You are on page 1of 6

ГЛОБАЛЕН ПАЗАР

НА КАПИТАЛ
Што претставува меѓународен пазар на капитал?

 Пазарот на кој жителите од различни држави тргуваат со средства се


нарекува меѓународен (глобален) пазар на капитал.

• Непреченото функционирање на меѓународниот пазар на капитал


овозможува заштедите да бидат искористени на најефикасен начин ширум
светот, а истовремено, домашните инвестиции да не бидат ограничени од
националното штедење.

• Слободното меѓународно движење на капитал им овозможува пристап на


домашните субјекти на меѓународниот пазар на капитал, па тие можат да
позајмуваат од странство во лоши, а да даваат заеми во странство во добри
времиња, со што се зголемува флексибилноста во финансирањето.
Купувачите и продавачите на меѓународниот пазар на капитал можат да
разменуваат:

• Добра и услуги за други добра и услуги,


2. Добра и услуги за средства и
3. Средства за средства.
Како меѓународните пазари на капитал ги зголемија
добивките од трговијата?
Теорија на компаративни предности

• Теоријата на компаративни предности ги објаснува користите од размената


на добра и услуги за други добра и услуги.

• Според оваа теорија, во услови на ограничени ресурси и време, употреби ги


истите за да ги произведеш оние производи во чие производсво си
најпродуктивен, а потоа замени ги за добрата и услугите кои ти се потребни
Теорија на меѓувременска трговија
Штедачите купуваат средства (за идни добра и услуги)и заработуваат стапка на
принос, а позајмувачите сакаат да користат средства (богатство) за поголема
потрошувачка или инвестиции денес, отколку што можат да си дозволат со
тековниот доход.
Теорија на меѓувременска трговија

• Добивките од меѓувременска трговија се однесуваат на размена на добра и


на услуги за побарувања за добра и услуги, односно за актива.

• Пример: кога некоја земја од развој позајмува во странство (односно


продава обврзници на странци) за да може да увезува материјали за домашни
инвестициски проекти, таа, всушност, учествува во меѓувременска трговија.
Теорија на портфолио диверзификација

• Теоријата на портфолио диверзификација ги објаснува користите од


размената на средства за средства (средства со еден степен на ризик за средства
со друг степен на ризик).

• Диверзификацијата на портфолиото е начин инвеститорите да го избегнат


или намалат ризикот. Инвеститорите во актива во странска валута кои имаат
аверзија кон ризик, ја базираат својата побарувачка за определена актива на
нивната ризичност (мерена преку премијата на ризик), покрај на нивниот очекуван
поврат.
Пример за портфолио
диверзификација
Претпоставуваме дека две земји имаат само едно средство - земја, на која се
одгледуваат компири, чиј принос зависи од временските услови.
Приносот на средства е несигурен: при лошо време можат да се произведат 20
тони компири, додека при добри временски услови можат да се
произведат 100 тони.
Доколку лошото и доброто време се подеднакво застапени, просечно ќе се
произведува ½ x 20 + ½ x 100=60 тони. Значи, очекуваната стапка на принос
е 60 тони.
пример за портфолио
диверзификација
Понатаму, претпоставуваме дека податоците покажале дека кога домашната
земја има добри временски услови (високи приноси), странската земја
има лошо време (ниски приноси) и обратно.
Што можат двете земји да направат за да се осигураат дека нема да им се
случи лоша година со ниски приноси?
Да продадат 50% од своите средства и да купат 50% од средствата на
странската земја.
пример за портфолио
диверзификација
Со диверзификацијата на портфолиото, двете земји секогаш довиваат просечна
стапка на принос:
Ако приносот во домашната земја е 20%, а во странската 100%, двете земји
добиваат: 50% x 20 + 50% x 100 = 60%
Ако приносот во домашната земја е 100%, а во странската земја е 20%, повторно
двете земји ќе добијат: 50% x 20 + 50% x 100 = 60%
Мотиви за инвестирање на странските пазари

 Високите каматни стапки на странскиот пазар (недостатокот на пари


и капитал во одредени земји може да ги зголеми каматните стапки, со што се
создава поволна можност за странските кредитори);
Мотиви за инвестирање на странските пазари

 Очекувањата во движењето на девизните курсеви (ако некоја


странска валута покажува тенденција за апрецијација, тогаш странските кредитори
би купиле должнички хартии од вредност деноминирани во таа странска валута)
Мотиви за инвестирање на меѓународните финансиски пазари

 Можноста за меѓународна диверзификација на портфолиото на


кредиторот (На меѓународните пазари се постигнува разводнување на
кредитниот ризик, а со тоа се редуцираат и шансите за банкрот на кредиторите).

