You are on page 1of 12

Вовед

Остварување на основните финансиски функции во претпријатието, како


што се алокацијата на средствата за одделни намени, остварувањето на
оптимална комбинација на изворите за финансирање на одделните активности и
остварувањето на расподелба на финансиските резултати, во согласност со
поставените цели на претпријатието, се базира врз податоците од неговите
финансиски извештаи. Оттаму е големиот интерес на претпријатието
финансиските извештаи да ги приспособи кон своите потреби. За финансиските
извештаи на претпријатието покажуваат интерес и субјекти што се надвор од
неа: инвеститорите, клиентите, добавувачите, кредиторите, па и државата.
Поради тоа, општеството директно, или преку разни професионални
организации влијае врз формата и содржината на овие извештаи.
Финансиските извештаи можат да бидат различни. Клучни финансиски
извештаи на претпријатијата во стопански развиениот свет се: билансот на
состојбата, билансот на успехот, извештајот за акумулирана добивка и
извештајот за готовинските текови.

1
Биланс на состојба

Билансот на состојбата претставува систематичен приказ на состојбата


на средствата и на изворите на определен ден. Тој ден, обично, е последниот ден
од годината, но може да биде: последниот ден од првото полугодие, последниот
ден од одделните квартали или месеци, или кој да било ден од годината.
Во билансот на состојбата се разликуваат два дела: во првиот дел –
активата– се искажуваат средствата на претпријатието систематизирани според
нивната намена и според степенот на ликвидноста а во вториот дел –пасивата–
се прикажуваат изворите на средствата според нивното потекло (обврски или
сопствени) и според рочноста (должината на времето во кое тие би можеле да се
користат – краткорочни, долгорочни или трајни).
Математичката еднаквост на вкупната актива и вкупната пасива
(средствата = капиталот + обврските) се вика билансна рамнотежа, а таа
претставѕва една од квантитативните одлики на билансот. И во обичниот говор
се среќава изразот ,,да се избалансира,, што значи нешто да се врамнотежи.
Билансната рамнотежа е еден вид сметководствена аксиома, бидејќи таа
секојпат постои, а евантуалнотото несобпаѓање на средствата и изворите на
средсвата е знак дека билансот е неточен, бидејќи некаде е направена
сметководствена грешка, поради што таквиот биланс се смета како неисправен.1

2.1. Содржина на билансот на состојбата

Структурата на билансот на состојбата, како и на другите финансиски


извештаи, во одделни земји е стандардизирана, пропишана од страна на
државата или од стручни институции кои се ангажираат во изготвувањето на
сметководствените стандарди. Стандаризацијата на финансиските изкази ја
зголемува можноста за компарација на нивната содржина, што има големо
значење за оценка на финансиската состојба на претпријатијата.
Постојната билансна шема во нашата земја, поради разликите во
сопственичките односи, суштински се разликува од билансните шеми во земјите

1?
Доц.д-р Александар Костадиновски Основи на финансиско сметководство стр. 52

2
во кои доминира приватната сопственост и релативно слободно пазарно
стопанство.
Основната структура на постојната шема на билансот на состојбата во
нашата земја е следната:

Биланс на состојбата
на ден ______ 200_ г.
АКТИВА – СРЕДСТВА
1. Постојани средства
Нематеријални вложувања
Материјални вложувања
Земјиште
Градежни објекти
Опрема
Материјални вложувања во подготовка
Аванси за материјални вложувања
Долгорочни финансиски вложувања
2. Обртни средства
Залихи
Материјални, резервни делови, ситен инвентар
Производство
Производи
Стоки
Краткорочни побарувања од работењето
Аванси, депозити, кауции
Купувачи
Побарувања од заедничко работење
Краткорочни финансиски вложувања
Други краткорочни побарувања
Хартии од вредност и парични средства
3. Активни временски разграничувања
I Вкупно деловни средства (1+2+3)
II Вонделовна актива
III Вкупна актива (I+II)

3
ПАСИВА – ИЗВОРИ
1. Траен капитал
Номиниран капитал
Општествен капитал
Акционерски капитал
Трајни влогови
Капитал на индивидуалниот сопственик
Неноминиран капитал (резерви)
2. Долгорочни обврски
Долгорочни кредити од странство
Долгорочни кредити од странство
3. Краткорочни обврски
Краткорочни обврски од работењето
- Аванси
- Добавувачи
- Инструменти за плаќање
- Краткорочни обврски од заедничко работење
- Обврски за плати
Краткорочни финансиски обврски
Други краткорочни обврски
4. Пасивни временски разграничувања
5. Непосредна добивка во тековната година
I Деловна пасива (1+2+3+4+5)
II Вонделовна пасива
III Вкупна пасива (I+II)

