You are on page 1of 6

1. Карактеристики на апсолутните граѓански права.

Субјективитетот како збир на својства на правните субјекти, преставува правна категорија што содржи
две основни сво
Абсолутните права (како што се стварните права: сопственост, службеност, залог и др) и личните
права правото на живот, правото на слобода, право на интелектуална способност и др. се
незастарливи. Се смета дека тие не застаруваат поради стварноправноста, т. е. непосредната власт
на објектот на апсолутните права. Кај апсолутните права не постои позитивна обврска на другото
лице, должник доверител, туку најчесто обврската е на сите трети лица (дејство ertgo omnes)
2. Деликтна способност на физичките и правните лица (поим, стекнување).

Деликтната способност преставува способност на физичкото лице (штетник) да го сфати значењето на


неговото дејствие од аспекет дали тоа е спротивно на правото и дали со него се причинува штета на друго
лице (оштетен). Во правото на РМ , малолетник до наполнета 7 ма година нема деликтна способност, не
одговара за штетата што ја има направено. Претпоставката е дека од 7 до наполнета 14 годишна возраст
нема деликтна способност, т. е. не одговара за штетата што ќе ја причини,освен ако се докаже дека при
причинувањето на штетата бил способен да го сфати значењето и последиците на противправното
дејствие. Малолетник со наполнети 14 години има деликтна способност, одговара за штетата што ќе ја
причини друго лице според општите правила за одговорност на штета.
3. Поим и видови на правни факти.

Под правни факти се подразбираат ситуации во животот на луѓето под чие непосредно дејство се
создаваат нови правни односи, се менуваат или укинуваат правните односи што постојат.
Постојат следниве видови на правни факти:
1. Правни факти што зависат од волјата на законодавецот, но не зависат од волјата на
субјектот чие поведение се регулира. (пр: Законодавецот може со донесување нови закони да
создава нови правни односи или да ги менува и ги да ги укинува постојните).
2. Правни факти што зависат од волјата на субјектите на правото и се во согласност на
правниот поредок. (пр: Ако сака лицето да купи стан склучува договор за купопродажба на
стан со што се манифестира личната волја на субјектот, кој свесно волево учествува во
создавање то на правен однос, остварувајќи го правото на сопственост).
3. Правни факти што зависат од волјата на субјектите на правото, а се во спротивност со
волјата на законодавецот (пр:Деликтните поведенија, како убиство, кражба и сл).
Извршувањето на деликтот зависи од личната волја на субјектот кој се јавува како извршител
на дејствија спротивни на нормите на правниот поредок.
4. Природен настан е правен факт што не зависи од волјата на човекот, односно не е
резултат на неговата активност. (пр: земјотреси, смрт, пожар, поплава, епидемии, паѓање на
град, удар на гром и сл). На пример: поплавата, како природен настан сама по себе не е правен
факт, таа ќе произведе правна последица, односно ќе биде правен факт доколку куќата што е
поплавена била осигурана, па сега осигурителната компанија ќе има обврска за надомест на
штета.
5. 5. Време е правен факт што означува период во кој е предвидено да се случи некој правен однос
или период што треба да помине за да настане или да престане правниот однос. (пр: законот
стапува во сила по одреден временски период, vacation legis, и дури потоа произведува правни
последици, или незадоволен граѓанин не може да поднесе жалба до второстепен суд ако го
пропушти точно определениот рок за жалба).
4. Формални, абстрактни, комутативни и mortis causa правни работи

Mortis causa правни работи настануваат во случај на смрт на едната од страните, односно своето
правно дејство го добиваат по смртта на една од страните. Пример: тестамент.
Кај формалните правни дела, определената форма е услов за полноважноста на правнотто дело а
може да биде: договорена и законска. Секое правно дело има свој основ (кауза), основот кажува
зошто е преземено правното дело. Кај апстрактните правни дела, односот не е видлив, што не
значи дека го нема.
5. Кога правната работа е абсолутно неважна?

6. Симулирани правни дела.

Правно дело подразбира изјава на волја насочена кон настанување, измена и престанок на на некој
правен однос. Клучен фактор за настанувањето на правното дело преставува изјава на волја
насочена кон настанување, измена и престанок на некој правен однос. Клучен фактор во
создавањето на правните дела преставува изјавата на волја. За да доведе до настанување правно
дело волјата треба: да биде изјавена од лице способно да изјавува волја ( да биде деловноспособно),
да биде слободно и сериозно изразена, да биде насочена кон нешто што е можно да се стори или да
дасе изврши и што е дозволено со закон (на пример, дрога не може да биде предмет на д.оговор).
7. Застапување (поим и видови).

