You are on page 1of 35

4.

ДОВЕРЛИВОСТ НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА

4.1. ОПШТО ЗА ДОВЕРЛИВОСТА НА ЕЕС

Планирањето на ЕЕС претставува комплексна задача, сврзана со


изучување на голем број разни можни комбинации и алтернативи на
развојот на системот за производство, системот за пренос и системот
за распределба (дистрибуција) на електричната енергија. Од ЕЕС кој
што не бил добро планиран не ќе може да се очекува да има добри тех-
нички показатели и да биде економичен во погонот. Системот кој
пружа премногу погодности и флексибилност во погонот ќе биде пре-
многу скап, додека пак системот планиран со минимални инвестици-
они вложувања ќе има лоши технички карактеристики и зголемени
погонски трошоци.
Првиот чекор во планирањето на ЕЕС се состои во припремата и
дефинирањето на податоците за идната потрошувачка во системот. Во
вториот чекор од процесот на планирањето на системот се врши
донесување на планот за развој на системот за производство на
електричната енергија. Во овие истражувања се изучуваат разните
алтернативи на развојот и се донесува план и динамика на изградбата
на идните електроенергетски извори и тоа за подолг временски период,
во рамките на среднорочните и долгорочните студии за развој на
изворите на електрична енергија во системот.
Дури во третата фаза на плановите за развој на ЕЕС се врши
планирање на преносната електроенергетска мрежа. Задачата на
планирањето на преносната мрежа е да се припреми програма за
долгорочниот развој на мрежата со која ќе биде овозможено,
преносниот систем да биде способен да ја пренесува електричната
енергија од изворите до потрошувачките центри со најмали вкупни
трошоци во работењето, при што истовремено ќе бидат задоволени
сите однапред поставени технички ограничувања кои се однесуваат на
дозволените параметри на режимот во разни услови на работа на
системот, а сè со цел да се постигне што е можно поефтин и
поквалитетен испорачан киловатчас и обезбедување на доверлива
работа на ЕЕС.
Од тие причини денес, во услови на строго ограничени матери-
јални можности на електростопанските организации, постои изразена
потреба за изнаоѓање и примена на нови, поефикасни методи за опти-
мизација на плановите за развој на ЕЕС. Еден од поважните проблеми
притоа е изборот и оценката на степенот на доверливост на ЕЕС.
Проценката на нивото на доверливоста на системот ќе треба да се
врши уште во стадиумот на неговото планирање. Таа подоцна ќе се
врши и во процесот на експлоатацијата на системот со цел да се
обезбеди што е можно повисок квалитет на испорачаната електрична
енергија на конзумот во системот.
Доверливоста на ЕЕС е определена, т.е. условена од доверливоста
на сите негови елементи, како што се: генераторските единици,
преносните водови, енергетските трансформатори, комутационите
апарати, системската заштита и автоматика и друго. Таа зависи уште и

1
од топологијата на електроенергетската мрежа, степенот на
резервираност на изворите и преносниот систем како и од нивото на
оптоварување на потрошувачите во системот, односно од големината
на резервата во ЕЕС.
Обезбедувањето на доверливост во работата на ЕЕС се остварува
со обезбедување на определена резерва на моќност кај изворите но и
со резерва во пропусната способност на преносната мрежа. Секое
повишување на степенот на доверливоста на еден ЕЕС е обично
сврзано со потреба од дополнителни инвестиции. Превисоко одбрано-
то ниво на доверливост ќе доведе до неоправдано преинвестирање во
системот, додека пак подинвестирањето во системот ќе биде сврзано
со неекономичност и лош квалитет во погонот, односно со неоправ-
дано големи штети кај потрошувачите поради тоа. Затоа, определу-
вањето на рационално ниво на степенот на доверливост на еден ЕЕС
претставува специфичен техничко−економски проблем.
Внесувањето на доверливоста како нова димензија во процесот
на планирањето на развојот на ЕЕС ќе претставува значи задача со која
треба, гледано од најширок општествен интерес, да се обезбеди
оптимално искористување на сите идни вложувања во елект-
роенергетиката на една земја. Според тоа, тука станува збор за
изнаоѓање на еден компромис помеѓу инвестициите во идните елект-
роенергетски објекти и штетите кај потрошувачите поради редукции-
те и лошиот квалитет на испорачаната електрична енергија, т.е.
компромис помеѓу цената на произведениот kWh и неговиот
квалитет.
ЕЕС претставуваат пример на сложен систем од кој што се оче-
кува да има прилично висок степен на доверливост. Во многу ЕЕС
просечното времетраење на режимите во кои има недостаток на моќ-
ност изнесува само неколку часови годишно. Во иднина од нив ќе се
очекува уште поголема доверливост, затоа што идните потрошувачи
поради своите специфичности ќе бидат се повеќе и повеќе осетливи на
прекините и редукциите во електроснабдувањето. Затоа доверливоста
била и ќе биде еден од главните фактори кои ќе влијаат на
планирањето, проектирањето и погонот на ЕЕС.
Првите пристапи кон обезбедувањето на адекватен ЕЕС и про-
верката на прифатливоста на степенот на доверливоста на системот
биле наполно детерминистички. Доверливоста на ЕЕС се обезбедувала
на тој начин што системот кој се креирал требало да задоволи
определени технички критериуми во случаите на една однапред дефи-
нирана листа на состојби со испаднати елементи.
Во многу земји ваквиот начин на планирање и проектирање на
ЕЕС се применува и ден денес. Значи системот се креира со доволна
редундантност која обезбедува негово несметано работење за време на
било која од споменатите состојби. На тој начин всушност се дефинира
"границата" помеѓу успешните и неуспешните состојби на системот, со
импликација дека системот би бил навистина добро избран ако е добро
и правилно избрана и листата на можните состојби со испаднати
елементи.

2
Со растот на димензиите и сложеноста на ЕЕС, рапидно растеле и
тешкотиите сврзани со примената на горниот пристап, бидејќи
станувало се потешко и потешко да се биде сигурен дека во листата на
состојби, според која се тестирал и креирал идниот систем, не се
направени некои важни и сериозни пропусти чиј ефект би имал
значително влијание врз неговата доверливост. Така, постепено, на
истражувачите им станувало очигледно и јасно дека секоја од можните
состојби во која ќе се наоѓа идниот систем треба на некаков начин да
се вреднува со некој тежински коефициент, кој ќе ги уважува нејзината
зачестеност и нејзиното времетраење, т.е. веројатноста на нејзиното
настанување. На тој начин се дошло до новиот, пробабилистички
пристап кон овој проблем.
Во последните неколку декади во светот се направени низа
напори во создавањето и реализирањето на разни веројатностни
модели на ЕЕС кои би се применувале во анализите на нивната
доверливост. Денес веќе постојат повеќе методи кои се користат за таа
цел и кои, и покрај нивниот забележителен стаж, се сè уште во фазата
на својот развиток и доусовршување. Сите тие имаат пробабилистички
пристап кон проблемот на доверливоста на системот, а се темелат на
примената на разни аналитички постапки или пак ја користат
техниката на симулација.
Реалното опфаќање на сите релевантни фактори при пресметките бара
веројатностен пристап кон проблемот. Во наредниот дел ќе биде
прикажан еден модел и постапка за пресметување на
карактеристичните показатели на доверливоста на ЕЕС. Тој
овозможува опфаќање не само на нерасположивоста на изворите и
мрежата од системот, туку со него се опфатени и сите преостанати
битни фактори кои имаат детерминистичка или стохастичка природа и
кои го определуваат нивото на доверливост на ЕЕС.
Моделот што ќе се изучува и применува за анализа на
доверливоста на ЕЕС би можел да се користи и во студиите за развој
на ЕЕС и со него би се анализирала и определувала динамиката на
изградбата на изворите и мрежата со која би се обезбедувало одржу-
вање на некое зададено ниво на доверливоста на системот, но моделот
би се користел и за некои други цели, во фазата на проектирањето и
експлоатацијата на ЕЕС.

Осврт кон некои постојни методи за анализа


на доверливоста на ЕЕС
Една од поважните задачи при планирањето на ЕЕС е проценката
на доверливоста на системот, и избор на варијанта/варијанти на развој
со која ќе биде обезбеден рационален ниво на доверливоста во
неговата идна работа. Притоа, системот треба да се гледа комплексно
(во целост), составен од изворите и преносната мрежа. Оценката на
адекватноста на системот и пресметката на одделните индекси на
доверливост претставува пресметковна процедура, која во општ случај
се состои од повеќекратно повторување на следните три чекори:

3
1. избор на состојба во системот (избор на сценарио), т.е. де-
финирање на нивото на потрошувачката во системот,
дефинирање на расположивоста на одделните елементи во
системот, дефинирање на условите на работа и друго;
2. проверка на адекватноста на избраната состојба, т.е. провер-
ка дали за избраната конфигурација на изворите и
преносните елементи, системот ќе биде во можност да ја
испорача бараната моќност без да бидат нарушени разните
погонски ограничувања, наметнати од ограничените
производни и ограничените преносни капацитети на
елементите од ЕЕС. Во овој чекор од пресметките, по
потреба, се врши и корективна акција во работата на
системот, како што е на пример прераспределбата на
генерираните моќности во системот, вклучување или
исклучување на некои елементи до мрежата, редукција на
товарот и друго;
3. проценка на индексите на доверливост на ЕЕС (како на
пример веројатноста за загуба на товарот LOLP,
математичкото очекување на неиспорачаната електрична
енергија на потрошувачите во текот на годината и други).
Доколку проценката задоволува, тогаш пресметковната
процедура ќе заврши; во спротивно, пресметките
продолжуваат при што одново се поаѓа од првиот чекор.
Сите досега развиени постапки за анализа на доверливоста на
сложените ЕЕС главно се разликуваат меѓусебе по начинот на избор на
системското сценарио (првиот чекор) и по начинот на моделирањето
на мрежата при анализата на адекватноста на системот во
разгледуваната ситуација (вториот чекор). Друга поделба е според
применетата постапка, и во таа смсила тие се делат на:
ƒ аналитички и
ƒ симулациони.
Обично, аналитичките методи за избор на системската состојба
ја користат техниката на сукцесивна нумерација при што, од
пространството на можните состојби на системот се бираат само
поверојатните неповолни состојби. Истовремено, тие го користат
најчесто AC моделот на мрежата за пресметка на тековите на
моќностите во неа.
За разлика од нив симулационите модели при изборот на
сценариото ја применуваат техниката на симулација (заради што се
нарекуваат симулациони методи), додека за пресметката на тековите
на моќностите во мрежата, го користат линеаризираниот DC модел.
И едниот и другиот пристап кон наведениот проблем има свои
предности и свои недостатоци. Методите кои базираат на нумерација
на системските состојби се обично поефикасни тогаш кога бројот на
состојбите во системот што ќе треба да се анализираат е релативно
мал. Тоа е на пример типично кај анализата на доверливоста на
"чистиот" преносен систем (изворите во тој случај се земаат како
стопроцентно доверливи). Кај оваа задача, веројатностите за

