You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
ОДДЕЛ: ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА
Штип

ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ КАВАЛ И ШУПЕЛКА


Семинарски труд по предметот ЕТНООРГАНОЛОГИЈА 1

Ментор: Кандидат:
проф. д-р Родна Величковска Антонио Стојчески
бр. на индекс 12730

Штип, Април, 2021 г.


СОДРЖИНА

Вовед............................................................................................................................3

1. Аерофонични инструменти....................................................................................4

2. Традиционален инструмент – шупелка................................................................4

3. Традиционален инструмент – кавал.....................................................................6

3.1. Држење на кавалот..........................................................................................7

3.2. Чување на кавалот...........................................................................................7

3.3. Штимови............................................................................................................7

3.4. Орнаментирање...............................................................................................8

ЗАКЛУЧОК...................................................................................................................9

БИБЛИОГРАФИЈА....................................................................................................10

ПРИЛОГ ФОТОГРАФИИ...........................................................................................11

2
Вовед
Во мојот семинарски труд ќе пишувам за традиционалните инструменти
кавал и шупелка. На почетокот накусо ќе објаснам за аерофоничните
инструменти бидејќи тие два инструмента влегуваат во таа група, па потоа
користејќи повеќе литератури од стручни лица ќе се обидам да го раскажам
нивниот начин на изработка, нивните димензии и штимови.
За кавалот и шупелката малку се знае а сеуште се применуваат и во
денешниот 21 век. Најмногу по фолклорните ансамбли каде што најчесто
кавалот е неизбежен инструмент од целиот традиционален оркестар на самиот
ансамбл. Еден од изработувачите односно мајсторите кои сеуште го
изработуваат овој инструмент е Стојанче Костовски, инаку и вработен во НУ
„Танец“ како инструменталист на кавал и гајда, кој и ден денес ги изработува
традиционалните инструменти во онаков формат како што биле некогаш,
нормално со пософтицирани алати за работа. Кавалите не само во
фолклорните ансамбли, се среќаваат дури и како инструменти во склоп на
некои вокално- инструментални состави па и групи за свадби.
Шупелката, е инструмент кој се повеќе и повеќе не се користи. Во
минатото бил овчарски инструмент, па преминал во инструмент на кој свиреле
и за време на поголемите празници и веселби. Во денешницава, се користи
исто како и кавалот само во некои фолклорни ансамбли а поретко и во мали
аматерски состави.
Ја одбрав темата, бидејќи и јас самиот веќе седма година како изучувам
предмет традиционални инструменти, претходно во класата на проф. м-р
Тимко Чичаковски, подоцна во класата на проф. д-р Горанчо Ангелов. Во оваа
прилика сакам да го спомнам и мојот дедо Никола Цветковски, односно човекот
кој зад себе има отсвирено и оставено многу традиционални ора и песни. Жал
ми е што не го запознав лично, но јас ќе останам негов наследник кој ќе
продолжи да ја негува Македонската традиција и култура.

3
1. Аерофонични инструменти
Аерофони музички инструменти (аеро – воздух, фон – звук, грч.)
Претставуваат посебна група на инструменти кај кои со треперењето на
воздухот во воздушниот простор или воздушниот столб во цевките
(отворени или затворени) настанува звукот. Тие се поделеи во две групи од
кои во првата спаѓаат едноставни аерофони инструменти додека на втората
група припаѓаат дувачките инструменти. Кавалот и шупелката припаѓаат
втората група.

2. Традиционален инструмент – шупелка


Овој дувачки инструмент претставува цилиндрична цевка,
отворена на двата краја. Горниот отвор служи за дување (устиње или рез),
стеснет со остри рабови, за цепање на воздухот. Називот е земен од зборот
шуплив, под кое име е позната во цела Македонија.1

Се изработува од ореово, јасеново, шимширово и белокленово дрво.


Валчесто, грубо обработено дрво со тесла, се става на дребанк, за да се добие
валчесто тело со дијаметар од 25 до 30 мм. Потоа се става на маткап
(примитивна направа со која се дупчат каналите), со кој се дупчи канал со три
различни пресеци со сврдли. Првиот канал се пробива на горниот дел на
инструментот (23—25 мм.).2

Шупелката при свирењето се држи со двете раце, наклонета на левата


страна, за околу 45⁰ спрема вертикалата. Тритe прсти на левата рака
(кажипрстот, средниот и до него) ги покриваат долните три мелодиски отвори.
Со ист распоред на прстите на десната рака се покриваат горните три
мелодиски отвори. Должината на шупелката варира меѓу 24 и 35 цм. Тонот се
произведува со дување на отворот со заоблените и истанчени рабови (устиње),
3
така што устата да го покрие отворот за околу три четвртини.

