You are on page 1of 5

Тема:”За есента”

Работил:Ертан Зекири
VII-1
Пристигна есента
Е  сента полека, но сигурно чекори насекаде околу
нас. Каде и да погледнеме се е обоено во златно-жолта
боја.  
   Дрвјата во парковите срамежливо ја менуваат бојата
на лисјата од зела во светло-жолта боја и лист по лист
се ронат и шушкаат под нозете на минувачите.
 
Eсента во мојата улица 
 Со лесни крилjа на птицата, со мекоста на пердувите во
безброј бои ни долета eсента. Облечена во жолта свила убава
како принцеза завладеа во нејзиниот дворец, исполнет со убав
мирис на зрело овошје.
Ги повикува орачите,сеачите да ги обработуваат  нивите да ги
посеат за наредната година.
           Есента се прошета низ полиња и низ нашата улица, и ја
допре нашата винова лоза која горделиво стои пред нашата
куќа. Секое утро лист по лист откинува од нејзините гранки и
ти фрла на  нашата улица, а ветерот нејзиниот придружник ни
ткае килим од суви и жолти лисја, но есента и дождот и е верен
придружник. 
          Едно утро ситниот дождец затропа на нашите прозорци и
извика: ,, Ајде дечиња земете ги вашите чадорчиња и дојдете да
си поиграме''.  
Кога во синовото и намуртеното утро тргнавме за на училиште,
го слушам тажното крцкање на сувите лисја под моите нозе. Го
гледам сивото врапче радосно лета од гранка на гранка барајќи
храна, а студениот ветер не плаши уште повеќе, ги плаши
децата  Ветерот е строг а есента е добра и затоа децата го сакаат
ова годишно време.
Мирисот на есента
Есента- едно од најубавите годишни времиња. Кои ги маѓепсува улиците, парковите,
училиштата па дури и дворовите. Во тој период од годината градот е волшебен.
Исушените листови кои се секаде околу нас ни шепотат дека есента пристигна. Се
почнува од месецот септември кога децата со своите мајки, пазарат училишни
прибори, тетратки, учебници, нова облека и ред други работи. 
    Доаѓањто на есента ги радува и бабите и мајките, дедовците и татковците се
чувствува мирисот на традицијата. Традицијата на ајварот кој што е редовен
специјалитет во секое семејство. Мирисот кој не маѓепсува сите, и не можеме да
останеме рамнодушни, а да не сркнеме со лажица додека ајварот се пржи. Тоа е
најубавиот момент во есента. Правењето на компот и мармалад, ја прави уште
послатка есента. Периодот кога се бери грозјето и се прави ракија или вино ги прави
среќни дедовците и татковците.
    Есента е фантастичен период од целата година кои ги прави луѓето среќни, ги
прави да се чуствуваат како мали деца додека газат по исушените листови.
Есента во мојот крај 
Есента пристигна и во мојот крај. Таа прекрасна убавица облечена во жолт фустан
што го распостелила низ целата природа.
- Жолти лисја насекаде околу нас. Кога ке ги згазнеш тие шушкаат, како да сакаат
да го најават доаѓањето на есента.Eсента доаѓа, па сите се подготвуваат за зимските
денови. Се прават зимници и многу други работи.
 Но да не заборавме дека кога ни доаѓа есента почнуваат и училишните денови.
Првачињата се многу среќни бидејќи почнуваат на училиште, а пак тие малку
поголемите си велат: ,,Колку би било убаво  да можеше распустот да траеше малку
подолго", бидејќи знаат што ги очекува ...долга и за некои тешка учебна година.
- Сепак есента си тече. Има сонце и облаци, дожд и студ. За некои есента е сурова и
тешка, а за нкои кратка и весела.-Иако е малку студена есента за мене е многу убава
и весела со нејзиниот жолт килим. Есента за мене е најубавото годишно време .

You might also like