4
настанување на еднинечни и двојни испади се сосема мали, додека
веројатноста за појава на испади од повисок ред е практично зане-
марлива, па пребарувањето на пространството на состојбите и
селекцијата на состојбите што ќе треба да се анализираат ќе
претставува релативно едноставен проблем.
За разлика од нив, симулационите методи се посоодветни тогаш
кога бројот на состојбите во системот што ќе треба да се анализираат е
релативно голем. Оваа ситуација е типична кај истражувањата на
комплексната доверливост на ЕЕС, кога системот се посматра во
целост, заедно со својот производен дел (изворите) и својот преносен
дел (мрежата). Во тој случај, поради знатно повисоките коефициенти
на нерасположивост на генераторските единици, (особено на
термоблоковите), бројот на испадите кои ќе доведуваат до загрозување
на режимот на работа на системот како и веројатноста за нивното
настанување се знатно поголеми.
Кога во моделите, покрај основните ограничувања што се однесу-
ваат на производните и преносните капацитети на елементите од систе-
мот, сакаме да внесеме и ограничувања типични за хидроизворите кои
се однесуваат на начинот на нивната работа, тогаш симулационите ме-
тоди стануваат практично единствената прифатлива алтернатива.

4.2. РЕШАВАЊЕ НА ПРИБЛИЖНИТЕ ТЕКОВИ


НА МОЌНОСТИ ВО ЕЕС СО МОДЕЛОТ
ЗА ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА (DC)

Слика 4.1. Хипотетички (замислен) ЕЕС со 4 јазли и 4 гранки


Една од задачите која што е потребно да се решава при анализата
на работата на еден електроенергетски систем (ЕЕС) е пресметката на
тековите на моќности во мрежата – проблем кој што во литературата се
нарекува Load Flow Problem. Оваа анализа се состои во определување
(пресметување) на комплексните напони во јазлите од мрежата и
пресметка на струите односно моќностите во гранките од мрежата како
и определување на моќноста што се зема од балансниот јазел, што води
кон пресметка на загубите на активна и реактивна моќност во системот
во посматраниот работен режим.

5
Пресметката на тековите на моќностите во мрежата е потребна од
повеќе причини меѓу кои овде ќе бидат наведени поважните:
• утврдување дали се вредностите на напоните на јазлите во
дозволените граници;
• дали се струите во гранките од мрежата во дозволените
граници или пак постојат локални преоптоварувања;
• доколку нема такви преоптоварувања, колку се струите
блиску до своите термички граници;
• пресметка на загубите во системот и оценка на економич-
носта на работењето, и др.
Сите наведени анализи и "контроли" се прават како во процесот
на експлоатација (погон) така и во процесот на планирање на мрежата
(системот, заради утврдување на "адекватноста" т.е. прифатливоста на
дадена конфигурација на мрежата.
Понекогаш, особено кога се работи на планирањето на развојот
на електроенергетските мрежи, е потребно, многукратно пресметување
на тековите на моќности. За секоја разгледувана варијанта на развој на
системот се врши т.н. "contingency analysis", т.е. анализа на работата на
мрежата со единечни (а понекогаш и со двојни) испади, кога еден или
два значајни елемента од ЕЕС (вод, трансформатор, генераторска
единица) испаднат од погонот заради дефект (принуден испад). Со
таквата contingency analysis се проценува степенот на сигурност, т.е.
доверливост на ЕЕС.
Во анализите на доверливоста на ЕЕС пресметки на тековите на
моќности се вршат за секоја разгледувана можна конфигурација на
мрежата и тоа за најнеповолната состојба на системот, а тоа е обично
максималниот режим, т.е. режимот што одговара на моментот кога
потрошувачката во системот е максамална затоа што тогаш се термич-
ките напрегања на елементите најголеми а покрај тоа напонските
прилики се најнеповолни. Притоа бројот на комбинациите со испад-
нат(и) елемент(и) што можат да се случат во ЕЕС може да биде
огромен така што бројот на случаите за коишто ќе се вршат таквите
пресметки на тековите на моќности ќе биде исто така огромен.
Затоа ефикасноста на усвоената постапка за пресметување на
тековите на моќности во системот, која во голема мера зависи од
применетиот пресметковен алгоритам, ќе биде од првостепено значе-
ње, додека точноста на пресметките ќе биде од второстепено значење.
Последново е сосема оправдано ако се има предвид фактот дека во
сите анализи на можните режими на работата на еден систем, било да
се работи за потребите на оперативното планирање (за ден нанапред)
или пак да се работи за потребите на среднорочното и долгорочното
планирање (недела, месец, година или деценија нанапред) се вршат со
претпоставени, односно прогнозирани, вредности на оптоварувањата
на потрошувалите во системот при што грешките во прогнозите нај-
често се поголеми од грешките што ги воведува применетата методо-
логија за пресметка.
Од тие причини е сосема оправдано ваквите анализи да се вршат
со приближни постапки, базирани на упростени модели за ЕЕС, се

6
разбира доколку со тоа, сепак, се добива решение со прифатлива точ-
ност а за возврат тоа решение се добие за многу покусо време и на
многу поедноставен начин.
Во наредниот дел ќе стане збор за еден таков модел и една таква
постапка. Тоа е т.н. "DC model" или "модел на еднонасочна струја".
Како резултат од примената на таквиот модел се добиваат приближ-
ните текови на активни моќности во системот (тнар. "DC Load Flow").
Анализите покажуваат дека кога се работи за пресметка на граничните
режими (каков што е режимот на максималното оповарување во ЕЕС),
точноста со која што се определуваат тековите на активни моќности во
високонапонските преносни мрежи е сосема задоволувачка. Попрециз-
но кажано, со порастот на степенот на оптовареност на системот греш-
ката во пресметките опаѓа и за граничните случаи достигнува вредност
од само неколку %.
Од тие причини во наредниот дел ќе се запознаеме со еднонасоч-
ниот DC-модел за пресметка на тековите на активните моќности во
еден сложен ЕЕС. Неговата глава одлика е таа што овој модел е
директен (без итерации), а тоа значи дека нема проблеми со конвер-
генцијата, потребното пресметковно време е многукратно (и по
неколку десетина па и стотина пати) помало во однос на потребното
време кај AC анализите и конечно, можеби и најважно е тоа што DC –
моделот воведува линеарни односи помеѓу моќностите во гранките од
мрежата и моќностите на изворите односно потрошувачите во ЕЕС.
Иако со овој DC-модел е можно да се изврши и приближна про-
ценка на тековите на реактивни моќности, грешките во тие проценки
се веќе над прифатливите вредности така што главниот недостаток на
овој метод е што во пресметките не е можно сосема коректно да се
"инволвираат" и реактивните моќности односно напоните во системот.
Но како олеснителна околност, која повторно ја оправдува примената
на еднонасочниот модел, е фактот што обично во ВН мрежи и системи
факторот на моќност на потрошувачите е прилично висок, cosϕ > 0,95,
така што, во основа, проблемите на граничните режими, каков што е,
на пример, максималниот режим, се термичките ограничувања на
елементите од мрежата а не реактивните моќности односно напонските
прилики во ЕЕС.

4.3. ТЕОРИСКИ ОСНОВИ НА DC - МОДЕЛОТ

4.3.1. МОДЕЛИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ТЕКОВИТЕ НА МОЌНОСТИ


ВО МРЕЖАТА
Постои голем број методи за пресметка на тековите на моќности
во ЕЕС. Сите тие меѓусебе се разликуваат по постапката на решавање
на проблемот, поради што тие ќе се разликуваат и по брзината на
пресметување, точноста на добиените резултати како и по потребите
од компјутерска меморија.
Равенките со кои е опишана состојбата во една мрежа со
произволна конфигурација и со произволен број на јазли N , го имаат
следниот облик:

7
N
PI i = U i ⋅ ∑ U k ⋅ ⎡⎣Gik ⋅ cos(θi − θ k ) + Bik ⋅ sin(θ i − θ k ) ⎤⎦ ;
k =1
N
QI i = U i ⋅ ∑ U k ⋅ ⎡⎣Gik ⋅ sin(θi − θ k ) − Bik ⋅ cos(θi − θ k ) ⎤⎦ ; (4.1)
k =1

i = 1, N
Со равенките (4.1) е дефиниран таканаречениот АС-модел, т.е.
модел за наизменична струја, кој се смета за точен. Левите страни од
равенките (4.1) ги претставуваат инјектираните моќности во мрежата,
и притоа важи:
PI i = PGi − PPi ;
QI i = QGi − QPi ; (4.2)
i = 1, N .
За сите јазли од мрежата, освен за балансниот јазел (така-
наречениот Slack bus), познати се генерираните моќности PG и QG,
моќностите на потрошувачите PP и QP, па според тоа, познати се и
инјектираните моќности PI и QI. Со познатите моќности PI и QI може
да се реши системот равенки (4.1), во кој како непознати се јавуваат
комплексните напони Ui (i = 1, N; i ≠ s), на поедините јазли во мрежата.
По определувањето на непознатите напони Ui (i = 1, N; i ≠ s), лесно се
пресметуваат и тековите на моќностите во било која произволна гранка
од мрежата со индекс k што ги сврзува јазлите p и q, (што во иднина ќе
го означуваме со нотацијата k (pq) ):
PGRk = U p2 ⋅ YGk ⋅ sin( ρ pq ) + U p ⋅ U q ⋅ YGk ⋅ sin(θ p − θ q − ρ pq );
QGRk = U p2 ⋅ YGk ⋅ cos( ρ pq ) + U p ⋅ U q ⋅ YGk ⋅ cos(θ p − θ q − ρ pq ) − 0.5 ⋅ U p2 ⋅ BGk ;
ρ pq = arc tg ( RGk / XGk ); (4.3)

YGk = RGk2 + XGk2 ;


k = 1, M .
Во равенките (4.3) со p и q се означени почетниот и крајниот
јазел од гранката k, додека со RGk, XGk и BGk се означени параметрите
на нејзината пи-заменска шема, со вогласност со сликата 4.2.
Како што е познато, егзактното решавање на тековите на моќ-
ностите во еден ЕЕС е сврзано со решавање на еден систем нелинеарни
равенки. Тој се решава со разни итеративни постапки, специјално
наменети за таа цел. Итеративното решавање на проблемот пак, од
друга страна, е сврзано со големо потребно пресметковно време и
проблеми со конвергенцијата на процесот. Од друга страна, точноста
на влезните податоци (на пример за идните оптоварувања) ја лимити-
раат и точноста на крајните резултати од пресметките. Тоа придонесу-
ва понекогаш да биде рационална примената на приближни, поупрос-
тени модели.

8
p RGk + j XGk q
PGRk
QGR k
1 BG 1 BG
Up 2 k Uq
2 k

Slika 4.2. Pi-zamenska {ema na grankata k (p q)

Нелинеарниот карактер на моделот, заедно со наведените


тешкотии околу неговото решавање, се основен проблем кога е пот-
ребно пресметките на тековите на моќностите да се вршат повеќе-
кратно. Тоа е потенцирано особено тогаш кога решавањето на проб-
лемот е сврзано со некаква оптимизациона постапка на режимот на
работа на ЕЕС. Затоа, во вакви прилики, многу често се применуваат
линеарни апроксимации на односите (4.1) во мрежата, кои овоз-
можуваат проблемот да се решава со директни методи, без итерации.

4.3.2. ЕДНОНАСОЧЕН DC - МОДЕЛ


Кај високонапонските преносни мрежи, можно е да се воведат
следните апроксимации:
U i = 1 pu; i = 1, N ;
sin(θ i − θ k ) ≈ θi − θ k ; i = 1, N ; k =1, N ; (4.4)
cos(θi − θ k ) ≈ 1; i = 1, N ; k = 1, N .
Ќе ги посматраме најнапред тековите на активните моќности.
Ако апроксимациите (4.4) ги воведеме во првата од равенките (4.1), ќе
ја добиеме следната упростена релација:
N N N N
PI i = ∑ [G
k =1
ik + Bik ⋅ (θi − θ k ) ] = ∑G
k =1
ik + θi ⋅ ∑ Bik − ∑ Bik ⋅ θ k ; i = 1, N . (4.5)
k =1 k =1

Бидејќи станува збор за активни моќности, попречните реактивни


елементи во мрежата можеме да не ги земаме предвид. Ако во мрежата
нема попречни активни отпорности, во тој случај, согласно со
особините на матриците G и B , ќе имаме:
N N

∑ Bik = 0;
k =1
∑G
k =1
ik = 0; i = 1, N . (4.6)

Со оглед на релациите (4.6), за равенката (4.5) можеме да


напишеме:
N
PI i = ∑ (− B
k =1
ik ⋅ θ k ); i =1, N . (4.7)

Праксата покажала дека, во ваквите случаи, подобри резултати се


добиваат ако при формирањето на матрицата B се игнорираат и редни-
те активни отпорности на елементите од мрежата, т.е. ако се земе:

9
1
− Bii = ∑ω XG
k∈
; i =1, N ; (4.8)
i k

−1
− Bij = ; i = 1, N ; j = 1, N ; j ≠ i. (4.9)
XGl
Во равенката (4.8), со ωi е означено множеството гранки кои што
се директно врзани за јазелот i, т.е. сумирањето се врши по сите гранки
k кои се директно врзани за јазелот i.
Во равенката (4.9) XGl претставува реактанција на гранката l (ij),
директно приклучена помеѓу јазлите i и j. Доколку не постои таква
гранка во мрежата, тогаш соодветниот елемент Biј ќе има вредност
нула.
На сличен начин се доаѓа и до аналогна матрична релација
помеѓу матицата на инјектираните реактивни моќности QI' и
матрицата U на модулите на напоните [4.1]:
QI' = (−B) ×U. (4.10)
Притоа, елементите на матрицата на модифицираните реактивни
моќности QI' се пресметува според (4.11) :
1
QI i′ = QI i + ⋅ ∑ BGk ; i = 1, N . (4.11)
2 k∈ωi
Сите величини во (4.8), (4.9), (4.10) и (4.11) се изразени во
релативни (pu) единици.
Непознатите матрици θ и U се пресметуваат директно, со
решавање на матричните равенки (4.7) и (4.10). Тоа може да се направи
на разни начини: со матрична инверзија, со триаголна факторизација
или пак со LDU−декомпозиција на матрицата (−B).
Кога се работи за многукратно решавање на DC Load Flow проб-
лемот распределбата на моќности во мрежата, при што се менуваат
моќностите на изворите или моќностите на потрошувачите, а особено
тогаш кога се вршат определени измени во мрежата, практично е да се
користи методот на матрична инверзија. Во тој случај, за основната
конфигурација, најнапред се врши инверзија на матрицата (−B) на
мрежата:
Z = (−B)−1 , (4.12)
а потоа се пресметуваат и непознатите агли:
θ = Z×PI. (4.13)
Приближните текови на активните моќности во мрежата се доби-
ваат врз основа на изразите (4.3). Ако, притоа, ги воведеме апроксима-
циите (4.4), тогаш за пресметување на активната моќност во било која
гранка k (pq) од мрежата се добива сосема едноставен израз:
θ −θ
PGRk = YGk ⋅ (θ p − θ q ) = p q ; k = 1, M ;
XGk (4.14)
p и q се почетниот и крајниот јазел.

10
4.3.3. ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ (ЗАДАЧАТА)

Слика 4.1. ЕЕС со 4 јазли и 4 гранки


На сликата е прикажан еден хипотетички 110 kV (Un=110 kV)
ЕЕС којшто се состои од мрежа со M=4 гранки и N=4 јазли, NP=2 пот-
рошувача и NG=2 генератора. Податоците за параметрите на елемен-
тите се прикажани на сликата 4.1. и во табелите 4.1 . . . 4.3.
Потребно е да се определат приближните текови на активни моќ-
ности (DC Load Flow) со помош на еднонасочниот DC-модел, којшто
се нарекува уште и модел за еднонaсочна струја.
Решавањето на поставената задача ќе го зивршиме со помош на
Excel − програмата DCLF.xls. Нејзиниот опис, намена и начин на
користење ќе биде даден за време на самата настава.
На сликата 4.3 е прикажано, во графичка форма, решението (DC-
тековите на моќности) за анализираниот случај.
46
W

,66
3M

7M
,33

W
53

Слика 4.3. Решение (DC Load Flow) за посматраниот ЕЕС


со 4 јазли и 4 гранки

11
Се поставува прашањето какви ќе бидат тековите на активните
моќности во ЕЕС доколку најоптоварената гранка од контурата 1-2-3,
водот 1 – 2, се "појача" со додавање на уште еден вод во паралела со
него така што новиот вод ќе има идентични карактеристики со првиот.
Изгледот на мрежата во новите услови е даден на сликата 4.5. На
истата слика се прикажани и тековите на активните моќности во ЕЕС
во новосозаддените услови, внесени во сликата со сина боја, како и
"старите" текови на моќности (црвена боја) за случајот со 4 вода,
опишан со сликата 4.4. Од споредбата гледаме дека во новосозда-
дените услови струјата во делницата 1 – 2 од 53,333 MW се зголемила
на 67,364 MW, додека делниците 1 – 3 и 2 – 3 се растовариле од 26,667
MW на 12,632 MW и од 46,667 MW на 32,632 MW.
Може да се констатира дека со изградбата на новиот вод на
релација 1 – 2 нема да се случи ништо "спекракуларно", т.е. нема
изразено подобрување на распределбата на тековите на активни
моќности во системот. Тоа значи дека нејзината изградба, посматрано
од технички аспект, не е оправдана.

100
MW 2

20 16

12,632 MW 80,000 MW
4
1 10
12 3
80 80
~ MW 60 ~ MW
MW

Слика 4.4. Решение (DC Load Flow) за посматраниот ЕЕС


со 4 јазли и 5 гранки

12
4.4. ЗАДАЧИ

Задача 4.1. За случајот прикажан на сликата З.4.1.1 во кој се појавува


нов јазел и нов потрошувач. Потоа Со помош на програмата DCLF.xls
да се извршат пресметки на тековите на моќности а резултатите да се
прикажат на самата слика З.4.1.1. Колкави ќе бидат вкупните загуби на
активна моќност ΔPΣ во прикажаниот систем ако е познато дека сите
водови се од ист тип и со ист пресек, со подолжни параметри z =
(r0+jx0) = (0,13+j0,40) Ω/km.

