You are on page 1of 3

. Како е организиран внатрешниот, а како надворешниот транспорт?

Внатрешниот транспорт во Македонија е сопствен на самата компанија со


голем број натоварни возила со различна носивост додека за надворешниот
транспорт мал дел е со сопствени возила а поголемиот дел е оutsourcing.
Дали производите на Витаминска се дистрибуирани преку:
a) Големопродажбата
b) Малопродажбата
Трговците на големо се вклучуваат во трговија на големо, продавајќи добра и
услуги на оние кои купуваат за препродажба и деловна употреба. АД
Витаминка – Прилеп ги користи трговците на големо бидејќи тие честопати
подобро извршуваат една или повеќе функции на каналот. Трговците на големо
помагаат да се воспостави контакт со многу мали клиенти со ниски трошоци.
Трговците на големо имаат голем број контакти и честопати има доверба
повеќе од купувачот отколку од Витаминка како подалечна странка. Трговците
на големо можат да изберат предмети и да формираат асортимани кои им се
потребни на нивните клиенти со што ја намалуваат работата на
потрошувачите. Тие им овозможуваат заштеди на клиентите со тоа што
купуваат огромни количини и вршат разбивање во мали количини. Исто така
трговците на големо чуваат залихи од производите на Витаминка и со тоа ги
намалуваат трошоците за инвентар и ризиците за доставувачите и клиентите.
Тие можат да обезбедат побрза испорака до купувачите, бидејќи тие се
поблизу од производителот - Витаминка.
Дали Витаминка користи сопствени продавници за продажба на
производите?
a) Да
b) Не
Од одговорот на ова прашање може да се увиди дека АД Витаминка - Прилеп
не користи диретен канал на продажба до последниот купувач, односно
користи најралични типови на посредници во согласност со стратегијата за
настап на определен странски пазар.
Колку е обемот на продажбата во:
a) Земјата - 55% од вкупната реализација
b) Странство - 45% од вкупната реализација
Заокружете кој тип на дистрибуција го користите:
Зависно од земјата користиме тип на дистрибуција кој одговара за дадените
услови
a) ексклузивна,
b) селективна или
c) екстензивна
Од одговорот на седмото прашање можеме за заклучиме дека Витаминка во
зависност од потребите и барањата на странските пазари користи комбинација
дистрибутивни стратегии, односно во некои земја користи ексклузивна, некаде
селективна а некаде екстензивна стратегија. Политиката на избор на канали на
набавка, се сведува по правило на донесување на одлука за тоа дали да се
набави стока директно од производителите, или преку трговските претпријатија
на големо. Во определени случаи изборот на канали за набавка во трговските
претпријатија детерминиран е од политиката на каналите на продажба на
производителите. Витаминка водеќи ваква политика - селективна или
ексклузивна политика на избор на канали за продажба ја заобиколува
трговијата на големо, или да ја користи како канал за продажба.
Кој го контролира каналот на дистрибуција?
Витаминка го контролира каналот на дистрибуција Одлуките за маркетинг-
каналот директно влијаат врз сите други маркетингодлуки. Секој систем на
канал создава различно ниво на приходи и трошоци и допира до различен
сегмент на целни клиенти. Повеќето производители се обидуваат да создадат
канал на дистрибуција - група независни организации вклучени во процесот да
се направи производот или услугата достапен за користење или потрошувачка
од страна на потрошувачот или деловниот корисник. Преку нивните контакти,
искуство, специјализација и обем на операции, трговските посредници обично ñ
нудат на фирмата повеќе отколку што може самата да постигне. Маркетинг-
каналите извршуваат голем број клучни функции: собирање и распределба на
информации, комуникации и промоција, контакт, спојување на понудите со
потребите на купувачите, преговори физичка дистрибуција, финансирање и
преземање ризик. Каналот е најефективен кога секој член добива задачи што
може најдобро да ги извршува, а сите членови работат заеднички непречено.
Дали помеѓу членовите на дистрибутивниот имате поставено формални
врски?
Да
Дали членовите на дистрибутивниот канал имаат заедничка рекламна
кампања?
Да
Дали се користат е-commerce методи во дистрибуцијата?
Не
Наведете ја структурата на каналите на дистрибуција на готовиот
производ во земјата.
Најчесто тоа се каналите за интензивна дистрибуција каде се користат што е
можно поголем број посредници.
13. Навадете ја структурата на каналите на дистрибуција на готовиот производ
востранство.
Комбинирана, зависно од земја до земја. Во некои земји имаме екслузивни
застапници, во некои земји сопствена дистрибуција итн. Што значи, се користат
индиректни канали и канали за ексклузивна дистрибуција.
14. Навадете ја структурата на каналите на дистрибуција за снабдување на
компанијата со потребните суровини за производство.
Во овој случај се користат директни канали Витаминка директно си ги увезува
потребните суровини за производство и тоа селектираќи ги најдобрите можни
добавувачи со цени и квалитет кои одговараат на стандардите на Витаминка.
Витаминка покрај странски увозни суривини користи и домашни суровини со
што ја поттикнува и домашната индустрија.
15. Со кој од следните зборови ја опишувате стратегија на диструбуција на
Витаминка:
a) Брза
b) Ефикасна
c) Ефтина
d) Директна
Од последното прашање од интервјуто може да се ивиди дека стратегијата на
Витаминка е ефикасна и директна, односно компанијата не се одлучила за
најефтината и најбрза варијата одејќи кон поголема сигурност и поквалитетно
стабдување на потрошувачите со своите производи.

You might also like