You are on page 1of 56

Шизофрен спектар и

шизотипни растројства
Во оваа група спаѓаат
шизофренијата, шизотипните и
налудничавите растројства кои
во класичните психијатриски
концепти се сфаќаат како
шизоморфни состојби од
најразлична етиопатогенеза
1.ШИЗОФРЕНИЈА
 Шизофренија-најчестo и најтешкo
хроничнo, ендогенo душевнo
растројствo, која се карактеризира со
еволуција, дефинитивнo оштетувањe на
менталните и социјалните способности
на личноста и недоволна позната
етиологија и патогенеза.
епидемиологија
 Преваленцијата на растројството во текот на
животот се проценува помеѓу 0,5 до 1% за една
година во целокупната популација.
 И покрај намалениот број на хоспитализираните
болни (како резултат на современата терапија) сепак
една третина од болничките психијатриски постели
припаѓа на оваа заболување
 Подеднакво е застапено кај двата пола во сите
средини и кај сите раси.
 Најчесто се јавува помеѓу 15 и 24 годишна возраст.
Болеста има помалигнен тек кај машкиот пол и кога
ке се јави во пораните години од животот
 Етиопатогенеза

-Постојат мноштво на хипотези што се
обидуваат да ги објаснат шизофрените
растројства како што се:
1.генетска хипотеза ( полигенетски тип
на наследување)
-семејна склоност
-констритуционална хипотеза
(лептозомен тип )
2. Хипотеза за морфолошки промени
на мозокот( КТМ НМР а) проширување
на коморите, б)аномалии на лимбич.сис
 в) префронталниот кортекс- атрофии
3 Неврохемиски хипотези
а) Допаминска хипотеза- со ПЕТ студиите
се покажува зголемување на активноста
на допаминергичниот систем-
хиперергија, кое во поново време трпи
промени со т.н двонасочен модел , со
намалување на допаминот во
префронталниот кортекс ( негативни
сим) и зголемување во стријатум (
позитивни симптоми)
 Б.Серотонинергична хипотеза растројството
на серотонергичниот невротрансмитерски
систем особено во фронталниот лобус
продуцира развој на негативни шизофрени
симтоми.
 Постои хипотеза за зголемена рецепторска
сензитивност на серотонинот.
 Оделните невролептици од новата генерација
покрај што имаат дејство на допаминергичната
активност имаат дејство и врз
серотонергичниот систем со што се покажале
многу ефикасни во справување со оваа
растројство, со негативните симптоми.
 в) Норадренергична хипотеза- постои
хиперактивност и на норадренергич.сис.
од локус церулеум до мозочното стебло
 г) Габаергичен систем( недостатокот на
ова инхибиција води до позитивни сим.
Терапија со бензодиазепини и агонисти
на ГАБА
 4. НЕВРОИМУНОВИРУСНИ ХИПОТЕЗИ (
вирусни инф во перинатален период или ран
постнатален период
 5.ИНТЕГРАТИВЕН ПСИХОБИОЛОШШКИ
МОДЕЛ- интеракција меѓу генот, развојот на
субјектот и стресот
 Се смета дека во етиологијата и
патогенезата на шизофренијата се
преплетуваат мноштво фактори :
наследната предиспозиција и низата на
неповолни биолошки, психолошки и
социјални чинители
Симптоматологија
-Шизофренијата се карактеризира со
растројство на сите психички функции,
освен интелигенцијата, памтењето и
свеста.
-Меѓу нив доминира растројството во
мисловниот процес, афектот, волево
нагонските динамизми, перцепциите,
доживувањето на сопственото Јас и
субјективитетот во доживувањето на
реалноста.
 1.Мислењето е растроено и по форма и по
соджина
 а) Во формалниот дел има :
 Дисоцираност на мисли
 Оштетување во способност на апстракција и
генерализација (конкретно, симболично,
инфатилно или хаотично)
 Распад на мислите (салата од зборови)
 Забавување на мисловниот процес блок на
мислите
 б)Содржинските промени се карактеризираат
со налудничави идеии(параноидни,
религиозни, интерпретативни)
 2.Емоционалано-афективната сфера е
променета и во квалитет и во квантитет:
емоционална тапост, анхедонија(неможност за
доживување на пријатни емоции)паратимија,
парамимија, емоционална амбиваленција,
аутизам

