You are on page 1of 16

1.

Која e поделбата на правните науки се смета за прифатлива без оглед на тоа за колку
групи на правни науки станува збор?
Историско правни
Општо воведни
Позитивно правни
Конкретно правни
a. Позитивно правните ја изучуваат денешната современа држава и право, односно
какви се денес државата и правото. Оваа група содржи најмногу дисциплини во
себе, а тука спаѓаат: уставно правно, казнено право, граѓанско право, стопанско
право, трудово право.
b. Конкретно правни науки изучуваат определена конкретна држава или право, или
одделни делови. Во групата на правни науки спаѓаат: уставно право, управно
право, облигационо право, трудово право, семејно право, наследно право.Значајно
е многу што позитивно правните и конкретно правните дисциплини се сретнуваат
под едно имеправо. Разликата е во тоа што кај позитивно правните науки станува
збор за поопшти правни дисциплини каде предмет на интерес не е само државата
или правото туку тие даваат компаративни сознанија за соодветна правна област
во сите или повеќето постајани држави и права.
c. Општо воведни науки повторно ги изучуваат државата и правото поимно, односно
апстрактно.Во оваа група спаѓаат Теорија на државата и правото, Филозофија на
право и Вовед во право.
d. Историско правни науки што го проучуваат правото какви биле државата и
правото низ својот историски развиток. Така се проучува општата историја на
државата и правото или историјата на одделна држава и право. Овде спаѓаат
следниве научни дисциплини: римско право, општа историја на државата и
правото, национална историја на државата и правото, историја на политичките
науки.
2. Поделба на правните науки според мерилото на временската димензија
3. Право и држава кои некогаш постоеле историја на државата и правото
4. Право и државата кои денес постојат позитивно правни и правна политика
5. Правни науки кои од научен аспект го критикуваат позитивното право и даваат насока какви
треба да бидат државата и правото.
6. Каква наука е воведот во правото и која е неговата задача?
a. Воведот во право се состои во утврдувањето, изучувањето и систематизирањето на
општите законитости за настанокот, развитокот и функционирањето на државните
правните појави и анализита на нивната суштина и социјалното значење во
државно правниот поредок.
7. Предмет на вовед во право.Предмет на воведот во право е да ги проучува најопштите
законитости на настанокот, развојот и функционирањето на државата и правото. Исто така
изучување на основните поими за категоријата јуриспруденција.

8. Метод на воведот во право.Секоја наука има свој метод со кој ја проучува предметната
материја.

Методот преставува начин или збир на постапки или средства соодветни за прочување на
појавата или на предметото на истражување со чија помош се добива поцелосно сознание на
појавата.
9. Класификација на методите.
Методите кои се предмет на изучување на воведот во право се делат на неколку групи:
 Општи, дијалектично материјални методи
 Општо научни методи
 Специјалнипосебни методи.
 Конкретно научни методи
10. Правен метод е основен посебен метод во изучување на правните науки. Тој е најстар,
најзначаен и единствен чисто правен метод со кој се служи и воведот во право.
Неговото основно обележје се состои во тоа што државата и правото ги изучуваат
исклучиво преку анализа на многубројните правни норми во државата. Правниот метод
може да се сретне во 2 вида:
Формално правeн метод и компаративно правен метод. Формалниот метод овозможува
да се определат правните поими. На пр. Специфични правни термини, како што се :правна
вредност, правен однос, правно лице, правен акт, правна норма.
i. Компаративно правниот метод врши компарација помеѓу различни
правни системи, како и помеѓу нивните поединечни елементизакони,
подзаконски акти, судска практика и друго. Со цел да се определат нивните
општи и посебни квалитети. На пример споредба на правниот систем на
Македонија и Германија, можеме да заклучиме дека меѓу нив постои
конкретна соодветност, меѓу нив може да се забележат и конкретни
разлики.
ii. Социолошки метод ги објаснува општествените фактори кои довеле до
создавање на правните норми со таква содржина или уште пошироко ги
објаснува причините за настанокот и развитокот на државата и правото.
Социолошкиот метод дава одговор на прашањето зошто едни држави се
развиени и богати а други во голема сиромаштија, кои држави се
нарекуваат социјалистички а кои капиталистички.
iii. Историскиот метод
iv. Основното обележје на историскиот метод се состои во општествените
појави ги согледува во постојано движење, дека сите општествени појави се
подложни на период на настанок, развиток и исчезнување. Примената на
историскиот метод се состои во тоа што само преку него има можност да се
анализира настанокот на одредена држава и правен систем, нивниот
развиток и можеби нивниот престанок низ текот на времето.
v. Компаративен метод споредбен метод е проучување на определени
општествени појави преку споредување на слични или споротивни појави.
Со употреба на овој метод се овозможува споредување на слични или
различни правни норми во рамките на еден правен институт.

14.Предмет на вовед во право.


