You are on page 1of 11

СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“

Проектна задача по предметот:

Македонски јазик

Тема: Блаже Конески обработка на песните “Тешкото” и


“Везилка”

Изработила:
Фросина Бранковиќ IV-13
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во
с.Небрегово (Прилепскo). Основното образование го започнал
во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во
Прилеп, каде завршил и нижа гимназија. Како најдобар ученик во
училиштето како стипендист оди во Крагуевац, да учи виша
гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во
Крагуевац, се запишува на Медицинскиот факултет во Белград,
но после еден семестар следи студии по филологија, а по
капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот
универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира
филологија. Со оглед на тешката положба во која се наоѓале
Македонците во Кралството Југославија и во Царството Бугарија,
Конески на Универзитетот во Белград се запишува како Благој
Коневиќ, а на Универзитетот во Софија како Благој Конев.

Конески го составил и правописот на македонскиот литературен


јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот
јазик“.

Тој бил и основач на студиите по македонистика на Скопскиот


универзитет. А во периодот од 1958 до 1963 година бил ректор
на универзитетот.

Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и


уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто
така бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите
на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и
негов прв претседател.

Творештвото на Конески е богато и опфќа голем број


прозни,поетски,есеистички дела како
Везилка,Песни,Мостот и многу други.

Анализа на песнта: “Везилка”

Везилке, кажи како да се роди

проста и строга македонска песна

од ова срце што со себе води


разговор ноќен во тревога бесна? РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ

- Два конца парај од срцето, драги,


едниот црн е, а другиот црвен, СИМБОЛ
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен. АНТИТЕЗА

Па со нив вези еднолична низа,


песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века


од двете нишки, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора. АНТИТЕЗА
2.
Везилке, крени наведена лика,
погледај в небо во претпладне златно:
се шари таму и чудесна блика
твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,


ти - морно око на трепетна срна.МЕТАФОРА
Две бои таму ти горат и капат,
две шарки твои - црвена и црна.АНАФОРА

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,


и најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна, РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ
дните ти минат, прокоби се гласат.

- И најмил спомен што в душа ми блеска


се гаси од нив ко цвеке без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
ти си ја кажа судбината своја.

Поетски слики:

1.Раѓањето на проста и строга македонска песна.


2.Црвениот и црниот конец симбол на маката и болката на
македонската жена.
3.Еднолична низа на песна од копнеж и мака.
4.Темната и вкрвавена зора ја симболизират македонската мака.
5.Синото платно и блесокот во далечините,во претпладне златно.
6.Двете бои кои капат во очите на уморната Везилка.
7.Дните минати во прокоби и мака.
8.Најмилиот спомен како цвеќе без боја.

Стилска фигура како реторско прашање со кое бара совет од


везилката и започнува разговор со дијалошка форма на неа. Во
втората строфа одговорот е јасен и има симболичко прикажување.
И вториот дел од песната е во дијалошка форма. И повторно
реторско прашање и компарација за да на крајот заврши зборувајќи
за себе, за својата судбина како творец, уметник.

Анализа на песната: “Тешкото”

(“Земјата и љубовта”)

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат, АПОСТРОФА авторот се обраќа кон

неживи предмети

штом тапан ќе грмне со подземен екот -

во градиве зошто жал лута ме стиска,

во очиве зошто навирува река

и зошто ми иде да плачам ко дете, РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ

да превијам раце, да прекријам лик

да гризам јас усни, стегам срце клето,

да не пушти вик.

О тешкото! Старци излегуваат еве,

на чело им мисла, во очи им влага

и првиот чекор по меката трева

е мирен и бавен, со задржана тага.

Но 'рзнува тапан и писок се крева

и молнија светнува во секој глед,


и напред се пушта, се стрелка, се слева

стегнатиот ред.

До старците момци се фаќаат скокум;

не издржа срце - сив сокол во клетка,

не издржа пламен жив потулен во око,

не издржа младост што сака да летне! АНАФОРА

Се залула оро! Се заврте земја,

и чиниш - се корне стресениот век,

и околу трпнат ридиштата темни

и враќаат ек.

И божем се врасло кипнатово оро

со исконска сила за земјава наша

и во него шуми на реките зборот,

и во него рика див ветер и страшен

и во него шепнат узреани житја

и вечерен мирис се разлева тих,

и земјата дише во пролетна ситост ПОЛИСИНДЕТОН

со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен

во тешково оро се уткала сета -


век по век што трупал сè попуст и мрачен

од крвава болка, од робија клета,

век по век што нижел од корава мисла

за радосна челад, за слободен свет,

од песна - за љубов што гине со пискот

ко жерав во лет.

О тешкото! Кога во молк да те гледам,

на очиве магла ми напаѓа сура,

и одеднаш - в бескрај се растега редот

и ридја се губат в пустелија штура -

и еве кај иде од маглата матна

сè сенка до сенка, сè еден до друг -

во бескрајно оро син оди по татка,

по деда си - внук.

Времињата мрачни се нивното поле,

и нивната свирка - на прангите ѕвекот,

а главите им се наведени доле,

и покроце врват - сè чекор по чекор.

О времиња, што ве в мрак родот мој минал,

кој збор ќе ми најде за вашата стрв?

Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат


над пустош и крв?! РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ

Кој број ќе ми каже на лутите рани,

на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,

кој на срце болки ќе изреди збрани,

и на очи солзи, и клетви на усти? РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ

О тешкото! Синџир ти беше на робја, МЕТАФОРА

од калеши моми и невести ред.

со врзани раце во плен што ги погнал

насилникот клет.

О тешкото! Синџир ти беше на робја,

дур не стана народ во листена гора,

сè дури со јадот од векови собран

не поведе бујно, бунтовничко оро!

се залула танец низ крвје и огон,

и повик се зачу и грмеж во чад -

те разнесе сегде бунтовната нога

по родниот кат.

О тешкото! Сега по нашите села

во слобода првпат штом оро ќе сретнам,


зар чудно е - солза да потече врела,

зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?! РЕТОРИЧКО ПРАШАЊЕ

Од вековно ропство, мој народе, идеш

но носиш ти в срце дар златен и пој.

Пченицата твоја триж плодна ќе биде,

И животот твој!

Структура на песната:

Песната има десет строфи, со по осум стихови. Секој


стих има по дванаесет слога освен последниот стих од
секоја строфа кој има пет слога.

Според местото во стиховите римата е вкрстена (рани-


збрани, усти- пусти). Според местото на акцентот има
машка рима (пој-твој), женска (штура-сура).

Сликовитоста на песната ја даваат големиот број


стилски изразни средства.

На почеток, самата симболика се открива во насловот


на песната (орото-мачното вековно минато на народот
преполн со страдање, ама и борба за подобро утре).

Апострофата се гледа во емотивниот крик на поетот:,

,О тешкото!“

Компарацијата е присутна во повеќе стихови:


„да плачам ко дете“;

„од песна -за љубов што гине со пискот

ко жерав во лет“

Намерното испуштање на сврзници со цел


засилување на емоцијата ни ја дава стилската фигура
асиндет:„да превијам раце, да прекријам лик“.

Во следните стихови ја забележуваме покрај


полисиндетот и анафората:

„ И во него шуми...

и во него рика...

и во него шепнат...“

Прекрасна е персонификацијата во стиховите:

„и земјата дише со пролетна ситост

со запален здив.“

Метафората ја најдовме во:„не издржа срце - сив


сокол во клетка“

За да ја зголеми убавината на песната ја употребил и


стилската фигура реторско прашање:

„Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат


над пустош и крв?“

You might also like