You are on page 1of 2

Дневна подготовка за наставен час по ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Време на реализација: 02.06.2014 одд. VII 9


Тема 5: Јас и околината – однос со надворешната средина
Наставна содржина: Работилница: (Д)Еволуција
Цел на часот: Учениците да знаат дека загадениот воздух и вода се погубни за човекот и за растенијата.
Конкретизирани цели – задачи на часот:
Ученикот / ученичката:
- да знае од каде доаѓа чистиот воздух,
- да знае кој го произведува кислородот,
- да знае дали би можел човекот и планетата Земја да опстанат, ако се уништат голем број животински и
растителни видови,
- да знае што треба да се направи, за да престане непланското загадување и уништување на животински и
растителни видови,
- да знае што се може да ја уништува природата,
- да знае што се може да ја уништи планетата,
- да знае како човекот ја загадува околината,
- да знае како човекот ја загадува водата и воздухот,
- да знае што може да се направи за да се промени тоа.

Воспитни цели: Формирање на правилен и позитивен однос кон животната околина.

Средства за работа: табла, креда, прирачник, хартија за пишување и прибор за пишување.

Форми на работа: а) Групна б) Фронтална в) Индивидуална г) Тандем (во парови) (потцртај)

Организација на простор и време: Училница 1час – 40 мин.

Корелација: македонски јазик, вештини за живеење, техничко образование, англиски и француски јазик,
ликовно образование и др.

Методски постапки:  а) Усно излагање б) Разговор в) Објаснување г) Демонстрирање д) Пишување


ѓ) Текст метода е) Аналитичко - Синтетичка ж) Набљудување. (потцртај)

Активности на наставникот:

- создава работна атмосфера (мотивира),


- поттикнува на размислување со насочени прашања,
- ги насочува на размислување,
- поставува проблем,
- одобрува постапки на учениците,
- ја следи работата на учениците и помага во работата,
- анализира и вреднува.

Активности на ученикот:

- активно слушат, етапно следат и размислуваат,


- поставуваат прашања и одговараат на поставени прашања,
- учествуваат во анализирањето и во уочувањето,
- воочуваат сличности и разлики,
- усно ги презентираат своите знаења,
- самостојно работат и соработуваат,
- објаснуваат и демонстрираат,
- применуваат и образложуваат,
- споредуваат и решаваат проблеми,
- заклучуваат и оценуваат.

Реализација:
Љуѓето често преземаат акции и ја менуваат околината и природата без да можат, знаат и умеат да
ги согледаат последиците од таквите акции. Луѓето ја менуваат околината во која живеат заедно со уште
стотици други живи суштества, без да водат сметка за тоа каков ефект таквата промена ќе има врз нив.
Луѓето многу неинтелигентно сметаат дека имаат право на тоа. Но, исто така, луѓето се зависни од
природата.
Без природните добра не можеме да живееме. Загадениот воздух и вода се исто така погубни и за човекот и
за растенијата и за животните.
Секој може да придонесе за зачувување на околината со промена на своето однесување. (разговор и
дискусија со учениците).

Вреднување и следење на постигањата на учениците:

Од сите планирани и реализирани активности ќе се согледаат резултатите за постигнувањето на целта на


часот. Од сите активности на учениците и презентирањата на нивните знаења и умеења се вреднува и
следи: мотивираноста за учење, ангажираноста, самостојноста во работата, комуникативноста, заемната
соработка, заинтересираноста итн.

Очекувани исходи:
Ученикот / ученичката:
- знае од каде доаѓа чистиот воздух,
- знае кој го произведува кислородот,
- знае дали би можел човекот и планетата Земја да опстанат, ако се уништат голем број животински и растителни
видови,
- знае што треба да се направи, за да престане непланското загадување и уништување на животински и
растителни видови,
- знае што се може да ја уништува природата,
- знае што се може да ја уништи планетата,
- знае како човекот ја загадува околината,
- знае како човекот ја загадува водата и воздухот,
- знае што може да се направи за да се промени тоа.

Сознанија по реализацијата:

наставник: Ацо Атанасов

You might also like