Слика З.4.1.1. ЕЕС од сликата 4.4 со нов јазел и нов потрошувач


Р е ш е н и е:
а) Пресметка на тековите на активна моќност
Решението на новите текови на активни моќности во мрежата се
добива со повторно повикување на програмата DCLF.xls, се разбира
откога ќе се извршат соодветните промени во работните листови Potros
и Mreza. Добиените рзултати од пресметките се прикажани на сликата
З.4.1.2. Нивните вредности се внесени (со сина боја) на самата шема од
ЕЕС, на сликата, додека со црвена боја се внесени "старите" вредности
за моќностите.

W
0M W
,0 00 0 M
8 ,00
80

Слика 3.4.1.2. Решение (DC Load Flow) за посматраниот ЕЕС


од сликата 3.4.1.1 со 5 јазли и 5 гранки

13
б) Пресметка на вкупните загуби на активна моќност
Вкупните загуби на моќност ΔPΣ се добиваат, приближно, со
помош на следната формула:
m m
Rgr ( k ) ⋅ Pgr ( k ) 2
ΔPΣ = ∑ ΔPk = ∑
k =1 k =1 U n2 ⋅ cos 2 ϕ
Во последната формула со Pgr(k) и Rgr(k) се означени активната
моќност, односно активната отпорности на гранката со реден број k.
Вредностите Pgr(k) се веќе сместени во соодветна колона од работниот
лист Mreza. Активните отпорности на гранките од мрежата Rgr(k) се
добиваат со помош на следната релација:
Rgr (k ) = r0 ⋅ lk = 0,13 ⋅ lk ; k = 1, 2,… , n.
Пресметката на сумата ΔPΣ може да се изврши и во самиот Excel.
Притоа треба да се води сметка за следните податоци:
Un = 110; cosfi = 0.9; r0 = 0.13; Rgr = r0*Lgr;
Вкупните загуби во системот, пресметани на тој начин, ΔPΣ
изнесуваат:
ΔPΣ =13,299 MW.

14
2. Задача*: Да се прeсметаат тековите на активните моќности и вкуп-
ните загуби во системот од претходната задача ако се изгради нов вод
помеѓу јазлите 2 и 5, со должина l2−5 = 25 km, како што е тоа прика-
жано на сликата З.2.1. Пресметките да се направат со помош на прог-
рамата DCLF а резултатите да се прикажат на самата слика З.2.1.

Слика 3.2. Решение (DC Load Flow) за посматраниот ЕЕС


од сликата 3.1.а со доданета гранка 2 – 5

Р е ш е н и е:

4.5634 MW
2.3623 MW
1.1179 MW
DP =
2.1222 MW
1.7350 MW
0.2760 MW

DPsuma = 4.5634+2.3623+1.1179+2.1222+1.7350+0.2760
DPsuma = sum(DP) = 12.1767 MW.

15
4.5 ТОЧНОСТ НА DC МОДЕЛОТ

Суштествено упростување на кое се базира целата методологија


за определување на индексите на доверливост на ЕЕС е примената на
DC моделот. Како што веќе беше изнесено во точката 6.2, кај него се
занемаруваат падовите на напони во мрежата, тековите на реактивните
моќности, загубите на моќност и друго. Со оглед на фактот дека DC
моделот дава само приближно решение на тековите на моќности во
мрежата, сосема е природно да се постави прашањето: колкави се
грешките што тој ги воведува и колкава е воопшто прифатливоста на
така добиените резултати.
Одговорот на ова прашање е побаран во споредбата на резул-
татите добиени со приближниот DC метод и точниот AC метод. При-
тоа, анализирани се две сосема различни мрежи: високонапонската
мрежа 110/220/400 kV на СР Македонија и мрежата 220/400 kV од ЕЕС
на СР Србија.
Вршена е анализата на високонапонската мрежа на СР Македо-
нија. Разгледуван е ЕЕС на СР Македонија во режимот на максимал-
ното оптоварување во 1985 год.
Податоците за мрежата и параметрите на режимот се изнесени во
[6.10] и [6.11]. Притоа, анализирана е големината на грешките за разни
услови на работа на системот, не само за нормалниот режим на работа
без испаднати елементи, туку и за режими со единечни и двојни
испади.
На сликата 4.5. е даден графички приказ на зависноста на
апсолутната грешка (изразена во [%]) , од степенот на оптовареност на
елементите од мрежата, за нормалниот режим на работа на системот.
Во табелата 4.1, во куси црти, се резимирани заклучоците околу
големината на грешката во истиот тој режим.

Табела 4.1. Големина на грешката [%] што ја воведува DC моделот


во зависност од степенот на оптовареност на елементите од мрежата
во ЕЕС на СР Македонија за максималниот режим во 1985 година.

Оптоварување на Просечна вредност Маx. вредност


елементите [MW] на грешката [%] на грешката [%]
0 – 15 12.6 65.6
15 – 30 11.3 30.7
30 – 50 4.5 12.5
над 50 1.8 4.6

Интересно е да се забележи дека, обратно од очекувањата,


големината на грешката за режимите на работа на ЕЕС со испаднати
елементи воопшто не се зголемува. Таа дури понекогаш и се намалува,
и покрај тоа што поради високата оптовареност на елементите, некои
од таквите режими би биле воопшто недопуштиви.

16
Слика 4.5. Графички приказ на големината на грешката на DC-моделот

Од изнесеното може да произлезе заклучокот, без да се има


претензија за негово генерализирање, дека кога се работи за гранични
режими на работа на системот, какви што се од интерес во нашите
анализи, DC моделот дава сосема задоволителна проценка на тековите
на моќностите во мрежата. Ваквиот заклучок е уште повеќе прифатлив
кога станува збор за мрежи со поголем степен на оптовареност и
мрежи со поголем процент на застапеност на високонапонските водови
220 kV и 400 kV, во однос на разгледуваната мрежа на СР Македонија.
Тоа, впрочем, се гледа и од споредбата на резултатите за тековите на
моќности добиени со DC и AC методот на делот од ЕЕС на СР Србија,
кој се однесува на мрежите 220 kV и 400 kV.
На сликата 4.6 е прикажана упростената шема на мрежите 220 и
400 kV од ЕЕС на СР Србија. Параметрите на водовите и трансфор-
маторите, со кои се вршени пресметувањата се реални и одговараат на
нивните вистински вредности. Тие се преземени од [6.14]. Параметрите
на режимот на работа на системот се ориентациони. Во разгледуваниот
режим усвоено е сите потрошувачи да работат со ист фактор на

17
моќност cosϕ = 0,9, што е мошне неповолно за самата споредба.
Резултатите од споредбата на DC и AC тековите на активните моќ-
ности во споменатиот систем се прикажани во табелата 4.2.
9. NS 220
581.1 MW
8. NS 380

774.8 MW

7. BG 220
193.2 MW 1050 MW

6. BG 380 3. DJR
1. OBR 380

2. OBR 220 (Slack bus)


1601 MW 774.8 MW PΣ = 3872.3 MW
ΔPΣ = 53.8 MW

10. KG 12. NIS 380


11. BOR
193.2 MW 193.2 MW
14. NIS 220
5. BB
15. KS
387.8 MW
475 MW 193.2 MW
387.8 MW

13. KOS 380

4. KOS 220
800 MW 193.2 MW

Слика 4.6. Упростена шема на ВН мрежа 220 kV и 400 kV на ЕЕС на С.Р.Ј


Легенда: 400 kV водови; 220 kV водови; собирници.

Врз основа на изнесената споредба во табелата 4.2, повторно


може да се констатира дека постои сосема задоволително поклопување
на DC и AC тековите на моќности и тоа кај скоро сите елементи од
мрежата. Поклопувањето на резултатите е особено видливо кај елемен-
тите со висок степен на оптовареност, што е за нас од особено значење.
Позначајни разлики од најмногу десетина проценти се забележуваат
само кај слабо оптоварените водови, како и кај елементите што се
наоѓаат во близината на балансниот јазел (јазелот бр. 2). Во послед-
ниов случај, овие разлики се природна последица на фактот што кај DC
распределбата на моќностите не влегуваат во игра загубите на активна
моќност во системот, кои во разгледуваниот режим од сликата 6.2
изнесуваат 53,8 MW, а кои во AC распределбата биле покривани од
изворот приклучен во балансниот јазел. Последниот недостаток може
лесно да се одстрани на следниот начин. Најнапред, врз основа на
претходно добиените резултати за DC распределбата на моќностите и

18
врз основа на средниот (просечниот) фактор на моќност на потрошу-
вачката cosϕср , ќе се процени големината на загубите на активна
моќност во системот, со помош на изразот:
N
1
ΔP = ⋅ ∑
U n ⋅ cos ϕsr i =1
2 2
RGi ⋅ PGRi2 . (4.15)

По пресметувањето на загубите ΔP , се врши корекција на


моќноста PGi генерирана во балансниот јазел:
PGi′ = PGi + ΔP , (4.16)
и конечно, со помош на (4.16), се врши пресметување на корегираните
DC' текови на моќности во системот.
Моќностите добиени со корегираниот DC' модел, како и соод-
ветните грешки за тој случај се прикажани, истотака, во табелата 4.2.
Видно е значително намалување на грешките кај сите гранки во
околината на балансниот јазел.
Корекцијата на тековите на моќностите добиени со DC моделот,
преку уважувањето на естимираните загуби ΔP во системот, е од
посебно значење за големите ЕЕС кај кои и загубите на моќност се
големи. Така, на пример, според [6.7] , вкупните загуби во ЕЕС на СР
Србија за режимот на максималното оптоварување во декември 1981
година се проценуваат на вредноста 148 MW, па во тој случај, без
сомнение, внесувањето во игра и на загубите ΔP ќе има прилично
влијание врз намалувањето на грешките кај споменатите гранки.
Загубите ΔP во системот на СР Македонија се релативно мали. За
режимите на максимално оптоварување тие се движат во границите од
1,6 % до 2,7 % [6.12] и нема да ја надминат вредноста од 30 MW дури
ни во наредните десетина години. Затоа, корекцијата на DC тековите
на моќности преку уважувањето на загубите ΔP ќе биде овде излишна.