Содржината на одделните ставки од билансот на состојбата е следната:


1. Постојани (основни, фиксни) средства
Вообичаени форми или сегменти на оваа група се:
а. материјални средства
б. нематеријални (недопирливи) средства
в. долгорочни финансиски пласмани

4
Материјални средства. Оваа категорија ја сочинуваат различни
материјални вложувања, средства за производство кои се користат во
работењето на претпријатието. Земјата, зградите, опремата, машините, мебелот,
инсталациите, транспортните средства и алатите се вообичаени претставници на
оваа категорија на средства, а кои се чуваат, пред сé, за употреба во
реализацијата на бизнисот, а не за препродажба.
Нематеријални средства. Овие средства како и материјалните ù носат
економска корист на фирмата еден подолг временски период. Разликата е во
формата на средството. На нематеријалните средства им недостасува физичка
супстанција, па затоа се нарекуваат недопирливи. Копирајт (авторски права),
трговски марки, права на франшиза, патенти, гудвил (goodwill) се чести
имиња кои се среќаваат во оваа форма на средства.
Акумулирана амортизација – исправка на вредноста на постојаните
средства – претставува збир на трошоците на постојаните (фиксните) средства
од времето на нивната набавка до моментот на билансирањето. Постојаните
средства во книговодството се евидентираат по нивната почетна (набавна)
вредност, а нивната сегашна вредност се добива со одземање на акумулираната
амортизација (депрецијација) со што се врши исправка на вредноста на
постојаните средства. Во вкупната вредност на билансот на состојбата
постојаните средства влегуваат со својата сегашна – нето вредност.
Долгорочни финансиски пласмани – претставуваат побарувања на
претпријатието од други, што произлегуваат од дадени долгорочни кредити, од
купени хартии од вредност од други (обврзници, акции, со рок на наплата
подолг од една година), како и вложувања во други фирми.
2. Обртни (тековни) средства. Во нив се вбројуваат паричните средства
и средства кои се очекува да бидат претворени во пари, готовина или продадени
или потрошени во текот на еден нормален оперативен циклус на бизнисот или
за време од една година, ако оперативниот циклус е покус од една година.
3. Сопствен капитал. – Сопствениот капитал може да се јави во разни
видови. Вложениот капитал се појавува во билансот на состојбата во форма на
акции, а заработениот прима форма на задржана добивка, заработка.
Капиталните акции ја покажуваат сумата на капитал вложен од страна на
сопствениците на бизнисот. Задржаната добивка ја претставува сумата на
заработки кои се акумулирани. Во претпријатието на индивидуалниот

5
сопственик, како сопствен се јавува капиталот што тој го вложил при неговото
основање, како и подоцна, во текот на работењето, со реинвестирање на
позитивниот финансиски резултат. Кај акционерските друштва сопствениот
капитал може да се јави во повеќе видови: капитал на сопствениците на
приоритетни акции, капитал на сопствениците на обични акции, капиталова
премија и акумулирана добивка.
Капиталова премија (paid-in-capital) – наплатена разлика при
продажба на акциите по пазарна вредност повисока од номиналната.
Акумулираната добивка е збир на деловите од нето добивката на
располагање на сопствениците на обичните акции, што останува по
одделувањето на делот за дивиденди.

4. Долгорочни обврски – Секој долг кој нема да биде платен или на друг
начин измирен во текот на идната година или идниот оперативен циклус, ако
циклусот е покус, тогаш се класира како долгорочна обврска. Делот од
долгорочните обврски што се однесува на тековната година има третман на
краткорочна обврска. Во долгорочни обврски спаѓаат: долгорочни долгови
спрема банките или спрема други организации, заеми што се базираат на
долгорочни обврзници, покриени со заложување на недвижности (хипотека),
долгорочни кредити за опрема со периодични отплати и некои други видови
обврски.
5. Краткорочни обврски. Долгови што претпријатието мора да ги плати
во времето на неговиот оперативен циклус, обично во времето пократко од една
година. Во нив спаѓаат: краткорочните обврски од работењето (обврски спрема
добавувачите), обврски спрема банките за краткорочни кредити, обврски за
даноци од приходот, обврски за плати на работниците, и обврските од
пресметани, а неплатени трошоци за односниот период, кои се опфаќаат во
ставката на пасивни временски разграничувања.
Нето - вредност на капиталот (net worth). Под нето вредност се
подразбира сопствениот капитал на акционерското друштво, онака како што
беше претходно определена, намалена за вредноста на издадените приоритетни
акции. Тоа е вредноста на капиталот што им припаѓа на сопствениците на
обични акции.

