You are on page 1of 9

МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

Средновековна литература (видови)

Библијата и црквата извршиле многу силно влијание врз човекот. Со векови


човекот бил притиснат да го живее животот на земјата под силни црковни
норми, да работи и страда, а како награда за земните откажувања да го добие
вечниот – задгробен живот. Ова силно влијание на црквата, секако имало
одраз врз уметничките создавања. Ова е десетвековното апстинирање од
уметнички израз, средниот црн век, времето на инквизицијата. Секое и
најмало пројавување на уметност, наука или било каков напредок било
казнувано со смрт – палење на клада.

Во Европа средниот век го опфаќа периодот од V до XV век, а кај нас (во


Македонија) тоа е од IX до XVIII век. Литературата што се создавала во овој
период е тесно поврзана со христијанството.

Единствена светла точка во оваа црнина за нас е создавањето на словенската


писменост.

Во средновековна литература најзастапена била пригодната црковна


литература:

            1. Молитва – пофална песна во која се слави христијанскиот Бог,


вербата и љубовта во него, неговата безгранична моќ, добрина,
справедливост, чудотворност итн. Најпозната молитва е „Оче наш“.
            2. Пофално слово – литературна творба со црковен карактер во која
се фалат делата на некој светец или проповедник. Кај нас најпознато е
„Пофално слово за св.Кирил“ од Климент Охридски.
            3. Хагиографија (житие) – биографија на светец, црковен
великодостојник и аскет.
 

Освен ваквата, строго црковна литература – канонска (литература што


правилно ги учела луѓето на христијанската религија), имало обиди за
создавање и уметничка литература:
            1. Апокрифи – приказни, леденди и виденија во кои објаснувањата на
Светото писмо се многу слободни и пореалистични. Овие текстови црквата
ги прогласила за лажни, неточни и штетни, па затоа ги уништувала и палела.
           
2. Средновековни раскази – не се оригинални дела туку преводи од грчки и
латински. Оригиналните дела често биле во стихови, а преводот бил
слободен и во проза. Најпопуларни раскази биле: „Премудриот Акир“
(„Езоповиот живот“), „Теофана крчмарката“, „Маките на блажениот Гроздиј“
и др.
            3. Средновековни романи – се поголеми преводи. Најпознати се:
„Александар Велики“ (историско-легендарен роман), „Тројанска повест“
(превод на „Илијада“), „Тристан и Изолда“ (љубовно-фантастичен роман)
итн.
            4. Јуначки епови – народни творби: „Песни за Сид“ (Шпанија),
„Песни за Роланд“ (Франција), „Песни за Нибелунзите“ (Германија), „Слово
за походот Игорев“ (Русија), „Песните за Крале Марко“ (кај нас).
 

СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ

„ Панонски легенди “

„Панонски легенди“ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската)


средновековна литература.

Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј.

Во житијата е опишан животот на двајцата создавачи на словенската


писменост.

Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се


издвојуваат две:

1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент


Охридски;

2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.

Тема во житијата е животот и делото на браќата Кирил и Методиј.


Идејата на „Панонските легенди“  е да се докаже и одбрани правото на
Словените на свој јазик да создадат своја писменост и култура.
Композиционо житијата се составени од: воведен дел, изложување и
заклучок.

Иако се работи за средновековна литература, стилот во житијата е разбирлив,


едноставен, со многу епитети, компарации, реторски прашања итн.
Во Житијата на Кирил и Методиј е опишано нивното детство, образование,
мисиите на кои биле испратени, создавањето на првата словенска азбука,
признавањето на словенската писменост од папата во Рим.

Константин со помош на Методија ја создава првата словенска азбука


— глаголицата и ги преведува книгите за богослужба на словенски јазик за
во 863 година да оди во Моравија.

Климент Охридски 

Податоци за животот на Климент Охридски добиваме од „Пространо


Климентово житие“ од Теофилакт (XI век) и „Кратко Климентово житие“  од
Димитрија Хоматијан, напишано на грчки јазик.

За раѓањето; дата, место, родители – податоци нема. Годината на раѓање се


определува од 830 до 835. Исто така, нема податоци за неговото школување,
но се разбира дека имал добро образование, зашто бил пратен на Моравската
мисија, заедно со Кирил и Методиј.
Се претпоставува дека со Наум биле родени браќа.