4.6 ПРИБЛИЖНО УВАЖУВАЊЕ НА ТЕКОВИТЕ


НА РЕАКТИВНИ МОЌНОСТИ

Во сите досегашни модели, премолчено (занемарувано) беше


присуството на реактивните моќности во системот. Занемарувањето на
тековите на реактивните моќности во високонапонските преносни
мрежи е на некој начин и прифатливо бидејќи кај нив, особено кога
станува збор за режимите на максимално оптоварување, се работи за
пренос на моќности со висок фактор cos ϕ.
Сепак, во применуваните модели мора, на некаков начин, да се
вгради и постоењето на реактивните моќности во системот. Тие
влијаат врз големината на загубите на моќност во системот, а покрај
тоа, нивното присуство во мрежата ја намалува нејзината пропусна
моќ. За да се уважи, сепак, на некаков начин, и нивното постоење, што
е од особено значење при определувањето на граничните производно-
преносни способности на системот, во моделите со кои ќе се сретнеме
во седмата глава, ќе биде потребно да се извршат соодветни корекции
на термичките граници на елементите од системот. Приближно
уважување на тековите на реактивни моќности во системот ќе

19
извршиме ако термичките граници PTi на сите елементи од мрежата ги
намалиме според (4.17) :
PTi [MW] = PTi [MVA] ⋅ cos ϕ sr ; i = 1, M ; (4.17)
или, уште подобро, ако ја прифатиме идејата што се сугерира во [6.9]:
U
PTi [MW] = PTi [MVA] ⋅ ⋅ cos ϕ sr ; i = 1, M . (4.18)
Un
Во (4.18) со U е означена вредноста на напонот во разгледуваната
точка од системот, приближно определен.
Друг начин на уважување на тековите на реактивните моќности е
нивното приближно пресметување. Приближното пресметување на
тековите на реактивните моќности QGRi ; (i=1, M) може да се изврши,
како што е тоа покажано во [6.11] , [6.15] и [6.16] повторно на база на
примената на DC моделот. Притоа е можно, на сосема коректен начин,
да се уважат уште и реактивните моќности генерирани од попречните
гранки во мрежата. По определувањето на приближните вредности на
реактивните моќности низ гранките од мрежата, се врши корекција на
термичките граници на елементите од мрежата според релациите
(4.19):
PTi [ MW ] = PTi 2 − QGRi2 ; i = 1, M . (4.19)

Уважувањето на тековите на реактивните моќности преку нив-


ното прелиминарно пресметување на база на моделите, изнесени во
[6.11], [6.15] и [6.16] е секако поточно, но истовремено и посложено.
Затоа, за потребите на оптимизационите модели од седмата глава,
усвоен е наједноставниот начин на нивното воведување во моделот,
преку корекциите (4.19).

20
Табела 4.2. Споредба на тековите на моќности добиени со точниот AC
модел и приближниот DC модел за мрежата 220/400 kV од ЕЕС на СР
Србија, прикажана на сликата 4.5
реден насока на MW добиени со AC Моќн. добиени со DC Моќн. добиени со DC '
број моќноста почеток крај MW % MW %
1 2–1 427.7 426.8 410.7 −3.9 434.7 1.7
2 5–2 60.2 59.2 65.0 8.9 61.6 3.2
3 5–2 60.2 59.2 65.0 8.9 61.6 3.2
4 6–1 106.9 106.8 118.7 11.1 113.2 6.0
5 3–6 458.0 447.7 469.4 3.6 463.5 2.4
6 2–7 316.1 311.0 300.0 −4.3 312.5 −0.3
7 5–7 127.2 123.5 123.9 −1.2 124.2 −0.9
8 6–7 341.0 340.0 350.7 3.0 349.9 2.8
9 1–8 284.2 282.0 282.6 −0.2 285.8 1.0
10 2–9 201.1 195.1 192.7 −2.7 197.9 −0.1
11 5–9 109.4 104.7 105.2 −1.8 105.7 −1.2
12 8–9 282.0 281.5 282.6 0.3 285.4 1.4
13 1 -10 56.2 56.0 52.9 −5.7 60.6 8.0
14 3 -11 592.0 580.6 580.6 −1.5 586.5 −0.5
15 12-10 138.0 137.2 141.0 2.5 133.0 −3.3
16 11-12 393.8 390.8 386.4 −1.5 389.8 −0.6
17 4 -13 143.6 140.1 138.4 −2.4 136.7 −3.6
18 13-12 74.6 74.4 80.8 8.5 74.2 −0.4
19 12-14 327.1 325.6 326.2 −0.1 330.7 1.3
20 4 -15 143.6 140.1 138.4 −2.4 136.7 −3.6
21 5 -15 118.0 115.7 115.6 −1.1 121.0 3.5
22 15-14 62.5 62.1 60.0 −3.7 61.0 −2.1

3. Задача: За мрежата прикажана на сликата 4.3 да се пресметаат


приближните текови на активни моќности, а потоа и точните AC-
текови на моќности. Врз основа на овие пресметки да се процени
колкава е грешката што ја воведува DC-моделот во големината на
пресметаната активна моќност на гранките од мрежата. Во анализите
на грешката да се земат предвид само "добро" оптоварените гранки,
т.е. оние гранки чие оптоварување изнесува најмалку 50% од нивната
термичка моќ. Напонот во балансниот јазел "1" изнесува U1 = 115 kV.
Пресметките да се направат за следните режими на работа.

P2 (MW) Q2 (Mvar) P3 (MW) Q3 (Mvar) PG4 (MW) QG4 (Mvar)


100 33 60 20 80 25
125 42 75 25 80 25
150 50 90 30 80 25

21
5. AC ТЕКОВИ НА МОЌНОСТ ВО МРЕЖАТА
AC тековите на моќност претставуваат комплетно решение на
Load Flow проблемот. Во овој случај се пресметуваат не само тековите
на активни, туку и тековите на реактивните моќности во мрежата,
напоните во поедините јазли од системот и моќноста што ја произ-
ведува баланскиот јазел, односно вкупните загуби на активна и реак-
тивна моќност во системот.
Постојат мноштво методи за решавање на AC тековите на
моќност. Во основа сите тие се итеративни бидејќи решението на
проблемот го добиваат со решавање на комплексниот систем нелине-
арни равенки што се опшашни во точката 4.3. Овде нема да биде
опишана ниту една таква метода бидејќи се смета дека Load Flow
проблемот е класичен проблем кој што се проулчува на нио на
додипломските студии и за него има напишано многу книги.
Затоа, овде ќе биде кажано само неколку зборови за програмата
ACFL која што, заедно со своето упатство, е приложена во доставените
материјали. Описот на програмата, нејзините можности и начинот на
работа со неа се детално опишани во тиоа упатство. На самите часови
од анставниот процес ќе стане, исто така, збор за оваа програма и за
начинот на нејзиното користење.
Заедно со програмата ACLF.xls, во истиот фолдер се наоѓа и уште
еднa програма LFZ.dll, која е неопходна за работата на програмата
ACLF.xls, но исто така во фолдерот се наоѓа и уште една друга
програма, именувана како SZ.xls. Во неа се сместени податоците за
северозападниот дел од ЕЕС на Р. Македонија и се анализира
состојбата во тој дел од системот за еден карактеристичен режим на
максимално оптоварување на нашиот ЕЕС.
SOSTOJBA VO RE@IMOT NA MAKSIMALNO OPTOVARUVAWE
VO SEVEROZAPADNIOT DEL OD EES NA R. MAKEDONIJA VO 2005 G.
18.3+j28.3
2. Vrutok 220 111.35 kV 110.05 kV
23 3. Skopje 1 220
109.93 kV 109.94 kV
220.93 kV 4. Polog Tetovo 2 24.7+j5.0 6. Tetovo 1 216.47 kV
41.1+j11.95. 11.4-j3.8 7. Tearce
18.3+j30.0

18.1+j35.9

231/115 2 3 4 231/115
.0
18 25
.0 /
150 MVA 24 3x150 MVA
+4x1.25% 55 1 13.5+j5.1 16.1+j6.5 57.5+j21.5 8.2+j3.1 −1x1.25%
44.9+j13.9
3.2-j6.3

10. Skopje 1 110


1. Vrutok 110 6 5 37.7+j14.1
22.2+j15.4 113.70 kV
113 kV
34.6+ 8. Jugohrom 14 60
1.4 .2+
13.2+j4.0
~

j8.7 112.46 kV +j2


39.1+j6.7 j21
9. Gostivar 14. G. Petrov 31.4 18 .6
7 8
110.10 kV 15 19
100.79+j70,604 112.20 kV
MVA 85+j20 67.4+j24.5 12. G. Baba
52.7+j1.4

21. 13 11. V.Glavinov


22 6+ 44+j17 20
j3
45.3

12

40+j15 .3 113.75 kV 114.38 kV


.8-
+j1

16 54+j20 37+j14
j1

165+j61.5

9
1 .6
4.3

114.72kV
18. Samokov 32.7+j8.6 21
17. TE 10.1 15. Skopje 3
114.60 kV
Oslomej 36.6+j 12
111.61 kV 115 kV
20. HE 116 kV 11 13. TETO
3.7+j1.4
~ 52.7+j1,4
.2
~