15.Општествена норма се правила кои го одредуваат поведението на луѓето во нивните
меѓусебни односи. Овие норми ги донесува и ги пропишува општеството организарано
или дифузно и истите се упатени на волјата и поведението на луѓето. Какви општествени
норми ќе има во едно општество зависи од степенот на развиток на општеството
16.Разликата меѓу природните закони и општествени норми
Основни карактеристики на општествените норми се:предмет на нивното регулирање на
социјалните односи,нивниот субјективен состав е поврзан со луѓето, како преставници на
социјалниот живот.
Како особености на општествените норми влегуваат: објективност, процедурност и
систематичност. Природните закони за разлика од нормите, преставуваат правила по кои
се случуваат појавите во природата и тие делуваат независно од волјата на луѓето, често
против и нивната волја. Природните закони воопшто немаат цел, делуваат и без цел,
наспроти другите норми кои ги создаваат луѓето остварување на некаква цел.
17.Поделба на општествените норми
Општествените норми се поделени според различни критериуми:
Општествените норми се поделени на општествени норми зависни од доносителот,
општествени норми зависни од постапката низ која се донесуваат, општествени норми
зависни од средствата со кои нормите се остваруваат, општествени норми зависни од
надворешниот облик во кој се јавуваат
18.Поделба на општествените норми според средствата
19.Технички норми се дел од сите норми кои се јавуваат кои се јавуваат во општеството,
се подразбираат такви општествени правила кои го определуваат однесувањето на
човекот спрема природата. Притоа поставувањето на техничките норми има за цел да се
постави одредена промена во природата. Техничките норми немаат санкција со оглед на
тоа содржат правила кои се корисни за луѓето
20.Општествени норми во потесна смисла на зборот може да се поделат на различни
видови според најразлични критериуми: според содржината, начинот на создавање,
санкцијата, применувачот на санкцијата и итн. Според начинот на создавање постојат
општествени норми кои настануваат спонтано и општествени норми кои се се создаваат
свесно
22.Поделба на општествената норми.
Општествените норми може да се делат според содржина и облик. Според содржината
може да бидат морални, обичајни, економски, религиозни и итн. Според обликот може да
се поделат на: општествени норми зависни од доносителот, општествени норми зависни
од постапката низ која се донесуваат, општествени норми зависни од постапката низ која
се донесуваат, општествени норми зависни од средствата со кои нормите се остваруваат,
општествени норми зависни од надворешниот облик во кој нормите се јавуваат. Според
доносителот на нормата се делат на:
Норми што ги донесува неорганизираното дифузно општество, обичајни и морални норми.
Норми кои ги донесуваат одредени општествени организации
Правни норми кои ги донесува или санкционира државата.
23.Обичај обичајни норми Обичајот претставува непишана општествена норма која ја
создава и применува неорганизираното општество и како резултат на тоа, тој се одржува
долготрајно и постојано се повторува во одредена општествена средина.Како
општествена норма, обичајот, односно неговото настанување е процес кој се завршува
само тогаш кога во свеста на луѓето се јавува чувство на задолжителност кон определеното
општество. Обичајот го има во секое општество.
24.Морал морални норми Морал спаѓа во редот на човечките вредности. Моралот е
идел, симбол и образец, Науката која го востанува и ги образложува моралните закони и
појави се нарекува етика. Моралните норми се посебен вид на општествени норми, кои
своето влијание го простираат на сите и на секого и во себе ја носат паролата „ високи
чоевечки вредности“. Меѓу тие човечки вредности најзначајни се честа, доброто
однесување, достоинството, поредосрожноста, должностите и итн. Секој поединец или
општествена група си има свој морал. Моралните норми може да бидат усвоени од
поединецот, но може да бидат и наметнати.
25.Што е право?
Правото е збир од општествени норми кои на задолжителен начин да ги регулираат
основните општествени односи на начин на државаѕа со својот апарат за физичка принуда
го гарантира нивното извршување настапувајќи со соодветни санкции против
прекршителите на тие норми. Според доносителот на правото се делат на:
Норми што ги донесува неорганизираното дифузно општество обичајно и морални
норми.
26.Што е правен поредок?
Правниот поредок се дефинира како организиран ред на општествени односи регулирани
со правни норми
27. Елементи на правниот поредок нормативен и фактички.
Од самиот поим правен поредок произлегуваат неговите два основни елементи
нормативниот и фактичкиот.
Нормативниот елемент го сочинуваат правните норми, правни акти и правни
односи.Фактичкиот елемент на правниот поредок го сочинуваат однесувањата на луѓето
кое се изразува во материјалните односно телесните дејствија на субјектите на правото. И
двата елемента на на правниот поредок меѓу себе се тесно поврзани врз основа на
начелата на хиерархија.
28.Правна сила на правниот акт
Правна сила е мерка на влијание на еден правен акт врз друг правен акт, мерка која одредува кој
правен акт е повисок а кој понизок. Повисоките правни акти имаат поголема правна сила, а
пониските помала Доколку државниот орган кој ги донесува правниот акт е на повисоко место во
хиерархија на државните органи, дотолку правниот акт ќе има поголема правна сила.