6
2.2. Карактеристики на билансот на состојбата

Билансот на состојбата и тогаш кога е изработен врз основа на широко


прифатената сметководствена практика, има низа недостатоци, што
аналитичарот на финансиската ситуација на претпријатието би требало да ги
има предвид при донесувањето определени заклучоци. Голем број од позициите
во билансот се искажуваат според набавната вредност, која поради дејството на
низа околности може значително да отстапува од пазарната вредност на
средствата. Таков е случајот со искажаните вредности на залихите, на
материјалите, на производството во тек, на готовите производи, и на постојните
средства по одбитокот на акумулираната депрецијација 2. Салдата на некои
сметки се базираат врз проценки, поради што можат да отстапуваат од
реалноста. Освен тоа, во билансот на состојбата не се вклучуваат низа ставки
кои имаат определена вредност, но која тешко може да се определи. Таков е
случајот со човечкиот потенцијал со кој располага претпријатието. Се мисли на
квалитетот на менаџерскиот тим, но и на работната сила во целина.

Биланс на успехот

Билансот на успехот претставува извештај за финансиските резултати


од работењето на претпријатијата што се остварени во определен временски
период, обично една година. Може да се изготвува и за период од шест месеци,
три месеци, еден месец или за некој друг дефиниран период, во зависност од
потребата на фирмата. Билансот на успехот е биланс, поради постоењето на
еднаквост меѓу двете страни, според равенката:

ПРИХОДИ = РАСХОДИ + ДОБИВКА


или
ПРИХОДИ + ЗАГУБА = РАСХОДИ

2
Slu`ben vesnik na Republika Makedonija:Mininster za finansii, m-r Nikola Popovski

7
Во основа билансот на успехот известува за вишокот на приходи над
расходите, а таа разлика е позната како нето-добивка, или: кога има вишок на
расходи над приходите, тогаш разликата се искажува со името нето-загуба за
периодот.
Билансот на успехот не ги изразува во целост готовинските текови во
претпријатието, поради фактот што приходите на претпријатието временски не
се совпаѓаат со наплатите во пари, како и поради тоа што трошоците т.е.
расходите на претпријатието, не мора да се совпаѓаат со времето на исплатите
во пари.
.

3.1. Содржина на билансот на успехот

За финансиските резултати од работењето на претпријатието покажуваат


интерес повеќе субјекти: инвеститорите, менаџерскиот тим, работниците,
кредиторите, државата. Поради општествениот интерес за големината на
финансиските резултати на претпријатието, постапката за нивно утврдување се
регулира со прописи на државата.
Шемите на билансот на успехот во разни земји се различни. Заради
обезбедување споредливост на податоците, се прават напори за стандардизација
и на овој финансиски извештај, при што се настојува со билансот на успехот
одделно да се искажат финансиските резултати од континуираните активности
и оние од дисконтинуираните активности, како и од вонредни активности.

Оперативната добивка, која претставува позитивна разлика меѓу


приходите од продажбата и оперативните расходи (трошоците на продадените
производи и останатите оперативни расходи), има големо значење за
претпријатието, поради тоа што таа е израз на влијанието на вкупниот капитал
користен во работењето, а тоа значи на сопствениот и на туѓиот (позајмениот)
капитал. Со одземањето на расходите на финансирањето од оперативната
добивка, всушност, се исклучува влијанието на туѓиот капитал врз неа, од што
произлегува дека добивката, со таа разлика што нето добивката е само дел од
добивката пред оданочувањето, по одземањето на данокот на добивката што им

