You are on page 1of 4

Хемиски состав на влакното

Од хемиски аспект влакното е изградено од протеинска материја


наречена кератин. Кератинот по својот состав е белковина.

Содржи и некератински компоненти како вода, масни материи и


метали
кои ги има и во останатите делови нателото пр.цинк, бакар и олово.

Растење на влакното

Растењето и опаѓањето на влакната претставува нормален процес кој


се одвива во следниве три фази:

Аногена фаза која трае неколку години и месечно влакното расте


приближно 1cm. Кај жените косата расте побргу отколку кај мажите, а
и во лето расте побрзо отколку во зима.

Катогена фаза е период кога растењето е во мирување т.е


фоликулот навлакното ќе престане да функционира и влакното не
расте. Оваа фаза трае неколкумесеца.

Телогена фаза период на опаѓање на влакното. Уште во катогената


фаза почнува да се развива нов фоликул, тогаш почнува да расте
ново влакно за сметка на старото кое одумира
.
Фази на растење на влакното
ФУНКЦИИ НА КОЖАТА
Кожата е орган кој може да се регенерира (обновува). Има
многубројни и многу важни функции. Таа ги држи сите органи,
мускули, коски внатре во телото, а истовремено таа го изолира телото
од околната средина.
Нејзината најважна функција е заштитната функција. Таа служи како
бариера засите физички оштетувања, штетното влијание на UV
зраците како и нападите набактериите.
Го заштитува телото од прекумерно губење на водата.
Надворешен слој на кожата го заштитува организмот од
навлегувањето на патогени микроорганизми и исушување. Клетките
на надворешниот слој постојано се заменуваат, со што условуваат
механичко отстранување на патогените микроорганизми кои се и
сетилен орган.
Во неа се сместени рецепторите за допир,притисок, топлина, болка и
студ.
Исто така, кожата има и улога да ја одржува телесната температура
на телото.

Запомни
Кожата ги штити внатрешните органи од повреда.
Потните жлезди учествуваат во контрола на телесната температура
преку
исфрлање вода од површината на телото.
Кожата содржи нервни клетки кои реагираат на болка, притисок, топло,
ладно и сл.
Темни дамки се последица од нерамномерно создавање на
меланинот.
Кожата може да се регенерира.

You might also like