76+j32 165+j61,449
~
20

Spilje MVA Istok


+j

MVA
18
.0

100+j31.99 17
.1+
80

MVA j7. 116 kV


10 6 16. HE
~

19. Kicevo Kozjak


80+j20,221
115.31 kV MVA
18+j8

Vkupno proizvodstvo: (498.5+185.7) MVA Vkupna potro{uva~ka: (490.7+j177.7) MVA Vkupni zagubi: (7.79+j7.96) MVA

Pocetna Krajna Moknost na pocetok Moknost na kraj Pocetna Krajna Moknost na pocetok Moknost na kraj
sobirnica sobirnica km MW Mvar MW Mvar sobirnica sobirnica km MW Mvar MW Mvar
1 Vrutok 110 Polog 13.5 55.011 17.970 -54.588 -16.989 14 Jugohrom Skopje 1 110 44.5 -21.925 -15.917 22.235 15.440
2 Polog Tetovo 2 15.0 41.088 11.889 -40.824 -11.490 15 Skopje 1 110 G. Petrov 11.1 31.409 28.360 -31.224 -28.119
3 Tetovo 2 Tetovo 1 2.5 24.724 4.990 -24.708 -5.020 16 G. Petrov Skopje 3 20.8 -12.776 11.119 12.834 -11.641
4 Tetovo 1 Tearce 20.5 11.417 -3.754 -11.389 3.166 17 Skopje 3 HE Kozjak 30.0 -78.187 -15.068 80.000 20.221
5 Tearce Jugohrom 8.0 3.189 -6.266 -3.185 6.011 18 Skopje 1 110 V. Glavinov 1.9 -13.239 -4.043 13.242 3.986
6 Vrutok 110 Tetovo 1 31.8 44.867 13.896 -44.209 -12.728 19 Skopje 1 110 G. Baba 4.9 -60.013 -21.115 60.196 21.565
7 Vrutok 110 Gostivar 8.0 34.582 8.688 -34.487 -8.643 20 V. Glavinov G. Baba 4.0 -67.242 -23.986 67.430 24.485
8 Gostivar Jugohrom 36.3 39.056 6.680 -38.516 -6.072 21 TETO Istok G. Baba 4.0 165.000 61.449 -164.625 -60.048
9 Gostivar TE Oslomej 37.0 -44.569 -13.037 45.314 14.260 22 HE Spilje Vrutok 110 30.0 52.700 1.400 -51.994 0.020
10 TE Oslomej Kicevo 15.0 18.051 7.621 -18.000 -8.000 23 Vrutok 220 Skopje 1 220 65.2 18.276 28.261 -18.127 -35.899
11 TE Oslomej Samokov 17.5 36.635 10.108 -36.410 -9.982 24 Vrutok 220 Vrutok 110 TR1 -18.276 -28.261 18.322 30.030
12 Samokov Skopje 3 47.6 32.710 8.581 -32.211 -8.555 25 Skopje 1 220 Skopje 1 110 TR2 18.127 35.900 -18.090 -32.740
13 Jugohrom Skopje 3 41.5 -21.374 -4.022 21.565 3.264

22
6. ВРСКА ПОМЕЃУ МОЌНОСТИТЕ НИЗ ГРАНКИТЕ
ОД МРЕЖАТА И МОЌНОСТИТЕ НА ИЗВОРИТЕ
DC моделот на мрежата, по правило, дава добри проценки на
тековите на моќности, особено во случаите на поголеми оптоварувања
на водовите [6.6], што е карактеристично за граничните работни
режими на ЕЕС. Тој, на извесен начин, претставува компромис помеѓу
брзината и точноста. Неговата едноставност и брзина, а особено
фактот што внесува линеарни односи во мрежата, го прават да биде
многу често употребуван, понекогаш дури и незаменлив при разните
истражувања, сврзани со планирањето на ЕЕС. Затоа и овде тој е
усвоен како основен модел за решавање на тековите на моќности во
мрежата, а ќе видиме дека на база на неговата примена се добиваат и
определени релации помеѓу променливите во системот кои подоцна
многу успешно ќе се користат и за некои други цели. Како што е
познато [6.2], постои следната релација:
θGR = YGR ⋅ θ . (6.1)
Моќностите низ гранките од мрежата, освен со (4.13), можеме да
ги пресметаме и преку разликите на агли на краевите на гранките:
PGR = YGR·θGR, (6.2)
или кога се има предвид (4.13) и (6.2) :
PGR = YGR·A·Z·PI. (6.3)
Со оглед на првата равенка од (6.2), ќе имаме:
PI = PG − PP, (6.4)
од каде следува:
PGR = YGR·A·Z·(PG−PP). (6.5)
Ќе воведеме претпоставка дека моќностите на потрошувачите во
сите јазли од системот се константно пропорционални на вкупната
потрошувачка во системот PSP, независно од нејзината моментална
вредност , која, како што знаеме, се менува во текот на денот според
дневниот дијаграм на оптоварување, т.е.
PP = α·PSP. (6.6)
Значи, елементите на матрицата α се дефинирани на следниот
начин:
PPi
αi = ; i = 1, N ; (6.7)
PSP
од каде што произлегува:
N

∑α
i =1
i = 1. (6.8)

Според тоа, елементите од матрицата на коефициентите на


учество α се пресметуваат врз основа на податоците за просторната
распределба на товарот во ЕЕС, и како такви се сметаат за зададени,
односно познати.

23
Направената претпоставка за потрошувачите имплицира на
фактот дека во услови на ограничени производно - преносни капаци-
тети на ЕЕС, кога не постои можност за целосно покривање на пот-
рошувачката во системот, редуцираната моќност ќе се распредели кај
сите потрошувачи рамноправно, со ист процентуален износ.
Бидејќи мрежата се третира како чисто реактивна, загубите на
активна моќност во неа ќе бидат еднакви на нула, од каде што следува:
PSG = PSP, (6.9)
односно
N N

∑ PGi =
i =1
∑ PP
i =1
i . (6.10)

Сумата на моќностите на изворите можеме да ја напишеме и на


следниот начин:
PSG = LT ·PG. (6.11)
Во последната релација, со L е означена матрицата колона со
димензија [N×1] . Сите елементи од оваа матрица се единици.
Врз основа на изразите (6.6) , (6.9) и (6.1) , можеме да напишеме:
PP = α·LT ·PG. (6.12)
Со замена на (6.12) во (6.4) се добива:
PI = PG − α·LT ·PG , (6.13)
односно
PI = (E − α·LT )·PG . (6.14)
Конечно, заменувајќи го последниот израз во (6.3), ја добиваме
бараната релација помеѓу моќностите низ гранките од мрежата и
моќностите на изворите:
PGR = YGR·A·Z· (E−α·Lt) ·PG, (6.15)
односно
PGR = H·PG , (6.16)
каде што е:
H = YGR·A·Z· (E − α·LT )·PG . (6.17)
Матрицата H, дефинирана со (6.17), има димензија [M×N].
Редиците од оваа матрица се однесуваат на гранките, додека колоните
се однесуваат на јазлите од мрежата. Векторот PG пак претставува
матрица колона со димензија [N×1]. Бидејќи генерација на моќност
нема во сите јазли од системот туку во само мал број од нив, векторот
PG, по правило, ќе има голем број нулти елементи.
Резултатот PGR, од матричното множење во (6.16), нема во-
општо да се измени ако на некаков начин ги избегнеме операциите со
нултите елементи. Тоа наједноставно ќе го направиме ако извршиме
редукција на матриците PG и H. Редукцијата на матрицата PG ќе ја
извршиме со испуштање на оние редици кои соодветствуваат на
јазлите во кои нема генерација на моќност, додека редукцијата на
матрицата H ќе ја извршиме со испуштање на колоните што одговараат

24
на истите тие јазли. По извршената редукција, матрицата PG ќе има
димензија [NG×1] додека матрицата H ќе има димензија [M×NG].
Во програмската реализација на моделите изложени во оваа
глава, од разбирливи причини се оперира со редуцираните матрици PG
и H.
На тој начин, во општ случај за мрежа со M гранки и NG извори
(генератори) помеѓу моќностите на гранките од мрежата PGR(i) (i = 1,
M) и моќностите што ги произведуваат генераторите PG(j) (ј=1, NG) ќе
постои следбата општа релација:
NG
PGR (i ) = ∑H
j =1
ij ⋅ PG ( j ) ; i = 1, 2, … , m.

Така на пример, ако имаме, мрежа со 5 гранки и 3 извори (генера-


тори) тогаш релациите помеѓу моќностите н на гранките PGR и
моќностите на изворите PG ќе гласат:

PGR(1) = H11 ⋅ PG (1) + H12 ⋅ PG (2) + H13 ⋅ PG (3)


PGR(2) = H 21 ⋅ PG (1) + H 22 ⋅ PG (2) + H 23 ⋅ PG (3)
PGR(3) = H 31 ⋅ PG (1) + H 32 ⋅ PG (2) + H 33 ⋅ PG (3)
PGR(4) = H 41 ⋅ PG (1) + H 42 ⋅ PG (2) + H 43 ⋅ PG (3)
PGR(5) = H 51 ⋅ PG (1) + H 52 ⋅ PG (2) + H 53 ⋅ PG (3) .

Значи, односите се линеарни, т.е. активната моќност на секоја


гранка може да се претстави како линеарна комбинација од инјекти-
раните моќности на изворите во мрежата. Оваа многу погодна
околност овозможува голем дел од оперативните и оптимизационите
проблеми со кои диспечерите се среќаваат во своето работење да се
решаваат во затворена форма со помош на проверени класични
оптимизациони техники, за кои постои сигурен и робустен софтвер,
како што е на пример техниката на линеарото програмирање.

