You are on page 1of 10

Синџир на исхрана е специфичен редослед по кој организмите добиваат енергија и

материи во еден екосистем.


Енергијата во екосистемот доаѓа во вид на сончева светлина, а го напушта како топлина
ПРОДУЦЕНТ-ХЕРБИВОР-КАРНИВОР-РАЗГРАДУВАЧИ
● Густина на популација – број на единки на единица простор
● Големина на популација (абундантност) – вкупен број на единки во популацијата
Експоненцијален модел на раст

● Раст во неограничена средина (оптимални услови, каде дејството на


ограничувачките фактори не постои или е сведено на минимум)

(ни помага да го разбереме капацитетот на популацијата за зголемување и условите што


може да влијаат врз овој раст)

Каде:
N – големина на популација
t – време
r – специфична стапка на раст = наталитет – морталитет / N
Почва е површинскиот растресит дел на литосферата кој се формира во долагата еволуција
на Земјата како резултат на заемното дејство на физичките, хемиските и биолошките
фактори.
Фактори кои предизвикуваат деградација на почвата:

● Ерозија
● Хидролошки фактори (поплави)
● Климатски фактори (суша)
● Антропогени фактори (несоодветни агротехнички мерки, индустрија..)

Поради се поголемите потреби од прехранбени продукти, се зголемува користењето на


хемиски средства во земјоделското произвдоство, а заедно со тоа се зголемуваат
проблемите во врска со загадувањето на животната средина

Пестициди се производи од хемиско или биолошко потекло кои се наменети за заштита на


растенијата од штетници и болести.

Според намената се поделени на:

● Инсектициди – против инсекти


● Фунгициди – за контрола на габични болести
● Хербициди – за контрола на плевел
● Лимациди – намалување на полжави
● Карициди – за контрола на глисти
● Авициди – против напади од птици
● Родентициди – за контрола на глодари

Вештачките ѓубрива се познати како минерални ѓубрива кои во практиката се користат


како азотни, фосфорни, калиумови и мешани (NPK).

Под влијание на минералните вештачки ѓубрива може да дојде до:

● Закиселување на почвата
● Еутрофикација

Под поимот еутрофикација се подразбира збогатување на водите со хранливи материи што


доведува до интензивен раст на популациите на алги и се создаваат услови кои се
неповолни за голем број други растителни и животински видови.
Класификација на езерата врз база на содржината на хранливи материи и продукција на
органска материја:

Oligo - сиромашни со хранливи материи;


Meso - средно богати со хранливи материи;
Eu - богати со хранливи материи.
Три главни прични за еутрофикација:

● Истекување на вештачки ѓубрива или на измет од животните од фармите во водите.


● Несоодветно складирање на шталскиот отпад од фармите.
● Испуштање во водите на комунален или индустриски отпад што содржи хранливи
материи за растенијата

Спречување на еутрофикацијата

● Преку контролирано ѓубрење на земјоделските површини


● Преработка на отпадните канализациски води
● Преработка на отпадните води од фармите
● Спречување на директно истекување на отпадните индустриски води во водените
екосистеми
● Зголемување на свеста кај луѓето за последиците од загадувањето на водите

Атмосфера – воздушна обвивка околу земјата со дебелина од 750-800 км и форма слична


на земјината (геоидна), сплесната на половите и испапчена на Екваторот
СЛОЕВИ НА АТМОСФЕРАТА
0-12 км Тропосфера
12 -50 км Стратосфера (озонски слој)
50-80 км Мезосфера
80-600 км Термосфера
> 600 км Егзосфера
Загадување на воздухот е промена на квалитетот на воздухот како резултат на човековата
активност со непосредно или посредно внесување на загадувачки супстанции кои можат
да бидат штетни по здравјето на луѓето, штетни по материјалните добра и ги нарушуваат
природните убавини.
Загадувачка супстанција е секоја супстанција што човекот посредно или непосредно ја
внесува во некој од медиумите на животната средина и за која што постои голема
веројатност дека ќе има штетни ефекти врз здравјето на луѓето односно животната
средина во целина
Извори на загадување

● Природни

Вулкански ерупции, шумски пожари, природни честички од суви региони, прашина


од минерали, од почвата, водена пареа и соли од испарувања на водни површини
(мориња и океани)

● Антропогени

Сообраќај, индустрија, производство на енергија, греење на домаќинствата,


земјоделство и др.
ГЛАВНИ ЗАГАДУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА

● ❖Цврсти честички
● ❖Озон
● ❖Азотни оксиди
● ❖Јаглеродни оксиди
● ❖Сулфур диоксид

ОЗОН (O3): “СЕКУНДАРЕН ЗАГАДУВАЧ”

❖Создаден со фотохемиска реакција на VOCs, NO2 + O2

● Најголема концентрација, касно попладне


● Максимум во топол, застоен воздух

You might also like