You are on page 1of 5

Франција

Франција (француски: France) официјално Француската Република (француски:


République française) — држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа
во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и
втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот
состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други
континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното
население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).
Франција се граничи
со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија.
Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи
со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во
делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото
Кралство преку Евротунелот, кој минува под големиот проток Ламанш.Франција
е Република, организирана како унитарна Полупретседателска Република. Таа е развиена
држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009).
Главен, а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз. Службен јазик
на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и
јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.Франција е најголемата
франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители,
по Демократска Република Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција
е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.
Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и
на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.Таа припаѓа на Еврозоната и
на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од
групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и
развој (OCDE).Како воена сила, Франција ја поседува главната војска во Европската Унија
при што таа е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско
вооружување.Шеф на државата е Претседателот а кабинетот го возглавува премиерот.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]


Името Франција доаѓа од латинскиот збор, „Francia“, што буквално би значело „земја
на Франките“. Има најразлични теории за потеклото на името на Франките. Според една,
тоа потекнува од прагерманскиот збор frankon кој се преведува како копје. Воедно,
секирата на Франките била позната како франциска. Друга предложена етимологија е дека
на старогермански јазик, Франк значело слободен или збор спротивен на зборот роб. Овој
збор сè уште постои во францускиот јазик franc (искрен, отворен), а воедно се користел
како назив на француската валута франк, сè до воведувањето на еврото во 2000 година.

Историја[уреди | уреди извор]


Главна статија: Историја на Франција
Современа Франција ги има скоро истите граници како и некогашниот
регион Галија населен со племето Келти, наречени Гали. Римскиот цар Гај Јулиј Цезар ги
покорил Галите во I век п.н.е [1] кога тие го прифатиле латинскиот јазик и култура, а потоа
со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес е вториот најзастапен јазик во
светот. Христијанството првпат се појавило во II и III век, а целосно се воспоставило во IV
и V век, а свети Жером напишал дека Галија е единствениот регион кој е „слободен од
ерес“.
Франција во 1477 година. Црвена линија: Границите
на Кралството Франција; Светлосино: кралското подрачје
Во IV век, источната граница на Галија по текот на реката Рајна бил освоен од германски
племиња, главно Франки, од кои произлегло старото име „Francie“. Модерното име
„Франција“ произлегува од француските кралевите од Капетинската династија. Франките
биле првото племе германски освојувачи од Европа по падот на Римското Царство кои се
преобратиле во христијанство наместо во аријанство (нивниот крал Хлодовик го сторил
тоа во 498); оттука Франција го стекнала називот „Најстарата ќерка на Црквата“ (La fille
ainée de l’Église), а Французите поради тоа себеси се нарекувале „Најхристијанско
Кралство Франција“. Постоењето како посебен ентитет започнало со Верденскиот
договор (843), со поделбата на Каролинската Империја на Карло Велики на Источна
Франкија, Средна Франкија и на Западна Франкија. Западната Франкија е приближно оној
регион што го зазема денешната држава Франција. Каролинзите владееле со Франција до
987 година, кога Иго Капет, војвода на Франција и гроф на Париз, бил крунисан
за француски крал. Неговите наследници, Капетите, династијата Валоа и Бурбоните,
набрзо ја унифицирале земјата преку серија на војни. Крстоносна војна започнала во 1209
за да се елиминираат еретичките катари од Окситанија (јужен дел на денешна Франција).
На крајот, биле уништени како катарите така и независноста на Јужна Франција.[2] Во 1337,
на почетокот на првиот бран на црната смрт, Англија и Франција тргнале во војна една
против друга и истата била позната под името Стогодишната војна.[3].
Монархијата го достигнала својот најголем подем во XVII век за време на владеењето
на Луј XIV од Франција. Во тоа време Франција го имала најбројното население во Европа
и имала огромно влијание врз европската политика, економија и култура. Францускиот
јазик станал, и одредено време останал, заеднички јазик на дипломатијата и на
надворешните односи. Франција била земја на интелектуалците, а големи научни
дострели биле постигнати токму од страна на француските научници во XVIII век. Згора на
тоа, Франција стекнала и свои колонии во Америка, Африка и Азија.
Кралство и република[уреди | уреди извор]
Главна статија: Француски кралеви
Традиционалниот грб на француските кралеви — цветови крин

Декларација за правата на човекот и на


граѓанинот од 1789.
Традиционален грб на кралска Франција бил цветови крин. Декларација за права на
човекот и граѓаните од 1789 година.
На францускиот престол се менувале династиите Капет (987—1328), Валоа (1328—1589)
и Бурбоните (1589—1789).
Од монархија до република[уреди | уреди извор]