Овие податоци ги нема во житијата, па затоа се претпоставки.

По смртта на Методиј, Климент заедно со Горазд застанува на чело на


протераните ученици. Светополк (внук од брат на Ростислав) ги прогонува од
Моравија, но во Бугарија, на кнезот Борис, му биле потребни луѓе кои ќе го
шират христијанството на словенски јазик, па затоа тој љубезно ги
пречекува. Климент, заедно со Наум, Ангелариј и Сава одат преку Белград во
Плиска (тогашна престолнина на Бугарија).
Меѓутоа, по извесно време, состојбата во Бугарија се менува, па Климент е
испратен во областа Кутмичевица.

Најверојатно причината за испраќањето на Климент била таа што тој не сакал


да ја прифати новата азбука — кирилицата, која веќе се ширела во Бугарија,
туку доследно ја употребувал глаголицата.

Дејноста на Климент Охридски

Во Кутмичевица, Климент ја организира Охридската книжевна школа во која


работи 7 години (886-893) како учител и надзорник на црковните работи.
Оваа школа броела 3500 ученика, од кои по 120 ученика годишно Климент
оспособувал за учители и свештеници. Во 893 година тој е испратен во
Величката епископија (Дебар, Кичево) каде е поставен за прв словенски
епископ. На негово место во Охрид од Преслав доаѓа Наум.

Климент Охридски не можел да ја создаде кирилицата — тој бил следбеник


на Кирил и Методиј и го почитувал нивното дело, па затоа и доследно ја
чувал и употребувал глаголицата.

Тој, не само што бил учен човек, туку сестрано им помагал на сиромашните и
на селаните во земјоделието (калемел овошки), носел од грчката област нови
видови овошки, градел цркви и манастири итн.

 Климент напишал околу 50 дела од кои само на 15 се потпишал. Сите дела


ги оставил во манастирот Св. Пантелејмон (на Плаошник) што го изградил
тој, во Охрид. Освен што пишувал поучни и пофални слова со стил близок на
народните маси, се занимавал и со преведувачка дејност.

Умрел на 26 јуни 916 година и е погребан во својот манастир, во гробот што


самиот си го подготвил.
Неговите мошти сѐ уште се наоѓаат во манастирот Св. Пантелејмон на
Плаошник.
Похвално слово
  („ Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф “)

            Овој текст од Климент Охридски е една од најпоетичните творби од


старословенската литература.

            Словото претставува химна во која се искажува топлата љубов и


благодарност кон учителот (тема).

            Идејата е пофалба на Кирил и повикот да се слави неговото име и


дело.
          

  Композициски текстот е составен од четири дела:

            1. Обраќање кон народот за големината и славната победа на Кирил.


            Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот
преблажен татко Кирил, нов апостол и учител на сите земји, којшто огреа на
земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното
божество, осветлувајќи го сиот свет…

            2. Откажувањата на Кирил од животните радости.


            … овој преблажен отец и учител наш ја остави сета убавина на овој
живот, домот и богатството, татка си и мајка си, браќата и сестрите…

            3. Подвизите и заслугите на Кирил во борбата против тријазичниците.


            …И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки
укажувај- ќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон
спасение…

            4. Пофалба за Кирил, каде во вид на химна го слави Кириловото дело.


            …Затоа, да биде блажена твојата уста…

            …Блажен го нарекуваме твојот многугласен јазик…

            …Блажено да е твоето пресветло лице…

            …Блажени да се твоите златозрачни очи…

            …Блажени да се твоите ангеловидни зеници…


            …Блажени да се твоите пречесни раце…твоите богодвижни прсти…

            …Блажена да е твојата златозрачна утроба…

            …Блажени да се твоите свети нозе…твоите златозрачни стапки…

            …Блажена да е твојата пресвета душа…

            И со ангелите беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети


толкувач на славата божја.

            Стилот во словото е возвишен, но сосема разбирлив. Климент


употребувал многу стилски фигури создавајќи така еден многу поетичен
текст.

