You are on page 1of 2

СТРАТЕГИИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ

Секој претприемач кој почнува нов потфат треба да размислува за стратегија за излегување.
Стратегијата или планот за излез од пазарот наведува на тоа како сопственикот на бизнисот
планира да ги продаде своите инвестиции. Стратегиите за излез им помагаат на сопствениците
на бизнисите доколку сакаат да го продадат или затворат бизнисот. Најчесто користени
стратегии за излез од пазарот се: наследување на бизнисот, продажба на бизнисот и
ликвидација. Секоја од овие стратегии за излегување има свои предности и недостатоци.
Најважното прашање е дека претприемачите треба да имаат избрано стратегија за излегување
или план во фаза на започнување, пред да биде доцна ефективно да ја спроведат посакуваната
опција.

1. Наследување на бизнисот – едно истражување покажува дека само околу 35% од


малите и средните бизниси имаат план за наследување подготвен да биде спроведен.
Овој проблем може да биде сериозен кога има ненадејна потреба да се замени клучен
извршен директор или сопственик на успешна компанија. Доколку никој од семејствоо
не е заинтересиран за бизнисот, важно е претприемачот или да го продаде бизнисот
или да обучи некој во организацијата да го преземе.
- Пренесување на членови од семејство – успешното пренесување на бизнисот на
членови од семејството има слаби изгледи, бидејќи истражувањата велат дека
само 14% успеваат до третата генерација. Причините за неуспех се недоволно
планирање на сопственоста, неуспех да се испланира преминот и недостиг на
финасии да се плати данокот на имот.
- Пренесување на лица што не се членови на семејството – во овој случај
претприемачот има три опции: да ги обучи клучните вработени и да задржи
одреден капитал, да задржи контрола и да најми менаџер или целосно да го
продаде бизнисот. Предавањето на бизнисот на вработен обезбедува дека
наследникот е упатен во бизнисот и пазарот. Искуството на вработениот ги
минимизира проблемите на транзицијата.
2. Продажба на бизнисот – при продажба на бизнисот на претприемачот му се достапни
повеќе опции меѓу кои:
- Директна продажба – претприемачот решава да го продаде бизнисот бидејќи
планира да влезе во нов потфат или едноставно решава дека е време да се
повлече. Еден од важните аспекти при продажбата на бизнисот е видот на плаќање
што ќе го одреди купувачот. Често купувачите сакаат бизнисот да го платат со
меници кои ќе бидат засновани од идните потфати. Меѓутоа доколку купувачот не
успее, продавачот може да не добие уплата во готово и да треба да си ја поврати
компанијата. Затоа многу корисно е да се најми бизнис-брокер кој веќе има
изградена мрежа .
- План за право на акции на вработените ЕСОП – бизнисот се продава на вработените
во текот на одреден временски период. Предности на ЕСОП се тоа што се
зголемува мотивацијата кај вработените и второ обезбедува пренесување на
бизнисот врз основа на внимателно планиран писмен договор.
- Откуп од страна на менаџерите – вклучува продажба на компанијата по однапред
определена цена. За да се утврди цената се прави процена на сите средства и
вредноста на репутацијата. Продажбата може да биде во готово (тоа е невозможно
доколку бизнисот има значителна вредност) или финансирана на многубројни
начини.
3. Ликвидација - Ако нема кој да го купи вашиот бизнис, Вие ќе го затворите. Во ликвидација,
сопствениците ги распродаваат своите средства, ги наплатуваат заостанатите побарувања,
ги плаќаат своите долгови и го затвараат бизнисот.

You might also like