You are on page 1of 15

Хигиена на населените места

Доцент д-р Валентина Симоновска


E-mail : valentina.simonovska@ugd.edu.mk
Хигиена на населените места и зонирање

 Хигиена на населбите ги изучува здравствено еколшките норми и


карактеристики кои можат позитивно да влијаат на општата благосостојба
и здравјето на локалното население.
 Населбите може да ги дефинираме како форма на просторна организација
на опшеството, со концентрација на значителни човечки и материјални
ресурси.
 Урбанизацијата е една од основните фактори на промените на човековата
околина кои настануваат поради зголемените потреби на опшеството за
простор.
 Со оглед на зголемената миграција село-град, зголемена е потрбата од
гадски простор, а уште поголема е потрбата од хуманизацја на тој простор
т.е да се намали ризикот од појава на ,, болест на гардовите,, -голема
концентрација на население = отуѓување на човекот.
 Постои разлика меѓу просторниот план на населбата (планирање на целиот
поширок простор) и урбанистичкиот план кој го донесува распоредот на се
она што ќе се реализира и изгради на подрачјето на населбата.
Карактеристики на населбите
 Населбите во основа се делат на гардски, урбанизирани и рурални, а најбитни
фактори кои треба да се земат во предвид при планирањето на населбите се
делат во три групи:
 Избор на локација - се води сметка за климатско метролошките услови,
топографски фактори, хидролошки фактори
 Планирање и изградба на населбата при што се треба да се почитуваат
психофизичките потреби на луѓето
 Големината на населбата-висина и волумен на изградени објекти
 Односот на изградена спрема слободна површина
 Големина на становите спрема бројот на корисниците
 Спречување на бучавата
 Комунални стандарди (водоснабдување, диспозиција на смет и отпадни води)
 Можност за воспоставување на социјални односи – да се формира осет за
припадност и заедништво
 Густина на население на средни по големина градови (10000ж/км2) и мали
градови (8300ж/км2)
Зонирање на населбите

 Според Законот за територијална организација и локална самоуправа во РМ


населени места се градовите и селата.
 Град е населено место кое има повеќе од 3000 жители, над 51% од вработените
се вон примарните дејности има урбана физиономија со зони на домување,
стопанство, рекреација, јавно зеленило, плоштад, систем на улици и
комунални служби
 Село е населено место со еднофункционално значање во кое преовладува една
дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција.
 Зонирањето на населбите е концентрирање и сместување на одредени функции
и објекти во населбата со цел за оптимално функционирање на населбата и
заштита на здравјето на луѓето.
 Посебните функции на населбата кои бараат и посебни зони се делат на :
 Основни ф-ции(домување, индустрија,стопанство,администрација,култура)
 Додатни ф-ции (спортско-рекреативна, универзитетска, здравствена, трговска,
сообраќајна и др.)
Зонирање на населбите

 Станбена зона
 Индустриска зона
 Административно-управна зона
 Комунално-стопанска зона
 Сообраќајна зона
 Зони на зеленило
 Спортско-рекреативна зона
 Гробишта
Станбена зона

 Станбената зона заслужува најголемо внимание при урбанистичкото


планирање на населбата. Истата се лоцира на најздравата локација ,
најдалеку од индустриската и со најповолен топографско-метеролошки
концепт со зони на зеленило. Реони на високоградба, реони на
нискоградба и зони на зеленило.
 Станбената зона се состои од основни самостални организациони
единици кои сочинуваат една функционална целина, а кои носат
различни имиња - микрореони, единици на соседство, месни заедници,
урбани заедници, населби, реони.
 Густина на населението од 5-8000ж во една од нив, а кај нас е
значително повеќе 15-20 000ж.
 Неопходни ф-ции се: присуство на предучилишни и училишни објекти,
здравствени станици, мини трговски центар, занаечиски дејности,
објекти на културата и зеленило.
Индустриска зона

 Поставување на индустска зона е значајна од здравствено-еколошки


аспект, бидејќи индустиската зона е најголем емитер на прашина,
токсични гасови или бучава или нејзините отпадни води ги оптоваруваат
локалните површински токови.
 Меѓу станбената и индустриската зона треба да има зона на санитарна
заштита а содржината да биде отпорни сорти на зеленило(улога на
филтер или заштитен екран во однос на бучава).
 Најтешките индустрии и најоддалечени од населбите.
 Теренот да биде пристапен во комуникациски смисол, да биде овозможен
довод на поголема количина на вода, но и одвод на отпадните води со
претходен хигиенски третман.
Административна, комунално-стопанска и сообраќајна зона