29.Поим за законитост
Законитост е односот меѓу елементите во правниот поредок во кој сите пониски елементи треба
да бидат во согласнот со повисоките, така на пример, пониската поединечна норма или акт
треба да биде во согласност со повисоката норма или акт поединечна норма или акт треба да
биде во согласност со повисоката норма или акт општа. Така целокупниот правен поредок
преставува една пирамида каде на врвот е уставот со кој започнува нормативниот елемент па се
до фактичкиот елементчовечките дејствија преку кои се одвиваат правните норми. Без вака
поставен систем не може да се оствари целта на правото
30.Поим за правна норма
Правна норма или sui generis или правно правило е задолжително општествено однесување на
луѓето санкционирано од државата преку апарат за принуда. Зборот норма е од латинско потекло
и значи правило. Правната норма е дело од правото кое право е составено од разновидни и
многубројни правни норми но и други елементи. Самите правни норми се битниот елемент на
правото кој не може да се разложува бидејќи сами по себе разложени не преставуваат право.
Правната норма значи што треба да биде кое е дадено во императив или не убивај, не кради, не
нанесувај сло на друг, плаќај ги даноците, враќај ги долговите и слично истото значи правило на
задолжително човеково однесување
31.Основни елементи на на правната нормадиспозитив и санкција.
Двата основни елементи на правната норма се диспозитив и санкција, и двата се однесуваат се
основни правила на поведение на луѓето.
Споредни елементи на хипотезата претпоставки на диспозицијата и хипотезата на санкцијата
Поделбата на правните норми доколку се земат во предвид основните и споредните елементи на
правната норма
32. Елементи на условните правни норми
Имаат 4 елементи и тоа се хипотеза на диспозицијата, диспозиција, хипотеза на
санкцијата и санкција.
33. Хипотеза на диспозицијата
Хипотеза на диспозицијата е условот односно оној елемент од правната норма каде се
претпоставуваат одредени факти кои задолжително треба да бидат исполнети за диспозицијата да
биде применета, односно самата правна норма и истото треба допрва треба да се случи или не е
сеуште настаната, пример: Според стариот законот за здравствено и пензиско осигурување на РМ
се предвидува за некое лице да се стекне со правото за пензија мора да има навршено 65 години
или 40 години работен стаж. Овој пример за условна правна норма ХИПОТЕЗА е алтернативно
предвидува два услова односно тој некој што го исполнил условите се стекнува со право на
старосна пензија.
34. Поим за диспозиција
Диспозиција е вториот елемент на правната норма непосредно свртен кон адресатите на правната
норма односно оние кои треба да ја применат и за разлика од хипотезата претпоставката од која
е условена е дадена во нормативен облик. Како нормативна заповед диспозицијата може да биде
наредувачка, овластувачка и забранувачка. Наредувачка е онаа диспозиција која на субјектот на
правото му дозволува нешто да прави да бара заштита на здравјето, да користи право на жалба,
да биде избиран и да има право да избира кое пред се зависи од неговата волја да излезе на
избори, да се лечи и сл.
Подредување на диспозицијата поаѓајќи од најмалку неоопределените диспозиции.
Диспозиции со неопределен поим (правни стандарди/
35. Алтернативни диспозиции
Алтернативна диспозиција е онаа диспозиција каде кои за предемет на регулирање имаат два или
повеќе услова или дејствија каде правниот адресат избира само едно или субјектот кога ќе
исполни едно од наведените диспозиции се смета дека ја извршил диспозицијата Пример за
алтернативна диспозиција: Законот за бракот предвидува 4 диспозиции алтернативи секој од
брачните другари да си го задржи своето презиме, на своето презиме да го придодаде презимето
од идниот брачен другар, да го земе презимето од брачниот другар и како заедничко презиме да
го земе презимето од идната сопруга. Откако ќе се направи алтернативниот избор понатака секој
од нив е должен да постапува според него бидејки другите три алтернативи повеќе не важат/
36. Диспозиции кои даваат дискрециона власт
Постојат дискрециони позиции за разлика од алтернативните кои се однесуваат на доносителите
на правните норми државни органи и кои можат да одберат една или повеќе алтернативни
диспозиции. Разликата е во тоа што алтернативните диспозиции се однесуваат на спроведување
на истите судски и управни органи
37. Заменливи диспозиции или диспозитивни диспозиции се оние диспозиции кај кои
овластените субјекто може сами можат да создаваат диспозиции со кои го регулираат
своето поведение или поведението на другите субјекти. Им даваат на субјектите
можност сами да ги уредат односите на поинаков начион од продолжениот, односно
постоечката диспозиција да ја заменат со друга.
38. Хипотеза на санкција содржи опис на фактите или околностите и преставува услов
за примена на правилата содржани во санкцијата. Услов за примена на санкцијата е
однесување спротивно на она што диспозицијата го бара.
