You are on page 1of 4

Структура на воспитно-

образовната работа во училиштата


Наставен план
Наставата е најорганизиран облик на воспитно-образовна
дејност, преку која се остваруваат, во најголем дел, целите и
задачите на воспитанието.

Наставната дејност во училиштето се остварува


како:
-редовна
-додатна
-дополнителна
-продолжена
-подготвителна
-изборна
-факултативна
 Редовната настава е регулирана со наставните
планови и програми на училиштето. Таа во целост
е планирана и програмирана во однос на
годишниот фонд на часови, содржините кои ќе се
изучуваат од поединечните наставни
предмети,времетраењето и сл.
 Додатната настава се организирана за оние
ученици кои постигнуваат натпросечни резултати,
кои покажуваат посебни склоности и способности
во една или повеќе области.
 Дополнителната настава ги задоволува потребите
на оние ученици кои имаат тешкотии во
совладувањето на редовната настава по еден или
повеќе наставни предмети. Поточно, таа е
наменета за послабите ученици.
 Продолжената настава, во извесна смисла, е
дополнување на работата на дополнителната
настава и се реализира за и според потребите на
учениците кои покажале слаби резултати по еден
или по повеќе предмети во текот на учебната
година.
 Изборната настава е директно во функција на
индивидуализацијата и диференцијацијата на
наставата. На учениците им се нудат изборни
предмети, кои ги избираат тие во зависност од
сопствените интереси, потреби и способности.
 Факултативната настава го носи обележјето на
сопствен избор на ученикот, меѓутоа
факултативната настава не станува
задолжителна. Целта на таквата настава е да
овозможи подобра хоризонтална и вертикална
подвижност на учениците во училишниот систем.
 Практичната настава се организира во средните
стручни училишта. Таа обезбедува практични
знаења од определена струка, кои се добиваат во
конкретни производствени организации или во
институции каде што се врши дејноста за која се
оспособуваат учениците во поединечните
училишта.
 Слободните активности на учениците се такви
активности за кои учениците се определуваат
според сопствен избор. Тие по својата суштина се
активности на слободното време на учениците.
 Јавната и културна дејност на учениците
најдиректно е во функица на поврзување на
училиштето со локалната средина и
педагогизирањетона средината од страна на
училиштето.
 Општественокорисната работа на учениците е
дејност која е насочена кон исполнување на
работни активности од страна на учениците кои
немаат производствено значење .
Во училиштата се извршуваат и бројни други
активности како: работа на детски и младинските
организации, професионална практика на
учениците, заштита и унапредување на здравјето
на учениците, специјална воспитно-образовна
работа на учениците, професионално
информирање и ориентирање, соработка со
средината, соработка со семејствата на
учениците, образование на возрасните и сл.

Бојана Јанева III3

You might also like