You are on page 1of 2

Реализмот како литературен правец се појавува во четвртаат

деценија на 19 век, а згаснува после 40 години од појавата. Главното


нешто во епохата на реализмот е типизирањето, поточно објективно
сликање на човечката стварност,човечките односи и општествените
настани. Како прв претставник на реализмот во Франција е токму
Оноре Де Балзак, со неговиот величенствен роман “Шагринска кожа”.

Главниот лик во овој роман е токму младиот Рафаел, кого Оноре


Де Балзак ни го доловува него како 25 годишен студент кој живее во
Париз. Тој нема никакви замисли и планови за својата иднина.Рафаел
е типичен лик,претставник на пониските класи во општеството. Исто
така бил и човек кому најважна му е материјалната страна во животот.
На самиот почеток од ова дело Рафаел е пратставен како коцкар, во
кого владее особината на мрзеливост. Важна улога во овој дел од
неговиот живот игра врската со неговата богата девојка Федора. Оваа
врска е неговиот извор на пари, а не извор на обострана љубов.
Единствената личност чие срце чука за Рафаел е Полина.Таа е убава
но сиромава девојка која многу е заљубена во коцкарот заслепен од
парите на неговата девојка. Како и секои коцкар, така и Рафаел
наивно слушајќи ги неговите лажни пријатели коцкари, губи се во
неговиот живот. Запаѓа во таква депресија и бесмисла, што решава да
се самоубие. Пресвртот во неговиот живот со прифаќањето на
магичното парче шагринска кожа, кое успева да го реши неговиот
животен преоблем. Со секое исполнување на извесна желба , таа
постепено се намалува , а со самото тоа , се намалуваат и деновите
во животот на нејзиниот сопственик. Така Рафаел потпаѓа под моќта
на кожата, која имено станува негов господар. Сите желби кои ги
побарал му биле исполнети, но неговите денови биле се помалку
бројни. По сите случувања во неговиот живот, се освестува и прави
голем чекор. Сваќа за неговата преголема алчност, но многу касно.
Неговиот алчен карактер кој неможе да им одолее на големите
неисполнети желби, доведува до големо намалување на неговиот
животен век. Љубовта која отсуствува од неговиот живот е долгот кој
никогаш не ќе може да го исплати на неговата Полина. На крајот од
ова дело настапува неговата смрт со последната желба која ја
посакал, со што Рафаел починал во прегратките на неговата сакана
Полина.

Животот е чуден сплет, чудна мешавина од ликови, настани и


човечки судбини. Голем број на луѓе живеат само за пари и свое
задоволства, како што живеел и младиот Рафаел .Пред самиот крај на
својот живот станува свесен дека убавината, радоста и среќата кои го
прават животот поубав, не се наоѓаат во богатството туку во малите
работи.

You might also like