39. Деликт деликтно поведение прекршок деликт значи одредено поведение со кое
се повредува диспозицијата на правната норма и се јавува како претпоставка за
примена на санкцијата/ ДЕликт може да биде човечко дејство. Дејството со кое се
врши прекршок може да може да се состои во дејствување или пропуштање, чинење
или нечинење
40. Санкција
Терминот санкција се среќава во потесно и пошироко значење. Во поширока смисла
значи кога се изедначува со санкцијата како нормативна форма на одржување во
правната норма која го регулира однесувањето на прекршителот на диспозицијата
како и на државниот орган кој треба да ја спроведе санкцијата. Во потесна смисла
значи принудна мерка на државниот орган изречена против прекршителот на правната
норма примена на принудна казна. Санкцијата како правило за однесување се
однесува и на субјекти и на државни органи надлежни за нивно спроведување бидејќи
со прекршување на диспозицијата се повредени повисоко цели и со санкцијата се сака
тие цели да се обезбебедат. Оттука и нереагирање на државен орган при
спроведување на санкцијата се смета за прекршување и спрема него ќе се превземат
санкции исто така. Санкцијата по правило ја определува државата заради значење и
тежината на истата бидејќи во крајна линија го обезбедува извршувањето на истата.
41. Видови санкции
Казнено правни, граѓански санкции, административно правни и дисциплинско
правните санкции.
Казнено правни санкции се состојат од санкции кои имаат за цел да извршат
одмазда спрема прекршителот на правната норма и на тој начин да го спречат
натамошното вршење на казниви дела. Овие санкции се содржани во
казнениот закон и други закони одземање на живот, затвор, парична казна
конфискација на имот и итн.
42.Граѓански санкции
Целта на граѓанските санкции е надополнување на направената штета или поврат на
претходната имотна состојба на оштетениот
43.Дисциплински санкции имаат за цел одземање на извесни права на работниот
однос во јавната служба.
44. Административни правни санкции се слични на казнено правните но во многу
поблага форма, претежно казни изречени во мандатна форма во прекршочна
постапка.
45.Видови правни норми
Условни и безусловни
46.Условни и безусловни правни норми
Условни се оние правни норми за чие настанување е потребно исполнување на
одреден услов кој се наоѓа во хипотезата на диспозицијата. Безусловни се оние правни
норми каде не е потребен никаков услов и каде нема хипотеза на диспозицијата.
47.Општи апстракни и конкретни правни норми
Општи норми се однесуваат на низа идентични случаи и на определен број на случаи.
Истите се безлични односно апстрактни. Правните адресати кај овие норми не се
целосно определени туку се однесуваат на сите граѓани (секој граѓанин е должен да
плати даник и сл
Конкретни се оние норми каде што се однесуваар на конкретен случај или настан и во
најголем број се однесуваат на определен број на субјекти или нивнот број е точно
определен или е точно определен само случајот.
48.Општи генерални, посебни и индивидуални поединечни норми
Се однесуваат на сите лица и на определен круг на лица и со тоа самото им се дава
општ карактер.
Иако постојат голем и различен вид на правни норми истите секогаш се поврзани меѓу
себе според однапред утврдени правила. Поврзувањето е на 2 начина и тоа на правен
поредок и правен систем
Општите норми се однесуваат на субјектите на правото, додека пак уставните се
дадени како начела или принципо врз основа на кои се темели целиот правен поредок
и имаат поголема правна сила од законските норми односно гледано од врвот
уставот па надолу правни нормихиерархија.
Во што се состои принципот на хиерархија и субординација на правните норми во
правниот поредок
49. Поим за правен акт
Освен правната норма како еден од битните елементи на правото е и правниот акт.
Правниот акт се определува како средство за создавање и применување на правото.
Правниот акт е израз на волја, разум, во кој е содржана правната норма и преставува
услов за примена на некоја друга правна норма.
50. Елементи на правни акти
Правниот акт се одликува со тоа што се донесува во определена форма и регулира определена
содржина, овие два облика се применети во сите правни норми, почнувајќи од уставот до
пресуди, уредби, решенија и слично.
51.Случаи на непоклопување на надворешниот и внатрешниот акт
52.Случаи на недостатоци на правниот акт внатрешни и надворешни причини
53. Облик на правниот акт
Обликот на правниот акт е начин на обликување односно создавање на актот и воедно
е збир на материјални средства со чија помош тој се остварува.
54.Надлежности е правно овластување на субјектот на правото со кое што се штити туѓ,
а не свој интерес
55.Стварна надлежност
56.Месна или територијална надлежност
Постапка според која актот се однесува како елемент на обликот на правниот акт.
57.Матерализација на правниот акт како елемент на обликот на правниот акт
58.Видови извори на правото
Постојат два вида на правни актиизвори на правото материјални и формални
извори на правото
59.Материјални извори на правото се подразбираат оние општествени факти или факт
од кој настанува правото.
60.Формални извори на правото се подразбира општ правен акт што значи средство со
чија помош се изразува материјалниот извор на правото.
Видови формални секундарни извори на правото: устав и закон
61. Устав  во формална и материјална смисла е најзначајниот општ правен акт во
една држава кој во формална смисла значи дека е акт со највисока правна сила, а во
материјална смисла значи дека содржи општо начела, принципи и норми чија
содржина не е прецизна дадена во однос на законите. Постоу определен број на
односи кои уставот ги регулира а тоа се основната слобода и права на граѓаните,
сопственоста и власта. Првиот пишан устав е уставот на САД донесен во 1787.