Застапништово преставува превземање на правни работи во туѓо име, на туѓа сметка со


претходно овластување. Со помош на институтот застапништво еден правен субјект (застапник),
врз основа на овластување, презема правни работи и во име и сметка на друг (застапуван), така што
правната работа што тој ја исклучил произведува правно дејство за застапуваниот, како самиот тој
да ја исклучил. Застапништвото е правен институт во правниот систем на РМ е уредено со
членовите 76-90 Закон за облигациони односи. Од оваа одредба се гледа дека македонскиот
законодавец преставувајќи го застапништвото ги зема во предвид елементите: 1. Преземање правна
работа. 2. Во име на застапуваното лице и 3. Овластување. Застапништово има и 3 задолжителни
страни: застапник, застапуван и трето лице. Застапникот превзема правни дела на туѓо име и на туѓа
сметка. Застапуван е лицето за кое се превземаат правните дејства а третото лице преставува
содоговарач на застапникот, односно лицето со кое склучува правно дело. Причините за неможност
за склучување на правни дела може да биде од правна и од фактична природа. Од правна природа е
недостаток на деловна способност на застапувано лице. Од фактичка природа, недостаток или
отсуство на посебна или стручна способност. Застапуването настанува врз основа на овластување на
застапувањето. Овластувањето може да произлегува од: 1.самиот закон. 2. акт на надлежен орган 3.
статут или друг општ акт. 4. изјава на волја.
Имаме поделба на застапништвото на законско и договорно, во зависност од тоа дали
застапувањето зависи од од волјата на законот (законско застапување) или пак зависи од волјата на
застапуваниот (договорно застапување), застапување што зависи од статутот или друг општ акт на
правно лице статутарно застапништво. Поделба на застапништвото на договорно и законско се
темели напостоењето или непостоењето на таканареченото начело на екслузивност. Ова начело е
само присатно кај законското (вондоговорно) застапништво и истото подразбира постоење
исклучителна резервираност да се превземаат правните дејствија само од страна на законскиот
застапник (родителот, старателот, стечајниот управник и итн), а не од самиот застапуван. Кај
договорното застапување не важи принципот на ексклузивност што подразбира дека застапуваниот
и покрај тоа што има застапник, може и сам да преземе определено првно дејство, па дури да го
дезавуира застапникот, што е недопустиво кај законското застапување. Застапуваниот кај
законското застапништво
Малолетни лица до 15 год не се деловно способни, застапувани од страна на родителот.
Малолетните лица кои имаат посебна правна способност може да бидат страна во постапка пред
суд, дури и да биде застапува. Самото малолетно лице да именува застапник во правните работи
поврзани со неговата заработувачка За останатите работи лице кое нема наполнето 18 год ќе го
застапува неговиот родител. Лицата без родители како и лицата кои со одлука на судот им е
одземена или ограничена деловната способност, застапник е старател кој го поставува Центарот за
социјални работи, а во одредени случаи се бара одобрение од овој орган.
Кај правните лица, според законот за трговски друштва, како застапници ги прогласува физичките
лица кои се во состав на органите на управување на ТД: извршен член на одбор на директори, член
на УО и уптравителот на друштвото, Доколку на правното лице, како застапувано лице е отворена
постапка за ликвидација или стечај, законски застапник е стечајниот управник
Како функции на застапништвото се: 1. Обезбедување на ограничено деловните способните и
деловно неспособните физички лица да изразуваат правни релевантна волја, можност физичките и
правни лица да бидат на различни места, а притоа истовремено да преземаат и склучуваат повеќе
правни дела, реализација на правните постапки на лицата кои не им се знае живеалиштето или
престојувалиштето, склучување на правни дела од страна на лицето кое од субјективни причини не
сака самото да го склучи правното дело.
8. Која е разликата меѓу рокот и условот како модификатори на правната работа?

