You are on page 1of 1

“Шесмината слепци и слонот “

Еднаш многу одамна, во едно село живееја шестмина слепци. Еден ден
соселаните им рекоа – "Луѓе, во селово денеска дојде еден слон".Никој од нив не
знаеше што е тоа слон. Но иако не можеа да го видат, одлучија да одат и да го
опипаат тоа чудно животно. Сите заминаа на местото каде што беше слонот.И
секој од нив го допре големото животно.

"Еј, па слонот е како столб" – рече првиот слепец кој ја допре ногата на слонот.

"Грешиш. Мене ми изгледа како да е јаже" – забележа вториот слепец кој ја


држеше опашката на слонот.

"Ма не... Слонот е ист како некоја тенка гранка" – додаде третиот слепец,
допирајќи ја сурлата на животното.

"Хмм... јас би рекол дека личи на едно големо ладало" – умно дофрли четвртиот
слепец додека допираше едно од ушите на слончето.

"Луѓе, ова е исто како и некој голем ѕид" – извика петтиот слепец, кој со двете
раце го допираше стомакот на слонот.

"Незнам за вас, ама јас би рекол дека слонот е ист како некоја цврста цевка" –
одлучно рече шестиот слепец, допирајќи еден од големите слоновски заби.

Така, шестемина слепци започнаа да се расправаат за тоа како изгледа слонот и


притоа секој од нив инсистираше дека е во право. Токму кога се чинеше дека
работите стануваат напнати и вон контрола, едно мудро старче кое минуваше во
близина, откако ги забележа развиканите луѓе, ги запраша – "Во што е
проблемот?"

Тие одговорија – "Не можеме да се сложиме околу тоа како изгледа еден слон".
Секој од нив на старчето му го опиша своето лично доживување на големиот слон.
Откако ги ислуша, мудриот старец мирно им рече – "Сите вие сте во право.
Причината поради која секој од вас различно го опишува слонот е поради тоа
што секој од вас допрел еден поинаков дел од големото животно. Всушност,
слонот ги има сите тие делови кои поединечно ги наброивте."

Помалку зачудено, сите воздивнаа. Им олесни и беа среќни поради тоа што секој
од нив ја зборувал вистината и бил во право за она што го тврдел.

You might also like