You are on page 1of 1

Анализа на песната Тешкото од Блаже Конески

Песната Тешкото е една од најубавите македонски лирски песни,


создадени во современата македонска литература. Нејзиниот автор Блаже
Конески, го овековечил македонското оро Тешкото, за да ни го претстави како
синоним на тешкиот страдален живот на македонскиот народ. Допирајќи до
најдлабоките човечки чувства, Конески на само нему својствен начин низ
стиховите на песната, успева да не пренесе во времето кога слободата била
единствената мисла на македонскиот народ.

Мотивот во оваа песна е мачниот живот на македонскиот народ и


копнежот за слобода и мир. Песната започнува со длабока тага која се
чувствува, а поетот ја претставува преку зборовите „О тешкото“, а е отсликана
преку писокот на зурлите и екот на тапанот.

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,

штом тапан ќе грмне со подземен екот -

Орото започнува со старци со мирен и бавен чекор, а потоа им се


придружуваат младите луѓе кои се преставени како соколи (храбри и
издржливи). Младите луѓе се оние кои ќе ја продолжат борбата за слобода на
Македонија. Македонскиот народ со векови бил под ропство . Век по век тие
живееле за радост на нивните чеда и за слободен свет полн со љубов.Во еден
миг се е магла, а во друг миг од сенката се гледаат луѓе фатени на оро.
Нашиот народ бил синџир на робја се дур не повел бујно, бунтовничко оро. По
многу века и македонскиот народ е слободен. По селата и по градовите луѓето
се среќни, спокојни и живеат мирен живот.
Доминантно место во оваа песна имаат многуте поетски слики, со кои авторот
сакал да ни го долови потресното чувство предизвикано од писокот на зурлата
и грмежот на тапанот.
Она што ја прави оваа песна посебна, е мајсторската употреба на стилските
фигури, кои авторски гениј на Конески не ги штедел. Така во песната, лесно ги
препознаваме епитетите, компарациите, анафорите, метафорите како и
апострофата која низ извикот “О тешкото!”, ја буди во нас мислата за тоа тешко
минато, тој наниз на векови во ропство и болка те прави да сочувствуваш со
мракот во кој живееле нашите предци.
Песната ,,Тешкото ‘’ е химна на непокорливиот дух на нашиот народ и
на увереноста дека му претстои светла иднина. Низ целата песна провејува
чувство на настроение за да се заврши со оптимистичко чувство на радост и
среќа заради слободата на татковината.

You might also like