You are on page 1of 3

1.

Париската (Версајска) мировна конференција (18 јануари 1919)


- 32 земји учеснички
- главните одлуки на конференцејиата се донесени од т.н. “Големата четворка”: Велика
Британија, САД, Италија, Франција:
- создавање на лигата на народите,
-подготвување на 5 мировни договори со поразените земји,
-давање мандати на Франција и британија за управување германските колонии и
териториите на отоманската империја (Палестина, Сирија, Либан, Јордан, Ирак и
Арапскиот полуостров, наметнување воени репарации на Германија и создавање нови
територијални граници. Мировните договори меѓу земјите на Антантата со земјите
учеснички на страната на централните сили биле потпишани
- договорот со Австрија на 10 септември 1919
- договорот со Бугарија на 27 ноември 1919
-договорот со Унгарија на 4 јуни 1920
- договорот со отоманската империја на 10 август 1920
Главниот резултат на париската мировна конференција беше
- Договорот во Версај 28 јуни 1919 кој се однесува исклучиво на потпишување мир меѓу
земјите на Антантата и Германија. Според договорот Германија била виновникот за
војната, односно нејзината воена агресија со помош на нејзините сојузници кон земјите на
Антанта. Со версајскиот договор на Германија и биле одземени 65.000 км квадратни со
над 7милиони луѓе во корист на франција Полска Италија итн. А ние ќе ги учиме подетално
тие територии кога ќе земеме за втората светска војна. Германија требало да плати воени
репарации односно отштета на сите земји со кои војувала во износ од 31 милијарда
долари (денешни 455 милијарди$). Но Германија до 1932 кога на конференцијата во
Лозана и биле укинати репарациите платила само мал дел од сумата. Понатаму и биле
воведени голем број рестрикции што се однесува до војската, бројот на војници кои
смеела да ги има, бројот на воени школи, број на воени бродови, тренкови итн. Била
исклучена од трговијата со оружје. На просторите на некогашната австроунгарска и
германска империја никнале повеќе држави, Полска, Чехословачка, Австрија и Унгарија.
Словенија, Хрватска и Босна И херцеговина станаа дел од кралството на СХС уште во 1918.

2.Политичката ситуација во Европа меѓу двете светски војни


- Друштвото на народите е формирано на 10 јануари 1920 и ќе трае до 1946. Неговото
формирање како меѓународна организација било друга најважна цел на париската
мировна коференција. Примарните цели на оваа организација била да се спречат војни
преку колективна безбедност и решавање на меѓународните спорови преку преговори и
посредништво. Исто така во доменот на лигата спаѓале хуманите услови за работа,
хуманото третирањето на домородците, трговијата со луѓе и дрога итн. Со други зборови
Лигата на народите била првата форма на Обединетите нации денес. Секоја членка
доколку била нападната добивала право на колективна одбрана од страна на Лигата. Но
проблемот настанал кога главните членки на друштвото италија (етиопија) и јапонија во
манџурија започнале експанзионистичка политика, да освојуваат туѓи територии а лигата
само немо гледала на настаните. Најголем придонес за неефективноста на друштвото на
народите било нечленувањето на САД во Лигата бидејќи американците не се согласувале
со најосновните принципи на друштвото дека ниту една членка не може да објави војна на
друга земја без согласност на сите членки. Најголемата криза на лигата се разбира било
нереагирањето на Лигата кон агресиите на нацистичка Германија кон другите земји.
Кризата од 1929 – Големата криза од 1929 година може да се смета за главниот настан во
светот меѓу двете светски војни. Не само што предизвикал светска економска криза туку и
придонел со тоа за големата политичка нестабилност во светот. Но она што е најважно
бидејќи кризата ги погодила најмногу САД и Германија таа ќе придонесе најмногу за
доаѓањето на нацистите на власт во Германија и тоа токму во 1933 кога ефектите од
кризата биле најголеми огромниот пад на индустриското производство, извозот, скок на
невработеноста дури до над 600% во САД и над 200 % во Германија.
- Фашизмот во Европа – Она што е во суштина заедничко меѓу нацизмот во Германија и
фашизмот во италија е нивната борба за придобивање на најнезадоволните општествени
слоеви, односно класи пред се работничката класа со една алтернативна, поинаква понуда
од онаа на комунистите нивните најголеми политички ривали во тоа време. Идеологијата
на комунизмот е класната борба која трае уште од појавата на приватната сопственост. Таа
приватна сопственост била стекната на сила и со сила односно револуција треба да се
одземе и укине и да се воспостави заедничка сопственост. по која експлатираните
работници од страна на буржажоазијата највисоката класа ќе ја превземата власта ќе ги
одземат фабриките и машините на индустријалците и заеднички З ниските во во
општеството како пред се работниците. Фашистите во Италија пак сметале дека со
потполната идентификација на секој со својата нација а не со својата класа, класната борба
не само што се елиминира туку доаѓа и до соработка и договор меѓу класите. Со други
зборови кога секој италијанец го има предвид пред се и над се интересот и просперитетот
на нацијата со тоа исчезнува и конфликтот меѓу работодавците и работниците. Кога на
таков начин тоа национално единство ќе стане апсолутно како фашио, нацијата за да
опстане има право на тн. животен простор или спатио витале или лебенсраум ширење на
териториите по примерот на Римската Империја. Со ваква идеологија во многу кратки црти
Бенито мусолини бивш социјалист и новинар ќе ја формира на 9 ноември 1921
Националната фашистичка партија. Мнозинството на оваа партија биле воени ветерани од
првата светска војна кои останале без работа. На 28 октомври 1922 со поддршката на
војската Мусолини ќе го организира т.н. марш на Рим со 30.000 приврзаници. Плашејќи се
да прогласи воена состојба бидејќи можел да биде сменет од генералите кралот Виктор
Емануел III му ја доделил власта на Мусолини со што започнува фашистичката диктатура во
Италија.
Во Германија по револуцијата и воспостваување на првата т.н Вајмарска република водена
од социјал демократите во август 1919 исто така голем број на војници ветерани и
генерали незадоволни од исходот на војната и понижувачките услови од версајскиот
договор се обидувале да ја превземат власта. На почетокот била формирана Германската
работничка партија од страна на националистот Антон Дрекслер 5 јануари 1919. Всушност
тој бил првиот кој ќе се повикува на супериорноста на германците како најчисти
претставници на Ариевската раса, првиот кој ќе ги обвини евреите како најголеми
непријатели на Германија односно расизмот и антисемитизмот како основни идеи на
нацистичката идеологија ќе бидат формулирани од него. Но партијата била многу мала
едвај 60 члена. Сето тоа ќе се промени во јули истата година кога во пивницата
стернекбрау во Минхен Адолф Хитлер кој тогаш работел како разузнувач во германската
војска ќе влезе случајно во една жестока расправа со еден професор кој се залагал за
отцепување на Баварија. Хитлер го победил со аргументи и добил аплауз од присутните
членови на германската работничка партија. NSDAP формирана на 24 февруари 1920.

You might also like