека е повикан во моментот кога до него се поднесува


поднесок за започнување на постапка и кога подносителот на барањето на
противната страна му дал барање.

РЕВИЗИЈА НА НАДЛЕЖНОСТА

Судот од земјата членка на ЕУ по службена должност треба да се


прогласи за ненадлежен доколку е повикан во предмет во кој според оваа
регулатива нема ндлежност и за којшто надлежен е суд од друга земја членка
на ЕУ врз основа на оваа регулатива.

РЕВИЗИЈА НА ДОПУШТЕНОСТА

Доколку противничката страна на подносителот на барањето којшто


нема место на престојување во земјата членка каде што е поведена постапката
не се вклучи во постапката ,тогаш надлежниот суд ја прекинува постапката се
додека не утврди дека противничката страна имала можност навремено да го
добие поднесокот за поведување на постапка.

13
НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ И ПОСТАПКА

Доколку во судовите од различни земји членки се доставени барања за


развод на брак, за одвоен живот без раскинување на брачниот однос или за
невалидност на бракот, како и постапка за родителска одговорност за детето
помеѓу исти странки, тогаш подоцна повиканиот суд ја прекинува постапката по
службена должност се додека не се разјасни надлежноста на прво повиканиот
суд.
Кога ќе се утврди надлежноста на прво повиканиот суд, тогаш подоцна
повиканиот суд се прогласува за ненадлежен во корист на тој суд.

ВРЕМЕНА МЕРКА ВКЛУЧУВАЈЌИ И МЕРКА ЗА ЗАШТИТА

Судовите во земјата членка можат да одредат времена мерка вклучувајки


и мерка за заштита предвидена според правото кое се применува во оваа земја
членка во однос на лицата што се наоѓаат во таа земја или нивниот имот во итни
случаи без оглед на одредбите од оваа регулатива доколку за одлуката во
главниот предмет надлежен е суд од друга земја членка според оваа регулатива.
Оваа мерка се укинува доколку судот кој одлучува за глвниот предмет
донел мерка која се смета за соодветна.

14
Тема 5
ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ИЗДРШКА
Регулатива ( ЕЗ ) бр. 4/2009 на Советот на ЕУод 18.12.2008 година

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива се применува во однос на обврската за издршка која што


се заснова врз семејни односи, роднински односи или брачни односи и врз
бременоста.

НАДЛЕЖНОСТ

Надлежен за одлуките во предметите за издршка во земјите каде што се


применува оваа регулатива е:
- судот на местото каде што тужениот има вообичаено место на престојување
-судот на местото каде што на лицето нa кое му се одобрува издршка-
тужителот има вообичаено место на престојување.

СПОГОДБА ЗА СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ

Страните можат да се договорат дека конкретен суд во земјите каде што


се применува оваа регулатива се надлежни за решавање на веќе настанатите
спорови меѓу нив или споровите коишто ќе настанат во иднина во однос на
обврските за издршка и да го изберат спогодбено:
-судот во земјата каде што се применува оваа регулатива во којшто една од
страните има постојано место на живеење;
-судот вo земјата каде една од страните има државјанство во таа земја.

НАДЛЕЖНОСТ ВРЗ ОСНОВА НА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПОСТАПКА


БЕЗ ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВА

Доколку судот во земја членка повеќе не е надлежен според другите


прописи од оваа регулатива, станува надлежен во случај ако тужениот се
вклучил во расправањето на постапката..
Ова не важи ако тужениот се вклучил во постапката за да пријави
ненадлежност.

ПОВИКУВАЊЕ НА СУДОТ

Судот се повикува,односно дејствува која поднесокот за поведување на


постапка од тужителот е поднесен до судот и до тужениот.
Судот се повикува да дејствува и во случај доколку е извршена достава
до тужениот пред поднесување на поднесокот до судот во моментот кога
службата за достава го добила поднесокот за прием.

15
РЕВИЗИЈА НА НАДЛЕЖНОСТА

Судот во земјата во која се применува оваа регулатива кој што е повикан


за предметот за кој не е надлежен според оваа регулатива по службена должност
се огласува за ненадлежен.

РЕВИЗИЈА НА ДОПУШТЕНОСТА

Доколку тужениот којшто има место на престојување во друга земја, а не


во земјата во која е поведена постапката ,не се впушти во постапка,тогаш
надлежниот суд ја прекинув постапката се додека не се утврди дека тужениот
имал можност навремено да го добие поднесокот,така што би можел да се
брани.

НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ

Доколку во судовите од различни земји каде што се применува оваа


регулатива се водат постапки врз основа на исто барање помеѓу исти
страни,тогаш подоцна повиканиот суд ја прекинува постапката по службена
должност се додека не се утврди надлежноста на прво повиканиот суд.
Кога ќе се утврди надлежноста на прво повиканиот суд, тогаш подоцна
повиканиот суд се прогласува за ненадлежен во корист на тој суд.

ПРЕКИН ПОРАДИ ФАКТИЧКА ПОВРЗАНОСТ

Доколку во судовите во различни земји каде што се применува оваа


регулатива се водат меѓусебно поврзани постапки ,тогаш секој подоцна повикан
суд (односно суд кој покасно ги примил поднесоците) може да ја прекине
постапката.
Кога овие постапки се водат во прва инстаца(прв степен), тогаш подоцна
повиканиот суд може на барање на страната да се прогласи за ненадлежен
доколку прво повиканиот суд е надлежен за постапките и дозволено е
поврзување на постапките според правото.
Постапките се поврзани во смисла на погорe изнесеното доколку меѓу
нив постои тесна врска, така што се наметнува потребата од водење на
заедничка расправа и донесување нa одлука за да се спречи донесување
контрадикторни (спротивни) одлуки во одвоените постапки.

ВРЕМЕНИ МЕРКИ ВКЛУЧУВАЈКИ И МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Мерките предвидени во правото на земјата каде што се применува оваа


регулатива ,вклучувајки ги и оние коишто се насочени кон обезбедување може
да се побараат во судот од оваа земја доколку судот од друга земја членка е
надлежен за донесување на одлуката во главниот предмет врз основа на оваа
регулатива.

16
Тема 6
ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ДОСТАВА

Регулатива (ЕЗ) бр. 1393/2007 од 13.11.2007 година

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива се применува во предметите од областа на граѓанското


право и трговското право во којшто судскиот или вонсудскиот поднесок се
испраќа од една земја членка во друга.
Во оваа сфера на достава не се опфатени предметите од даночното право
и царинското право и управните предмети.
Оваа регулатива не се применува и во случај доколку не е позната
адресата на примачот на поднесокот

ЛИЦА НАДЛЕЖНИ ЗА ПРЕНОС И ЗА ПРИЕМ

Секоја земја членка именува службено лице или органи кои се надлежни
за пренос на судски и вонсудски поднесоци .(Центар за пренос)
Исто така секоја земја членка именува службени лица или органи кои се
надлежни за прием на судски и вонсудски поднесоци.(Центар за прием)

ПРЕНОС И ДОСТАВА НА СУДСКИ ПОДНЕСОЦИ

Пренос на поднесоците ,барањата,уверенијата и други документи помеѓу


центрите за пренос и центрите за прием може да се изврши на соодветен начин
за пренос доколку примениот документ е идентичен со испратениот документ.
Кон поднесокот (пр.пресуда,покана за расправа и слично) што треба да
се пренесе во друга членка се приложува барање кое се издава според
формуларот во прилог 1. Формуларот се составува на службен јазик кој се
употребува во земјата членка каде што се испраќа .Поднесоците не е потребно
да се заверуваат.
Доколку центарот што испраќа поднесок до земјата примач сака да
добие копија за приемот поднесокот заедно со потврдата го испраќа во две
копии.

ПРЕВОД НА ПОДНЕСОЦИ

Центрот за прием го известува подносителот на барањето кој што го


предава поднесокот, дека примачот може да одбие да го прими поднесокот
доколку не е составен на неговиот јазик.

ПРИЕМ НА ПОДНЕСОКОТ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ПРИЕМ

По приемот на поднесокот центарот за прием до центарот за пренос


испраќа потврда за прием користејки го формуларот во прилог 1 во рок од 7
дена од приемот на поднесокот.
Доколку барањето за достава не може да се реши врз основа на
поднесоците или документите тогаш центарот за прием на најбрз начин стапува

17
во контакт со центарот за пренос за да ги добие податоците или поднесоците
што фалат.
Кога барањето за достава не спаѓа во надлежност на оваа регулатива
,барањето со документите се враќа назад по приемот користејки го формуларот
од прилог 1 .
Центарот за прием кој што го примил поднесокот а не е надлежен за тој
тип на решавање,овој поднесок заедно со барањето го доставува до локалниот
надлежен центар за прием во истата земја на прием и за тоа го известува
центарот за пренос.