Воздушната струја се цепи на два дела, од која поголем дел навлегува


во шуплината, со кое настанува треперење на воздухот во цевката. Од силата
на воздушната струја, зависи и височината на тонот (предувавање). Шупелката
1
2
31, 2,
Линин Александар, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986 г. (Стр.
66)

4
се изработува во повеќе штимови („В“, „С“, „CIS“, „D“ и „ES“). Нотирањето е во
виолинскиот клуч. Обемот на тоновите е две октави:

Тембарот и е во нискиот регистар топол и пријатен, а во високиот, остар


и пискав. Тоновите на шупелката на првата октава, со шест мелодиски отвори:

На шупелката можат да се реализираат сите хроматски тонови, освен на


првото стапало во ниската октава, додека во високата можен е хроматскиот
половина степен и на првото стапало.
Репертоарот на шупелката се состои во импровизација на народни
мелодии. Таа е, во прв ред, овчарски солистички инструмент. Во недостиг на
други инструменти, се користи и како орски инструмент.

Арапите употребуваат инструмент со иста конструкција, како и нашата


шупелка, под назив „qаsbа“, што значи трска. Спомнатата казба ја има истата
конструкција, ист број мелодиски дупки, и кај неа петтата е мелодиска дупка и е
пробиена во средината на инструментот. А тоа значи, дека наполно се
поклопува со особините што ги има и нашата шупелка.

Досега не се познати никакви пишани документи или ликовни претстави


на шупелката, ниту пак се среќава под такво име во народните песни. Имајки го
предвид фактот дека шупелката била позната во Македонија од подалечно
минато. 4

Распространета е масовно во сите области на Македонија, а оообено во


области, во кои преовладува овчарството.

На предната страна на инструментот, со сврдел или вжештено железно


стапче, се пробиваат шест мелодиски отвори (вражалки), во форма на круг или
издолжена елипса, распоредени на еднакви растојанија еден од друг. Ретко се
4
Линин Александар, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986 г. (стр. 67)

5
среќаваат шупелки со седум мелодиски отвори. Доколку се сретне таква,
седниот мелодиски отвор се пробива на задната страна, на височина на која се
наoѓa најгорниот, шестиот мелодиски отвор, или над шестиот, на исто
растојание на кое се поставени другите мелодиски отвори.

Петтиот мелодиски отвор броен од долната кон roрната страна, т.е. кон
отворот за дување, се пробива секогаш во средина на инструментот, а другите
пет се распоредени на оддалеченост 12 – от дел од должината на
инструментот.

За да се избегне пукањето на дрвото, на долниот и на горниот крај на


инструментот се поставуваат прстени од рожна материја или инструментот се
обмотува со жица.

Украсени се во повеќе случаи со концентрични кругови кои проаѓаат по


средината на мелодиските отвори, и кои се, за разлика од другите, пошироки и
позарежани. Концентричните кругови се црно обоени. Црнообоеноста на
концентричните кругови се постигнува на два начина: а ако изработката ја врши
професионален мајстор, тој црнообоеноста ја добива при вртење на стругот,
при што посилно притиска на длетото, поради шо настанува силно триење меѓу
дрвото и длетото, па сечилото на длетото се вжарува, образувајки
црнообоеност на каналите; б. ако круговите се изработуваат на село, од
непрофесионалци, пробивањето се врши со вжештена железна прачка.

3. Традиционален инструмент – кавал


Под називот кавал (кáфал), или поточно пар кавали, се подразбираат
дувачки инструменти од типот надолжни флејти, отворени на двата краја.
Станува збор за подолга шупелка со осум мелодиски отвори и четири душника.
Како и кај шупелката, горниот отвор на кој се дува е стеснет со остри рабови и
тенки sидови од 1 до 2 мм.
Кавалот се изработува од јасеново дрво, богато орнаментиран по целата
должина и тоа во три должини: 60, 70 и 80 цм. На секој кавал се пробиваат
осум мелодиски отвори, распоредени седум на предната и еден на задната
страна за палецот. Покрај споменатите мелодиски отвори се пробиваат уште
четири отвори на долната страна наречени душници или уште и гласници.

