You are on page 1of 3

Големиот јарец и собирот на вештерките

(кон расказот “Вештерки”(117стр.) од збирката раскази “Вонземјанки (раскази од Латинскиот кварт), Влада
Урошевиќ, Или-Или, Скопје 2023)

Најновата книга на Урошевиќ, која го носи насловот “Вонземјанки (раскази од Латинскиот


кварт)”, претставува поврзување на два добор познати простори за овој автор: возможното и
надреалнотот, т.е. фантастичнотот. Во ваквата мрежа Урошевиќ преплетува дванаесет ракскази во
повеќе елементи на фантастика, едно исто место на случување на настаните – Парис, кој според
него, се верува дека е еден од најнереалните градови за ваквите видови раскази, - заедничкиот
наратор во сите раскази, самиот автор на оваа прозна книга, како и женските ликови кои се
менуваат од еден до друг расказ и го оттргнуваат нараторот од реалното. Тие со нивната
пристапност го ставаат нараторот во некаков магично силен круг на надреалното.
Како таков расказ, кој ја обработува темата на удвоена личност е расказот “Вештерки”(117), во
кој се испреплетуваат делови на збунетост, изигрување и магија. Појдовната точка која ни го
укажува расказот, и на кратки цртни ни го претстаува е самиот наслот “Вештерки”, кој означува
одредена група на луѓе кои се молат на Ѓаволот и праат ритуали на одредени “културни јунаци” врз
кои Ѓаволот издал некаква дејност. Токму во овој расказ се претстаува тоа.
Самиот воведен дел со кој авторот нè втурнува во светот на 17век е опишан многу
проблематичен како тема на одкажување од христијанската вера и препуштање или предавање на
ѓаволот, по кој, црквата во тој период почнува да врши потрага по вештерките и, исто така, нивно
гонење и убивање.“Двајца доминикански калугери, Јакоб Шпренген и Хајнрик Крамер, ќе ја
напишат, за да ѝ дадат теориска основа на таа потера, книгата “Мalleus Maleficarum”(“Чекан на
вештерките”)(Урошевик, 117)”. Авторот, во овој главен дел кој ја определува книгата, вметнува
вистинити факти, кои понатаму, низ прочитување на расказот ќе ни помогнат да ја осознаеме
самата структура на формирање на приказната нис призма на искуството на нараторот.
“Авторот ја има слободата и наративната можности да навлезе во фикцискиот свет, видливо да
се поигрува на/со онолошките граници, како и можностите да нè соочи со сопствената слика во
чинот на продуцирање на текстот.”1 Што, всушност, авторот тоа и го прави. Тој самиот е лик во
своите раскази, самиот наратор со скроз исто име, адреса и останати податоци кои авторот ги има
надовр од фикцискиот свет. Тој, на некој начин, ни ги прикажува впечатоците на маѓичниот град
Парис. Луѓето, местата, архитектурата која се врти низ сиот тој Латински кварт низ кој Влада
живеел.
Тој се автоматизира како главен лик во овој расказ со вклучување на една или две женски
ликови кои авторот ги втурнува во расказот за да може да ни го претстави целиот не променет дел
од 17, па се до векот во кој тој раскажува, 20/21 век. Местото каде што нараторот/ликот се
запознава со неговата пријателка Марија е пред сандаците на букинистите. Тогаш тој опишува како
некој непознат лик застанал до него, на кој истиот не му обрнувал внимание, и наеднаш се фатиле
за истата книга по име “Фантастичникот среден век”, за кои и двјацата биле заинтересирани. Таа
него несакајќи го изгребала со нејзините, при што потоа и му се извиннила. “На местото каде што
ме закачија нејзините нокти имаше две мали капки крв... Ја фати мојата рака, ја принесе, божем да
ја види подобро, кон лицето и одеднаш, со врвот на јазикот, ги собра црвените капки што се беа
укажале на издрасканото место”(Урошевик, 120). Ликот во тој момент знаел со кој си има работа,
но самиот нејќел да се оттргне од тоа бидејќи сакал да истражува и го интересирало што ќе се
случи понатаму и дали, воопшто, таа е стварно вештерка.