Услов е еден иден неизвесен настан, барање на кое се инсистира настан, барање на кое инсистрира
една договорна страна и со што ги условува остварувањето на правниот акт. Според дејството,
условите се појавуваат како одложни и раскинливи. Кај одложниот услов правното дело е заклучено.
Меѓутоа правата и обврските на правното дело настануваат дури по настапување на тој иден факт
(настан, барање). Одложниот услов го одложува настанување на условот. Пример: договор за
купопродажба на машини. Договорот стапува на сила откако купувачот ќе обезбеди кредит од
кредитната линија НЕПА, преку овластена банка, за што веќе има поднесено барање. Конечноста на
овој договор се одлага додека купувачот не обезбеди кредит. Ако не обезбеди кредит, правното дело
губи важност. Раскинливиот услов го прекратува дејстовото на правното дело, кое почнало со
настанување на делото. Правата и обврските настануваат во моментот на создавање на правното дело, а
престануваат со настанување или ненастапување на условот. Пр. за раскинлив услов-договор за
купопродажба на машини: Доколку купувачот не ја исплати целосно купопродажната цена најдоцна до
01.03.2009, продавачот по сила на закон може да го раскине договорот и може да си ги земе во
владение машините од купувачот што биле предмет на договор.
Рок е истек на точно определено време како резултат на што се извршува или се раскинува правниот
акт. Со оглед на функцијата, роковите се појавуваат како одложни и раскинливи. Кај одложниот рок за
точно опредечлено време во иднина се одложува започнувањето на дејствувањето на правниот акт. Пр.
договор за закуп на деловен простор. Договорот ќе произведе правно дејство доколку закупецот во рок
од 30 дена од денот на склучување на договорот, му испчати на закуподавачот сума пари во висина од
две закупнини за настанатите евентуални трошоци за тековно одржување. Во спротивно, договорот
нема да предизвика правно дејство. Пример за раскинлив рок-договор за закуп на деловен простор.
Рокот може да се определи на разни начини. Понекогаш се работи за точно утврден термин (почетен
или завршен), а понекогаш тој се добива со утврдување на целото време што треба да помине (пример
во рок од 3 години). Рокот во др. случаи се утврдува со укажување одредени денови (празници или
други настани или околности). Роковите најчесто се определени со период на време, односно со
изминување определен бр. денови, недели, месеци и години.
9. Кои се правните последици од неважноста на правните работи?

10. Правни лица (поим, конститутивни елементи, видови и атрибути).

Правни лица се одредени колективи на физички лица кои се здружуваат заради постигнување на
-одредена цел и така формираат посебни правни субјекти. Правното лице настанува со донесување
на акт за основање , донесен врз основа на закон. Станува субјект на правото од самото основање ,
односно од моментот на запишување во регистарот на надлежен орган. Правното лице постои ако
се исполнети следниве услови:
1. Правното лице да преставува одредена организациона целина
2. Да има определен имот за да може да одговора на своите обврски и права
3. Целта заради која се создал е дозволена со закон
4. Да се признато од државата и да е запишано во регистар на надлежен орган
Правните лице има белези по кои се разликуваат:
1. Име под кое работи правното лице
2. Седиште, место каде се наоѓаат и дејствуваат главните органи на правното лице.
3. Дејност или предмет на работење (правното лице може да склучува договори само во
рамките на онаа дејност за која е регистрирано).
Ги разликуваме следниве видови на правни субјекти:
1. Друштва (се основаат за остварување на некоја економска цел во интересе на
членовите на друштвото, на пример трговски друштва)
2. Здруженија (се основаат за задоволување цел што е од нематеријална природа на
пр: културна, спортска).
3. Установи (овие установи во принцип немаат членови туку се создаваат за
вршење услуги на нивните корисници, пример, музеј, кино, училиште, болница,
факултет).
11. Кој има поширока правна способност, физичките или правните лица?

