You are on page 1of 1

Писмото на Елени до Ататурк Поминаа толку години, а јас ете, секој ден чекам

абер од тебе. Ако некогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзите на
хартијата. Годините си врват, овде сешто се зборува за тебе, нешто се случува.
Ако ги читаш овие редови додека љубиш некоја друга жена, искини го писмово
и прашај ја неа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола го
поарчила цел живот за еден човек со кого била само еден ден. Ако ја љубиш
неа, како што јас те љубам тебе, не и кажувај ништо, нека биде среќна, ако си
и ти среќен. Ако пак, уште ја паметиш девојката од балконот и не љубиш
друга, знај те чекам и ќе те чекам цел живот. Знам дека ќе се вратиш, дека не
си заборавил…”

You might also like