You are on page 1of 49

4.

1 Форензичка анализа преку препознавање облици

Предметен наставник:

Проф. д-р Маја Саревска

sarevska74@gmail.com
4.1.1 Идентитет и идентификација

Секое лице, животно или предмет или со еден збор кажано секој
објект во природата се разликува од сите други и од се` друго.
Понекогаш диференцијалните обележја, обележјата по кои еден
објект се разликува од другите, се очигледни и идентитетот на
објектот лесно може да се утврди.
Често објектите се од ист вид, многу слични и не може да се
разликуваат без примена на одредени методи, со који преку некоја
поединост, објектот сепак се разликува.
Идентитет претставува множество на непроменливи
карактеристики кои припаѓаат на одредено лице или предмет и
спрема кои може да се разликува од останатите.

Тој збир на индивидуални карактеристики претставува


индивидуалност.
Идентификацијата на лицето се утврдува со
споредување на непознатото лици со познатото лице, врз
база на одредени идентификациски карактеристики.

Идентификација е постапка на споредување на одреден


број на идентификациски карактеристики меѓу два
објекта, при што се утврдува истоветност или различност
помеѓу објектите кои се споредуваат.
Под поимот проверување на идентитет на лице се
подразбира постапка која се спроведува со увид во јавна
исправа или во база на податоци поради проверка на
податоците или личниот изглед на лицето.

Оваа постапка се спроведува кога идентитетот на лицето


не е спорен (лицето е познато), потребно е само да се
спореди вистинитоста на податоците во насока на неговата
проверка.

Пример: При уплата на финансиски средства на


трансакциска сметка, шалтерскиот работник бара лична
карта за да ги провери матичните податоци на уплаќачот.
Идентитетот на лицето е познат, се проверуваат матичните
податоци за да се верифицира.
Поимот на утврдување на идентитет на лице
претставува посложена постапка од проверката на
идентитетот и подразбира утврдување на идентитет на
непознато лице или утврдување на точноста на
податоците за идентитет кога постои сомнение во
точноста на истиот.

Утврдување на идентитет се изведува со помош на


посебни методи и техники за идентификација, како што е
дактилоскопијата.
Под aвтентификација се подразбира процес кој опфаќа
идентификација и верификација на идентитетот.

Идентификацијата ни зборува за која личност се работи, а


верификацијата проверува дали некоја личност е
вистинската личност за која се претставува.

Идентификација + верификацијата = Автентификација


4.1.2 Индививидуални карактеристики

Секој човек (објект) е единствен и неповторлив.

Критериумите по кои се разликува од сите други се


неговите индививидуални карактеристики.

Еден дел од тие карактеристики, кои може да се користат


во постапките на криминалистичката идентификација, ги
нарекуваме идентификациски критериуми.
За да може некоја карактеристика да се користи во
процесот на идентификација треба да ги задоволи
следните услови:
1. Универзалност - мора да ја има кај секое
лице/индивидуа (спаѓа во групата на заеднички
карактеристики).
2. Единственост или индивидуалност - Кај секое лице
карактеристиката мора да биде различна, односно не
смее да се случи две или повеќе лица да бидат
идентични, да имаат идентични карактеристики.
3. Трајност – Карактеристиките не смеат и не можат да
се променат со текот на времето.
4. Едноставност на собирање и споредување – Тое е
најголема предност во однос на другите методи.
Имено, карактеристиките лесно се прибираат и
споредуваат.
Кога станува збор за постапка на утврдување на идентитет
на лице се користат:

 Телесните карактеристики - кои се нарекуваат


вистински или фактички карактеристики (отпечаток
на прст, на ирис, изглед на лице, градба на коски,
градба на мускулатура, градба на молекулите на ДНК,
папиларни линии ...)

 Правни карактеристики
Под правни карактеристики се подразбираат фактите
дека секој човек врз основа на правни прописи
добива карактеристики како што се: име, презиме,
државјанство, место на живеење и др.
Идентификациските карактеристики може да бидат:

 Општи или групни карактеристики кои се


користат за дефинирање или елиминирање на
одредена група (пр. раса, крвна група ...)
 Посебни или индивидуални карактеристики кои
го определуваат одреденото лице (пр.градба на коски,
градба на мускулатура, градба на молекулите на ДНК,
папиларни линии и друго).
4.1.3 Трасеолошка идентификација

Трасеолошка идентификација се состои од аквизиција и


анализа на евентуалните траги од криминалниот акт во
трасата каде се извршувал, почнувајќи од патот на
доаѓање на сторителот, преку местото на случката, па се`
до патот на бегање.

