You are on page 1of 12

243

Квантна теорија:
Увод и принципи 8
Во ова поглавје се воведуваат некои од основните принципи на квантната механика. Почетоци
The origins of на квантната
quantum
Првин се дава преглед на експерименталните резултати што довеле до надминување механика
mechanics
на концептите на класичната физика. Овие експерименти довеле до заклучок дека
честичките не може да имаат произволна енергија и дека класичните концепти на TheЗатајувањата
8.18.1 failures of classical physics
на класичната
„честичка“ и „бран“ се заемно измешани. Надминувањето на класичната механика физика
инспирирало поставување на нови концепти и довело до формулирањето на квант- 8.2 Wave–particle duality
ната механика. Во квантната механика сите својства на системот се изразени пре- 8.2 Дуализам бран–честичка
I8.1 Impact on biology: Electron
ку бранова функција која се добива со решавање на Шредингеровата равенка.
Ќе видиме и како да се интерпретира брановата функција. На крајот, ќе воведеме Влијание врз биологијата:
I8.1microscopy
некои од техниките на квантната механика преку операторите и ќе видиме дека тие Електронска микроскопија
доведуваат до принципот на неопределеност, едно од најимпресивните отстапувања The dynamics of microscopic
од класичната механика. Динамика на микроскопски
systems
системи
Своевремено се верувало дека движењето на атомите и субатомските честички може 8.3 The Schrödinger equation
да се прикаже со примена на класичната механика, на законите за движење воведени 8.3 Шредингерова равенка
8.4 The Born interpretation of the
во седумнаесеттиот век од Исак Њутн (Isaac Newton) затоа што овие закони биле многу Борнова интерпретација на
wavefunction
8.4
успешни при објаснувањето на движењето на предметите од секојдневието и на пла- брановата функција
нетите. Меѓутоа, кон крајот на деветнаесеттиот век, се насобрал експериментален мате-
Quantum mechanical principles
ријал што покажувал дека класичната механика затаила кога била применета на чес- Квантномеханички
тички толку мали како електроните и било потребно време до 1920-тите (20-тите годи- The information in a
8.5принципи
ни од ХХ-от век; заб. прев.) за да се откријат соодветни концепти и равенки за нивен wavefunction
опис (на честичките, заб. прев,). Концептите на оваа нова механика, наречена квантна 8.5 Информации во брановата
механика, се опишани во ова поглавје и ќе бидат применувани во остатокот од текстот. 8.6 The uncertainty principle
функција
8.7 The postulates of quantum
8.6 Принцип на неопределеност
mechanics
Почетоци на квантната механика 8.7 Постулати на квантната
механика
Checklist of key ideas
Основните принципи на класичната механика се прикажани во Додаток 2. Накратко,
тие покажуваат дека класичната физика (1) претскажува прецизни траектории за чес- Further reading
тичките, со прецизно определени положби и импулси во секој момент, и (2) дозво- Листа на questions
Discussion основните идеи
лува транслационите, ротационите и вибрационите начини на движење да бидат екс-
цитирани до произволно голема енергија, едноставно со контрола врз силите што се Прочитај дополнително
Exercises
применети. Овие заклучоци се во согласност со секојдневното искуство. Секојдневното Прашања за дискусија
Problems
искуство, меѓутоа, не се проширува врз индивидуални атоми и внимателно изведени
Задачи
експерименти од тип што е опишан подолу покажале дека класичната механика затајува
кога ќе се примени при размена на многу мали енергии и на објекти со многу мала маса. Проблеми
Ќе ги испитуваме и својствата на светлината. Во класичната физика, светлината е
опишана како електромагнетно зрачење кое се подразбира преку електромагнетното
поле, осцилаторно електрично и магнетно нарушување што се шири како хармониски
бран низ празниот простор, вакуумот. Ваквите бранови се добиваат со забрзување на
електричен полнеж, како при осцилаторно движење на електроните во антената на радио
предавателот. Бранот се шири со константна брзина наречена брзина на светлината, с
која изнесува околу 3 × 108 m s–1. Како што сугерира самото име, електромагнетното поле
244 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