ДОСТАВА НА ПОДНЕСОЦИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ПРИЕМ

Центарот за приме ги презема сите мерки за извршување на доставата на


поднесокот што го примил до соодветното лице за кој се однесува поднесокот
најбрзо,но во секој сличај во рок од 1 месец од денот на приемот.
Ако не е можно да се достави поднесокот до лицето за кое се однесува
центарот за прием го известува центарот за пренос користејки ја потврдата во
формуларот во прилог 1 кој го пополнува.

ОДБИВАЊЕ ПРИЕМ НА ПОДНЕСОКОТ

Центарот за прием користејки го формуларот во прилог 2 го известува


примачот дека може да го одбие приемот на поднесокот што му е врачен или да
го испрати назад во рок од 7 дена доколку поднесокот не е составен на неговиот
јазик или на службениот јазик на земјата членка на прием.
Доколку центарот за прием е известен дека примачот го одбил приемот
на поднесокот,тогаш овој центар веднаш го известува центарот за пренос и ги
испраќа веднаш поднесоците заради нивен превод..
По извршениот превод центарот за пренос го доставува преведниот
поднесок до центарот за прием, а овој го доставува до дотичното лице за кое се
однесува поднесокот.

ДАТУМ НА ДОСТАВА

По однос на датумот на достава меродавно е (домицилното) право на


земјата -членка на прием

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВАТА

Трошоците за доставата ги сноси подносителот на барањето бидејќи за


доставата било ангажирано службено лице. Давачките за ангажирање на
службено лице според правото на земјата членка на прием мора да бидат во
согласност со фиксната такса утврдена таму.

ДРУГИ ВИДОВИ ПРЕНОС И ДОСТАВА НА СУДСКИ ПОДНЕСОЦИ:

18
ПРЕНОС ПРЕКУ ДИПЛОМАТСКИ И КОНЗУЛАРНИ ПРЕТСТАВНИШТВА

Секоја земја членка каде што се применува оваа регулатива има право да
изврши пренос на судските поднесоци за достава преку конзуларни и
дипломатски претставништва до центрите за пренос и прием.

ДОСТАВА НА ПОДНЕСОЦИ ПРЕКУ ДИПЛОМАТСКО ИЛИ КОНЗУЛАРНО


ПРЕТСТАВНИШТВО

Секоја земја членка каде што се применува оваа регулатива има право
до лицата кои што имаат место на живеење во друга земја да ги доставува
поднесоците преку дипломатско или конзуларно претставништво.

ДОСТАВА ПО ПОШТА

Секоја земја членка има право да ги достави судските поднесоци до


лицата кои имаат место на живеење во друга земја членка препорачано по
пошта со потврда за прием или друг идентичен доказ.

НЕПОСРЕДНА ДОСТАВА

До секој учесник во судска постапка може непосредно да се достават


судски поднесоци преку службени лица во земјата членка каде што се врши
приемот доколку е дозволена таква непосредна достава според домицилното-
домашното право на таа земја.

ВОНСУДСКИ ПОДНЕСОЦИ

И вонсудските поднесоци кои што треба да се достават се пренесуваат во


друга земја членка според критериумите од оваа регулатива на истиот начин.

19
Тема 7
ЕВРОПСАКА РЕГУЛАТИВА ЗА ПОСТАПКАТА ЗА
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ
Регулатива (ЕУ) бр.1206/2001 од 28.05.2001 година

СФЕРА НА ПРИМЕНА

Оваа регулатива се применува во предметите од граѓанското и


трговското право доколку судот од земјата каде што се суди се обрати до
надлежниот суд од друга земја членка за разгледување на доказите и доколку
поднесе барање за разгледување докази во другата земја членка.
Не смее да се поднесува барање до друга земја членка за разгледување
на докази доколку не е утврдено доказите да се користат во веќе поведената
постапка во земјата барател.

НЕПОСРЕДНА СОРАБОТКА МЕЃУ СУДОВИТЕ

Барањето се испраќа од страна на судот кај којшто треба да се поведе


постапка (судот што поднесува барање) до надлежниот суд во друга земја
членка (судот што го добива барањето) за спроведување постапка за
разгледување на докази.
Секоја земја членка издава листа на надлежните судови за спроведување
на постапката за разгледување на докази според оваа регулатива.

ЦЕНТРАЛА

Секоја земја членка ја одредува централата која што на судовите им


издава информации, понатаму бара решенија доколку во однос на некое барање
се јават проблеми, понатаму на барање на судот каде што е поднесено барањето
се проследува барањето до надлежниот суд.