6
3.1. Држење на кавалот
Кавалот при свирењето се држи со двете раце, наклонет на левата
страна за околу 45о спрема вертикалата. Со левата рака се покриваат првата,
втората, третата и четвртата мелодиска дупка, а палецот се користи како
потпирач. Со десната рака се покриваат петтата, шестата и седмата мелодиска
дупка, а со палецот осмата. Исто како и кај шупалката, и кај кавалот се дува на
горниот заострен отвор, така што устата опфаќа половина дел од отворот за
дување.
3.2. Чување на кавалот
За да се заштити кавалот од свиткување, се навлекува на дрвена
виличка наречена арбија. На крајот на краците на арбијата, се дупчат отвори во
кои се провлекуваат крпчиња натопени со зејтин (сл. )5
Арбијата има двојна улога односно да го заштити кавалот од свиткување
односно искривување и да ги одржува sидовите влажни.
3.3. Штимови
Штимот на кавалот се одредува спрема должината на истиот, ако
кавалот е покус тогаш има повисок звук и обратно, доколку кавалот е прилично
долг, тој кавал е со понизок звук односно понизок штим. Па така постојат
следниве штимови: C, Cis, D, H и поретко B кавали.
Овој инструмент е со широк дијапазон на тонови што може да ги
произведе, изобилува со мелизматика, а со неговиот опсег од две октави плус
квинта, спага во најагилните народни македонски инструменти. 6 Се користи
техниката на предувување за да се произведат сите тонови, а со самото тоа
што може да отсвират и хроматски цели и полустепени, припаѓа на видот
хроматски инструменти. Кавалот во минатото бил исклучиво овчарски
инструмент. Големиот број на тонови што можат да се отсвират на овој
инструмент, овозможува инструменталецот да ги покаже своите мајстории,
брзината и големиот број на орнаменти. Се среќава и свирење во пар - кавали
од ист штим, од кои едниот ја води мелодијата, а другиот го свири придружниот
бордунски глас. На истиот практикува и свирење во вокално инструменталната
традиција, каде во придружба на пар-кавали се пеат песни со различна

5
Види во прилог фотографии
6
Линин Александар, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986 г. (стр. 71)

7
содржина во рубато техника. Овој инструмент најмногу бил распространет во
западните делови на Македонија.7
3.4. Орнаментирање
Во минатото, се верувало дека орнаментите се поврзани со одредени
верувања или натприродни сили. Овие орнаменти допринесуваат да се
зголеми естетската страна на кавалот а преку нив, градителите на инструменти
создаваат индививуален израз со кој се идентификуваат во светот на
музичките инструменти. Украсувањето бара големо внимание бидејќи овие
украси се изработуваат преку резбарење, со помош на остри алатки.
Посветеното време на орнаментирање на кавалот допринесува овој
инструмент да биде баран и ценет од страна на инструменталистите кои се
потенцијални купувачи.8

7
Чичаковски Тимко, Македонски традиционални музички инструменти, Скопје, 2011 г. (стр. 9)
8
Ангелов Горанчо, Изработка и тонски карактеристики на кавалот во Р. Македонија, Штип, 2017
г. (стр. 8)

8
ЗАКЛУЧОК
Во овој семинарски труд ги согледавме разликите на традиционалните
инструменти кавал и шупелка, објаснивме од какво дрво се направени, кој е
начинот на изработка и делумно целата постапка по која се оди да се добие
саканиот резултат.

Се запознавме и по длабоко нурнавме во минатото на овие два


инструмента, кои се, од каде го добиле нивното име, кој бил првиот што го
свирел кавалот, кој шупелката. Покрај изработката и материјалот од кој биле
истите изработени, се запознавме и со димензиите, штимовите и заштитните
„арбии“.

За овој семинарски труд користев и видео запис кој ќе биде приложен


заедно со power point презентацијата.

9
БИБЛИОГРАФИЈА
1. Ангелов Горанчо, Изработка и тонски карактеристики на кавалот во Р.
Македонија, Штип, 2017
2. Линин Александар, Народните музички инструменти во Македонија,
Скопје, 1986 г.
3. Чичаковски Тимко, Македонски традиционални музички инструменти,
Скопје, 2011 г.

10
ПРИЛОГ ФОТОГРАФИИ

Сл. 1 (Шупелка)

Сл. 2 (Повеќе големини на кавали)

11
Сл.3 (Стара фотографија од Лазарополе)

Сл. 4 (Стара фотографија на која е фотографиран инструменталист на


шупелка)

12
Сл. 5 (Орнаменти на кавал)

13

You might also like