You are on page 1of 1

Лајпциг — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина

Саксонија, во Германија. Лајпциг се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на


устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од
Северногерманската Низина.

Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се
наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта.
Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура
на полињата, како што се музика и издаваштво. По Втората светска војна, Лајпциг
станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска
Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.

Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во


Источна Европа, со настаните, кои се случиле во и околу црквата Свети Никола. Со
повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со
обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна
инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор,
вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни
натпревари, оперската куќа и зоолошката градина.

You might also like