Во рамките на патот на доаѓање се бараат трагови и


предмети поврзани со:

 Припремата на актот.
 Со извршувањето на делото во местото на
извршување.
 Со прикривање на делото на патот за бегање.
Кај овој тип идентификација најчесто постои дефицит на
релевантни трагови, односно можноста за пронаоѓање на
материјални трагови е многу мала и се сведува на неколку видови
на траги.

Воглавно, се работи за латентни трагови чие постоење се


претпоставува, било да се работи за дактилоскопски, микротрагови
или ДНК трагови.

Почетокот на криминалистичко – техничката обработка започнува


со анализа на снимките од заштитниот видеонадзор за детектирање
на локациите во кои е можно постоење на невидливи или слабо
видливи трагови.

Во колку не постои таков безбедносен систем, потребно е да се


направи мисловна реконструкција на настанот.
Трасеолошката обработка не смее да се ограничи на
местото на случката во потесна смисла, туку и на
пошироката околина која се состои од:

 Патот на доаѓање на сторителот/те;


 Патот на одење;
 Секоја точка во која може да се очекува пронаоѓање
на одредени траги и предмети поврзани со
припремата и прикривањето на казнените дела.
4.2 Методи на форензичка идентификација преку
препознавање на облици - биометрија
Зборот Биометрија е кованица од грчките зборови bios –
живот и metron – мерка. Значи, се работи за мерење на
одредени телесни крактеристики и карактеристики на
однесување на живите суштества, во овој контекст на
човекот.

Биометрија преставува множество на автоматизирани


методи за единствено препознавање на луѓе, темелено на
една или повеќе нивни физички карактеристики и
карактеристики на владеење.
Во информатичката технологија под поимот биометриска
автентификација се подразбира технологија која ги мери
и анализира физичките карактеристики (отпечатоци на
прстите, ирисот на окото, препознавање на лица и сл.) и
карактеристиките на владеење (ракописот, типкањето,
одот, говорот и сл.) на човекот.

Освен за автентификација се користи и за други намени


(Пример: Препознавање на корисниковиот говор за побрзо
печатење на неговата содржина).
4.2.1 Историски развој на биометријата
Потребата за идентификација е стара колку и човечкиот
род.
За време на нашите најстари предци способноста за
препознавање на одредени карактеристики била клуч за
преживување.
500 година п.н.е. Вавилонските трговци со помош на
отпечаток на прст одредувале која е личноста, а старите
Еѓипчани вршеле мерење на телото за идентификација на
некоја личност.
Во 14 век еден персиски лекар открил дека не постојат
дава исти отпечатоци на прстот.
Во 14-ти век истражувачот Joao de Barros напишал дека кинеските
трговци, со помош на мастило, правеле отисоци на дечјите дланки и
стопала на хартија. Тие отисоци ги користеле за да ги разликуваат
меѓусебно малите деца.
Во 18 век во Кина, за идентификација, се користеле отисоци на
прстите.
Се` до 1883 година на запад идентификацијата се темелела на
„фотографско памтење“.
1883 година францускиот политички службеник и антрополог
Alphonse Bertillon го развил антропометрискиот систем наречен
Bertillonage. Тоа е првиот прецизен, научен систем кој нашол
широка примена при идентификацијата на криминалците.
Антропометрискиот систем е заслужен што
биометријата се издигнала на рамниште на научна гранка.

Системот се базирал на прецизно мерење на ширината и


должината на главата и телото, односно на забележување
на личните знаци како што се тетоважи или ожилици.

Bertillon-овиот систем бил одлично прифатен на запад се`


додека неговите недостатоци не постанале очигледни
(различни постапки при мерењето и променливите
мерења).

Bertillon-овиот систем почнал да се заменува со постапки


кои користат отисоци на прстите, односно со различни
телесни мерења и мерења на владеењето на човекот.
Bertillon-овиот систем
Во 19 век Fransis Galton го развил системот за
препознавање врз основа на препознавање на профилот на
лицето.