1
Марија Ѓорѓиева-Димова, Теорија на книжевност во (интер)акција, стр. 208, Макеодика литера, 2017, Скопје
По нивната мала средба, Марија го повикува Влада дома, по што самиот се согласува. Тој
детално го доловува делот од квартот каде што Марија живеелеа со нејината другарка – Тереза.
“... над влезнат врата надвисуваше некакво крилесто суштество, направено од емајларни плочки
бронза, кое имаше и премногу заканувачки изглед за да може да се нарече ангел-заштитник,
скалите беа осветлени со виолетова светлина што се пробиваше низ витразите... Навистина, сè
беше по малку изветвено...” Самиот наратор во расказот ја согледува опасноста во која самиот,
доброволно, има влезено, но никако не сака да излезе. Премногу му се чини забавно и
истражувачки. Самиот муабет кој тие го прават за време на вечерата е приврзан со вештерството и
некои мрачни занаети. Работата на Тереза била за една студија посветена на вештерството од
почетниот век на појавување на оваа нова религија, седумнаесетти век, во Франција.
Поради целата таа студија со која Тереза се занимава, нивната домашна бибиотека е исполнета
со фототипски изданија на латински што се однесуваа на окултните науки и разни број големи
книги со тврди и стари корици кои се испишани на латински јазик. Самиот лик се чуди на нивната
способност за читање на латински јазик: “Не можев да си објаснам од каде го знаат латинскиот
толку добро – можеа да читаат, и двете, средновековни текстови; многу редови во книгите беа
подвлекувани со виолетово мастило. Впоречем, имаше многу работи кај нив што не можев да си ги
објаснам”(119стр.)
Нараторот ни го опишува и ни дава претставка каков е домот на овие две другарки, но едно
нешто што најмногу му го завземало вниманието на ликот додека шетал низ нивниот стан било
“големата репродукција на една слика на Гоја – онаа со големиот јарец што претставува на собир
на вештерките. Беше убаво опремена во некаква старовременска рамка... А кога влегов во бањата,
таму ме прекуваше шок: врз наполу проѕирната преграда што висеше околу кадата беше насликата,
со прецизност на жанрот што Французите го викаа tropme-l’oeil, една крвава рака како грчовито ја
стуткува завесата со најлон.”(124). Сите овие делови, авторот ни ги донесува пред нашите очи
бидејќи сите се поврзуваат за едно нешто – вештерството. Што ни самиот лик во расказот не
верува на своите очи додека се соочува сo сето тоа.
Ненадејното запознавање со бабата, односно сосетката која живее или го чува станот карши
улицата, се случува точно пред зградата на Марија и Тереза. Ликот се запознава со бабата кога таа
го замолува тој да ѝ помогне со одглавувањето и носењето на пазарната количка до нејзината
врата, бидејќи била многу тешка. Тогаш таа му ја укажува ситуацијата во која Влада има западнато,
односно дека Марија и Тереза се вештерки и прават ритуали. Во тој момент, бабата му го покажува
телескопот од најгорната соба, која цело време бил вперен кон нивната дневна. Нараторот од
премногу заинтересираност го употребува телексопот и со мачнина пробува да ја види ситуацијата.
“Сликата се изостри: еден голем јаред седеше опкружен со вештерки. Отпрво помислив дека го
гледам ѕидот на кој стоеше репродукцијата на Гоја. Но – јарецот ги крена рацете нагоре. За миг
замижав, ги под отворив очите, пак погледнав: на јарецот му приоѓаа две голи девојки; макар што
ги гледав одзади, без речиси сигурен дека во нив ги препознавам Марија и Тереза. Со свечени
гестови тие почнуваа да му ги украсуваат роговите на јарецот со венец исплетен од
зеленило...”(131) По ова неверување што самиот лик го има видено, одма истрчува низ станот на
бабата и наеднаш влегува во станот на Марија и Тереза. Тереза му ја отвора вратата, ја гледа
вцрвенетата фаца на Влада и одма почнува со извинување и објаснување дека туку што купиле нов
телевизор и ненадејно почнал истиот тој филм што ликот го видел низ телескопот од кај бабата.
Тој некако верува во образложението што Тереза му го дава, и ситуацијата се смирила од
неговата страна. По одреден период, куќата во која што живеела бабата се запалила и ликот одма
пошол да ја види ситуацијата. Тој го видел сито хаос, и затропал на врата од станот на Тереза и
Марија, но никој не отворил. Почекал уште малце и домарот му ја отворил вратата и му објаснил
дека девојката која што живеела тука, по името Марија-Тереза повеќе не живее и тукушто се
отселила од местово. Ликот бил збунет и упорно пробувал да му објасни на домарот дека тоа се
две различн, но слични девојки. Но, не успеал.
По извесно време, старицата чија куќа беше изгорена, се сретнува со ликот и таа е овој пак како
чуварка на тоалет. Кога влегува да види внатре што се случува со девојката која не е во добра
состојба, Урошевиќ се приближува до нејзиниот стол, каде што стои книга која му е доста позната.
Тој ја подигнува книгата, ја отвара и го чита насловот “Мalleus Maleficarum”. Ова е самиот
завршеток на расказот, но под него стои слика која самиот лик ја има видено додека се шета низ
станот на Марија-Тереза: сликата на големиот јарец, а околу него вештерки кои го ќитат и прават
нивни ритуал од книгата. Овој расказ е успешно создаден и дејството се изигрува на повеќе
релации. Сите атопични места во расказот, скоро па и не се препознаваат. Но, по следното
препрочитување, сите тие места, на некој начин, се нагласуваат како некое предзнаење кое му го
даваат на читателот за тоа што ќе се случи. Сите овие раскази се испирирани и напишани врз
некоја слика, детал или историја. Успешно структурирани и насекаде има сместено по некое
атопично нешто што се крие зад маргините на првите читања.

You might also like