You are on page 1of 1

„Чорбаџи Теодос“

Васил Иљоски со своите драми „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ го опишал животот


на македонскиот народ помеѓу двете дветски војни, придавајќи му една поинаква,
комична нота. Класната поделеност на чорбаџии и сиромашни односно нивниот социјален
статус се главни социјални елементи во оваа драма. Така и чорбаџи Теодос сиот својот
живот ги делел според социјалниот статус, а не според нивните духовни вредности.

Ликот на чорбаџи Теодос, со своите особености е исклучителен, скоро неповторлив.


Неговите домашни живеат во страв дури и кога тој спие. Тој страв, тој деспотизам,
чорбаџи Теодос го наметнува уште на почетокот на драмата што за домашните значи
бесконечно измачување и над сонот и над јавето. Тој е строг и кон себе, кон другите но
пред сѐ многу прецизен – во чаршијата познат како саат на две нозе – се наметнал со
моќта која кај сите влева стравопочит. Хиерархијата во семејството која било правило на
патријалхалните семејства, наместо да донесе ред и хармонија носи огромно
оддалечување и противречност, така што главните жртви, Параскева и Томче ги претвора
во слугинка-робинка и син опијанет од љубов – алкохоличар. Педантноста е уште една
карактеристика на чорбаџијата поради која страдаат други. Целиот заплет во драмата го
прави Арсо. Стапицата која му ја подготвил на чорбаџи Теодос е крајно понижувачка – да
биде цигански кум – а тоа значи токму со тие кои имаат „црно под ноктите“. Машината
откажува, потсмевот чука на неговата порта, а озборувањата течат низ чаршијата.
Неговата душа е згадена, името му е извалкано, авторитетот згазен а пропаста е толку
блиска. Парите, педантеријата и угледот сега се во рацето на Арсо и истрите Цигани кои
не се откажуваат од обичајот – оној кој прв нагазил на новороденчето да биде негов кум.

Неволјите на Теодос достигнуваат кулминација заедно со драмата. А тоа е кога треба да


јаде од иста чинија со Циганите. Народот гледа и ужива во слатката одмазда. Теодос пијан
се препушта на веселбата и заборава на сѐ она што порано било негов кодекс на
однесување.

You might also like