6.1. ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ ОД МАТРИЦАТА H

Пресметувањето на елементите од матрицата Н, за нормална


состојба во мрежата, т.е. за состојба без испаднати елементи или
потрошувачи, како и за состојби со испаднати елементи, може да се
изврши со помош на матричната релација (5.31). Меѓутоа, таквиот
начин на нејзиното пресметување е сосема нерационален, од две при-
чини. Како прво, поради реткоста на матриците YGR и A, пресметката
на матрицата H, според (5.31), би била сврзана со голем број излишни
операции "множење со нула", што драстично би се одразило на
брзината на пресметување. Како второ, неопходно ќе биде меморирање
на матриците YGR и A во целост, што со оглед на нивните димензии,
ќе бара голема компјутерска меморија.

25
Тргнувајќи од матричната релација (6.17), со која е дефинирана
матрицата Н, можеме да напишеме:
H = W.F , (6.18)
при што се воведени две помошни матрици:
W = YGR.A.Z , (6.19)
F = E − α.LT . (6.20)
Матрицата YGR претставува дијагонална матрица со димении
[M×M]. Елементите од нејзината главна дијагонала се адмитанциите на
гранките од мрежата, т.е. во општ случај важи:
−1
YGRii = ;
XGi
YGRij = 0; j =1, N ; j ≠ i; (6.21)
i = 1, M .
Од друга страна, матрицата на инциденција A има димензии
[M×N]. Таа е слабозаполнета матрица со голем број нулти и мал број
ненулти елементи. Секоја нејзина редица соодветствува на една гранка
од мрежата и дава информација за нејзината поврзаност, т.е. кажува кој
е нејзиниот почетен, а кој краен јазел. Ако за ориентација на гранките
го усвоиме правилото дека една гранка е секогаш ориентирана од
јазелот со помал индекс кон јазелот со поголем индекс, тогаш за
елементите од редицата "l" на матрицата A, која се однесува на
гранката l (m-n) ; m < n , ќе имаме:
Aij = 0; j =1, N ; j ≠ m; j ≠ n,
A1m = 1, (6.22)
A1n = − 1.

Конечно, помошната матрица F е полна квадратна матрица со


димензии [N×N] . Врз основа на нејзината дефиниција (6.20) , за
елементите на оваа матрица ќе важи:
Fij = − α i ; j =1, N ; j ≠ i,
Fii 1 − α i ; (6.23)
i = 1, N .

Имајќи ги предвид релациите (6.21) и (6.22), за елементите Wlj


(j =1, N) од редицата l , која соодветствува на гранката l (mn) , врз
основа на (6.19) се добива:
Z jm − Z jn
Wlj = ; j =1, N ;
XGl (6.24)
l = 1, M .
Конечно, елементите од матрицата H ќе ги пресметаме со помош
на (6.18) :
N
H lj = ∑Wli ⋅ Fij ; j =1, N ;
i =1 (6.25)
i = 1, M ,

26
од каде, со оглед на (6.23) и (6.24), добиваме:
Z jm − Z jn N
α i ⋅ ( Z im − Z in )
H lj = −∑ ;
XGl i =1 XGl (6.26)
l = 1, M .
Сумата што фигурира на десната страна од равенката (6.26) е
константна за сите елементи од редицата l па според тоа може да се
напише:
N
α i ⋅ ( Z im − Z in )
sl = ∑ i =1 XGl
;

Z jm − Z jn
H lj = − sl ; (6.27)
XGl
l = 1, M .

6.2. МОДИФИКАЦИИ НА МАТРИЦАТА H ПРИ РАЗНИ


ИЗМЕНИ ВО МРЕЖАТА

Испадите на гранките од мрежата, додавањето на гранки во


мрежата, како и измените на просторната распределба на товарот,
доведуваат до измени на матриците YGR, Z и α, па со тоа доаѓа и до
измени на матрицата H. Елементите од матрицата H во новонас-
танатите услови можат да се пресметаат едноставно, преку матричната
релација (6.17) или, уште подобро, со помош на релациите (6.27) .
Меѓутоа, кога се работи за голем број вакви измени, како што е тоа
случај кој се јавува при симулацијата на работата на ЕЕС, тогаш,
гледано од аспект на потребното пресметковно време, и двата
споменати начини ќе бидат нерационални.
Од таа причина, во рамките на овој труд се изнајдени знатно
поефикасни постапки за пресметување на корекциите на матрицата H
кои ќе бидат последица било на измените во мрежата, било на
измените при потрошувачите во системот. Како што подоцна ќе види-
ме, овие постапки се одликуваат со едноставност и брзина во прес-
метувањето.

6.2.1. ИЗМЕНИ НА МАТРИЦАТА H ПРИ ДОДАВАЊЕ И ИСПАДИ


НА ГРАНКИ
При испаѓање на една или повеќе гранки, или при нивно до-
давање во постојната мрежа, се менуваат матриците YGR и Z , поради
што ќе се менуваат и елементите од матрицата H. Како што е познато
[5.2], [5.6], новата матрица на импеданции Z' што ќе соодветствува на
новонастанатите услови во мрежата, може да се добие со корекција на
матрицата Z која се однесувала на состојбата пред измената на
мрежата, т.е.
Z' = Z + DZ . (6.28)

27
Така, на пример, при исклучување на гранката k (pq) од
мрежата, елементите од матрицата на корекција DZ можат да се
пресметаат со помош на изразите [5.2] :
( Z pi − Z qi ) ⋅ ( Z pj − Z qj )
DZ ij = − ; i =1, N ; j =1, N . (6.29)
ZVPQ

каде што е
ZVPQ = Z pp + Z qq − 2 ⋅ Z pq − XGk . (6.30)

Доколку пак во мрежата ја додаваме спојницата k (pq), тогаш


релациите (5.42) и (5.43) и понатаму ќе важат, но во тој случај вели-
чината ZVPQ ќе се пресметува со помош на изразот (6.31) :
ZVPQ = Z pp + Z qq − 2 ⋅ Z pq + XGk . (6.31)
Како што веќе рековме, измените во мрежата доведуваат до
измена на матрицата Х . Новата матрица H', според (5.31) ќе биде:
H' = YGR·A·Z'·F , (6.32)
т.е.
H' = YGR·A·(Z+DZ)·F = YGR·A·Z·F + YGR·A·DZ·F, (6.33)
или
H' = H + DH,
при што е
DH = YGR·A·DZ·F. (6.34)
Значи, корекцијата DH, на матрицата H, при испад или додавање
на гранка во мрежата ќе ја добиеме со истиот алгоритам (т.е. на ист
начин) како и самата матрица H, со помош на релациите (6.27), но со
таа разлика што во овие релации, место елементите од матрицата Z, ќе
треба да фигурираат елементите од матрицата на корекција DZ, т.е.
DZ jm − DZ jn N
DZ im − DZ in
DH lj = − ∑αi ⋅ ; j =1, N ;
XGl i =1 XGl (6.36)
l = 1, M .

Нека ја пресметаме матрицата на корекција DH при испад на


гранката k (pq) од мрежата. За таа цел, најнапред ќе ја формираме
разликата DZjm−DZjn :
( Z pj − Z qj ) ⋅ ( Z pm − Z qm ) ( Z pj − Z qj ) ⋅ ( Z pn − Z qn )
DZ jm − DZ jn = + ;
ZVPQ ZVPQ (6.37)
j = 1, N .

или
Z pj − Z qj
DZ jm − DZ jm = − ⋅ ⎡⎣ ( Z pm − Z qm ) − ( Z pn − Z qn ) ⎤⎦ ;
ZVPQ (6.38)
j = 1, N .

Со замена на (6.38) во (6.36) се добива:

28
( Z pn − Z qn ) ⋅ ( Z pm − Z qm ) ⎡ N

DH lj =
XGl ⋅ ZVPQ ⎢

( Z pj − Z qj ) − ∑
i =1
α i ⋅ ( Z pi − Z qi ) ⎥ ;

j = 1, N ; (6.39)
l = 1, M (l ≠ k ).

Со оглед на тоа дека ефектот на исклучувањето на гранката k


значи доделување на променлицата XGk бесконечна вредност (XGk =
∞), за елементите од k−тата редица ќе имаме:
DH kj = 0; j = 1, N , (6.40)

а од истите причини, елементите од k−тата редица во новоформираната


матрица H' ќе бидат, исто така, нули, т.е.
H kj′ = 0; j = 1, N . (6.41)
Сумата на десната страна во (6.39) е иста за сите елементи од
матрицата DH , па можеме да пишуваме:
N
S = ∑ α i ⋅ ( Z pi − Z qi );
i =1

( Z pn − Z qn ) ⋅ ( Z pm − Z qm )
Cl = ;
XGl ⋅ ZVPQ
DH lj = Cl ⋅ ⎡⎣ ( Z jm − Z jn ) − s ⎤⎦ ; j = 1, N ; (6.42)
l = 1, M ; l ≠ k .

Постапката за пресметување на новата матрица H' при додавање,


или подобро речено при враќање на испаднатата гранка k (p-q), е
наполно иста. Се применуваат повторно релациите (6.39) или (6.32) , со
таа разлика што во овој случај ZVPQ се пресметува според (6.31) .
Како што се гледа од (6.39) и (6.42), елементите од матрицата на
корекција DH ги пресметуваме преку елементите од матрицата Z, која
се однесува на состојбата во мрежата без испадната гранка, т.е.
пресметувањето на новата матрица H' се врши со користење на старата
матрица Z, без да има потреба да се формира матрицата Z' . Овој битен
факт ја прави предложенава постапка да биде значително поефикасна и
побрза отколку што е тоа директниот начин на пресметување на
матрицата H' со помош на (6.27).
Постапката за добивање на матрицата H, при истовремен испад
на повеќе гранки од мрежата, може да се изведе во низа последова-
телни чекори. Во секој чекор се спроведува процедурата за исклу-
чување на само една гранка, на веќе изнесениот начин. По завршу-
вањето на секој чекор, се врши пресметување на матрицата на ко-
рекција DZ и ажурирање на вредностите на матриците Z и H , бидејќи
тие ќе бидат потребни за наредниот чекор.

