You are on page 1of 6

Општа тактика

1. Согласно потребите од операционализацијата на одбранбената политика и одговорот


по можните закани на виталните интереси на РМ, дефинирани се следните мисии и
задачи на ВС на РМ? (Објасни)
- Одбрана на земјата; Операции за подршка на мирот и хуманитарна помош;
Придонес во справување со регионални конфликти и кризи; и Заштита на
пошироките интереси на Република Македонија.
1. Одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на нашата
земја согласно Уставот, Законот за одбрана и Националната концепција за
безбедност и одбрана на Македонија;
2.Поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по
безбедноста на РСМ, а кои ги надминуваат нивните способности и капацитети;
3. Подршка на органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и
други владини и невладини организации и институции, како и на граѓаните во
справувањето со природните непогоди и епидемиии, техничко-технолошки и други
несреќи;
4. Изведување на операции и воена поддршка како земја домаќин на меѓународни
сили на територијата за извршување на задачи и обврски кои ги презела нашата
земја вклучувајќи и заедничка одбрана на територијалниот интегритет и
суверенитет .

2. Што претставува оклопно борбено возило, кои основни системи возилото ги има и од кои
послужители е составена посадата?
- Тенк е оклопно борбено возило – гасеницар наменето за уништување на непријателска жива
сила, оклопни возила и утврдени позиции. Главни делови на тенкот: топ, тело, купола, мотор и
гасеници. Посада на тенкот: возач, помошен оператор, командир (кој истовремено може да
биде и нишанџија), нишанџија, послужител. Вообичаено од 3-5 лица.

3. Родовите на ВС на РМ?

Копнена војска (КоВ):


-Пешадија
-Артилериски единици
-Оклпно-механизирани единици
-Инженерија
-Артилериско ракетни единици за противвоздушна одбрана
-Атомско-биолошко-хемиска одбрана
-Врски
-Единици за електронско извидување и против електронска борба;
-Единици за воздушно набљудување и јавување
ВВ и ПВО:
-Авијација
-Ракетни системи за ПВО

4. Намена на ОМЕ?
-ОМЕ се наменети за: изведување на нападни и одбранбени б/д, ПОБ и ПБД, за изведување на
противнапади, за затварање и експлоатација, на нуклеарни бреши и за непосредна поддршка
на пешадијата.

5. Што претставува поимот КоВ?


- Копнената војска е вид на ВС, кој што е наменет за изведување на борбени дејства
(операции) на копно, на морскиот брег и на острови, во содејство со Военото воздухопловство,
Воената морнарица или самостојно. КоВ преставува најброен вид на ВС и преставува основен
носител на вооружената борба во целина.
6. Што се подразбира под поимот ПВО?
- ПВО ги опфаќа сите дефанзивни мерки кои се насочени кон одстранување или кон
намалување на ефективноста на нападите на непријателските воздухоплови или на водените
проектили од воздух. Под поимот противвоздушна одбрана (ПВО) се подразбира збир на
правовременски и планско организирани мерки, постапки и дејствија кои ги превземаат
единиците, заради одбрана и заштита на силите и значајните објекти во организацијата на
борбеното поле (борбената рамка односно зоната/ секторот за изведување на идните
операции) од дејствата на непријателот од воздушниот простор.
Сите дефанзивни мерки кои се насочени кон уништување на непријателските возухоплови во
атмосферата или кон отстранување или намалување на учинокот на таквите напади од воздух.

7. Што претставува четата (батеријата)?


- Четата е тактичка единица со постојана(непроменлива) формација со различна намена.
Оспособени се за езведување на операции со различни борбени услови. Како основни
тактички единици дејствуваат во составот на баталјонот или самостојно како родовска
единица. Составена е од неколку водови или оделенија.

8. Цели на раното предупредување за ПВО за објектот или единицата?


-

9. Намена на ВВ и ПВО се остварува преку извршување на следните задачи:


1. Набљудување и контрола на сигурноста на воздушниот простор.
2. Обезбедување на превласт во воздушниот простор над нашата територија во мир и во
војна.
3. Обезбедување на воздушна поддршка на КоВ на АРМ со извидување, огнена поддршка
и со превезување во воздух.
4. Пружање на помош при природни, хуманитарни или технолошки катастрофи.
5. Операции на потраги и спасувања.

