Професор: Жанета Видевска Директор: Страшо Ѓорѓиески Средно училиште: СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп РАЗГОВОРЕН СТИЛ • Сфера на употреба: секојдневниот живот • Функција: комуникативна • Ситуации на употреба: неофицијални • Јазик: народен, дијалект • Примена: неофицијална комуникација • Форма на употреба: 1. пишувана: лични писма, електронски пораки; 2. говорена: секојдневни разговори дома, на улица, во продавница и сл. КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗГОВОРНИОТ 1. економичност; СТИЛ 2. непосредност, неподготвеност и спонтаност; 3. ориентација кон соговорникот (тој е присутен и од него зависи дали ќе сака да ја прими пораката и, ако ја прими, дали и како ќе реагира на неа; 4. присуство на форми за обраќање (именски и заменски: Елено, мајко, Македонијо, Господе, сестро, Ангелино, Јоване и сл.), заповедни форми (кажи, дојди, оди, зборувај), честа употреба на извици (ех, оф, море, леле, уф); 5. употреба на дијалектизми, турцизми и сл. РОДОВИ НА РАЗГОВОРНИОТ СТИЛ • 1. раскажување 2. дијалог (разговор помеѓу две лица) 3. полилог (разговор помеѓу повеќе лица) 4. стереотипи (кратки форми на комуницирање): Здраво. Кај си? Како си? Што правиш? Што има ново? РЕШАВАЧКИ ФАКТОРИ ЗА РАЗГОВОРНИОТ СТИЛ • Говорната ситуација
• Соговорниците ГОВОРНИ СИТУАЦИИ • Дијалози со непознати
• Дијалози со познати блиски говорители во ситуации што ги
наметнува секојдневниот живот
• Дијалози (комуницирање) со познати и непознати соговорници
во рамките на професионалната и социо-културната сфера од животот СОГОВОРНИЦИ (влијание на јазичниот израз на учесниците во комуникацијата) • пол • возраст • професија • меѓусебни односи • цел на комуникацијата