Првиот систем за препознавање на отисоци се вика


Хенриев систем.

Развиен е во Индија за потребите на Едвард Хенри,


тогашен генерален полициски во Бенгал.

Се користи и денес.
4.2.2 Биометриски системи

Во секојдневиот живот, луѓето околу нас лесно ги препознавме само


со еден поглед.
Просечна личност дневно се идентифицира 10 пати (со поглед,
преку телефон, со кредитни картички, ...).
Некогаш личностите ги препознаваме и без визуелен контакт,
доволно да чиеме нечиј глас или осетиме мирис.
Сепак, модерниот свет и денешниот развој технологијата ја зголеми
потребата од доверлив начин на идентификацијата на личноста,
бидејќи новата технологија, покрај очигледните предности, ја
внесува и ранливост на компјутерските системи.
Затоа биометријата денес е најповерлив начин на распознавање.
Самата идеа за биометрија е многу стара, но вистинскиот
развој на биометријата како модерна наука е овозможен дури
со појавата на компјутерите и современата информациска
технологија, односно со појавата на биометриските системи.
Биометриски системи се системи кои служат, врз основа на
влезни податоци (документи за идентификација, сигурносни
клучеви, биометриски карактеристики), за идентификација
на личности.
Постојат два вида на биометриски системи: унимодални и
мултимодални.

Унимодален биометриски систем врши проверка


наблудувајќи само една влезна особина, поради што доаѓа
до грешки.

Овие системи не се доверливи. Имено, поради проверка


само на една карактеристика може таа да биде иста кај
повеќе личности, а со тоа идентификацијата да биде
погрешна или системот да биде збунет.

Мултимедалниот биометарски систем се базира на


проверка на повеќе влезни податоци, поради што
можноста на грешка е сведена на минимум.
Традиционалните методи на идентификација користат:
лозинки, идентификациони картички и клучеви.

Традиционалните методи на идентификација, иако уште


имаат широка примена, денес се надминати со употреба
на биометриски идентифкациони методи.

Причините се воглавно од безбедна природа, бидејќи при


традиционалните пристапи постои можност од губење на
идентификационите податоци или што е полошо од нивно
лесно пробивање и злоупотреба.
Кај биометријата, таквите можности се исклучени,
бидејќи нашиот идентитет единствено е одреден со
онаа што сме и тоа никој не може да ни го одземе.

Од друга страна , биометрискиот систем е


едноставен за користење, а и не мораме да
памтиме никакви податоци (лозинки, клучеви и
сл.).
Денес препознавањето на личноста се извршува на
три начини:

 Препознавање со помош на идентификациони


документи.
 Препознавање темелено на сигурносни
клучеви.
 Биометриско препознавање.
4.2.3 Препознавање со помош на идентификациони документи
Идентификациски документ претставува идентитет на личноста
која го поседува. Ако документот е во облик на мала
стандардизирана картичка, тогаш се нарекува идентификациона
картичка.
Постојат повеќе различни документи кои служат за персонална
идентификација:

 Лична карта;
 Пасош;
 Возачка дозвола;
 Картичка за здравствено осигурување.

Недостаток на оваа метода е можноста за


злоупотреба на личните податоци преку
фалсифицирање на документите.
4.2.4 Препознавање базирано на сигурносен клуч
Сигурносен клуч преставува низа од знаци познати само на
личноста која ја преставува (пр.: ПИН, име, дата на раѓање, ...)

Оваа метода често се користи за идентификација при финасиски


трансакции, кои се извршуваат со помош на компјутерски системи.

Внесените знаци обично се криптираат за да се заштити додатно


идентитетот на личноста која го користи.

Недостаток на оваа метода е во фактот дека и најдобриот


енкрипциски алгоритам за заштита е базиран на клуч. Ако клучот е
прекраток може лесно да се пробие, а ако е предолг тешко се памти.

Главен недостаток на оваа стандардна метода е неможноста да


направи доверлива разлика меѓу вистинските личности и
личностите кои се претвараат дека се вистински.
4.2.5 Препознавање базирано на биолошки карактеристики
Недостатоците на стандардните методи за препознавање можат да
се намалат ако нешто ја превзема улогата на клуч. Тоа се остварува
со користење на биометриски методи за препознавање.
Главните предности на биометриските методи за препознавање се:

 Биометриските параметри не се дефинираат во секој момент.