62. Закон во формална и материјална смисла. Законот е збир на правни акти како
правни извори издадени од страна на органите на државната власт. Истиот е составен
како и други пишан правен акт и содржи делови, глави, членови, параграфи, алинеи и
сл. Законот се донесува според таканаречена законодавна постапка и постојат неколку
етапи делови на донесување на таканаречена редовна постапја кои мораат
задолжителни да се исполнат. Тоа се 1. Иницијатива, 2. Поднесување на предлог. 3.
Претрес, 4 гласање, 5. Санкција потврдување, 6. Промулгација, 7. Објавување и 8
стапување на сила. Законот е хиерархиски подреден на уставот, а на законот му се
подредени други прзвни акти подзаконски акти како уредби, наредби, правилници,
статути и др.
63. Видови закони
Сојузни или републички акти карактеристични за сложените односно федералните
држави каде и постојат два устава.
Системски и обични закони се сметаат они закони кои по правило, разработуваат
особено значајни општествени прашања и тоа во комплексна смисла. За разлика од
нив обичните закони се донесуваат со обичното мнозинство, апсолутно или релативно.
Кодификациски закони се закони од посебен вид. Овој вид на закони се нарекуваат
законик кодекс, а донесувањето на таквиот вид на правен акт се нарекува
кодификација.
Адхок закони исклучително, вонредно се применуваат, на пр: закон за мобилизација,
закон за елементарни непогоди.
64.Подзаконски правни акти се правни акти донесени од државните органи , но
пониски од законодавниот орган. Постојат следниве подзаконски правни акти:
Уредба, наредба, правилник, упатство, одлука,указ и др
65. Поединечен конкретен правен акт се оние правни акти кои содржат поединечна
правна норма. Извор на поединечните правни акти се општите правни акти , односно
општите правни норми. Поединечните правни норми може да се поделат според два
критериуми:
Според доносителот на актот, правни акти донесени од државни органи управни и
судски правни акти, правни акти кои ги донесуваат правните лица правни работи,
правни дела и итн.
Според содржината на правната норма –потполни и непотполни
66.Видови поединечни правни акти: управен, судски акт, правни дела и правен однос.
67.Управен акт е правен акт што го донесува органот на управата според посебна
управна постапка. Има управен акт во формална и материјална смисла. Материјална
смисла е акт донесен од управен орган и со него се создава поединеч на норма со која
се извршува општата норма во поедини случаи. Формална смисла значи секој правен
акт на управниот орган донесен во управна постапка. Управните акти се најчесто
побргу донесени за разлика од другите акти и се во видови на решенија, дозволи и сл.
Напишани. Управниот акт ако стане конечен по извесно време може да се менува како
на пример дозвола за градба, дозвола за оружје и итн.
68.Судски акт е акт кој го донесува судот решавајќи по прашање на своја надлежност,
тој се донесува со посебна судска постапка која може да биде различна како казнена и
граѓанска постапка. Казнена се употребува кај казнени дела додека граѓанска кај
граѓански спорови  договори, купопродажба, заеми, сопственост и сл. Судскиот акт не
се менува со исклучок на амнестија и помилување.
69.Правни дела формална и материјална смисла се изјави на воља на еден или повеќе
субјекти во правото со цел да се предизвикаат правно допуштени ефекти. Целосни правни
дела има кога се содржани и диспозицијата и санкацијата. Може да бидат еднострани или
повеќе страни кога ги создаваат повеќе субјекти од двете страни ( договор за купопродажба.
70. Поим за правен однос е односот меѓу субјектите регулиран со правото. Постои
апстрактен правен однос со кој што се именуваат сите општествени односи регулирани
од државната власт и конкретен правен однос, однос кој настапува меѓу конкретни
правни субјекти.
71. Карактеристики на правниот однос
72. Елементи на правниот однос
73. Правното овластување како елемент на правниот однос e можност за определено
однесување на субјектите на правото заштитени со правото.
74. Видови правни овластувања
Субјективно право и надлежност
75. Субјективно право подразбираме овластување на субјектот на правото засновани врз
објективното право со цел да го заштити својот сопствен интерес. Постојат субјективно
право на ствар, предмет, определено однесување и сл. Стварно или апсолутно право е
право кое дејствува спрема сите односно право на еден субјект да одговара на
неопределен број на субјекти, за разлика од ова облигационото, релативно право се
однесува само на однапред определен број на познати лица. Злоупотреба на
субјективното право постои тогаш кога постои намера кога субјектот му попречува на
друг субјект во остварување на неговото право.
76. Правно задолжение (обврска, должност
77. Поим на правни факти се разни состојби, природни настани, човечки дејства и слично
во животот на луѓето кои се предвидени со објективното право и под чие непосредно
дејстивие настануваат, престануваат или се менуваат постојните правни односи. Истите
се делат на природни настани кои се такви околности во природата кои настануваат
независно од човековата свест или волја, човечките дејствија поздрабираме телесни
или психички дејствија предизвикани од човек врз основа на здрава свест и зрела
волја.