8
останува на располагање на сопствениците на капиталот (акционерите). Една од
целите на сопствениците на капиталот е максимирање на нето добивката, со
чија распределба се формираат делот за дивиденда и делот за зголемување на
сопствениот капитал на фирмата (акумулирана добивка).
Доколку приходите од продажбата ја достигнат големината на
варијабилните трошоци, т.е. се изедначат со нив, тогаш ќе останат непокриени
фиксните трошоци на претпријатието. Тоа покажува дека положбата на
претпријатието во поглед на финансискиот резултат ќе биде иста, како и во
случајот кога тоа да не работи. Ако приходите од продажбата ги надминат
варијабилните трошоци, тогаш ќе се оствари една позитивна разлика, наречена
маржа за покривање. Од големината на таа маржа за покривање ќе зависи во
која мера ќе бидат покриени фиксните трошоци и дали по нивното покривање
ќе се оствари позитивна разлика – оперативна добивка.

Споредба помеѓу билансот на состојба и билансот на успех

Со цел да се види целокупноста на средствата и изворите и целокупноста на


приходите и расходите, на крајот на пресметковниот период се со~инуваат
финансиските извештаи. Во прво време финансиските извештаи носиле назив
биланси со оглед на фактот дека се изготвувале само два два финансиски
извештаи – биланс на состојба и биланс на успех.
Билансот на состојба претставува преглед на сите средства и извори на
определен ден, групирани според определени правила.
Билансот на успех претставува преглед на сите приходи и расходи на определен
ден, групирани според определени правила.
Системот на евиденција на принципите на двојно книговодство е така поставен,
што двата биланса произлегуваат од него како резултат на книжењата и
сумирањата што ањ вршат на крајот на пресметковниот период.
Билансот на состојба и билансот на успех се прегледи што се имплицинтни на
системот на евиденција и многу одамна станале составен дел на евиденциониот
систем, така што без исклучок се сочинуваат во секоја организација. Би можело

9
да каже дека значењето на овие два биланса постојано се зголемувало, а
почнувајќи од крајот на минатиот век, билансите добиле своја посебна улога.
Долго време на билансот на состојба му се придавало поголемо значење во
споредба со билансот на успехот. Причина за тоа е тогашниот начин на
оданочување (врз база на поседувачкиот имот), верувањето за тоа дека
големината на средствата е гаранција за дадениот кредит и фактот дека
билансот на успех од почетокот носел конспиративни обележја. Денес меѓутоа,
во праксата, а во се поголема мерка и во литературата, на билансот на успехот
му се придава поголемо значање во споредба со она на билансот на состојба.
Билансот на состојба ја покажува состојбата на сите средства и сите извори на
средствата на определен ден на едно претпријатие.
Билансот на успех покажува финансиски изразен успех или неуспех на крајот на
пресметковниот период. Дефинитивен финансиски резултат од целокупното
работење се утврдува на крајот на каленадрската година и тоа по 31 декември.
Билансот на успех може да има билансна и репортна форма.
Билансот на состојба содржи назив на субјектот, дата за која се однесува и две
страни за одделно прикажување на средствата и изворите на средствата.
Страната на која се искажуваат средствата наречена е актива, а страната на која
се прикажуваат изворите наречена е пасива.
Билансот на успех се дефинира како преглед на приходите и раходите
групирани според определени правила. Левата страна ги содржи различните
расходи, а десната различните приходи3.

Заклучок

3
Доц.д-р Александар Костадиновски Основи на финансиско сметководство

10
Финансиските извештаи имаат една општа цел и еден сет, збир на
меѓусебно поврзани цели кои произлегуваат од општата цел.
Основната цел на финансиските извештаи е да обезбедат економски
информации кои ќе им овозможат на корисниците на тие информации да
донесат добра одлука.
Друга цел е да обезбедат информации кои ќе им помогнат на сегашните и
идните, потенцијалните инвеститори, кредитори и други корисници, во нивната
процена на сумата, времето и степенот на несигурност на примањето пари, во
перспектива, во форма на дивиденди или камати и приходи од продажба, откуп
или втасување за наплата на вредносните хартии или наемите.

Користена литература

11
1. Доц.д-р Александар Костадиновски Основи на финансиско
сметководство
2. Slu`ben vesnik na Republika Makedonija:Mininster za finansii, m-r
Nikola Popovski
3. Д-р Сашо Арсов, Д-р Синиша Спасов, Финансиски менаџмент, второ
издание, Скопје 2004
4. Т. Русевски, Б. Недев, З. Божиновска, Љ. Јаневски, З. Миновски;
Вовед во сметководството, Скопје 2004

12

You might also like