Professional Documents
Culture Documents
Историја на македонскиот јазик
Историја на македонскиот јазик
10. Која дружина била активна во овој период во Софија и кое списание го издавала?
-Била активна младата македонска книжевна дружина, која во Софија го издавала
списанието „Лоза“.
11. Како се нарекувале македонистите што го издавале списанието Лоза?
-Тие се нарекувале “лозари”.
12. Кој значаен македонист ќе ги направи најголемите заложби за македонскиот литературен јазик
и изборот на дијалектна основа за него?
-Најголемите заложби за мак. Литературен јазик и изборот на дијалектната основа ке ги
направи Крсте Петков Мисирков.
Учебникарска дејност во Македонија
1. Кои биле основните задачи на македонската Преродба во втората половина на 19 век?
- Основните задачи на македонската Преродба биле отворање училишта на македонски
народен јазик, како и печатење соодветни учебници на македонски јазик.
5. Кои други автори на буквари на македонски јазик се познати во македонија во овој период?
- Како автори на буквари на македонскиот јазик, освен Партениј Зографски и Кузман
Шапкарев, се јавуваат и Димитар Узунов, Димитар Македонски, Јосиф Ковачев, Натанил
Зографски и др.
3. На кој јазик со чии јазични примеси ги пишувал своите песни Рајко Жинзифов?
-Тој пишувал поезија според моделот за еден заеднички македонско-бугарски јазик со
значително влијание од рускиот јазик.
6. Кои писатели и поети пишувале во периодот меѓу двете светски војни и на кој јазик?
Како се викаат делата што ги изадале?
- На македонски јазик
- Васил Иљоски – Бегалка (кумановски говор)
-Антон Панов (дојрански говор)
-Кочо Рацин – Бели Мугри (централните говори)
-Коле Неделковски – збирки (велешки говор)