Бранова должина, λ има две компоненти, електрично поле што дејствува на наелектризирани честички
(стационарни или подвижни) и магнетно поле што дејствува само на подвижни нае-
лектризирани честички. Електромагнетното поле се карактеризира со бранова дол-
жина, λ (ламбда), растојание меѓу соседните пикови (максимуми) на бранот* и фрек-
венција, ν (ни), бројот на пати во секунда кога отклонувањето (елонгацијата) на фиксна
(a) точка се враќа на првичната вредност (Сл. 8). Фреквенцијата се мери во херци, каде
1 Hz = 1 ѕ–1. Брановата должина и фреквенцијата на еден електромагнетен бран се
поврзани со

λν = с (8.1)

Според тоа, колку е пократка брановата должина, толку е повисока фреквенцијата.


Својствата на бранот се определени и со задавање на брановиот број, ~
v (ни тилда), на
(b)
зрачењето каде
Слика 8.1 (а) Брановата должина, λ, на
еден бран е растојанието од максимум до ν 1
максимум.* (b) Бранот е прикажан како се #= = [8.2]
шири кон десно, со брзина с. Во дадена
c λ
положба, моментната амплитуда на бранот се
менува во целосен циклус (четирите точки Брановите броеви вообичаено се изразуваат во реципрочни центиметри (cm–1).
покажуваат половина циклус). Фреквенцијата, На Сл. 8.2 е сумиран електромагнетниот спектар, описот и класификацијата на
ν, е бројот на циклуси во секунда што се електромагнетното поле според фреквенцијата и брановата должина. Белата светлина
појавуваат во дадена точка. е смеса од електромагнетно зрачење со бранови должини во областа од околу 380 nm
до околу 700 nm (1 nm = 10–9 m). Очите ги разликуваат различните бранови должини
на зрачењето во оваа област како различни бои, така што може да се каже дека белата
светлина е смеса на светлини со сите различни бои.
Брановиот модел е недостатен за опишување на сите својства на зрачењето. Така,
Коментар 8.1 токму како што нашето сфаќање за честичките (особено малите честички) треба да се
Хармониските бранови се бранови чии измени, треба да се развие и нов поглед за светлината.
поместувања може да се изразат преку
синусни или косинусни функции. Физиката
на брановите е прикажана во Додаток 3. 8.1 Затајувањата на класичната физика
Во овој оддел ќе бидат сумирани експерименталните сознанија што покажале дека не-
колку концепти на класичната механика се неодржливи. Поконкретно, ќе биде покажа-
но дека истражувањата на зрачењето емитирано од жешки тела, на топлинските капа-
цитети и на атомските и молекулските спектри укажуваат дека системите може да при-
маат енергија само во дискретни количества.

(a) Зрачење на црно тело


Жежок предмет емитира електромагнетно зрачење. При високи температури, значите-
лен дел од зрачењето е во видливата област на спектарот и повисок е уделот на сина

Бранова должина/m
–2 –3 –4
1 10 –1
10 10 10 10 –5 10 –6 10 –7 10 –8 10 –9 10 –10 10 –11 10 –12 10 –13 10 –14
1 mm

70 0 n m
420 nm

1 pm
1 dm

1 nm
1 m
1 cm
1m

Зелена Видлива

Ултравиолетова

Вакуумска
γ-зраци

Микро-
инфра-
црвена
Блиска

Далечна Х-зраци Космички


Радио бранова ултрави-
Виолетова

инфрацрвена зраци
олетова
Црвена

Молекулски Молекулски Електронски Ексцитации на Нуклеарни


ротации вибрации ексцитации внатрешните ексцитации
електрони

Слика 8.2 Електромагнетен спектар и класификација на спектралните области.

