You are on page 1of 8

Ученици IXa

1. Кристина Велјаноскa

Кикето фудбалот си го сака

и трча без мака,

секогаш на последна клупа седи

и безброј шеги реди.

p.s. Вие улај сте

2. Сергеј Георгиевски

Сергеј планетите ги сака

и да се качува по дрва не му е мака.

Тој е ученик самоуверен,

а другар најверен.

p.s. Забарииииии!!!

3. Гадафи Дехароски

Гадафи на часови си кулира,

а за учењето воопшто не се нервира.

Со неговиот телефон постојано се занимава

и многу ретко на часови внимава.

p.s. Жими се премногу ми е мака!


4. Софија Думевска

Софија модата ја следи

и безброј лајкови реди,

сите момчиња ги шармира,

без да ги информира.

p.s. Еднаш се живеј!

5. Лука Ѓоргиевски

Лука е највисок во нашиот клас

и тој има многу длабок глас.

Секогаш перфектни оценки сака да има

и по цели денови да скија во зима.

p.s. Ај прекини

6. Валентин Илиевски

Тино е најмало момче во класот,

а во фудбалот го бие гласот.

На часовите само се смее,

и сложно со другарите си живее.

p.s. Ќути бе ти

7. Христијан Јовановски

Кико е фудбалерот во нашиот клас,


кој девојките ги привлекува со својот глас.

На часовите често зборува,

а на наставниците внимание не им обрнува.

p.s. Ќе те сууууууулам

8. Симеон Јосифов

Симе секогаш убаво се облекува

и вниманието на девојчињата им го одвлекува.

За фудбал него го бидува,

а во учењето некогаш на пречки наидува.

p.s. Поо досадно, ај до продавница

9. Емилија Ковачовска

Секогаш добра, насмеана и мила,

има коса како свила.

На часовите само се смее

и со оценките успеси жнее.

p.s. И како живото?

10.Маја Мањовска

Маја си тера по своја шема,

за никаков потег нема трема.

Излегувањето многу го сака


и се и оди од рака.

p.s. Ако не сега, кога?

11. Дарко Михајловски

Дарко сака директор во иднина да стане,

а исто така добар фудбалер да остане.

Фудбалската топка само напред ја води,

а секој предмет на училиште му оди.

p.s. То шо велиш

12.Павел Мицев

Павел на гитара сака да свири

и на компјутер да игра игри.

И нему ракометот му оди,

па затоа секој натпревар тој го води.

p.s. Ајде бе...

13.Петар Мицев

Петар од Павел ретко се дели

и никогаш нема пенкало за да сподели.

Ракометот со голема љубов го игра

и повеќето играчи знае да ги надигра.

p.s. Ај можи така е


14. Едис Небиоски

Едис секој час домашна бара

и ретко на наставниците им одговара.

Иден ракометар сака да биде,

има талент, само треба да се обиде.

p.s. Абе аман

15. Ангела Нечовска

Ангела кик-боксот го обожава,

и важни информации веднаш дознава.

Учењето не и е јака страна,

но затоа и во одбојката нема никаква мана.

p.s. Не сте салам жими се

16. Давид Петровски

Давид е мирен на час

и баш никогаш не му се слуша глас.

Ретко кога зборува

и за оценки не војува.

p.s. …

17. Јана Радичоска

Скијањето на Јана и е на прво место,


а задачите по математика не знае да ги реши често.

Животните многу ги сака,

и да си ја пегла косата не и е мака.

p.s. Па прекрасно

18. Андреа Ресановиќ

На Андреа цртањето и оди од рака,

а aнглискиот го зборува без мака.

Таа е ученичка фина,

со насмевка милна.

p.s. Не, немам стило!

19. Елена Стаменковска

Наочарите и се главна шема

и таа е девојче без дилема.

Со пријателството си нема мака,

секогаш тука да подаде рака.

p.s. Простаци

20. Ѓорги Стојковски

Зорзи е ракометарот наш,

на кој историјата не му оди баш,

секој час молив/стило бара,

и повеќето работи за часовите ги договара.


p.s. Немој не зборај, реално да прајме муабет..... Laaal

21. Ангела Тодоровска

Ангела секогаш на прва клупа седи,

и нејзини наградувани цртежи реди.

Често на часовите станува,

и во љубовта на мачињата се засолнува.

p.s. Јас имам прочитано

22. Теодора Трпоска

Теа е ученичка без мана,

на која кошарката и е јака страна.

Петки во дневникот реди,

а часовите ретко внимателно ги следи.

p.s. Онака матуф си?

23. Лина Чашитовска

Лина виткана коса има

и разни пофалби за учењето прима.

Постојано во дневникот петки реди,

мирна на час во клупа си седи.

p.s. Буквално
24. Виктор Шикловски

Виктор како одбрана во фудбал игра

и при навивање за „Барселона“ прегласно вика.

Учењето него не го интересира,

а информациите бавно ги процесира.

p.s. Болеста не бира

Класен раководител: Јованка Вангелова

Благодариме на класната наша,

Која често не вадеше од секоја каша.

Четири години „војни“ со проценти водевме,

Но мачниот математички пат успешно го изодивме.

Со нервози таа ги поминуваше дните,

Благодариме што успеавте да не издржите сите!

p.s. Прекините!

You might also like