You are on page 1of 5

Производи и услуги

 Производ (економско добро) - резултат на човечкиот


труд, што задоволува некоја потреба на луѓето за лична
или производна потрошувачка, кој е физички присутен
и опиплив.

 Услуга - резултат на човечкиот труд што не се


опредметува во некој производ,односно не е
опиплив и претставува некое дејство.
 Разликите помеѓу произвоствените и услужните
компании можат да се забележат во однос на:

 Производот
 Залихите
 Потрошувачите
 Трудот
 Локацијата
 Производ
Главната разлика помеѓу услужните компании и производителите е
физичкиот аспект на аутпутот (крајниот производ).
 Залихи
Услужните компании, за разлика од производните, не создаваат
залихи, туку тие креираат услуга во моментот кога потрошувачот
ќе им ја побара. Производителите произведуваат добра и ги чуваат
на залихи, а колкави ќе бидат тие залихи зависи од предвидувањата
за идната побарувачка на пазарот.
 Потрошувачи
Услужните компании произведуваат услуги според специфичните
потреби на потрошувачите, додека производителите произведуваат
производи без конкретна нарачка од потрошувач.
 Труд
Услужната компанија вработува луѓе со специфични знаења
и способности од областа во која работи компанијата.
Изведбата на услугата не може да се автоматизира, односно
обучените луѓе ја изведуваат и од нив зависи успешноста,
додека кај производните компании голем дел од работата
може да се замени со машини.
Локација
Услужните компании не бараат физичка локација за нивното
постоење и работа. Луѓето што ја изведуваат услугата можат
да бидат лоцирани било каде. На пр. програмерите што
креираат и сервисираат сајтови можат да бидат било каде, па
дури и дома, бидејќи се што им е потребно за работа и
спроведување на услугата е компјутер. За разлика од
услужните компании, производните мораат да имаат физичка
локација за нивното производство и залихи.

You might also like