You are on page 1of 1

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ донираше 46 хигиенски пакети наменети за

стари лица

По повод одбележување на Неделата на грижа за старите лица (14-20 ноември), Црвен крст на
Република С. Македонија – Општинска организација Кочани и компанијата „Амфенол Технолоџи
Македонија“ организираа заедничка акција за дистрибуција на хигиенски пакети на стари лица.

Пакетите беа наменети за 46 корисници, стари лица од проектот „Подвижност“ на кои им беа
поделени по еден хигиенски пакет кои ги обезбеди компанијата „Амфенол Технолоџи
Македонија“.

Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена


интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за
обезбедување на грижа и помош на старите лица.

Обезбедена е поддршка за функционирање на 10 мобилни тимови за бесплатна услуга за


набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на стари и осамени лица.

You might also like