 Биометриските параметри тешко се копираат и
фалсифицираат.
 Бараат личноста која се препознава да биде присутна на
местото на идентификацијата.
Биометриски карактеристика:

 Физиолошки карактеристики: лице, отисок на прсти,


геометрија на дланката, ирис, мрежница на око.
 Карактеристики на владеење: потпис, глас, одење, динамика на
типкање.
Фреквенција на користење на биометриските техники.
4.2.6 Дигитализација како основа на биометријата
Биометријата го обединува користењето на специјалните
уреди кои следат одредени физички карактеристики и
карактеристики на владеење на човекот со специјални
програми кои ги анализираат добиените информации.

Основни функционални елементи на биометријата се:

 Дигитализација (процес на претварање на


аналогниот сигнал во дигитален со помош на земање
мостри и нивно претварање во дигитален број).
 Обработка на добиените дигитални информации
(препознавање на мострите, споредба и одредување
на нивниот идентитет, односно идентитетот на
личноста на која припаѓаат) со примена на класичен
софтвер или вештачка интелигенција.
Дигитализација е еден од битните моменти во процесот
на препознавање на мострата.

Компјутерот, за да може да го обработи скенираниот


материјал во процесот на препознавање, мора да го
трансформира во дигитален формат, бидејќи компјутерот
само тој формат го разбира.

Препознавање на облици, како дисциплина од


дигиталната форензика, бара квалитетно скенирана
слика, но и квалитетна нејзина трансформација во
дигитален облик за да донесе валидна одлука за кој
вистински облик даден во мустрата се работи.

За да се постигнат тие барања, потребно е користење


квалитетна опрема.
Компјутерскиот систем, во овој процес, е посредник во
дигитализацијата, додека програмскиот пакет (вештачката
интелигенција) ја превзема одлуката што ќе прави со
дигитализираните мостри (препознавање на мострите,
споредба и одредување на нивниот идентитет, односно
идентитетот на личноста на која припаѓаат).

Вештачката интелигенција се користи како напредна


алатка со која компјутерот самостојно може да ги проучи
мострите, ги споредува со оние кои ги памти и донесува
одлука за нивниот идентитет.
Дигитализацијата како основа на биометријата

Дигитализација е процес на претварање на аналогниот


сигнал во дигитален облик.

Претварањето на аналогниот сигнал во дигитален


претставува трансформација на податокот од облик
разбирлив за човекот во облик разбирлив за компјутерот.
Постојат различни видови на постапки за дигатилизација во
зависност од видот на материјалот кој се дифитализира.

Текстуален материјал може да се дигитализира на три начини:

 Препишување, најдолготраен и најскап процес, се користи


кај ракописните текстови.
 Скенирање.
 Фотографирање со дигитален фотоапарат, се користи за
материјал кај кој постои опасност од оштетување.
Во случаите на скенирање и фотографирање потребно е да се
спроведе и оптичко препознавање (OCR- Optical character
recognition).
Сликовниот материјал се дигитализира со скенирање
или фотографирање.

Принципот на скенирање се користи кога сакаме да


добиеме дигитални содржини со висок квалитет.

За квалитетна дигитализација со скенирање потребно е


да се користи квалитетен скенер. Квалитетните скенери
имаат голема резолуција.

Постојат два вида на скенери: класични и ротациони.

Ротационите скенери постигнуваат многу поквалитетни


скенови (дигитални слики).
Дигиталните фотоапарат се користи при дигитализација на слики
со помал формат.
Ако сликите со поголем формат, мора да се користат високо
квалитетни дигитални фотоапарати.
При фотографирање на сликовен материјал, за добивање на висок
квалитет, битни се квалитетот на фотоапаратот и квалитетот на
осветлувањето.
По правило се изработуваат три верзии на дигитализирани слики:

 Една во боја со максимална резолуција.


