You are on page 1of 1

Анализа на ликот Хамлет

Вилијам Шекспир – уште една ѕвезда која не престанува да свети на англиското небо. Име кое
сведочи за сите негови мисли претопени во грандиозни дела. Неговите дела и до ден денес се
едни од најчитаните и најпопуларните книги на сите времиња. Дел од нив се изведуваат и на
сцените на многу светски театри како претстави. Една од попознатите е „Хамлет“.
Во ликот на Хамлет од трагедијата, Шекспир прикажал универзална личност од времето на
доцната ренесанса. Хамлет е жртва на едно општество во кое царува неправдата, лицемерието
и лажниот морал. Тој бил млад и образован човек кој размислувал за многу појави во животот
и размислува за секоја постапка. Разочаран од постапката на својот чичко долго време се
колебал додека се решил да се одмазди за смртта на својот татко. Хамлет смета дека човекот
не е роден само да јаде и да спие. Тој е разумно суштество кое мисли, сонува, се надева, ги
остварува своите амбиции. Таков бил и Хамлет, тој постојано размислувал и сакал да ги
оствари своите амбиции. Со ликот на Хамлет е прикажана една трагична амбиција.
Дволичноста, братоубиството и неверството, од млад образован човек Хамлет ќе се претвори
во одмазник. Пред него ќе се исправаат моменти и големи животни дилеми. Дознавајќи за
смртта на татко му и начинот на неговото убиство навлекува маска на лудак. Полека ја преде
мрежата на одмаздата. Дознавајќи ја вистината дека чичко му го отрул родениот брат и се
оженил со братовата жена, само за да го добие престолот го променува Хамлет во друга
личност. Со тоа тој станува многу гневен. Иако гневен, Хамлет добро ги планира своите
постапки. Преку театарската претстава која ја организира тој, идентична со случките од дворот
и труењето на татко му доаѓа до потврдување на своите сознанија. Следејќи ги реакциите на
неговиот чичко и неговата мајка го гледа нивното лицемерие. Тоа ќе го направи попретпазлив,
па ќе успее да ги предвидува сите нивни чекори. Тој мудро ги елиминира непријателите.
Погоден од случувањата го уништува писмото во кое чичко му ја нарачува неговата смрт. Во
двобојот го ранува синот на Полониј и иако ранет го прободува убиецот на татко му. На крај,
паѓа и самиот умира од нанесените рани со отруениот меч. Омразата го зема својот данок...
Одмаздата е извршена, честа е спасена, платена со живот.
Животот е премногу краток за да го потрошиме мислејќи на негативностите родени од
желбата за власт, прељуба или одмазда... Хамлет е доказ дека ништо во животот не е вечно, па
ни неговата одмазда која ќе доведе до трагичен крај.

You might also like