10. Начела на родот врски и објасни го начелото тајност?


- Начела: Единство, непрекинатост, тајност, еластичност, ефикасност, оперативност и
безбедност и сигурност. Начелото тајност ...

11. Поделба на воените бродови според вооружувањето?


- артилериски, ракетно-артилериски, мински, торпедни, противмински и противподморнички.

12. За кои потреби во ВС се организираат врски?


- За: раководење и командување, врски за содејство, врски за јавување, врски за известување,
врски за обезбедување на пловидбата и врска за обезбедување на летот.
13. Огнена моќ (деф. го поимот)?
- БОРБЕНА МОЌ ПРЕТСТАВУВА СПОСОБНОСТ НА ЕДИНИЦИТЕ ДА МОЖАТ СО УСПЕХ ДА
ИЗВЕДУВААТ БОРБЕНИ ДЕЈСТВА.

14. Што се подразбира под поимот АБХО?


- Родот АБХО е род на КоВ кој има стручна улога во подготовката и спроведувањето на
противнуклеарното, противхемиското и противбиолошкото обезбедување (ПНХБОб) на
единиците и установите во сите видови, родови и служби во ВС на РМ, во мир и во војна.

15. Специјалности на пешадија (кои се специјалности и врз основа се делат)?

- Врз основа на борбените задачи, се дели и на: Стрелечка специјалност, Извидувачка


специјалност, Митралеска специјалност, Специјалност на бесповлечни орудија, Минофрлачка
специјалност, Противавионска-митралеска специјалност, Воено-полициска специјалност,
Снајперска специјалност и Падобранска специјалност.
-Врз основа на намената, опременоста и обученоста за водење на борбени дејства на
земјишен простор: општа пешадија, планинска пешадија, морнаричка пешадија, падобранска
пешадија, и механизирана пешадија.
16. Што подразбира поимот инженерија?
- Инжинеријата е род на ВС на АРМ, опремена и оспособена за извршување на задачи од
инжинериската поддршка на сите видови, родови и служби во сите операции и пошироко во
соработка со др. субјекти на одбраната, пред се со специјализираните градежни и др работни
организации.

17. Кои видови на пешадија постојат?

- Врз основа на намената, опременоста и обученоста за водење на борбени дејства на


земјишен простор: општа пешадија, ридско-планинсак пешадија, морнаричка пешадија,
падобранска пешадија, механизирана пешадија.
Спрема содржината: лична и материјална
Спрема нејзина намена : воена, мирновремена, или специјална
Формациска целина: чисто пешадиска, или интегрирана со други родови и служби.
Спрема формацијата: одделение, вод, чета, баталјон, полк, бригада и дивизија.

18. Утврдувањето опфаќа изработка на објекти за:


- Набљудување, објекти за заштита на Ж/С и МТС, објекти за командување на КМ, односно
Изработка на објекти за огнено дејство, заштита и движење, подготовка на граѓа и друг
градежен материјал за изработка на објекти за утврдување.

19. Задачи на артилеријата?


- огнена поддршка на единиците и составите во чии рамки артилеријата дејствува или кои ги
поддржува, непосредната и посредната противоклопна борба на мали средни и големи
далечини, борбата против непријателската артилерија и борбата против непријателските
воздушни и поморски десанти.

20. Родот АБХО ја извршуваат својата улога на 2 начина и тоа:


- со давање стручна и материјална помош на ВС и општеството пошироко
-со нивно ангажирање во извидување, деконтаминација и отстранување на последиците од
примената на НХБ оружје
21. Што претставува ОМЕ?
- Родот ОМЕ е род на КоВ опремени со оклопни борбени возила-тенкови, ОТ(БВП) и други
борбени и неборбени возила. Тие се ударна и маневарска сила на КоВ. Борбените дејства ги
изведуваат самостојно и во содејство со другите родови во различни временски и земјишни
услови. Најпогодни се за дејство во услови на примена на НХБ оружје.
22. Што подразбираш под поимот рано предупредување?
-

23. Голема тактичка и оперативна подвижност на ОЕ се огледа во ?