            Многубројните епитети се често двојни (како кај Хомер):


многугласен, златозрачни, ангеловидни, богодвижни, светлозрачен итн.
Честа е употребата на компарацијата при споредбите на Кирил со
возвишените нешта – хиперболична компарација (како ангел, како орел ги
прелета, како сонце итн). За засилување на Кириловите постигања
употребува реторски прашања (…која уста ќе ја искаже сладоста на неговото
учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи…), контрасти,
метафори (тревлив јазик), симболи (волци – за непријателите на словенската
писменост), анафора (повторување на почетните зборови: блажени) итн.

Црноризец Храбар „О писменех“ (За буквите)

Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна


литература. Псевдонимот значи – калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним
заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната
желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“
(„За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги
виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна
школа.

Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие


Наум Охридски. За жал, други податоци за него нема.
„О писменех“  („За буквите“)

Текстот е напишан во X век, а зачуван е еден препис од XIII век, пронајден


на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на
едноставен и конкретен начин.

Темата е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата — да се


докаже оправданоста на постоењето на таа писменост, нејзиното огромно
значење, како и одбрана од нападите од тријазичниците (оние што ги сметале
за свети само трите јазика: грчки, латински и еврејски).

Текстот се состои од три дела:

1. историско — јазичен дел, со воспитен карактер;


2. полемички — во вид на прашања и одговори;
3. заклучок — во кој ја искажува својата љубов и гордост.

Прв дел

Во првиот дел се изложени трите фази од развојот на писменоста на


Словените.

Првата фаза е кога Словените биле многубошци и кога тие немале своја
азбука туку се служеле со црти и рески (некој вид пиктографско писмо).

Втората фаза е кога Словените почнале да се покрстуваат, да го примаат


христијанството, но немале своја азбука, туку се служеле со туѓи писма:
грчко и латинско (римско).

Третата фаза е создавањето на словенската писменост од страна на Кирил и


Методиј. Појавата на Кирил е претставена како божјо чудо. Тој ја создал
глаголицата со 38 букви, од кои 24 биле создадени по образец на грчкото
писмо, а 14 ги измислил сам, според гласовниот систем на словенскиот јазик.
Втор дел

Во вториот дел Црноризец полемизира со непријателите по класичниот


систем: теза, антитеза, синтеза. Тезата е прашање, антитезата — одговор, а
синтезата — заклучок. Тој се запира на три прашања:
 

1. Зошто бројот на буквите во словенската азбука е 38, а не 24 како во


грчката?

Одговара историски и аргументирано, па дури и со голема доза на подбив


дека Грците не знаат со колку точно букви пишуваат. Бидејќи тиа навистина
имаат 24 букви, но при пишувањето употребуваат уште 11 дифтонзи
(двогласки) и три знака за броевите 6, 90 и 900, па така и кај нив се збираат
38 знака.
 

2. Зошто се потребни словенските книги и словенската азбука?

На ова прашање Црноризец одговара користејќи библиска и културно-


историска фактологија. Со изнесувањето на податоците за постоењето на
писменоста пред Евреите, Грците и Римјаните — Еѓипќаните, Персијанците,
Асирците, тој ја разобличува лагата дека писменост постои само на трите од
Бога дадени јазици. И во овој дел има остар јазик, нарекувајќи ги
непријателите — безумни. А, тој секако докажал дека е многу умен и
образован.
 

3. Кој Ви ги создал буквите? — прашање упатено кон непријателите.

Во овој дел Црноризец Храбар отворено ги омаловажува Грците. Им укажува


дека тие пред да ја создадат азбуката се користеле со феникиското писмо,
дека многу мажи и долго време ја создавале грчката азбука, а потоа по долго
време, за многу години 70 мажи го преведувале Светото писмо од еврејски
јазик. Многу од грчките писатели не ги ни знаат имињата на создавачите на
азбуката, ниту на преведувачите.

Спротивно на Грците, кај даровитите Словени тоа го направиле двајца мажи


— Кирил ја создал азбуката, а заедно со брат му Методиј ги превеле книгите.
Со овие укажувања Храбар јасно ја изразил мислата дека Словените се во
состојба не само да им се приближат, туку и да ги надминат народите со
побогата култура од нив.

Трет дел

Во третиот дел е истакната  љубовта на словенските писатели кон творците


на словенската писменост, нагласувајќи дека не постои некој што не го знае
нивното име и дека тие се подготвени да го чуваат, заштитуваат и продолжат
нивното дело, како што тоа го прави и авторот на овој текст.
 

You might also like