5.5.2 ИЗМЕНИ НА МАТРИЦАТА Н ПРИ ИЗМЕНИ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ


При испад на еден или група потрошувачи или пак при некаква
локална редукција на товарот, доаѓа до измена на просторната

29
распределба на товарот, т.е. до измена на матрицата а . Новата матрица
а' ќе има нови коефициенти на учество, па, во општ случај, може да се
напише:
α'= α + Dα. (6.43)
Измената на матрицата α ќе доведе до измена на елементите од
помошната матрица F, така што ќе имаме:
F' = E − α'·LT = E − (α+Dα)·LT , (6.44)
односно
F' = F + DF , (6.45)
при што е
DF = Da·LT . (6.46)
Од (6.46) произлегува дека елементите на матрицата ΔF се
дефинирани со следните релации:
DFij = α i′ − α i ; j =1, N ;
(6.47)
i = 1, N .
Новата матрица H', која ќе соодветствува на новонастанатата
состојба со потрошувачите, ќе биде:
H' = YGR·A·Z·F' , (6.48)
или со оглед на (6.45)
H' = H + DH , (6.49)
каде што е
DH = YGR·A·Z·DF . (6.50)
Елементите од матрицата на корекција DH ќе ги добиеме кога во
(6.50) ќе ги замениме релациите (6.471). На тој начин се добива
општата релација (6.51) за пресметување на елементите од произ-
волната редица "l" која соодветствува на гранката l (m-n),
−1 N
DH lj = ∑ (αi′ − α i ) ⋅ (Zim − Zin );
XGl i =1 (6.51)
l = 1, M .
Од последната релација заклучуваме дека корекцијата DHlj, за
сите елементи на матрицата DH од редицата l, ќе биде иста, што прави
ваквиот начин на пресметување на новата матрица H' да биде
исклучително брз и ефикасен.
Специјален случај на измените при потрошувачите е испад на
еден единствен потрошувач. Нека тоа биде потрошувачот приклучен
во јазелот k. Со исклучувањето на k−тиот потрошувач ќе дојде до
измена на сите коефициенти на учество на потрошувачите во мрежата.
Не е тешко да се покаже дека во новонастанатите услови ќе имаме:
αi
α i′ = ; i = 1, N ; i ≠ k ;
1− αk (6.52)
α k′ = 0,

30
односно:
αi ⋅α k
Dα i = α i′ − α i = ; i =1, N ; i ≠ k ;
1− αk (6.53)
Dα k = − α k .
Со замена на релациите (6.53) во (6.51) се добива
αk 1 ⎡ N

DH ij = ⋅ ⋅ ⎢( Z km − Z kn ) − ∑ α i ⋅ ( Z im − Z in ) ⎥ ; j = 1, N ;
1 − α k XGl ⎣ i =1 ⎦ (6.54)
l = 1, M .

4. Задача: Да се пресметаат елементите на матрицата H за мрежата од


сликата 4.3. Потоа со помош на нив да се пресмета за колку MW ќе се
зголемат моќностите во одделните водови од мрежата за случајот кога
ќе дојде до испад на генераторот приклучен во точката 4. Резултатите
од таквата проценка да се споредат со резултатите што се добиваат на
класилниот начин, со примена на DC моделот.
Напомена. Да се внимава на фактот дека кога ќе дојде до испад на
некој извор (генератор) во системот неговата моќност ќе мора да се
надомести од страната на балансниот (Slack bus) јазел, т.е. тогаш доаѓа
до зголемување на производството на балансниот јазел за истиот износ
колку што била моноста на испаднатиот генератор.

31
ПРИЛОГ – РЕГИСТАР НА ПОВАЖНИТЕ ОЗНАКИ
СО ЗНАЧЕЊА

X случајна величина, или пак вектор на непознатите во


LP−проблемот,
X средна вредност на случајната величина X,
M(X), D(X) математичко очекување и дисперзија на случајната
величина X,
F(X) функција на распределба на случајната величина X,
σ стандардна девијација на некоја случајна величина,
X~N(m, σ) означува дека случајната величина X има нормален
(гаусов) закон на распределба,
со математичко очекување м и стандардна девијација σ,
P(X < a) означува веројатност на собитието, случајната величина
X да биде помала од величината a,
t
1
функција на Лаплас; Ф(t ) = ⋅ ∫ e− x / 2 dx ,
2
Ф(t)
2π 0
β веројатност на довербата,
δ точност на проценката,
n број на експерименти во симулацијата, или вкупен број
на променливите во задачата на линеарното
програмирање или индекс на некој јазел од мрежата,
m број на ограничувања во задачата на линеарното
програмирање или индекс на некој јазел во мрежата,
RND рамномерно распределен случаен број во интервалот
(0,1) , генериран со помош на компјутер,
λ интензивност на испадите (испади/год) на некој елемент
(компонента),
μ интензивност на поправките (поправки/год) на некој
елемент (компонента),
T време на нормална работа на елементот, или приближно,
време помеѓу два последователни испади на некој
елемент,
τ време потребно за поправка (ремонт) на испаднатиот
елемент од системот,
TS период опфатен со еден експеримент (симулација),
"LOLP" име на програмскиот пакет, развиен во трудов,
LOLP кратенка за терминот "Loss of Load Probability",
ЕЕС кратенка за терминот "електроенергетски систем",
LSC кратенка за терминот "Load Supplying Capability",
PSC кратенка за терминот "Power Supply Capability",
DC кратенка за ознаката "Dirrect Current",
AC кратенка за ознаката "Alternating Current",

32
LP кратенка за терминот "линеарно програмирање",
А (со мрсни букви) општа ознака за матрица со произволни
димензии,
[m x n] општа ознака за димензионалност на една матрица (во
конкретниот случај, матрицата ќе има m редици и n
колони),
Aij елементот од матрицата А кој припаѓа на редицата "i" и
колоната "j",
M вкупен број на гранки во мрежата,
N вкупен број на независни јазли во мрежата,
r ознака за "референтниот јазел",
s ознака за "балансниот јазел" (Slack bus),
NG број на генераторски јазли во мрежата,
Z матрица на импеданции на јазлите од мрежата [NxN],
YGR дијагонална матрица на адмитанциите на гранките од
мрежата [MxM],
A матрица на инциденција на гранките и јазлите во
мрежата (прва тополошка матрица) [MxN], или пак
матрица на ограничувањата во LP−проблемот [mxn] ,
H матрица на врска помеѓу моќностите низ гранките од
мрежата и моќностите на изворите [MxN],
PG, QG матрици колони на генерираните активни и реактивни
моќности на изворите во ЕЕС [NGx1] , [NGx1],
PGG, PGD матрици колони на горните и долните граници на
моќностите на изворите во ЕЕС [NGx1] , [NGx1],
PGR, QGR матрици колони на активните и реактивните моќности
низ гранките од мрежата на ЕЕС [Mx1] , [Mx1],
PT матрица колона на термичките граници на елементите од
мрежата [Mx1],
α матрица на коефициентите на учество на поедините
потрошувачи во сумарното оптоварување на системот
[Nx1],
E единечна квадратна матрица,
PP, QP матрици колони на активните и реактивните
оптоварувања на потрошувачите во системот [Nx1] ,
[Nx1],
PSP моментна вредност на сумарното оптоварување во
системот, PSP = Σ PPi,
Pmax врвно оптоварување на системот во разгледуваниот
временски период (ден, месец или година),
ΔP загуби на активна моќност во мрежата,
PSG сумарна генерирана активна моќност во системот, PSG =
ΣPGi,

33
RG, XG, BG матрици колони на редните активни отпорности, редните
реактивни отпорности и попречните капацитивни
проводности на гранките од мрежата, [Mx1], [Mx1],
Mx1],
PI, QI матрици колони на инјектираните активни и реактивни
моќности во јазлите од мрежата, [Nx1] , [Nx1],
U комплексна матрица колона на комплексните
претставници на напоните во јазлите од мрежата [Nx1],
T матрица колона на фазните агли (аргументите) на
напоните во јазлите од мрежата [Nx1],
Ui елементот од редицата "i" на матрицата U ,
U i = U i ∠θ i = U i ⋅ e jθ ,
i

Y комплексна матрица на адмитанциите на мрежата [NxN],


G, B квадратни матрици кои претставуваат реален и
имагинарен дел од комплексната матрица Y , [NxN] ,
[NxN],
TGR матрица на разликите на аглите на краевите од гранките
на мрежата [Mx1] ,
L помошна матрица колона, чии елементи се единици
[Nx1],
Un номинален напон на мрежата или на нејзин елемент,
cosϕ фактор на моќност,
cosϕsr среден (просечен) фактор на моќност на потрошувачите
во системот,
t употребен како горен индекс означува оператор за
транспозиција на матрица,
* употребен како горен индекс претставува оператор за
коњугација на комплексни броеви /комплексни изрази,
DP матрица на прирастите на моќностите на потрошувачите
во ЕЕС [Nx1] ,
DPG матрица на дополнителните зголемувања на моќностите
на изворите во ЕЕС [NGx1],
DPGR матрица на дополнителните зголемувања на моќностите
низ гранките од мрежата, Mx1],
nx, ns, nl број на реалните променливи, број на помошните
променливи и број на вештачкитепроменливи во
канонската задача на линеарното програмирање,
X матрица колона на променливите во задачата на
линеарното програмирање, [nx1], (n = nx + ns + nl),
C матрица колона на коефициентите пред променливите во
функцијата на целта од задачата на линеарното
програмирање, [nx1],
X0, X1 субматрици од матрицата X ,
C0, C1 субматрици од матрицата C ,

34
P, D субматрици од матрицата на ограничувања A во
LP−проблемот ,
V матрица на десните страни од ограничувањата во
LP−проблемот.

35

You might also like