You are on page 1of 2

Процес на дизајн

• Процес на дизајн (Design Funnel)


1. Дефинирање (вредности и цели)
2. Откривање (расположенија и метафори преку асоцијација)
3. Генерирање идеи и дефинирање концепт
4. Креирање визуелен јазик
5. „Дизајнирање“ на делото Помеѓу секој чекор постојано го има истиот меѓу-чекор, а тоа е:
Потврди дека си на вистинскиот пат!
• Главна причина за креирање на лош дизајн – Директен скок на чекорите 4 и 5, каде се сите
„забавни“ алатки и неодвојување време добро да се разработи идејата и концептот.

1 - Дефинирање (вредности и цели)

• Најчест проблем е да се дефинира проблемот


• Барања од типот „модерен“, „динамичен“, „професионален“ дизајн.
• Дизајнерот треба да ги собере сите потребни информации.
• Прашања и прашања и повторно прашања
• Не отпуштајте го клиентот кога нуди решенија :), туку забележувајте ги неговите размислувања
Кога ќе ги добиеме одговорите на сите прашања одиме дома. Ги разгледуваме забелешките и не
правиме ништо ден или два. Ги оставаме работите да созреат.
• Верификација на вредностите и целите со клиентот

2 – Откривање преку асоцијација

• Креирање листа од клучните зборови и генерирање што е можно повеќе асоцијации: 1.


Метафори „Силни“ = Пирати? Мирис на тело? Суперхерој? „Пријателски“ = Флертувачки?
Фамилија? Шанкер? Насмевка? 2. Визуелни елементи „Силни“ = црно, морнарско сино, рапаво?
„Пријателски“ = обли рабови, кружно, портокалово.
• Верификација на асоцијациите наспрем вредностите и целите на клиентот

3 – Генерирање идеи и дефинирање концепт

Техники за генерирање идеи – Книги со примери од графички дизајн и великани во дизајнот –


Разгледување дизајни од друга индустрија – Дизајни во архитектурата – Дизајни кои ги среќаваме
во природата – Давање на лажни ограничувања
• Генерирање на што е можно повеќе идеи
• Креирање само на концептуални скици со опис Колку повеќе идеи генерираме, толку се
поголеми шансите некоја идеја да е онаа вистинската
• Верификација на идеите со презентирање пред клиентот – Позитивен одговор (одиме на следен
чекор) – Негативен одговор (разгледуваме отфрлени идеи или креираме нови)
4 – Креирање визуелен јазик

Повеќето дизајнери веднаш преоѓаат на овој чекор, но ние имаме многу повеќе, имаме концепт, а
јазикот што ќе го креираме ќе го „раскаже“ нашиот дизајн: 1. Слики: Каков тип на слики се
совпаѓаат со замислениот концепт? Уметнички? Темни? Воздушни? Можеби е подобро да биде
илустрација? Кој стил? Можеби воопшто не треба никаков вид на слика во дизајнот? 2. Боја: Какви
бои одговараат за концептот? Кои се безобразно смели, а кои не? Дали може да се искористат
тие? 3. Типографија: Тука треба да се размислува внимателно и надвор од кутијата. Не мора да се
пишува ракописно само затоа што концептот има „чувство на личен допир“. Изненадете се и себе
и другите. 4. Форма: И повторно размислуваме надвор од кутијата. Чекај, а ова мора да се
нарекува кутија? :) 5. Композиција/поставеност: Почнуваме да размислуваме каде и како ќе ги
позиционираме елементите на страницата.
• Верификација со клиентот.

5 – Дизајнирање на делото

Конечно, забавниот дел :)


• Го имаме јазикот, само треба да ги најдеме вистинските зборови и да искреираме: – Дизајн што
раскажува приказна – Дизајн што отскокнува – Дизајн што е покреативен затоа што е заснован на
идеи наместо на трендови и „cool“ техники
• Процесот започнува од 0 со секој нов проект
• Повеќе пракса = подобри резултати А кога ќе прашаат како дојдовте до овие креативни идеи ќе
одговорите: „Наутро додека се туширав“ :)

You might also like