* Поточно е ако се каже дека бранова должина е најкраткото растојание меѓу две точки што осцилираат во фаза
(заб. прев.).
8.1 ЗАТАЈУВАЊАТА НА КЛАСИЧНАТА ФИЗИКА 245

светлина со кратки бранови должини што се создава при пораст на температурата. Вак- Максимум
Maximum
вото однесување се забележува кога железна прачка загреана до црвено усвитување of ρ
на
станува бело-усвитена при натамошно загревање. Зависноста е илустрирана на Сл. 8.3
која покажува на кој начин излачената енергија зависи, при неколку температури, од

Распределба на енергијата, ρ
брановата должина. Кривите се однесуваат на идеален емитер наречен црно тело (кај
нас вообичаен термин е апсолутно црно тело; заб. прев.) којшто е објект способен уни-
формно* да ги емитира и апсорбира сите фреквенции на зрачењето. Добра апроксимација
за црно тело е дупче во празен сад што е одржуван при константна температура, затоа
што било какво зрачење што излегува од дупчето веќе било апсорбирано и реемитирано Пораст на
Increasing
внатре толку многу пати што дошло во термичка рамнотежа со ѕидовите (Сл. 8.4). температурата
temperature
Објаснението за зрачењето на црно тело било крупен предизвик за научниците од
деветнаесеттиот век и на крајот е најдено дека објаснението е надвор од можностите
на класичната физика. Физичарот Рејли (Џон Вилијам Страт, подоцна Lord Rayleigh) го
испитувал теориски од класична гледна точка и електромагнетното поле го разгледувал
како колекција од осцилатори со сите можни фреквенции. Тој го сметал присуството
на зрачење со фреквенција ν (и, според тоа со бранова должина λ = с/ν) како знак дека
електромагнетниот осцилатор со таква фреквенција е ексцитиран (Сл. 8.5). Рејли го
употребил принципот за еквипартиција (Оддел 2.2) за да ја пресмета средната енергија Бранова должина, λ
на секој осцилатор како kT. Тогаш, со мала помош од Џејмс Џинс (James Jeans), тој го
формулирал Рејли–Џинсовиот закон (погледни во Прочитај дополнително за него- Слика 8.3 Распределбата на енергијата во
шуплина од црно тело, при неколку темпера-
вото објаснение/изведување):
тури. Забележи како расте густината на енер-
8πkT гијата во областа на кратки бранови должини,
dE = ρdλ ρ= (8.3) при пораст на температурата и како максиму-
λ4 мот се поместува кон пократки бранови должи-
ни. Вкупната густина на енергијата (површи-
каде ρ (ро), густината на состојбите, е константа на пропорционалноста меѓу dλ и ната под кривата) расте со растењето на тем-
густината на енергијата, dE, во областа на бранови должини помеѓу λ и λ + dλ, k е Болц- пературата (како Т4).
мановата константа (k = 1,381 × 10–23 J K–1). Единиците на ρ се обично џули на метар4
(J m–4), при што се добива густината на енергијата dE во џули на кубен метар (J m–3),
кога густината ќе се помножи со интервалот на бранови должини dλ, изразени во метри.
Голема густина на состојбите при бранова должина λ значи, едноставно, дека голем
дел од енергијата е поврзан со брановите должини помеѓу λ и λ + dλ. Вкупната густина
на енергијата (во џули на кубен метар) во дел од просторот се добива со интегрирање
на рав. 8.3 по сите бранови должини меѓу нула и бесконечност, а вкупната енергија
(во џули) во истиот дел се добива со множење на таа вкупна густина на енергијата со
волуменот на делот од просторот.

(a)
Детектирано
Detected
зрачење
radiation
Дупче
Pinhole
Сад при
Container at a (b)
температура
temperatureТT

Слика 8.4 Експерименталниот приказ на Слика 8.5 Може да се смета дека електро-
црно тело е дупче во инаку затворен сад. магнетниот вакуум е способен да ги поддржува
Зрачењето се рефлектира многу пати внатре осцилациите на електромагнетното поле. Кога
во садот, па доаѓа до термичка рамнотежа со високофреквентен (краткобранов) осцилатор
ѕидовите при температура Т. Зрачењето што (а) се ексцитира, присутна е соодветната
излегува низ дупчето е карактеристично за фреквенција на зрачењето. Присуството на
(идентично со; заб. прев.) зрачењето внатре нискофреквентно, долгобраново зрачење
во садот. (b) означува дека е побуден осцилатор со
соодветната фреквенција.