78. Видови поделби на правните факти
Природни настани и човекови дејствија.
79. Поим за застареност
Застареност и одржување протек на време на тоа што се губат извесни правни
овластувања престануваат да постојат под факторот време  застарување.
80. Поим на одржување
Одржување е стекнување на извесни правни овластувања односно настанување на нов
правен однос како резултат на протокот на определено време.
81. Заштита на правниот односсамозаштита е една е од мерките за заштита на правниот
однос и. На самопомош е упатен сопственикот кој има право со сила да го заштити
својот имот преименувајќи сразмерно иста сила колку што е потребно за спречување
на приправната сила
82. Облици на самозаштита: самопомош, нужна одбрана, крајна нужда, лична пленидба и
посебна арбитража.
83. Нужна одбрана како облик на самозаштита е неопходна во случаи кога е потребно
субјектот од себе или друг учесник да отстрани противправен напад.
84. Крајна нужда како облик на самозаштита е дејстивие кое го превзема одреден објект
со цел од себе или од друг благовремено да одстрани непрекриена опасност кја на
друг начин не можела да се спречи
85. Лична пленидба како облик на самозаштита е упатен сопственик на посев на кој туѓа
стока му предизлвикала штета
86. Посебна арбитража како облик на самозаштита право на странките во спор а во врска
со нивните заемни правни овластувања и правни задолженија од определен правен
однос самите да изберат надлежен суд.
87. Заштита на правниот однос државна заштита е облик на самозаштита кој го
обезбедуваат државните органи кои ја остваруваат со непосредна или непосредна
интервенција.
88. Правосилност на управните и судските акти кога во определен момент актот станува
конечен што значи дека странките понатаму не можат да напаѓаат.
89. Ништовност на актите
90. Рушливост/соборливост на актите
91. Извршност значи на присилен начин и по потреба на соодветен надлежен орган
орган на принуда  да се оствари права создадени и предвидени со односот. Извршни
се акти и во граѓанска, управна и казнена постапка.
92. Објект на правниот однос се подразбира ствар предмет што е дел од надворешниот
материјален свет со која човекот може да господари или пак човечкото дејствие,
човечки квалитет во врска со што се заснова правниот однос. Објектите можат да
бидат материјални и нематеријални ствари.
93. Видови објекти на правниот однос. Постојат повеќе видови објекти во правниот однос
 Физички предмет
 Човечко дејствие
 Човечо бездејствие
 Човечки добродетел
 Специфични човечки субјективни својства
94. Физички предмет, како објект на правниот односствар е дел од човелката околина
со помош на човекото обликувана материјална ствар која му служи за задоволување
на неговите потреби. Најчест облик на правен однос.
95. Човечки дејствија, како објект на правниот однос е секоја човечка активност, работа
96. Човечко бездејствие, како објект на правниот однос е спротивна работа од човечката
активност со која се инсистира на откажување, воздржување од определена работа.
97. Човечка добродетел, како објект на правниот однос е од поново значење и станува
збор за современа придобивка која ја следи хуманизацијата и нема долга традиција.
98. Специфични човечки субјективни својства, како објект на правниот однос тука спаѓаат
објекти означени како специфични човекови субјективни својства како интелектуални
и творечки заштита на авторските прав, патентни права, лиценцни права и итн
99. Правни модалитети е споредна одредба во поединечниот правен акт од чие
остварување или не остварување зависи и судбината на тој акт. Тука спаѓаат: условот,
рок и налог.
100. Условот како правен модалитет кој како споредна правна одредба означува идна,
неизвесна но претпоставена состојба, настан, барање на која инсистира една од
договорените страни со што и го условува остварувањето на правниот акт.
Рок преставува споредна одредба која е поврзана на точно определен временски
период како резултат на што се извршува или раскинува правниот акт
101. Налог како правен модалитет е специфичен правен модалитет значи пренесување
на правни овластувања од еден на друг правен субјект како резултат на тоа што
налогопримачот прифатил во корист или по желба на налогодавачот во еден иден
извесен временски период да ја оствари неговата желба или интерес
102. Субјекти на правото е лице индивидуално или колективно определено што врз
основа на позитивно определените прописи стапува во правен однос со друго лице во
рамките на своите правни овластувања и правни задолженија/
103. Видови субјекти на правото. Постојат правни и физички субјекти на правото. Под
физички се подразбираат сите човекови суштества на кое правото му признало
можност да биде носител на правните овластувања и задолженија, додека правните
субјекти се здружение на повеќе физички лица.
104. Физичко лице под физичко лице се подразбираат сите човечки суштества на кое
правото му признало можност да биде носител на правните овластувања и
задолженија. Додека правни субјекти се здружение на повеќе правни лица
105. Видови способност на физичкото лице
Правна и деловна способност.
106. Правна способност на физичкото лице е способност како субјект на правото да
биде носител на правните овластувања
107. Деловна способност или работна способност на физичкото лице е а може
самојстојно со свои лични дејствија активно да учествува во правниот сообраќај, да
менува или да укинува правни односи.