Заземањето на Бастилја на 14 јули 1789 година


Монархијата владеела со земјата сè до Француската револуција, во 1789 година. Луј XVI и
неговата жена Марија Антоанета, биле погубени (во 1793), заедно со други илјадници
француски граѓани во текот на владеењето на теророт.[4] После серија кратки шеми на
влади, Наполеон Бонапарт ја презел контролата врз Републиката во 1799 година,
прогласувајќи се себеси за прв конзул, и подоцна за император по што денес е познат
како првиот император (1804—1814). Во текот на неколку војни, неговите војски го освоиле
поголемиот дел од континентална Европа, со членови од семејството Бонапарт назначени
за владетели во новоосвоените земји. Околу милион Французи загинале во текот на
војните што Наполеон ги водел во Европа.[5]
После последниот пораз на Наполеон во 1815 година кај Ватерло, француската монархија
повторно била воспоставена, но со нови уставни ограничувања. Во 1830 година,народно
востание ја воспоставило конституционалната јулска монархија, која траела до 1848
година. Кусотрајната Втора Република завршила во 1852 година кога Луј-Наполеон
Бонапарт го прогласил Второто Царство. Власта на Луј-Наполеон завршила по поразот
во Француско-пруската војна од 1870 и неговиот режим бил заменет со Третата Република.
Колонијализам[уреди | уреди извор]
Франција поседувала колонии, во најразлични облици, од почетокот на XVII век, па сè до
1960 година. Во XIX и во XX век, нејзината колонијална империја била втора по големина
во светот, после Британската Империја. Меѓу 1919 и 1939 година, втората француска
колонијална империја поседувала над 12.347.000 квадратни километри земја. Вклучувајќи
го континенталниот дел на Франција, целосното француско подрачје достигнувало
12.898.000 квадратни километри во 1920-тата и 1930-тата, што изнесува 8,6 % од
светската површина.
Во текот на XVII и XVIII век, Франција основала колонии и во Северна Америка, (Нова
Франција — по долниот тек на реката Сент Лоренс во Канада), во САД, во Луизијана и
на Карибите. Нова Франција била изгубена во војната со Британците во 1763 година,
додека пак Наполеон им ја продал Луизијана на САД во 1803 година. По Втората светска
војна, дел од француските колонии меѓу кои и Виетнам (поранешна Индокина) и Алжир ја
стекнале својата независност после крвави воени конфликти.
Современа историја[уреди | уреди извор]
Франција била победничка сила во Првата светска војна и во Втората светска војна.
Човечките и материјалните загуби во првата војна, во која загинале 1,4 милиони
Французи [6] биле далеку поголеми од оние што таа ги претрпела во текот на втората, иако
само мал дел од нејзината територија бил окупиран во текот на Првата светска војна.
Според бројот на жртвите на страната на сојузниците, Франција го зазема второто место
со 25 % односно 5,6 милиони, од којшто 1,357 милиони загинати војници, а 4,266 милиони
ранети војници. Дотогаш една од водечките колонијални сили во светот морала да се
брани. За разлика од Првата светска војна каде што Франција ја имала една од водечките
улоги, во Втората светска војна таа брзо била освоена и поразена уште во јуни 1940
година. Германците ја поразиле со брзи тенковски продори. Периодот меѓу војните
забележал низа социјални реформи воведени од страна на владата на Народниот фронт.
После германската блицкриг (blitzkrieg) кампања за време на Втората светска војна
континенталниот дел на Франција бил поделен на окупирана северна зона и на
југ, Франција на Виши, или режим кој бил марионета и лојален на окупаторите. За време
на Втората светска војна во Франција делувало движењето на Отпорот. Во ноември 1942
година, Германците ја окупирале и Југоисточна Франција. Франција била ослободена од
страна на англо-американско-канадската војска кој се истоварила во јуни 1944 година
на Нормандија (Види — Битка на Нормандија). Антифашистичката влада во Франција била
формирана од генералот Шарл де Гол. Загубата на војници во оваа светска војна не бил
многу голем, но најмногу страдала еврејската заедница.
Шарл де Гол
Четвртата Република била воспоставена после Втората светска војна. Франција се
обидела да ги задржи своите колонии и да ја сочува својата колонијална империја, но
наскоро влетала во големи неволји поради битките за независност на колониите. Обидот
во 1946 година да се врати контролата врз Француска Индокина довел до Првата војна за
Индокина, која завршила со пораз на Французите во Битката на Диен Биен Пу во 1954.
Само неколку месеци подоцна, Франција се соочила со нов, дури и
потежок конфликт во Алжир.
Дебатата околу тоа дали треба или не треба да се задржи контрола во Алжир и
иселувањето на околу еден милион европски доселеници, ја потресла земјата и за малку
ќе довела до граѓанска војна. Во 1958 година, слабата и нестабилна Четврта Република
била заменета со Петтата Република, која се одликувала со зајакнување на функцијата на
претседателот. Улогата на Шарл де Гол била да ја задржи земјата во целост додека
излегувала од периодот на конфликти и кризи. Алжирската војна и Франко-француската
граѓанска војна што се водела во главниот град Алжир, завршила со мировни преговори во
1962 година по што Алжир ја стекнал својата независност.
Во последните децении, помирувањето и соработката на Франција со Германија се од
централно значење за политичката и економската интеграција на растечката Европска
Унија, вклучувајќи го и воведувањето на еврото во јануари 1999 година. Францускиот
електорат гласаше против ратификацијата на Договорот за воспоставување на Устав за
Европа во мај 2005 година, но потоа беше ратификуванЛисабонскиот договор од страна на
парламентот во февруари 2008 година.

You might also like