* Ова е, инаку, контрадикција. Ако идеалниот емитер зрачи „униформно“ (т.е. рамномерно), кривите што се до-
биваат би требало да бидат прави, паралелни со апсцисната оска (заб. прев.).
246 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

За жал (на Рејли, на Џинс, а и на класичната физика), иако Рејли–Џинсовиот закон е


сосема успешен при долги бранови должини (ниски фреквенции), тој неславно пропаѓа
Рејли-Џинсов
Rayleigh– при кратки бранови должини (високи фреквенции). Така, кога λ се намалува, ρ би
закон
Jeans law требало да расте без притоа да помине низ максимум (Сл. 8.6). Равенката, според тоа,
Густина на енергијата, ρ

предвидува дека осцилатори со многу кратки бранови должини (што соодветствуваат


Експериментална
Experimental на ултравиолетово зрачење, рендгенски зраци, па дури и γ-зраци) се силно ексцитирани
дури и на собна температура. Овој апсурден резултат којшто имплицира дека големи
количества енергија се зрачат во високофреквентната област на електромагнетниот
спектар, е наречен ултравиолетова катастрофа. Според класичната физика, дури и
студени објекти треба да зрачат во видливата и ултравиолетовата област, па објектите
би морало да светат во темница; всушност, темница не би имало.

(b) Планковска распределба


Бранова должина, λ Германскиот физичар Макс Планк (Max Planck) го испитувал зрачењето на црно тело од
гледна точка на термодинамиката. Во 1900 тој открил дека експерименталните резултати
Слика 8.6 Рејли–Џинсовиот закон (рав. 8.3)
може да се објаснат преку претпоставката дека енергијата на секој електромагнетен
предвидува бесконечно голема густина на осцилатор е ограничена на дискретни вредности и не може да се менува по желба.
енергијата при кратки бранови должини. Ова Ваквиот предлог е целосно спротивен на гледиштата на класичната физика (врз кои
доближување до бесконечност е наречено се базирал принципот на еквипартиција употребен од Рејли), според кои сите можни
ултравиолетова катастрофа. енергии се дозволени. Ограничението на енергиите на дискретни вредности е наречено
квантирање на енергијата. Конкретно, Планк открил дека тој може да ја протолкува
забележената распределба на енергијата, доколку се претпостави дека дозволените
енергии на еден електромагнетен осцилатор со фреквенција ν се целобројни производи
25 од hν:

E = nhν n = 0, 1, 2… (8.4)
20 каде h е фундаментална константа денес позната како Планкова константа. Врз основа
на оваа претпоставка, Планк можел да ја изведе планковската распределба:

8πhc
/{8(kT )5/(hc)4}

15 (8.5)
dE = ρdλ ρ= hc/λkT
λ (e
5
− 1)
(За референци кон изведувањето на овој израз, види во Прочитај дополнително). Овој
10 израз е во многу добра согласност со експерименталната крива (Сл. 8.7) и вредноста
на h која во теоријата е неопределен параметар, може да се добие со варирање на вред-
носта на параметарот, додека да се добие најдобро совпаѓање. Денес усвоената вред-
5 ност за h е 6,626 × 10–34 Ј ѕ.
Планковската распределба прилега на онаа од Рејли–Џинс (рав. 8.3), со исклучок на
експоненцијалниот фактор во именителот кој е од клучно значење. За кратки бранови
должини, hc/λkT ¨ 1 и еhc/λkT ® ∞ побргу одошто λ5 ® 0 кога λ ® 0 или ν ® ∞. Така,
0 густината на енергијата се стреми кон нула при високи фреквенции, во согласност со
0 0.5
, 1.0
, 1.5
, 2.0
,
експерименталните резултати. За долги бранови должини, hc/λkT ¨ 1, па именителот во
kT/hc планковската распределба може да се замени со
Слика 8.7 Планковската распределба (рав.
8.5) многу добро се сложува со експеримен-
A hc D hc
ehc/λkT − 1 = 1 + +··· −1≈
тално определената распределба на зраче- C λkT F λkT
њето од црно тело. Планковата хипотеза за
квантирање фактички ги гасне придонесите од Кога ваквата апроксимација ќе се замени во рав. 8.5, се гледа дека планковската рас-
осцилаторите со високи фреквенции, кратки
пределба се сведува на Рејли–Џинсовиот закон.
бранови должини. Распределбата се совпаѓа
со рејли-џинсовската распределба при долги Многу е едноставно да се види зошто Планковиот пристап бил успешен, а оној на
бранови должини. Релји не бил. Термалното движење на атомите во ѕидовите на црното тело ги ексцитира
осцилаторите на електромагнетното поле. Според класичната механика, сите осци-
Истражувачка активност Прикажи латори во полето учествуваат еднакво во енергијата добиена од ѕидовите, па дури и
ја планковската распределба при не- највисоките фреквенции се ексцитирани. Ексцитацијата на осцилатори со многу висока
колку температури и потврди дека рав. 8.5 го фреквенција доведува до ултравиолетова катастрофа. Според Планковата хипотеза, пак,
предвидува однесувањето што е сумирано на осцилаторите се ексцитираат само доколку може да примат енергија од најмалку hν. Оваа
Сл. 8.2. енергија е премногу голема за да може да се добие од ѕидовите, во случај на осцилатори
248 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

3 При високи температури (кога Т ¨ θЕ) експоненцијалните членови во f може да се


развијат како 1 + θЕ/Т + · · · пренебрегнувајќи ги членовите од повисок ред (види Комен-
тар 8.2). Резултатот е

A θ E D 1 1 + θ E/2T + · · · 5
2 2
2 2 6
f= ≈1 (8.8а)
C T F 3 (1 + θ E/T + · · · ) − 1 7
CV,m /R

Следствено, класичниот резултат (CV,m = 3R) се добива на високи температури. При


1 ниски температури, кога Т § θЕ,
2 2 2
A θE D A eθE /2T D A θE D −θ /T
f≈ = e E (8.8b)
C T F C eθE /T F C T F
0
0 0.5
, 1 1.5
, 2 Силно опаѓачката експоненцијална функција се стреми кон нула побргу отколку што
T/E 1/Т се стреми кон бесконечност; така, f ® 0 кога Т ® 0 и топлинскиот капацитет, според
тоа, исто така се стреми кон нула. Се гледа дека Ајнштајновата формула го објаснува
Слика 8.8 Експериментални вредности за намалувањето на топлинскиот капацитет при ниски температури. Физичката причина за
моларните топлински капацитети при ниски овој успех е дека при ниски температури само неколку осцилатори поседуваат достатно
температури и температурната зависност енергија за значително да осцилираат. При високи температури, пак, има достатно енер-
предвидена врз основа на Ајнштајновата
гија што е достапна за сите осцилатори да бидат активни: сите 3N осцилатори даваат
теорија. Неговата равенка (рав. 8.7) ја објас-
нува зависноста доста добро, но секаде дава придонес и топлинскиот капацитет се доближува до својата класична вредност.
прениски вредности. На Сл. 8.8 е прикажана температурната зависност на топлинскиот капацитет пред-
видена со Ајнштајновата формула. Општиот облик на кривата е задоволителен, но
Истражувачка активност нумеричкото совпаѓање е всушност сосема слабо. Слабото совпаѓање потекнува од Ајн-
Употребувајќи ја рав. 8.7, прикажи штајновата претпоставка дека сите атоми осцилираат со иста фреквенција, додека тие,
го графички CV,m наспроти Т за неколку всушност, осцилираат во еден фреквентен опсег од нула до некоја максимална вред-
вредности на ајнштајновската температура θЕ. ност, νD. Оваа компликација е земена предвид со усреднување по сите присутни фрек-
Дали порастот на θЕ при ниски температури
венции, а крајниот резултат е Дебаевата формула:
доведува до зголемување или намалување
на CV,m? Процени ја температурата при која 3 θ /T
A TD