 Во волево-нагонските динамизми се
забележува слабеење до хипо и абулија,
амбиваленца, зголемена сугестибилност,
кататоно растројство својствено само за
кататаона шизофренија
 Нагоните се ослабнати особено оние кои
се поврзани со основните животни
динамизми (исхрана, социјален,
сексуален нагон)
 Перцепциите се растроени присутни се
халуцинаторни доживувања .
 Доживување на сопственото его (расцеп
на его) кое клинички се манифестира
променет однос кон реалноста
(дереализација) и кон сопственото
доживување(деперсонализација
Растројства на перцепциите
 Халуцинации ( најчесто слушни, но
може и олфактивни, густативни сврзани
со параноидни идеи.
 МКБ 10 ги дели сим на две групи
 А Права група :
1. Ехо на мисли и халуцинации
2. Налудничава контрола врз однесувањето
3, Слушни халуцинации
 Б. Втора група :
 1. Неадекватен или угасен афект
 2. прекин на мислите илу уфрлање
 на туѓи мисли
 3. налудничави идеи со или без
 слушни халуцинации

 Од тераписки ефекти се делат на:

 Позитивни симтоми кои добро


реагираат на невролептичната
терапија:
 Психомоторна возбуда
 Агитираност
 Перцептивни растројства
 Налудничави идеи
Негативни симтоми-кои подобро
реагираат на новите
антипсихотици кои покрај на
допаминскиот делуваат и на
сератонергичниот систем
(Рисполепт):
Афективна тапост (атимија и
анхедонија)
Редукција на волево-нагонските
динамизми (абулија, аутизам).
Еволуција и прогноза
 -Зависи од подтиповите на болеста.
-Првата епизода на растројство започнува
помеѓу 20-25 годишна возраст кај машкиот пол
и 25-30 години кај женскиот пол.
-Почетокот продромален, со бавна и постепена
еволуција на шизофрените симптоми.
Пациентот социјално се повлекува, губи
интерес за школо или работа, за одржување на
личната хигиена и надворешен изглед,
невообичаено однесување, напади на лутина.
Еволуција 3 можности :
 1. Периодично фазичен тек, кога по
повлекувањето на шизофрениот шуб
болниот е без шизофрени симптоми.

2.Периодично прогредиентен тек, кога
ремисиите никогаш не се комплетни, и

3. Процесуален тек , кога болеста
континуирано еволуира до дефинитивно
осиромашување и распад на личноста.
Прогноза
 1. Поволни фактори се акутен почеток,
појава на болеста во подоцнежната
возраст, постоење на провокативна
траума, брза дијагностика и навремено
лекување и поволна преморбидна
структура ( пикнична структура).
2. Неповолни фактори се пред се
хередитарна оптовареност во потесното
семејство, лоша преморбидна структура,
подмолен почеток на болеста и
лептосомна конституција.
Класификација според МКБ-10
 F20.0 Параноидна шизофренија
 F20.1 Хебефрена шизофренија
 F20.2 Кататона шизофренија
 F20.3 Недиференцирана шизофренија
 F20,4 Пост-шизоидна шизофренија
 F20.5 Резидуална шизофренија
 F20.6. Едноставна шизофренија
 F20,8. Други шизофрении
 F20.9. Шизофренија неозначено
ПАРАНОИДНА
ШИЗОФРЕНИЈА ( F20.0)
 Доминираат параноидни идеи, придруж.
со аудитивни халуцинации
 Започнува на 30-40 г , со параноидни
идеи на однос, љубомора, прогонување,
кои не се систематизирани, проследени
со аудитивни халуцинации во врска со
идеите, ретко доаѓа до шизофрена
деменција , имаат тек на ремисии и
егзацербации.
Дијагностички критериуми:
 А) налудничави идеи( прогоновање,
однос, интерпретации, љубомора и др)
 Б) акустични халуцинации ( гласови
кои претат, наредуваат)
 Ц) халуцинаторни доживувања (
олфактивни и густативни, сексуални и
др телесни сензации
 Треба да се диференцира од парафрениа,
инволутивни параноидни состојби (
F22,8 ) која се јавува во инволутивниот
период и почесто е кај жени и
 Параноја ( F22.0)- почесто кај мажи и
повозрасни со систематизирана
параноидни идеи, кои се према една
личност и убедливи, за разлика од
параноидната шизофренија, кои се
несистематизирани
ХЕБЕФРЕНА
ШИЗОФРЕНИЈА ( F20.1)
 Има бурен почеток, колеблив афект,
мислењето дезорганизирано,
инкохерентно, промена на личноста
 Прогнозатаа е лоша, брз развој на
негативни симптоми, повлекување, ладен
афект, распад на личноста, паратимија,
парамимија, халуцинаторни и
параноидни доживувања се можни
 Почнува во постпубертетскиот период
нешто покасно од симплекс формата.
 Карактеристики на кл. сл. е побурен
почеток, колеблив афект со нагли
промени од маничен во депресивен
афект, детско однесување, со маниризми,
бизарно гримасирање. Прогредиентното
нарушување на афектот, дисоцираното
мислење, бргу води до пропаѓање на
личноста. Се јавува и
паратимија,парамимија
КАТАТОНА
ШИЗОФРЕНИЈА( F20.2)
 Доминираат психомоторни нарушувања
 Хиперкинезија до ступор, автоматска
послушност до негативизам. Може да се
јави како кататон ступор ( ступор,
мутизам, флексибилитас цереа) или
кататона возбуда ( нагли изразени
вознемир. при кататона сост,
немотивирани убиства, под дејство на
халуцинации)
 Кататони ступор - нарушување на
вољата, болниот останува долго во
одредена неправилна состојба, со
феномен на „восочна совитливост или
психичка перница „ со активен или
пасивен негативизам, вербигерација,
ехолалија
 Кататона возбуда- нагла возбуда од
ступор, кога е опасен за себе и околината
Пр. Главата во усијана печка
 Еволуцијата на болеста е ремитентна (
периодична), со релативно добри
ремисии и егзацербации.