108. Правна фикција за разлика од претпоставката се смета дека некој факт е точен,
вистинит иако со сигурност се знае дека тоа не е така. Поради ова својство начелно се
избегнува од правниот поредок. При што станува уочлива разликата меѓу
претпоставката и фикцијата. Кај фикцијата се замислува нешто неточно, нешто што не
постои, а кај претпоставката нешто се насетува, се претпоставува дека постои, нешто
како точно, па се дозволува или не се дозволува докажување на спротивното.
109. Еманципација
110. Правно лице е збир на повеќе физички лица кои се здружиле врз основа на
правните прописи да остварат некаква заедничка цел.За да настане едно правно лице
нужно е да постојат следниве услови: цел, членство, органи, средства, статут,
единственост и идентитет.
Постојат два вида на правни лица а од имотно правен карактер, б државно правен
карактер. Во правото најчесто се зборува за здруженија и установи. Здруженија се
правни лица во кои членовите што ги организираат се тесно поврзани со цел
остварување на економска цел или друга цел културно уметнички друштва,
здружение на граѓани а установа е определен орган и постои независно од
здружението и истото нема свое членство болници, училишта
111. Остварување на правото. Правниот процес се состои во создавање и остварување
на правото. Остварувањето на правото се одвива на две рамништа: толкување и
применување на правото. Со применување на правото се проверува неисправноста и
правилноста на донесените правни норми, односно дали тие од една страна се добро
срочени и со нив може да се остварат целите и задачите на државата, и од друга
страна дали луѓето без поголеми тешкотии и напори може да ги остварат во
секојдневниот живот.
112. Поим на применување на правото го подразбира однесувањето на луѓето ,
субјектите на правото според правните норми, односно според правилата содржани во
нив.Примената на правото не се остварува само со однесување на субјектите според
диспозициите, туку и со однесување то според санкциите. Односно примената на
правото најмногу се манифестира, односно се забележува во однесувањето на луѓето
при примена на санкција.
113. Видови применувања на правото: оперативно извршна и правозаштитна норма.
114. Докази и видови докази. Доказите се материјални средства или човечки дејствија.
Најопштата поделба зборува за поделба на доказите на : непосредни директни и
посредни индиректни. Непосредните се оние докази кои што на непосреден начин
го утврдуваат постоењето на фактите поврзани со примена на правните норми. До нив
се доаѓа со увид на лице место, на пр. Местото на сообраќајна несреќа или сторено
злосторство.
Посредни се такви средства на докажување кои на посреден начин се утврдуваат
фактите фактот што е предмет на докажување. Такви докази се сослушување на
сведоци, наоди на вешти лица, самопризнание и итн.
115. Поим на правни претпоставки е правен пропис кој пропишува извесно релевантен
факт без да смета дека е точен, иако не е докажан, односно да се смета за точен и без
потреба да биде докажуван.
116. Поделба на претпоставките на: соборливи и несобирливи
117. Vacatio legis
118. Начин на преставувањена важењето на општите правни норми
119. Ретроактивна сила на правните норми
Ретроатрактивната сила се регулира нешто што настанало порано од нејзниното
донесување. Ретроактивноста се однесува на последиците од минатото однесување . Во
правниот поредок на РМ ретроактивното однесување е забрането.
120. Толкување на правото е дејност со која се утврдувс смислата значењето на некоја
материјална појава. Постојат 2 страни во толкување на правото односно испраќач на
значењето или адресант или примач или адресат. Во толкувањето како процес знаците
може да бидат испрачаќот преку своите знаци му испраќа порака на примачот кој
самостојни ги толкува и ги забележува. Толкувањето на правото може да се одреди
како утврдување на точно, вистинско значење на правните норми право е она нешто
мисла за она што треба да биде
121. Предмет на толкување на правото толкување во потесна смисла и во поширока
смисла се правните норми содржани во правните акти. Овој вид се нарекува
толкување во потесна смисла а додека во поширока смисла за толкување е кога
станува збор за пополнување на правни празнини односно толкување на непостојна
норма
122. Видови толкувања на правото
Догматски метод метод на толкување на правото во негова специфична духовна
творба. Автентично толкување толкување кога самиот законовдавец го толкува законот
и судско толкување на нормите.
Во современата правна теорија постојат:
1. Толкување на државните органи
2. Толкување на недржавни органи
3. Научно толкување
123. Толкување на државните органи
Се дели на законодавно, уставно и судско. Законодавното е таков вид на државен
орган првенствена фунцкција е постојано издавање на државните норми. Толкувањето
од страна на управните органи е со донесување на управни решенија а додека
судското толкување значи дека пред судовите се оценува уставноста и законитоста на
сите правни акти со исклучок на уставот.
