You are on page 1of 1

Трета писмена работа по македноски јазик

Темата на херојството и љубовта во трагедијата ,,Сид’’ од Пјер Корнеј

Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда. Легенда во


пет чина, која што е дело на францускиот писател Пјер Корнеј. Оваа дело
напочетокот го сметале за трагикомедија, но потоа е оценета како трегедија.

Темата на оваа трагедија се состои во судирот меѓу честа и љубовта.


Главните ликови се Дон Родриго (Сид) и Химена кои се заљубени еден во друг.
Судирот започнува кога меѓу татковците на Родриго и Химена избувнува
караница. Судир кој доведува само двобој, само смртта може да го ослободи
човек од срам. Улогата на таткото во херојски и аристократски свет на Корнеј е
многу важна. Таткото отелотворува еден систем на вредности и идеали и со
нивното прифаќење децата му се потчинуваат на тој систем што никој не може и
не смее да го доведе во прашање. Чувството на жртва лежи под површината на
многу настани од оваа дело , без разлика дали е прикажано преку дело на љубов ,
чест или почит. Родриго се согласува да ја одбрани честа на татка си, што е во
согласност со благородничкото однесување. Но, тоа значи и крај на надежите
дека може да ја оствари среќата со својата љубена девојка. Кога земјата ќе се
најде во опасност преку налетот на Маврите, тоа е нова и особена можност за
Родриго да се истакне уште еднаш и да се потврди како херој. Сега својата
доблест ја покажува на национален план. Една од клучните белези на оваа дело е
тоа што Химена мора да избере помеѓу нејзината романтична љубов кон Родриго
и честа. Љубовта поттикнува таа да се омажи за него, додека според нејзината
чест таа смета дека не треба се омажи со него зависно од нејзината ситуација.
Додека Родриго не може да очекува љубовен одговор од ќерката на човекот што
го убил. И двајцата делуваат на типично чесен начин, одржувајќи го угледот на
нивните татковци и ги напуштат своите лични желби. Честа ја загрозува
љубовната афера,додека љубовта и се заканува на честа. Родриго станува
национален херој-сид. Во однос на драматуршкото дејство, темата на херојството
и темата на љубовта остануваат одделени се до расплетот. Ситуацијата треба да
ја реши двобојот при што триумфираат должноста и љубовта. Да се предаде на
сопствената емоција, не можеше да биде скоро толку ефикасна потпаролка на
љбовта кон другите.

Значајно во ,,Сид’’ е тоа што ликовите му служат на разумот, а не на


чуствата. Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била
љубовта, а Корнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го
додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија.

You might also like