You are on page 1of 2

1.

Во трудовите на некои автори кои ја разгледувале историско – развојната димензија на слободното време се
поставува дилемата, дали слободното време е појава, продукт на современата цивилизација или пак појава која
еволуирала непосредно со човечкото постоење.

2.Грчкото schole и римскиот otium најкарактеристично е следново: користење на сл.време било привилегија на
аристократијата како привилегирана владеачката класа, која не се занимава со производната работа туку живеела од
работата на пониските сталежи и робовите, смислата на сл.време било стекнување на добродетели, индивидуален
развој во духот на калокагатија, самообразование и афирмација на личноста, содржината на сл.време се
карактеризира со повеќе културни, уметнички и спортски дејности, можностите за масовно користење на сл.време ги
обезбедувало општеството со воведување и организирање на бројни свечености, игри и изградба на потребни
објекти, составен дел на воспитанието на граѓаните била и подготовката на младите генерации за културно и за
човечкот достоинствено поминување на слободното време.

3.Мишел Де Монтењ како најостроумен набљудувач на човековата природа на сите времиња, на своевиден начин
со својот радознал и скептичен дух покажува дека во човековиот живот мораат да се избегнат крајностите на
млитавата и дремлива доколица. Со исклучителна осетливост спрема просторот на човековиот внатрешен свет,
Монтењ настојува да ја смири човековата амбивалентност и човековиот свет тешко е да се замисли без плодните
искуства настанати во доколицата, самотијата. Треба да задржиме една одаја зад дуќанот исклучливо за себе,
подполно слободна, за да можеме себе си да си обезбедиме вистинска независност, главно врталиште и самотија.

4. Дефиницијата на димаздие ја карактеризираат неколку моменти. Кај него јасно се гледа критиката кон
упростената дихотомија: работа-слободно време. Димаздие сл.време не го дефинира само по однос на
професионалните обврски, туку и по однос на другите обрски семејни и општествени. Отварајќи една нова теорија за
слободното време Димаздие доаѓа до заклучок дека зголемувањето на сл.време, сериозно ја доведува во прашање
тезата на нужна акумулација на капиталот Рикардо и Марксовата основна идеа за работата како човечка сдубина.
Бидејќи слободното време зазело толку значаен простор во животот на поединецот и општествотот како целина
создавајќи еден нов морал на среќа. Димаздие истакнува и тврди дека оној ој не го користи или не знае да го
користи своето слободно време не е потполн човек, тој е sous developpe суштество кое се наоѓа помеѓу човек и
товарно животно.

5. Димаздие истакнува три основни ф-ции на сл.време: одмор, разонода и развиток на личноста. Од педагошки
аспект е мошне значајна третата ф-ја, па во тој контекст авторот истакнува: третата ф-ја создава можности да се учи
цел живот. Таа може да вроди творечки иноваторски особини. Исто така може да предизвика кај индивидуата
ослободена од професионални обврски слободна дисциплина, поради потполно развивање на личноста во личен и
општествен стил.Оваа ф-ја е помалку честа од разонодата, но нејзината важност е капиталната за народната култура.
Овие три ф-ции Димаздие ги разгледува во меѓусебна зависност во интеракциски однос, меѓусебно испреплетени, па
според тоа и тешко може да се разликуваат во чист вид.

6. Смислата на педагогијата на слободно време е да ги пронајде патишата и начините, ослободеното време да го


направи корисен фактор за перманенетно учење, делување, создавање и усовршување на човекот во склад со
стремежите на човековата заедница. Прашањата коишто денес се поставуваат околу педагогијата на слободно време
во реализација на нејизната основна цел се дали таа може самостојно да ги решава проблемите кои стојат на
подрачјето на сл. Време и дали постои опасност иако е самостојна, нејзиниот предмет да го преземе друга наука или
дисциплина?

7. Денес. Врз основа на ваквите состојби по однос на проучувањето на проблемот сл.време имаме појава на две
тенденции:

1. Проучувањето на слободното време од различни аспекти, но во рамките на поединечни традиционални науки- во


првата тенденција се вбројуваат авторите (Parker, Dumazdier, Neulinger, Todorovic, Jankovic, Mundy and Odum) кои
аргументирано тврдат дека сл,време треба да остане во рамките на традиционлните науки и нивните дисциплини а
во конкретниот случај за педагошкиот аспект на слободното време треба да се грижи педагогијата како наука и
нејзината педагошка дисциплина, педагогија на сл.време

2. Сите сознанија за слободно време да се соберат и да се развијат во една наука за слободно време или наука за
доколица- второата тенденција го застапува ставот дека е оправдано сие аспекти да се слејат во една наука која ќе се
нарекува наука за сл.време. Предмет на таа наука би било сл.време. Ова гледање би можело да се нарече теорија на
грозд каде што слободното време е кохезиона сила која ги собира разновидните аспекти во проучувањето на една
наука.

You might also like