- Можноста за движење и дејство надвор од комуникациите дење и ноќе во различни
временски и земјишни услови; Брзата концентрација и експлоатација на постигнатиот успех;
Големиот радиус на дејство (од 500-700 км) со едно полнење на резервоарите; Совладување
на водени и други пречки во движење; Можноста за успешно изведување на б/д во услови на
дејство и употреба на НХБО.3
24. Против воздушна борба подразбира?
-

25. Поим за родот врски?


- Родот врски е род на ВС кој со својата опременост и со начинот на употреба и извршувањето
на задачите во мир и во војна, обезбедува квалитетен, брз и безбеден преднос на пораки во
системот на раководење и командување со ВС. Единствен е за сите три вида ВС.
26. Основните задачи на ПВО се:

- ОПФАЌА: Набљудување на ВП и јавување за појавата на опасностите од воздух (ВНЈ), Борба


против заканите од воздух (ПВО), Заштита од закани од дејство од воздух ( ПВЗ).
Основна цел на организирање на ПВО пред се е:
Да непрекинато и ефикасно се бранат и штитат приоритетните објекти од дејствата на
непријателот на воздушниот простор, односно да во сите услови се спречи, оневозможи или
ослабе дејството на истите нанесувајќи им што поголеми загуби, и
Да на сопствените сили им се обезбедат што поповолни услови за извршување на операции.

27. Служби во ВС на РМ? (наброј ги)


- Служби во ВС: Техничка, Интендантска; Санитетска; Ветеринарна; Сообраќајна; Градежна;
Музичка; Финансиска; Административна; Инфраструктура; Геодетска; Правна и Метеоролошка.

28. Видови на врски и начин на нивно организирање во Арм?


- Постојат следните видови на врски: радио-врски, радио-релејна, радио-топосферска, жична,
сигнална, подводна и курирска врска. ( ова не е за мк).
29. Родот АБХО е наменет за ?
-обезбедување на стручна и техничка помош на ВС на РМ и др. структури во општеството во
организирање и спроведување на мерки на ПНХБОб и непосредно ги извршуваат.
30. Што претставува единица и која е причината за поделба на ВС на единица?
- Единиците преставуваат организациски целини во родовите и службите и се наменети за
изведување на вооружена борба.
Причини за поделба на КоВ на единици : полесно командување и поцелисходна нивна
употреба т.е. ангажирање во мирновремени и во борбени услови; заради остварување на
борбена поддршка и борбено-сервисна поддршка и обука.

31. Што претставува поимот пешадија?


- Пешадијата како најмасовен род на КоВ, е наменет, опремен и оспособен за успешно
изведување на борбени дејства на сите видови на земјиште, во секое време на денот и
годината како и во сите временски прилики и тоа: во зафат на фронот, на привремено
запоседната територијата и сопствената позадина.

32. Што претставува поимот артилерија?


- Артилеријата претставува род на КоВ коиј што е способен за остварување на изведувачки
силни точни и ефикасни огнови во сите услови и на секој простор. Артилерија располага со
најголеми огнени можности и можност за нанесување на загуби над противникот.

33. Што претставува баталјонот (дивизион)?


- Основна тактичка единица со постојана (непроменлива) формација со различна
намена.Оспособени се за изведување на операции во составот на повисоките
единици(бригада,дивизија) или самостојно.Баталјонот претставува основа за здружено-
тактичките единици на КОВ, составен од неколку чети.

34. Што претставуваат службите?


- Служби во КоВ се специјализирани делови на ВС и КоВ, кои се наменети за обезбедување на
оптимални услови за живот и работа и ангажирање на единиците и командите во борбени
услови. Нивната организација и ангажирање најчесто е во рамките на организацијата на
системот на логистичко обезбедување на ВС во целина.

35. Нацртај ги следните тактички симболи:

You might also like