вредноста на CV,m ја достигнува класичната D
x4ex
вредност дадена со рав. 8.6. CV,m = 3Rf f=3 dx (8.9)
C θD F 0 (ex − 1)2

каде θD = hνD/k е дебаевската температура (за изведување, види Прочитај дополни-


телно). Интегралот во равенката 8.9 треба да се пресмета нумерички, но тоа е еднос-
тавно со употреба на математички софтвер. Деталите на оваа модификација кои, како
што е покажано на Сл. 8.9, даваат подобро совпаѓање со експериментот, не треба во
овој момент да го скршнат вниманието од главниот заклучок – дека мора да се воведе
квантирање за да се објаснат термалните својства на цврстите супстанци.

Илустрација 8.1 Оценка на топлинските капацитети

Дебаевската температура за олово е 105 K што соодветствува на вибрациона фрек-


венција од 2,2 × 1012 Hz, додека онаа за дијамантот и неговите многу полесни, а
поцврсто сврзани атоми, е 2230 K што соодветствува на 4,6 × 1013 Hz. Како што се
гледа од Сл. 8.9, f ≈ 1 за Т > θD и топлинскиот капацитет е речиси класичен. За олово
при 25 °С, што соодветствува на Т/θD = 2,8, f = 0,99 и топлинскиот капацитет речиси
ја има својата класичната вредност. За дијамант при истата температура, Т/θD = 0,13
што соодветствува на f = 0,15 и топлинскиот капацитет изнесува само 15 проценти
од неговата класична вредност.

(d) Атомски и молекулски спектри


Најсилниот доказ за квантирањето на енергијата доаѓа од спектроскопијата, детекција
и анализа на електромагнетното зрачење што е апсорбирано, емитирано или расејано
од некоја супстанца. Записот на интензитетот на светлина пропуштена или расејана од
8.2 ДУАЛИЗАМ БРАН–ЧЕСТИЧКА 249

3
Дебај

Апсорпционен интензитет
Ајнштајн
2

Емисионен интензитет
CV ,m / R

0 200 240 280 320


0 0,5 1 1,5 2  /nm
Т/θE или Т/θD
Слика 8.11 Кога молекулата ја изменува
Слика 8.9 Дебаевата модификација на Ајн- својата состојба, до ова доаѓа по пат на
штајновата пресметка (рав. 8.9) дава многу 415 420 апсорпција на зрачење при определени
добро согласување со експериментот. За Бранова должина, λ/nm фреквенции. Овој спектар е дел од тоа,
бакар, Т/θD = 2 соодветствува на околу 170 K, како резултат на електронски, вибрациони
па детекцијата на отстапувањата од законот на и ротациони ексцитации на молекулите
Слика 8.10 Областа на спектарот на зрачење
Дилонг и Пти требало да го почека развојот на од сулфур диоксидот (ЅО2). Овој резултат
емитирано од ексцитирани атоми од железо
нискотемпературната физика. сугерира дека молекулите може да поседуваат
се состои од зрачење во серија од дискретни
бранови должини (или фреквенции). само дискретни енергии, а не произволно
Истражувачка активност големи.
Тргнувајќи од Дебаевата формула
(рав. 8.9), прикажи го графички dCV,m/dT, тем-
пературниот коефициент на CV,m, наспроти Т
при θD = 400 K. При која температура е CV,m
најосетлив на температурата?

