You are on page 1of 6

Извори на еднонасочна

струја
Галвански елементи
Извори на струја

Уредите кои на краевите од спроводниците обезбедуваат постојана потенцијална разлика се


нарекуваат извори на струја. На тој начин, на половите од еден извор се одржува постојан
напон. Галвански елементи, наречени според името на италијанскиот научник Луиџи Галвани,
се елементи кај кои полнежите се создаваат и движат на сметка на хемиската енергија.
Галванскиот елемент како извор на напон може да се добие кога било кои два различни
метали ќе се потопат во раствор од некоја киселина, база или сол и даваат еднонасочна
струја. Пример за галвански елемент е џебната батерија, кај која електролитот е во цврста
агрегатна состојба.
Еднонасочна струја

Еднонасочната струја е еднонасочен проток или движење на носителите на


електричниот полнеж, односно електроните. Интензитетот на струјата може
да варира со текот на времето, но насоката на движење на електроните
останува постојано иста. Во ваквото струјно коло, елетроните се негативни и
се движат кон плус. На тој начин се спроведува струја, и доколку поврзиме
сијалица преку две бакарни жици, таа ќе свети.
Галвански елементи

Речиси до крајот на 18-ти век се знаело само за електрицитет произведен


преку протривање и преку инфлуенца. Галвани случајно открил дека нога од
жаба се грчи ако еден крај од жица се допре до нервот на ногата, а со
другиот крај се допира металната плоча на која лежи ногата. Овие обиди го
поттикнале Волта да го создаде првиот извор на трајна струја наречен
волтински елемент. Тој објаснил дека два различни метала при допир со
иста течност се електризираат до различни потенцијали. Затоа низ
проводникот што ги сврзува тие метали тече електрична струја. Волтинскиот
елемент има напон околу 1 волт.
Преку растворање на цинк во сулфурна киселина цинковата плоча се
електризира негативно, а растворот позитивно, бидејќи атомите на цинкот одат
во растворот позитивно наелектризирани, а оставаат соодветни електрони на
цинковата плоча. Јоните на водородот се неутрализираат примајќи ги
електроние од бакарната плоча, која поради тоа станува позитивно
наелектризирана. Неутралните атоми на водородот образуваат молекули кои се
здружуваат во меурчиња. Низ жицата што ги сврзува плочите тече електрична
струја од цинкот кон бакарот, односно од негативниот пол кон позитивниот.
Волтиниот елемент повеќе не се употребува, бидејќи бргу слабее неговата
струја.
Леканшевиот елемент е единствен галвански елемент кој уште и денес има
широка примена. Тој се наоѓа во батеријата на џебната лмба во вид на
таканаречен сув елемент. Батеријата се состои од три цинкови садчиња, во кои
се наоѓа раствор на нишадор кон кој е додадено скробно лепило, за да се добие
каша. Садчињата сврзани едно со друго прават галванска батерија.
Со помош на галванските елементи хемиската енергија се претвора во
електрична.

You might also like