ПРЕНОС НА БАРАЊАТА

Барањето се поднесува на формуларот А од прилогот или на формуларот 1 .


Барањето ги содржи следниве податоци:
- назив на судот којшто го поднесува барањето и евентуално судот каде што се
поднесува барањето;
-името и презимето и адреса на странките на спорот и евентуално и на нивните
застапници-полномошници;
-видот и предметот на правниот спор и опис на фактичката состојба;
-назив на постапката за разгледување на докази (пр.назив а некој документ или
исказ на сведок);
- ако се бара сослушување на сведок ,вештак и сл тогаш и нивното име и
презиме и адреса;
-прашање кое му се поставува на лицето кое треба да се сослушува како сведок
или странка.
Барањето како и сите документи приложени кон барањето не е потребно
да се заверуваат.

20
ЈАЗИЦИ

Барањето врз основа на оваа регулатива се составува на службениот јазик


на земјата членка каде што е поднесено барањето.

ПРЕНОС НА БАРАЊАТА И ДРУГИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА

Барањата и известувањата според оваа регулатива се пренесуваат на што


е можно побрз начин со којшто се согласила земјата каде што е поднесено
барањето. Преносот може да се изврши доколку примениот документ е
идентичен со испратениот документ и сите податоци во него се читливи.

ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО

Надлежниот суд каде што е поднесено барањето до судот кој го испрати


барањето му испраќа потврда за прием на барањето во рок од 7 дена од приемот
користејки го формуларот Б во прилогот, а доколку барањето не ги содржи
потребните податоци тогаш судот каде што е подесено барањето го забележува
тоа во потврдата за прием.Доколку барањето што го поднесе барателот на
формуларот А не спаѓа во надлежност на судот каде што е пропратено,тогаш тој
суд го проследува до надлежниот суд и го известува за тоа судот што го поднел
барањето користејки го формуларот А од прилогот.

НЕЦЕЛОСНО БАРАЊЕ

Доколку барањето не може да се реши бидејќи не ги содржи потребните


елементи ,тогаш судот каде што е поднесено барањето веднаш во рок од 30 дена
по приемот на барањето го известува судот кој го поднел барањето да го
дополни целосно.За тоа го користи формуларот В
Доколку барањето не може да се реши бидејќи е потребно кауција или
надомест (пр. за сослушување на сведоци,вештаци и сл се потребни парчни
средства.) тогаш судот каде што е поднесено барањето веднаш го известува
судот кој го поднел барањето најдоцна во рок од 30 дена од приемот на
барањето користејки го формуларот В од прилогот
Кога ќе се плати кауцијата или надоместокот судот каде што е поднесено
барањето веднаш го потврдува приемот на кауцијата и надоместокот најдоцна
во рок од 10 дена од приемот на кауцијата или надоместокот.

ДОПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Доколку барањето не ги содржи потребните податоци по извршената


исправка од судот кој го поднесува барањето, судот каде што е поднесено
барањето веднаш решава по исправеното,односно дополнетото барање најдоцна
во рок од 90 дена од приемот на извршеното компетирано барање,
Исто така ако судот кој го прими барањето исправено, од судот кој го
поднесува барањето по однос на платената кауција или надомест , рокот од 90
дена за одлучување тече од моментот кога е платена кауцијата или
надоместокот.

21
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ОД СТРАНА НА СУДОТ КАДЕ ШТО
Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕТО

Судот каде што е поднесено барањето веднаш го решава барањето


најдоцна во рок од 90 дена од приемот .
Судот решава за барањето по критериумите за примена на оваа
регулатива.
Судот постапува по барањето доколку нема потешкотии. Ако не постапи
по барањето го известува судот кој го подснел барањето во формуларот Е од
прилогот
Судот кој што го поднел барањето може да го замоли судот каде што е
поднесено барањето да спроведе разгледување на докази со користрење на
технолошки средства за комуникација , а особено видео-конференција и
телефонска конференција. Ако судот што го прими барањето нема пристап на
ваков вид технолошки средства со формуларот Ф го известува за тоа судот кој
го доставил барањето.