 За разлика од другите форми на


шизофренија реагира добро на
антипсихотична терапија и
електроконвулзивна терапија
НЕДИФЕРЕНЦИРАНА
ШИЗОФРЕНИЈА ( F20.3)
 Психотична состојба која одговара за
општите дијагностички критериуми за
шизофренија, но не е во сообразност со
било кој од подтиповите или покажува
мешани белези
ПОСТ-ШИЗОФРЕНА
ДЕПРЕСИЈА ( F20.4)
 Депресивна епизода што може да трае
подолго, а се јавува во времето на
шизофрената болест. Овие депресивни
состојби се со зголемен ризик за
самоубиство.
 Обично наликуива на шизоафективната
шизофренија, каде шизофрените
симптоми се имплантирани на
депресивност
РЕЗИДУАЛНА
ШИЗОФРЕНИЈА ( F20.5)
 Хроничен стадиум во развојот на
шизофрената болест, каде постои
напредување од ран кон касен период и
постојат „ негативни симптоми„ како
психомоторна забавеност, отапување на
афектот, запуштање на изгледот,
повлекување од социјалните контакти, со
ублажени симптоми на шизофренија
ЕДНОСТАВНА
ШИЗОФРЕНИЈА ( F20.6)
 Подмолен прогресивен развој на чудно
однесување, отапување на афектот,
загуба на вољата, во клиничката слика
доминираат основните шизофрени
симптоми- и доведува до пропаѓање на
личноста и шизофренија деменција, кое
се однесува на афективната сфера, а не
на интелигенцијата.
 Се нарекува „симплекс„ станува збор на
проста едноставна симптоматологија за
шизофренија. Започнува рано, во
пубертетот, со незабележителни
симптоми, повлекување во себе,
незаинтересираност, губиток на контакт
со околината, промени во афектот, кој е
блед, попушта во школувањето, бргу
доведува до пропаѓање на личноста.
Еволуција и прогноза на ш
 1. Периодично фазен тек
 2. Периодично-прогредиентен тек
 3. Процесуален тек
 Поволни ф-ри : акутен поч. касен поч.
пикнична конст,нема хередитет, афект.сл
 Неповолни: хередитет,шизоидна премор
бидна лич.ран поч.лептосомен, пост. поч
Терапија
 - Психофармаколошко лекување-
невролептици ( Халдол, Модитен,
Лепонекс, Рисполепт, Оланзепин,
Арипипразол и транквилизери,
електроконвулзивна терапија.Невролеп.с
-Психотерапијата се применува кога со
болниот може да се воспостави
позитивен трансфер. Се користат групни
и индивидуални аналитички методи,
психодрама.
.
 -Социотерапија има голема улога во
ресоцијализација на болниот и треба да
се изведува доста упорно и долго
 Тераписки заедници
 Тераписки клубови
 Работна способност- ако е во добра
ремисија може да продолжи со
работоспособноста, ако дозв псих.сост
 Судско-медицинско значење- може да
извршат некои кривични дела од кражби,
тепачки до убиства, обично под дејство
на налудничави идеи, кога се
непресметливи. Паѓа во очи
нелогичноста и немотивираноста на
криминалист. дејство. Ако се во добра и
долга ремисија може да бидат и
пресметливи
2.Шизотипни растројства
 Растројство што се карактеризира со ексцентрично
однесување и аномалии во мислењето и афектот,
слични на оние кое се однесуваат на шизофренијата но
не се карактеристични за шизофренија. Симтомите се
состојат во студен и несоодветен афект, анхедонија,
чудно или ексцентрично однесување. Тенденции кон
повлекување од средината, параноидни односно
бизарни идеии кои не достигнуваат до вистинска
налудничавост.
 Нема јасен почеток а текот им е како кај растројства на
личноста
 Се мисли дека шизотипните растројства се наоѓаат во
генетскиот круг на шизофренијата