 Друга со помал број на нијанси или во скалата на сиви тонови
(Grayscale), со помала резолуција која ќе биде погодна за
испраќање преку Интернет.
 Третта како идентификациска слика.
За да се постигне што повисок квалитет на дигитализираниот
сликовен материјал, неопходно е да се обрати внимание на
следните три важни карактеристики:

 Резолуција – број на пискели (или точки) на единица


површина од 1 инч.
 Длабочина на точката – на секоја точка од дигиталната
слика е придружена бинарна низа, бројот на знаците во тоа
низа се вика битна длабочина на сликата.
 Боја – пред дигитализицијата која, во зависност како ќе се
користи (само за складирање, за приказ на монитор или ќе
постои и можност за испис) се користи соодветен систем за
приказ на бојата (RGB, CMYK или CIELAB).
Звучен материјал се дигитализира така што излезот
од уредот за репродукција на аудио содржината
(грамофон, касетофон и сл.) се поврзува со компјутер
кој е опремен со звучна картичка и со соодветна
програма за обработка.

Дигитализацијата се одвива во два чекори: земање


мостри и квантализација
Земање на мостри (sampling) е постапка на
дискретизација по времето. Во суштина тоа е постапка
при која континуираниот сигнал се прикажуава со низа од
дискретни броеви кои преставуваат вредности на
сигналот во поедини временски моменти.

T период на земање мостри


fs= 1/T фреквенција на земање мостри
ωs=2π fs =2π/T кружна фреквенција на земање мостри
Дигитализација на видео материјал се сведува на
дигитализација на подвижни слики и дигитализација на
аудио содржини кои се пропратни сегменти на
подвижните слики.

Факторите за квалитена дигитализација на подвижните


слики се исти како и факторите за квалитетна
дигитализација на класичните статички слики.
Сепак, тргнувајќи од дефиницијата дека подвижните
слики се низа од статички слики кои се менуваат со
брзина поголема од 12 слики во секунда, мораме да
обрниме внимание со каква брзина на менување ги
дигитализираме подвижните слики.

Брзината на промени зависи од форматот на видео


записот (15 слики/секунда за цртани филмови, 30 за филм
или телевизија).

Дигитализираниот видео материјал завзема голем дел од


просторот на медиумот на кој го запишуваме.
3D дигитализацијата преставува дигитализација на
тродимензионален материјал.

3D е термин кој се однесува на креирање дигитални модели на


објекти од реалниот свет,

3D дигитализацијата се базира на користење на векторска


математика бидејќи векторскиот опис на моделот завзема многу
мал простор и му овозможува на компјутерскиот систем многу
лесно и едноставно управување со моделите.

3D дигитализацијата преставува процес на собирање на податоци


од тродимензионалните објекти и нивно преставување во
компјутерски разбирлив јазик.
3D дигитализацијата користи скенери наменети за скенирање на
волумен.

Волуменските скенери се делат на: контактни и бесконтактни.


Контактните скенери го испитуваат објектот низ физички допир.
Предности на контактните скенери: прецизност, мали димензии,
мобилност.
Недостатоци на контактните скенери: поради физичкиот контакт со
објектите можат да се оштетат или да го оштетат објектот.
Бесконтактните скенери не доаѓат во допир со објектите кои
ги скенираат.

Работат на принципот на емитирање на одреден сигнал према


објектот и „фаќање“ на рефлектираниот сигнал од него.

На основа на рефлектираниот сигнал ги пресметуваат


координатите на секоја точка од објектот во просторот.

Најчесто сигналот преставува ласерски зрак.

Бесконтактните скенери се делат на:

 Активни (репродуцираат светло, ултразук или


ренгенски зараци).
 Пасивни (ја детектираат радијацијата од околината).
За дигитализација на едноставни тродимензионални
објекти можат да се користат и дигитални фотоапарати.
Домашна работа
1. Објасни ги поимите идентитет и идентификација.
2. Објасни го поимот проверување на идентитет на лице.
3. Објасни го поимот утврдување на идентитет.
4. Што се тоа индививидуални човечки карактеристики и кои
услови треба да ги исполнуваат?
5. Што е тоа трасеолошка идентификација и кои карактеристики
треба да ги има?
6. Објасни го поимот биометриска автентификација.
7. Објасни го поимот биометриски систем.
8. Објасни ги поимите унимодални и мултимодални биометриски
системи.
9. Објасни ја сликата:
Домашна работа
10. Начини на препознавањето на личноста.
11. Препознавање базирано на биолошки карактеристики.
12. Дигитализација како основа на биометријата.
ДАЛИ ИМА ПРАШАЊА?

!!!?
СЕКОЕ ПРАШАЊЕ Е ПАМЕТНО!

You might also like