You are on page 1of 2

Под зборот Библија, христијаните подразбираат две книги: Стар завет и Нов завет.

Стариот
завет e зборник од различни текстови во којшто се содржани верувањата, обичаите, законите,
историјата и пророштвата на Старите Евреи. Стариот завет е пишуван долг временски период, над
илјада години, од 12.в.п.н.е. се до нашата ера. Нашата ера е всушност христијанската ера односно
појавата на христијанството или Новиот завет.

Во еврејските пророштва се спомнувало и доаѓањето на Спасителот или Месијата и


старите Евреи долго го чекале неговото доаѓање. Кога се појавил Исус Христос, оние што во него
го препознале тој долго очекуван Спасител, денес се нарекуваат христијани. Новиот завет го
опишува животот на Исус Христос и делата на неговите ученици кои патуваат по светот и го шират
новото, христијанско учење.

Животот на Исус Христос е опишан во четирите евангелија на Марко, Матеја, Лука и Јован.
Сите овие четири евангелија иасти случки за животот на Исус Христос, но за последното, четвртото
евангелие на апостол Јован се вели дека најмногу ја искажува духовната страна на учењето на
Исус Христос.

Во Јовановото евангелие накусо е раскажано детството на Исус Христос, но спомнато е


неговото безгрешно божествено зачнување и раѓањето кога на небото се појавила нова ѕвезда
што ќе ја видат три мудреци и ќе дојдат да му се поклонат на неговото раѓање во шталата во
Витлеем и ќе му донесат подароци.

Многу поопширно се раскажува за неговиот живот на возрасен кога тој оди ги прави
неговите чуда и му го проповеда на народот новото учење на неговиот Отец. Тој себеси се
нарекувал божји син што бил испратен на земјата со неговото учење, и со неговата мака и
страдање да им помогне на луѓето.

Луѓето почнале да му веруваат и да им се восхитуваат на чудата што ги правел. Првото


чудо било на свадбата во Кана Галилејска. На свадбата снемало вино па Исус им рекол на слугите:
“Наполнете ги садовите со вода, !” и ги наполнија догоре. Тогаш им рече “Сега нацрпете и
однесете му на старосватот”. Така го започнал своето прво чудо со кое ја претворил водата во
вино и ја објавил неговата слава: „и неговите ученици поверуваа во него“, се вели во евангелието.
Во Јовановото евангелие е опишано и чудото на оживувањето на мртвиот Лазар, лекувањето на
многу болни, нахранувањето на илјадници со неколку риби и малку погачи леб.

Опишано е дека Исус лекува со збор:

Сакаш ли да оздравиш? Болниот му одговори” Господине немам човек да ме спушти во бањата


кога ќе се разбранува водата, а додека дојдам јас друг слегува пред мене” Исус му рече “стани
подигнија својата послела и оди.”

Третото чудо на нахранување на илјадници со малку храна мислам дека е дел и од


неговото учење со кое го учел народот дека тајната е сè да поделиш со својот ближен.
Нахранувањето на 5 илјади луѓе го направиле уште по лавен и луѓето верувале дека тој е
пророк ,дека е силен човек кој ќе ја спаси територијата но тоа било погрешно. Исус сакал да
помага на духовно ниво да и да исчисти од гревовите.
Јован опишува дека Исус го подучувал собраниот народ околу него со кратки поучни
приказни. Ги учел дека треба да се сакаат и да си помагаат и да не си завидуваат едни на други
туку секогаш да веруваат во силата на љубовта.

Но Исус имал и непријатели. Најмногу ги налутил со тоа што тврдел дека ен е обичен
пророк туку божји син испратен од Бог, неговиот татко на земјата. Всушност намерата на јудејците
и фарисеите била да не дозволат останатите луѓе да веруваат во него бидејќи со неговите чудесии
и добри мисли ги восхитувал сите. Затоа се договриле да го убијат. Но Тој однапред знаел дека ќе
биде убиен дури и дека ќе го предаде некој од неговите ученици, што им го кажал и на нив на
последната тајна вечера. Исто така им кажал и дека подоцна ќе воскресне и ќе им се јави.

Евангелието ги опишува маките и страдањата на Исус Христос кога за време на еврејскиот


празник Пасха е распнат на крст со уште двајца разбојници. Потоа е опишано и неговото
воскреснување кога им се јавува на Марија Магдалена, на Тома и потоа на другите ученици.
Воскреснувањето на третиот ден откога бил распнат на крстот е последното четврто чудо на исус. .
Тој со своите чуда и добри дела направил сите да веруваат во него односно во неговиот
татко.Оттогаш Христовото Воскресение се смета за најголемиот празник на христијаните и затоа
Велигден е најголемиот празник на христијаните кога се слави вербата во победата над смртта .

You might also like