 Битно обележје на растројството е
первазивен модел на социјален и
интерперсонален дефицит изразен со
акутна непријатност во блиските односи
(намален капацитет за нив)
 Обично почнува во раната возраст,
евулицијата во главно е стабилна, со мал
процент каде растројството преоѓа во
шозофренија или во некое друго
психотично растројстѕво
3.Перзистентно
налудничаво растројство
 Во оваа група влегуваат растројства во кои
долготрајните налудничави идеии
преставуваат единствен или највпечатливи
клинички карактеристики кои неможат да
бидат класифицирани како органски,
шизофрени или афективни растројства.
 Напомена налудничави растртојства што трајат
помалку од неколку месеци треба да бидат
класифицирани барем како привремени
(акутно психотично растројство)
Налудничаво растројство
 Група растројства кои се карактеризираат со
развој на една единствена налудничава идеја
или низа поврзани налудничави идеии, кои
обично се перзистентни, понекогаш траат и
цел живот. Содржината на налудничавата идеја
е многу променлива Во оваа дијагноза не се
вбројуваат халуцинаторни доживувања ,
шизофрени симтоми како и отстапувања од
афектот.Но, можно е присуство на повремени
транзиторни аудитивни халуцинации
 Во оваа група спаѓаат следнниве видови на
растројства:
ПАРАНОЈА (F22)
 Тоа се перзистентни налудничави
растројста, окарактеризирани со развој
на перзистентни систематизирани
параноидни идеи, кои се постојани и
доживотни, при кои личноста долго
време е сочувана. Тие манифестираатЧ
 Безумни идеи на високо потекло
 Безумни идеи на пронаоѓање
 Безумни идеи на лични заслуги
 Безумни идеи на еротичност
 Безумни идеи на непризнаено право
 Безумни идеи на љубомора
 Интерпретациски безумни идеи
Главно има 3 клинички слики:
Параноја персукуториа ( дека е
омаловажен, оштетен, прогонет итн
Параноја кверулаториа-склон за тужење
Параноја во вид на хронич. интерпрет.
делиријум ( за се сомневаат )
етиопатогенеза
 Болеста обично спаѓа во групата на ендогените
растројства но не се исклучуваат и ендогените
трауматски влијанија по кои и најчесто започнува
растројството, како декланширачки фактор.
 Паранојата се карактеризира со налудничави идеии на
сомничавост или експанзивност, меѓу кои доминираат
идеи за сопствена големина, идеии на љубомора,
обесправеност, прогонување, еротичност,
иноваторство. Идеиите се логични
систематизирани и чврсто врзани
 1. Генетска хипотеза
 2. Морфолошки хипотези ( лимб.струк)
 3.Психосоцијални хипотези (емоц. злоуп
на родителите, непријатна сомничава
атмосфера во семејството, се развива
чуство на непријателска околина
 4. Психоаналитички хипотези( потисната
хомосексуална желба и проекции-Frojd.
 Преморбидна личност( хипертофија на
ЕГО, недоверливост, нарцисоидност
опсесивност, ригидност на личноста
Старосна налудничавост
 Паталошка љубомора е таков вид на љубомора
која ги надминува реалните граници бидејки
пациентот се води од налудничев систем на
неверство и ривалство. Болеста е специфична
за машки пол и тоа за алкохоличари најчесто
 Еротоманија се карактеризира со налудничави
идеии дека тој е многу сакана позната и
популарна личност
Еволуција и прогноза
 Текот на психозата најчесто е хроничен,
но болеста може да се повлече и
повторно да се јави. Љубоморниот тип
има релативно подобра прогноза од
