You are on page 1of 7

НИКИЦА ЃОРЃИЕВА

„Основни и изведени бои на


светлината‘‘
ВАЖНОСТА НА БОЈАТА
 Боја — видна восприемателна способност на луѓето спрема категориите
наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата
на светлинскиот спектар со светлоприемници (фоторецептори) во окото.
Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се
поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму,
пред се од аспект на нивните физички својства како што се (абсорпција),
одбивањето (апсорпција) или емитувањето (зрачење) на светлината.
 Само дел од електромагнетниот спектар е видлив за човековото око (во
интервалот од од 380 до 740 nm, приближно речено) е одговорен за
перцепцијата на боите. Со оглед на тоа што восприемањето на бојата доаѓа
од различните видови на конусни клетки во мрежницата одговорни за
детекција на зрачење до различни делови во спектарот, боите можат да се
дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки.
Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај сѐ не целосно
ни го објаснуваат психофизичкото восприемање на бојата.
 Науката за боите понекогаш се нарекува хроматика. Таа се занимава со
восприемањето на бојата од страна на човечкото око и мозокот, потеклото на
бојата, бојата во уметноста и физиката на електромагнетното зрачење во
видливиот ранг (што всушност е терминот кои го употребуваме за оваа
појава, светлина).
СПЕКТРАЛНИ (ОСНОВНИ) БОИ
 Спектрална боја — боја која се добива од една 
бранова должина на светлината во видливиот спектар, или
од релативно тесен опсег на бранови должини. Секоја
бранова должина на светлината се прикажува како
спектрална боја во постојан спектар. Боите кои имаат
доволно слични бранови должини се неразличиви една од
друга.
 Спекатарот се дели на именувани бои, иако поделбата е во
извесна мера произволна, бидејќи сепактарот е
непрекинат. Традиционални бои се: црвената, 
портокаловата, жолтата, зелената, сината и виолетовата.
 Во неговото „тркало на боите“, Исак Њутн ги вброил
црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината,
индиго и виолетовата боја. Денес индиго-бојата не се
вбројува, бидејќи се смета за тон на сината или
виолетовата.
ИЗВЕДЕНИ БОИ
 Адитивно мешање основни бои,тогаш
добиваме изведени бои.
 На пр:

црвена+зелена=жолта боја
црвена+сина=магнетна(виолетова)боја
зелена+сина=цијан(светло сина)боја

You might also like