124. Толкување на недржавни субјекти е толкување од страна на разни недржавни
општествени организации, здруженија на граѓани или пак секој човек како субјект на
правото. Бидејќи приватното толкување го вршат обичните луѓе е исто така нестручно
125. Научно толкување е она толкување кое го дава науката
126. Средства за толкување на правните норми. Пред да се започне со толкување на
правната норма, толкувачот мора да се запознае со правната норма со нејзиното
вистинско точно значење. Средствата за толкување се класифицирани со јазикот,
логиката, системот на правото, историјата и целта на правната наука. Јазикот е
најважното средство за толкување на правната норма, поради тоа што секоја правна
норма е искажана преку јазикот во пишана форма.
127. Логичко толкување e искажување на правни норми
128. Аналогија, како посебно логичко средство за пополнување правни празнини и
видови аналогија
129. Историско толкување и негови средства и помага на правната норма да ја
согледаме во нејзината историска условеност и развој
130. Јазично толкување на нормите е утврдување на вистинското значење на правната
норма по пат на јазикот граматичко, лексичко во постапката за утврдување на
јазичното значење треба да се води сметка за јазикот на кој е напишана нормата и има
исто значење во обичниот говор.
131. Видови јазични толкувања: неопределена правна норма, бесмислена правна
норма и правна празнина. Нејасно значење е неопределеноста на нормата,
несовршеноста на јазикот, неопределеноста на поимите. Безмислена норма станува
збор за правна норма која нема никакво значење многу е ретко. Правна празнина се
такви општествени состојби кои претходно со општата правна норма не се решени,
поради што тие се пополнуваат со поединечни правни норми.
132. Систем на право-систематизацијата на правните норми се потпира врз основа на
правните извори. При создавање на системот на правото науката не создава правна
апстракција туку правен систем. Системот може да се опише како дрво односно систем
со свои установи и правни области гранки и листови. Една од задачите на
систематизацијата на правото се состои од распоредување односно хиерархизација на
правните извори за да можат да преставуваат и не спротивставена целина. Правниот
систем се состои од правна установа, правна гранка и правна област.
133. Правна установа или институција е збир на повеќе истородни правни норми што
регулираат еден ист општествен однос или помал негов дел а се засновани врз исти
начела
134. Правна гранка е збир на повеќе истородни правни установи кои регулираат ист
вид на општествени односи
Уставно право како темел на целокупниот правен промет во една држава исто така е
збир на правите норми содржани во уставот како најсилно правно дејствиеформално
сваќање. Предмет на уставното право се основните политички односи, правни
вредности и нормите.
Казнено право или кривично право е систем од правни прописи со кои се определува
кои поведенија на човекот ќе се сметаат за кривични дела и каква ќе биде правно
организираната реакција на општеството спрема нивните сторители. Кривичното право
е инструмент на државата за заштита на основните вредности на човекот и
општествената заедница од криминалитетот.
Управно право постојат 2 вида на утврдување на предметот управно право и тоа како
гранка на правниот систем и како правна наука на управното право. Претставува збир
на правни норми со кои се регулираат општествените односи во врска со
организацијата и дејноста на управата, додека како наука управното право има задача
да ги проучува општите правни норми на управното право обликувајќи ги во еден
систем.
Управно процесно право како основен предмет го има проучувањето на
дејствувањето на органите на управната постапка, судската контрола над актите што се
донесуваат од страна на управата и другите организации кои имаат јавно овластување
и извршување на санкции во извршувањето на репресивната функција од страна на
управата посебно прекршочно право
Граѓанското право спаѓа во она што се нарекува приватно право заедно со трудовото и
меѓународното приватно право. Граѓанското право една од најстарите гранки на
правото што се јавува од времето на римското право и истото регулитта ист вид на
општествени односи со ист метод. Во современото право граѓанското право се дели на
два поима и тоа во субјективна и објективна смисла. Објективна смисла означува збир
на правни норми со кои се регулираат општествените односи во однос на стоково
паричниот надомест, додека субјективна смисла е збир на конкретни овластувања кои
на основа на нормите му се признаваат на титуларот на определено граѓанско право.
Стварно право се регулираат правата врз стварите, право на сопственост.
Облигационо право содржи норми со кои се регулираат прометот на стоките и
услигите, како и правните односи што настануваат што настануваат со причинивање на
штета и др облигациони односи, наследно право регулира преносот на правата и
обврските во случај на смрт на нивниот носител кои преминуваат на нивните
наследници по сила на закон односно според вољата на оставителот
Трговско или стопанско право е исто така гранка што ги опфаќа прописите нормите за
организациа на работењето на судовите и правосудните органи
Трудово право спаѓа во граѓанското право и настанува како резултат на посебен вид на
граѓанско правен договор, договор за дело и ги содржи општите правни норми со кои
се регулираат трудовите односно процесот на работење.
Семејно право е самостојна гранка на правото која ги регулира односите во бракот и
во семејството како посебни сфери во општествениот живот.
Родителско право го уредува засновањето на односите помеѓу родителите и децата.
Содржината и извршување на правата и должностите на родителите.
Меѓународно јавно право
135. Правна облaст е најширок елемент на правниот систем и е соствен од поголем број
од правни гранки кои припаѓаат на иста област општествени односи која е поделена на
136. Поделба на правните области
Внатрешно и меѓународно право
Материјално и формално или процесно право
Јавно и приватно право

You might also like