Mотиви за позајмување (земање на заем) на меѓународните финансиски пазари :

• Ниските каматни стапки на странскиот пазар. (Некои земји имаат


вишок или голема понуда на капитал и пари во споредба со други. Тоа значи дека
каматните стапки ќе бидат споредливо пониски, со што за кредитобарателите се
создава можност на пристап до евтини средства);
Mотиви за позајмување (земање на заем) на меѓународните финансиски пазари

• Очекувањата во движењето на девизните курсеви. (Обратно, ако


некоја странска валута покажува тенденција за депрецијација, тогаш странските
кредитобаратели (позајмувачи) би извршиле емисија или продажба на должнички
хартии од вредност деноминирани во таа странска валута)
Ефекти и последици кои ги имаат земјите од слободното движење на капиталот

• Меѓународното движење на капиталот предизвикува големи промени во


економиите на земјите увознички и извознички на капитал, а ефектите можат да
бидат и позитивни и негативни
Позитивни ефекти од увозот на капитал

• Увозот на капитал претставува увоз на дополнителна акумулација од


странство, со што се создава можност инвестициите во земјата увозничка да
бидат поголеми од домашната акумулација;
• Зголемените инвестициски вложувања влијаат на зголемување на
вработеноста.
Позитивни ефекти од увозот на капитал
• Со увозот на капитал може да се финасира дефицитот во платниот
биланс, па домашната економија добива повеќе време за потребните
прилагодувања, кои се потребни за да обезбеди надворешна рамнотежа;
• Зголеменото производство, предизвикано од ангажирање на странскиот капитал
во земјата, влијае на порастот на буџетските приходи, заради зголемените
даноци
Позитивни ефекти од увозот на капитал

• Со увозот на капитал се обезбедува поголема снабденост на домашниот


пазар, во поглед на количините и асортиманот. Со ова се зголемува
конкуренцијата во националната економија, па домашните производители го
унапредуваат своето производство, ги намалуваат трошоците, а со тоа ги
зголемуваат и можностите за извоз и

• Преку директните инвестиции се обезбедува пренос на нова технологија и


можност за нејзино прилагодување на конкретните услови во соодветната
земја.
Негативни ефекти од увозот на капитал

• Под влијание на странскиот капитал, особено кога станува збор за директни


инвестиции, економијата се развива според потребите и интересите на
странските инвеститори, а не се води сметка за националните цели и интереси
на земјата;
• Под влијание на странските инвеститори, може да се формира таков модел на
потрошувачка, кој не одговара на нивото на развиеност на соодветната
земја и на вистинските потреби на нејзиното население;
Негативни ефекти од увозот на капитал

• Странскиот капитал ги исцрпува домашните природни ресурси (руди,


нафта, шуми), па може да го загрози натамошниот развој на националната
економија;
• Странскиот капитал ја искористува домашната инфраструктура, во чие
создавање не учествувал;
• Преку трансферот на профит и преку плаќањето камати, дел од домашната
акумулација, односно дел од националниот доход, се одлива во
странство;
Негативни ефекти од увозот на капитал

• Една од најсериозните последици за земјата која увезува капитал е


загрозувањето на нејзиниот национален суверенитет, како економски така
и политички. Странските инвеститори доаѓаат до доверливи информации за
состојбата и за проблемите во соодветната земја, па, во одредени околности,
можат ваквите сознанија и да ги злоупотребат
Позитивни ефекти од извозот на капитал

 Остварување на поголем профит (камата, дивиденда) од вложениот


капитал;

 Поевтината работна сила во странство честопати е причина поради која се


извезува капиталот од земјата

 Поевтините цени на суровините и на енергијата

Позитивни ефекти од извозот на капитал

• Со извозот на капитал се отвораат нови погони во странство, со цел да се


прошири пазарот за продажба на сопствените производи;

• Со цел да се избегне плаќањето царини и други давачки, странските


производители, преку извозот на капитал, често градат фабрики внатре во
„царинскиот ѕид“ и
• Мотив за извоз на капитал може да биде и желбата да се обезбеди политичко
влијание во некоја земја.
Негативни ефектите од извозот на капитал

 Во време на зголемена невработеност, работничките синдикати го креваат


гласот против извозот на капитал, против „извозот на работни места“, како тие
тоа го нарекуваат.
 Негативните ефекти за земјата која извезува капитал можат да се јават
кога целите на сопственикот на капиталот се разликуваат од целите на
националната економија, во целина. Сопственикот на капиталот е
заинтересиран за остварување на што поголем профит и ќе инвестира во
странство и тогаш кога капиталот е неопходен за вложувања во земјата, заради
зголемување на стапката на вработеност
Негативни ефектите од извозот на капитал

 Негативниот ефект од извозот на капитал се огледа и во извозот на нова


технологија од земјата, со што, евентуално, може да се наруши нејзиниот
технолошки монопол
Видови и облици на капитал

• Според изворите од кои потекнуваат средствата, се разликува


извоз на јавен и извоз на приватен капитал. Капиталот на поединци, приватни
претпријатија, деловни банки, акционерски друштва и слични невладини
организации, се нарекува приватен капитал. За јавен капитал се смета оној
капитал, кој потекнува од државни институции, централни банки и слични извори;
Видови и облици на капитал
2. Тековите на капиталот можат да се поделат на автономни и
компензациски. Ако до меѓународно движење на капиталот доаѓа заради
економските интереси на непосредните актери (деловни банки,
претпријатија, поединци), без оглед на состојбата во платниот биланс на
земјата, станува збор за автономни капитални трансакции. Доколку, пак,
државните органи директно се ангажираат во привлекувањето на капитал
во земјата, со цел да се покрие дефицитот во платниот биланс, тогаш се
работи за компензациски движења на капиталот
Видови и облици на капитал
3. Меѓународните движења на капиталот, според рочноста, се делат на:
краткорочни, среднорочни и долгорочни. Среднорочниот и долгорочниот
капитал се користат за инвестициски цели, а краткорочниот капитал се
користи за финансирање на тековното работење во земјата;

You might also like