молекулите како функција од фреквенцијата (ν), брановата должина (λ) или брановиот
број (ν~ = ν/с) е наречен спектар (од латинскиот збор за привидение)*.
Типичен атомски спектар е прикажан на Сл. 8.10, а типичен молекулски спектар е
прикажан на Сл. 8.11. Очигледната карактеристика на обата е дека зрачењето се емитира
или апсорбира при серија дискретни фреквенции. Овој наод може да се разбере ако
енергијата на атомите или молекулите е исто така ограничена на дискретни вредности,
затоа што тогаш енергијата може да се отпушта или апсорбира само во дискретни E3
количества (Сл. 8.12). Така, ако енергијата на еден атом се намали за ΔЕ, енергијата е h = E3  E2
одведена како зрачење со фреквенција ν, а во спектарот се појавува емисиона „линија“,
како остар пик. Се вели дека молекулата извршила спектроскопски премин, промена
на состојбата, кога Боровиот услов за фреквенцијата E2
Енергија

ΔE = hν (8.10) h = E2  E1

е исполнет. Принципите и примената на атомската спектроскопија ќе бидат разработени


во Поглавје 10, а на молекулската во поглавјата 13–15. h = E3  E1

8.2 Дуализам бран–честичка E1


Во оваа фаза утврдивме дека енергиите на електромагнетното поле и на осцилирачките
атоми се квантирани. Во овој оддел ќе бидат презентирани експерименталните дока-
Слика 8.12 Спектроскопски премини, како
зи што довеле до ревизија на два други основни концепта што се однесуваат на
оние погоре, може да се протолкуваат ако се
природни феномени. Еден експеримент покажува дека електромагнетното зрачење – претпостави дека молекулата емитира фотон
кое класичната физика го третира како брановидно – всушност покажува и својства на при премин меѓу дискретни енергетски нивоа.
честички. Друг експеримент покажува дека електроните – кои класичната физика ги Забележи дека високофреквентно зрачење се
третира како честички – покажуваат и својства на бранови. емитира кога енергетската промена е голема.

* Всушност, вистинското значење на spectrum е помисла, слика во душата (заб. прев.).


250 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

(а) Корпускуларен карактер на електромагнетното зрачење


Наодот дека електромагнетното зрачење со фреквенција ν може да поседува само енер-
гии од 0hν, hν, 2hν, … сугерира дека тоа може да се замисли како да се состои од 0, 1,
2, … честички, каде секоја честичка има енергија hν. Тогаш, ако е присутна една од
овие честички, енергијата е hν, ако се присутни две, енергијата 2hν и така натаму. Овие
честички на електромагнетното зрачење денес се викаат фотони. Наодот за дискретни
спектри на атомите и молекулите може да се претстави како атом или молекула да
создаваат фотон со енергија hν кога се ослободува енергија со големина ΔЕ, каде
ΔЕ = hν.

Пример 8.1 Пресметување на бројот на фотони

Пресметај го бројот на фотони емитирани од жолта светилка од 100 W, за 1,0 ѕ.


Сметај дека брановата должина на жолтата светлина е 560 nm и претпостави сто-
процентна ефикасност.
Метод Секој фотон има енергија hν, така што вкупниот број на фотони потребен
за да се произведе енергија Е е Е/hν. За да се употреби оваа равенка, потребно е
да се знае фреквенцијата на зрачењето (од ν = с/λ) и вкупната енергија емитирана
од светилката. Последново е зададено со производот од моќноста (Р, во вати) и
временскиот интервал во кој светилката е вклучена (Е = РΔt).
Одговор Бројот на фотони е

E PΔt λPΔt
N= = =
hν h(c/λ) hc
Замената на податоците дава

, × 10−7 m) × (100 J s−1) × (1.0


(5.60 , s)
N= = 2.8
, × 1020
(6.626
, × 10−34 J s) × (2.998
, × 108 m s−1)
Забележи дека се потребни речиси 40 min за да се произведе 1 mol од овие фотони.

Пожелна практика За да се избегнат грешки поради заокружување и други нуме-


рички грешки, најдобро е првин да се направат алгебарските преуредувања, а на
крајот да се заменат бројните вредности во една единствена формула. Покрај тоа,
аналитичкиот резултат може да се употреби и за други податоци, без да треба да се
повторува целата пресметка.

