You are on page 1of 5

Виктор Иго

Јана Стојчевска II-6


Биографија

• Виктор Иго(Безансон, 26 февруари 1802 –


Париз, 22 мај 1885) е еден од најпознатите
и најславените француски писатели во
историјата на литературата. „Клетници“ и
„Богородичната црква во Париз“ се сметаат
за едни од најубавите романи во историјата
на книжевноста и денес сè уште се
инспирација за безброј анимирани
филмови, играни филмови, мјузикли, итн…
Биографија
• Иако бил посветен ројалист како млад, неговиот светоглед се променил со
текот на годините, па подоцна станал републиканец, што се одразило во
неговото творештво. Иго живеел 20 години во прогон на островот Гернзи во
Ла Манш за време на владеењето на кралот Наполеон III. При враќањето во
Париз бил свечено пречекан. Се зборувало дека еден од начините како да се
натера себеси да пишува и да не ја одложува работата, бил прилично
необичен. На почетокот на својата кариера, Иго често излегувал на
прошетка откако ќе се стемнело и се шетал со часови, смислувајќи нови
стихови или редови за своите дела кои ги ставал на хартија откако ќе
завршел со своите прошетки.
Творештво

• „Клетници“ на Виктор Иго е една од најпознатите книги на сите


времиња. Книга којашто се обработува во училиштата ширум
светот и книга којашто е инспирација за многу филмови,
театарски претстави, мјузикли, па дури и балетски претстави.
Иго го објавил првиот роман Хан од Исланд една година по
венчавката, а вториот Биг Жаргал три години подоцна. Помеѓу
1829 и 1840 објавил пет збирки поезија (Ориентални песни
1829, Есенски лисја 1831, Песни од самракот 1835, Внатрешни
гласови 1837, и Зраци и сенки 1840), потврдувајќи го статусот
на најдобар автор на елегиски и лирски стихови.
Творештво

• Богородичната црква во Париз (француски: Notre-


Dame de Paris) e роман од француски писател Виктор
Иго, издаден во 1831.Иго започнал да го пишува
романот во 1829 година, а го завршил во февруари
1831. Го насловил само како Богородичната црква во
Париз (фр. Notre-Dame de Paris), но преведувачите на
разни јазици насловот го адаптирале како Грбавецот
од Богородичната црква (англ. The Hunchback of Notre
Dame) или во поновите преводи Sвонарот од
Богородичната црква. Иго го преферирал насловот
што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата
црква е главен лик во романот.

You might also like