 Административна зона во неа се сместени објектите на управата


(општината), судовите, финнсиските институции и банки, деловни
претставништва, јавни трговски објектитетри, музеи, кина, академии,
библиотеки. Потребна е деловна површина за паркирање и пешачка
зона.Во таа зона се планираат плоштади со поголема површина на
зеленило и споменици на култура.
 Комунално складишна зона се сместени комунални објекти, за
водоснабдување,, делови на системот за диспозиција на отпадните води.
Во оваа зона потребно е да функционираат големи складови, магацини,
кланици, млекара, пекарски објекти, поврзани со сообраќајници и нивни
терминали.
 Сообраќајна зона-транспортен центар со соодветни терминали (патни,
воздушни и возни)., а сообраќајниците во градот да имаат кружен тек
околу населбата со повеќе колатерали. Сообраќајниците се извор на
аерозагадување,бучава и трауматизам.
Зони на зеленило, спортско-рекреативна зона и гробишта

1. Зеленилото има повеќекратна улога. Регулатор е на температурата и


влажноста во регионот, дејствува поволно психолошки, го прочистува
воздухот, апсорбира прав и SО2, посебно тополата и растенија со
леплива лисна маса. Некои видови на зеленило продуцираат и
фитоцидни соединенија за кои се смета дека имаат антибиотска улога.
Според СЗО вкупната површина на зеленило во една населба треба да
биде 40-60 м2 по жител, од што 1-2м2 треба да бидат уредени градски
паркови. Заштитна улога на зеленилото и од бучава (погусти паркови ја
намалуваат бучавата за 20-30 дб).
2. Спортско-рекреативна зона- Вообичаено се наоѓа во градскитепаркови
каде што се лоцирани стадиони,игралишта, со паркиралишта и луна
паркови за деца.
3. Гробишта- Погребување на луѓето со закопување е најчест начин на
асанација.
Хигиена на домување
1. Хигиената на домувањето има за цел да врши процена на
здравствено-еколошките фактори на домот, односно влијанието на
условите кои постојат во домот и влијанието на здравјето на луѓето
кои живеат во него.
2. Ефикасна хидро, термичка и звучна изолација на основата и на
ѕидовите во домот
3. Доволно ефикасна и природна вентилација
4. Задоволување на оптимална квадратура
5. Хигиенско решение за водоснабдување и отсранување на цврст и
течен отпад
Хигиена на домување

6. Обезбедување на услови на лична хигиена


7. Редовно и ефикасно чистење на домот
8. Неопходна опременост со мебел, уреди и опрема
9. Ефикасна техничка заштита од инсекти и глодари
10. Обезбедување заштита на продукти и готова храна
11. Обезбедување од земјотреси, пожари, можни повреди, труења,
електрични удари и слични несреќи.
Обезбедување на минимум хигиена на домување
1. Локација на станот – неопходно е во секоја просторија од станот да
има сончева светлина барем неколку часа во денот, директна дневна
светлина со доволна јачина. Зградите да се орјентирани југоисток
или југозапад со доволен меѓупростр и дворно место.
2. Норми на станбен простор – оптимална хигиенска норма е 25 м2 по
лице, со што сепостигнува и оптимална норма по зафатнина доколку
просторијата е со висина од 2,8 м. Минималната хигиенска норма е
16м2 вкупен станбен ростор по лице.
3. Типови на станбени згради - живеалиште за едно семјство и семејни
станбени згради
4. Видови простории во станот – секоја просторија во станот е
наменета за некоја од ф-циите кои домот треба да ги пружи на
станарите
Хигиена на живеење на село
 Домувањето на село може да има предност над градското
домување поради покомотното, послободно и попросторно
искористување. Ако селското домаќинство не е земјоелско,
неговото домување не се разликува од градското.
 Станот во селските домаќинства има поголема површина на
ходниците, кујната и собата за дневен престој.
 Дворот околу куќата треба да е озеленет и со дел за детски игри.
Никакви загадувачи на овој простор не се пожелни и во случај
селската зграда да нема водовод и канализација.
Климатски промени и човековото здравје
1. Животот на земјата е можен поради ефектот на стаклена градина.
Стаклечките гасови пред се водената пареа, јаглеродниот диоксид,
метан, азотен моноксид и тропосверски озон овозможуваат на
сончевата енергија да дојде до Земјината површина како видлива
светлина, за потоа да биде заробена од Земјината површина како
инфрацрвена топлина. Ова ја одржува топлината на нашата планета,
отсуството на стаклечките гасови би ја намалило температурата на
нашата планета за околу 33 Целзиусови степени.
2. Климата е синтеза на временски состојби и типови на времето над
одредена територија или пак целата Земја.
Здравствени ризици во домот

1. Радонот – гас без мирис и вкус добиен со радиоактивно распаѓање на


ураниумот.
2. Азбестот
3. Формалдехид од пресовани дрвени производи кои содржат
уреаформалдехидни смоли
4. Јаглероден момоксид
5. Дерматофагоидите
6. Мувлата
7. Редукција на ризик (за превенција и намалување на здравствените
ризици сопствениците на становите треба да имаат поголема контрола
над печките за загревање и климатизерите кои го регулираат
квалитетот на воздухот, температурата и влажноста).

You might also like