РЕШАВАЊЕ ВО ПРИСУСТВО НА СТРАНКАТА СО НЕЈЗИНО УЧЕСТВО

Доколку е предвидено во правото на земјата членка од судот каде што е


поднесено барањето, странките и евентуално нивните застапници имаат право
да присуствуваат во текот на разгледувањето на доказите во овој суд каде што е
примено барањето. Дека странките ќе присуствуваат при разгледување на
доказите судот што го поднел барањето го известува судот кој го прими
барањето во формуларот А од прилогот.
Потоа судот каде што е примено барањето ги известува странките
користејки го формуларот Ѓ во прилогот за местото и времето за расправата и
условите под кои може да се учествува во разгледување на доказите

РЕШАВЊЕ ВО ПРИСУСТВО НА ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ НА СУДОТ


ШТО ГО ПОДНЕЛ БАРАЊЕТО

Доколку е во согласност со домицилното право на земјата членка на


судот кој што го поднел барањето,тогаш овластените лица на судот имаат право
да присуствуват во разгледувањето на доказите во судот каде што е поднесено
барањето.
Овластените лица ги именува судот кој го поднел барањето.Судот кој
што го поднел барањето може да определи и други лица на пример вештаци.
Дека во разгледување на доказите ќе присуствуваат овластени лица судот
кој го поднесува барањето со формуларот А го известува судот кој го прима
барањето
Тогаш судот кој го прима барањето со формуларот Ѓ го известува судот
кој го поднесува барањето за местото и времето на расправата и евентуално и
условите под кои овластеното лице може да учествува.

22
ПРИНУДНИ МЕРКИ

Доколку е потребно,судот каде што е поднесено барањето во решавањето


на барањето применува соодветни принудни мерки во оние случаи кои се
предвидени со домицилното право на земјата членка на судот каде што е
поднесено барањето.

ОТФРЛАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА РЕШАВАЊЕ

Барањето за сослушување на странката не се решава доколку засегнатото


лице се повика на правото за отфрлање на давање исказ или за забрана на
давање исказ кое е предвидено според правото на земјата членка на судот каде
што е поднесено барањето или земјата членка на судот кој го поднел барањето.
Решавањето на барањето може да се отфрли доколку
-барањето не спаѓа во сферата на граѓанското и трговското право
-решавањето на барањето според првото на земјата членка каде што е поднесено
барањето не спаѓа во сферата на судска власт
-судот кој го поднел барањето во рок од 30 дена не го исполнил условот на
судот каде што е поднесено барањето да го дополни истото бидејки имало
недостатоци,односно не било дополнето иако тоа го барал судот каде што е
поднесено барањето
-во рок од 60 дена не била платена кауција или надомест иако тоа го барал судот
каде што е поднесено барањето
Во сите овие случаи кога се отфрла барањето за ова судот кој го примил
барањето со формуларот Ж во прилогот го известува судот кој што го поднел
барањето во рок од 60 дена по приемот на барањето..
Ако судот кој го примил барањето доцни со рокот од 90 дена за
причините за доцнењето го известува судот кој го поднел барањето

ПОСТАПКА ПО РЕШАВАЊЕТО НА БАРАЊЕТО

Судот каде што е поднесено барањето за разгледување на докази, до


судот што го поднел барањето ги испраќа поднесоците во кои што е постапено
за барањето за изведување докази .Кон поднесоците се приложува потврда дека
е решено барањето на формуларот Ж од прилогот.

НЕПОСРЕДНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ОД СТРАНА


НА СУДОТ КОЈШТО ГО ПОДНЕЛ БАРАЊЕТО

Доколку судот планира да ја спроведе постапката за разгледување на


докази во друга земја членка, тогаш до централата или надлежен орган во таа
земја испраќа барање на формуларот 3 од прилогот.Оваа постапка се
спроведува од страна на судски човек-член или на пример вештак одреден
според правото на земјата членка на судот која го поднела барањето .
Споменатата централа на земјата членка каде што е поднесено барањето
го известува судот што го поднел барањето користејки го формуларот S од
прилогот во рок од 30 дена по приемот на барањето по однос на тоа дали може

23
да се одобри барањето. Централата може да го одреди и судот од земјата членка
којшто ќе учествува во постапката за разгледување докази
Централата на земјата членка по прием на барањето може да ја одбие
постапката за разгледување на докази доколку:
-барањето не спаѓа во сверата на примена на оваа регулатива;
- барањето е непотполно,односно не ги содржи сите елементи;
- побараната непосредна постапка за разгледување на докази е спротивна на
законските начела на земјата членка чиј суд го примила барањето.

ТРОШОЦИ

Трошоците за разгледување на докази како кауција или надомест на


трошоци по однос на преземено вештачење и сл. ги поднесуваат странките
доколку тоа е предвидено во правото на земјата членка на судот што го поднел
барањето. За висината на овие трошоци судот кој го прима барањето го
известува судот којшто го поднесува барањето.

24

You might also like