параноидниот тип.
Терапија
 Лекувањето е психофармаколошко, од
лекарства се употребуваат невролептици
како и транквилизери кои доведуваат
до намалување на анксиозноста,
хостилност и психотична агитираност.
Но притоа мора да се истакне дека
параноичните идеии многу малку
реагираат на психофармаколошката
терапија
Параноидни психози
 Тоа се параноидни состојби , кои кли
нички имаат хроничен тек кои со својата
феноменологија не може да се
класифицираат во шизофренија или
параноја и се јавуваат при некои
промени:одење во војска, преселби во
други земји и сл
 Караактеристични се параноидни идеи
на прогонување, идеи на големина,
љубомора, кои се перзистентни и трајат
најмалку три месеци
 Кл. слика.
 Несистематизираност, нелогичност,
бизарност за околината, не постои идео-
афективен однос
Парафренија
 Ова е растројство кое според психопатолошкиот
систем се наоѓа помеѓу паранојата и
параноидната шизофренија. Се јавува во
подоцнежна возраст и тоа почесто кај жените. Се
карактеризира со богаство на налудничави
продукции и покрај релативната добра
адаптираност на субјектот кон реалноста
Присутни се конфабулации покачен
(хипоманичен) афект. Присуство на
мегаломански –еротско обоени содржини.
 Најчесто преминува во хроничен иреверзибилен
и несистематизиран налудничав систем
 Ова група на растројства се карактеризираат со
акутен почеток до две седмици присуство на
психотични симтоми како налудничавост,
халуцинации, потешкотии во вообичаеното
однесување . Може како фасцилитирачки
фактор да се јави придружен стрес. Често се
присутни конфузија и збрканост.
 Акутно транзиторно психотично р-ство
 Ова растројство е со краток тек целосно
опоравување настанува за неколку
месеци, недели а понекогаш и за неколку
дена. Ако растројството продолжи да
трае треба да биде класифицирано во
друго растројство
 Растројството може да оди со симтоми
на шизофренија и без симтоми за
шизофренија
Индуцирано растројство на
налудничавост
 Тоа е релативно поретко психотично
растројство кое е заедничко за две или повеќе
лица кои се во блиска емотивна врска. Едниот
од нив боледува од право психотично
растројство додека другото се индуцирало од
него. Психотичното растројство кај примарно
болниот или (индукторот) најчесто е од
шизофрениот круг. По физичкото одвојување
најчесто симтомите на индуцираниот
исчезнуваат
Шизоафективно р-ство
 Ова растројство преставува епизодично
растројство во кое и афективните и
шизофрените симтоми се изразени заедно во
една иста епизода на болеста, најчесто
истовремено или пак во растројание од
неколку дена. Кај растројството можни се
ремисии (подобрување на сосотојбата) но
често има тенденции за рецидиви(повторна
појава на болеста).
 Заболувањето се јавува во средна возраст но
можно е и во пубетртет и а и во постарата
возраст
 Прогнозата е подобра од шизофренјијата но
полоша од растројства на расположение.
Шизофрените растројства со биполарна
симтоматологија имаат подобра прогноза од
онаа со депресиованата.
 Зависно од доминатните симтоми,
шизоафективното растројство е поделено во
три групи
 Шозоафективно растројство-маничен тип
 Шизоафетивно растројство- депресивен тип
 Шизоафективно растројство-мешан тип.
 Дијагноза: мора да постојат шизофрени
симтоми како и изразита депресија или манија

You might also like