Правната способност е можност на секое лице да биде субјект на права и обврски, да стекнува права
и обврски. Со правна способност располага секое живородено лице од човечки вид. За стекнување на
правната способност не се потребни некои посебни услови, доволно е лицето да се роди живо и здраво.
Правната способност е единствена и неделива, што значи дека таа не може да се намалува или пак
ограничува. Во современиот свет,правната способност не е ограничена ниту од полот, расната, верската
или која било друга припадност. Правната способност претставува апстрактна можност да се биде
носител на правата и обврските. Во граѓанското право таа е апстрактна можност да се стекнат
граѓанските субјективни обврскии. Според тоа, правната способност е пасивна способност на субјектот.
Таа е врзана за субјектот (физичкото .лице)- е негово лично својство, а не и субјективно право, па
според тоа физичкото лице не може да ја пренесува, отуѓува, ограничува и да се откажува од неа.
Тешко е да се определи правната способност кај правното лице , за разлика од физичкото лице,
односно тоа е од моментот на создавање на правното лице. Правната способност правното лице ја губи
кога ќе престане да постои.
12. Поим за граѓанско право
Поимот за граѓанско право или имотно право преставува правна материја, односно гранка што
ги регулира имотно правните односи меѓу граѓаните и правните лица. Граѓанското право регулира и
некои други граѓански односи а тоа се имотни односи кои не преставуваат движење на вредности во
два правци, но сепак се сметаат за размена (промет), а тоа се подарување, стекнување без основ,
работоводство без налог, наоѓање на туѓа ствар, надоместување на штета, надоместување на
повредите на личноста. Тука сме смета дека движењето на вредноста не е мотивирано со размена на
вредности. Предмет на граѓанското право се пред се општествените односи кои имаат имотен
карактер, а кои носителите физички лица
13. Кои се формалните извори на граѓанското право во Р. Македонија?
Формални извори на граѓанското право се:
 Закон и други прописи на државата
 Самоуправни општи акти
 Акти на судовите
 Морал и обичаи
14. Начела на граѓанското право
Граѓанското право се темели на 4 основни принципи:
 Слободна иницијатива
 Еднаквост на страните
 Преносливост
 Имотна санкција
15. Начело на иницијација на странките и начело на еднаквост на страните?
Начело на еднаквост на страните преставува потполна рамноправност и еднаквост на
правата и обврските што произлегуваат од односот, било да е правно или физичко лице.
Начело на слободна иницијација на страните е познат како принцип на слободна диспозиција или
автономија на волјата, односно субјектите сами одлучуваат дали да влезат во некој од имотно
правните односи. Овие начела го претставуваат методот на регулирање на правните односи
(преносливост на имотната санкција за непочитување на обврските еден спрема друг).
16. Елементи од кои е создадено субјективното граѓанско право?
Апсолутно и релативно право.
17. Кои се карактеристиките на релативните граѓански права?
Релативните граѓански права се однесуваат само на странките кои учествуваат во граѓанско
правниот однос.
18. Дефиниција на правни лица.
Правни лица се одредени колективи на физички лица кои се здружуваат заради постигнување на
одредена цел и така формираат посебни правни субјекти.
19. Поим и видови на правни факти.
Појава на надворешниот објективен свет или објективни околности на кои по сила на признанието од
правото се создаваат, менуваат или претставуваат имотно правни односи се викаат имотно правните
факти кои се делат според начинот и нивното настанување.
20. Форми и апстрактни правни дела
Формални правни е изразување на волјата на правниот субјект во одреден облик (писмено), додека
апстрактните правни дела се невидливи, секогаш се оди на невидливи или апстрактни меници или
договори за некој создаден долг
21. Што е физичко лице?
Физичко лице е секое лице од моментот на раѓање па се до смртта. За да постои физичко лице
како субјект на правото, суштеството мора да исполнува два предуслова, да е живородено и да има
човечки облик. Физичко лице се подразбираат сите човечки суштества на кое правото му признало
можност да биде носител на правните овластувања и задолженија.
22. Правна способност на физичките лица.
Правната способност е единствена и неделива, што значи дека таа не може да се намалува или пак
ограничува. Во современиот свет,правната способност не е ограничена ниту од полот, расната,
верската или која било друга припадност. Да се намалува може деловната способност на физичкото
лице како субјект на правото, да се биде носител на правните овластувања.
23. Деловна способност на физичките лица.
Е способност на физичкото лице како субјект на правото да може самостојно со свои дејствија да
учествува во праниот сообраќај, да создава или укинува правни односи.
24. Живелиште- Место каде лицето живее постојано
25. Престојувалиште- место кафре лицето се наоѓа привремено
26. Државјанство- припадност на лицето кон една држава

27. Што е право лице?


Колектив на физички лица кои се здружиле за постигнување на одредена цел и на кои согласно
правото им се признало својството на правен субјект.
28. Што е рок?
Рок е временски услов од кој зависи превземањето на одредени дејствија.
29. Што е тужба?
Документ со кој едно лице се обраќа до судот заради заштита на одредено право кое се смета дека му
е повредено од друго лице.
30. Што е застареност? Губење на права по истекот на одреден временски период.
31. Што е застапување? Вршење на правни дејствија во туѓо име и за туѓа сметка врз основа на
претходно дадено овластување,

You might also like