Тест за самопроверка 8.1 Колку фотони емитира за 0,1 s монохроматски (една


фреквенција), телеметар со моќност од 1 mW и бранова должина 1000 nm?
[5 × 1014]

Дополнителни докази за корпускуларната природа на зрачењето се добиваат со ме-


рење на енергиите на електроните произведени при фотоелектричниот ефект. Овој
ефект е исфрлање на електрони од метали кога тие ќе се изложат на ултравиолетово
зрачење. Експерименталните карактеристики на фотоелектричниот ефект се следниве:
1. Ниту еден електрон не се исфрла, независно од интензитетот на зрачењето, до-
колку фреквенцијата не премине некоја гранична вредност, карактеристична за секој
метал.
2. Кинетичката енергија на исфрлените електрони расте линеарно со фреквенцијата
на упадното зрачење, но е независна од интензитетот на зрачењето.
3. Дури и при слаби интензитети на зрачењето, електроните се исфрлаат моментно,
ако фреквенцијата е над граничната вредност.
252 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

овој заклучок е во согласност со наодот (3). Практичната примена на рав. 8.11 е во тоа
Електронски
Electron што таа овозможува техника за определување на Планковата константа, затоа што сите
сноп
beam наклони на линиите прикажани на Сл. 8.13 се еднакви на h.

(b) Бранов карактер на честичките


Иако спротивно на долго одржаната бранова теорија на светлината, сфаќањето дека
светлината се состои од честички било прифатено порано, па напуштено. Меѓутоа, ниту
Дифрактирани
Diffracted
електрони
electrons еден значаен научник не сметал дека материјата е брановидна. Сепак, експериментите
што биле изведени во 1925 година ги присилиле луѓето да ја разгледаат оваа можност.
Кристал од никел
Nickel crystal
Клучниот експеримент бил изведен од американските физичари Клинтон Дејвисон
(Clinton Davison) и Лестер Џермер (Lester Germer) кои регистрирале дифракција на
Слика 8.15 Експериментот на Дејвисон електрони од кристал (Сл. 8.15). Дифракцијата е интерференција предизвикана со објект
и Џермер. Расејувањето на електронскиот
на патот на брановите.* Во зависност од тоа дали интерференцијата е конструктивна
сноп од кристал на никел покажува промена
на интензитетот што е карактеристична за или деструктивна, резултатот е област со засилен или ослабен интензитет на бранот.
експеримент на дифракција, каде брановите Успехот на Дејвисон и Џермер бил среќа во несреќа, затоа што еден случаен пораст на
интерферираат конструктивно и деструктивно температурата довел до калење (англиски annealing) на нивниот поликристален образец
во различни насоки. и подредените рамнини од атоми функционирале како дифракциона решетка. Речиси
во исто време Томсон (G.P. Thomson), работејќи во Шкотска, покажал дека сноп од
електрони бил дифрактиран при минување низ тенка фолија од злато. Електронската
дифракција е основата за специјалните техники на микроскопијата употребувана од
Коментар 8.4 биолозите и истражувачите во областа на материјалите (Влијание 18.1 и Оддел 20.4).
Карактеристично својство на брановите
Дејвисон–Џермеровиот експеримент кој потоа бил повторуван со различни честички
е дека тие интерферираат еден со друг, (вклучително  честички и молекулски водород), јасно покажува дека честичките има-
давајќи поголеми поместувања таму каде ат брановидни својства, а дифракцијата на неутрони е добро востановена техника за
што бреговите и доловите коинцидираат што испитување на структурите и динамиката на кондензирани фази (види Поглавје 20).
доведува до конструктивна интерференција, Веќе видовме и дека брановите на електромагнетното зрачење имаат честичковидни
а помали поместувања таму каде што (корпускуларни) својства. Така, ова нè води во средиштето на модерната физика. Кога
бреговите коинцидираат со доловите што се испитувани на атомска скала, класичните концепти на честичка и бран заемно се про-
доведува до деструктивна интерференција
никнуваат: честичките имаат атрибути на бранови, а брановите – атрибути на честички.
(види ја илустрацијата: (а) конструктивна, (b)
деструктивна).
Определен напредок кон координацијата на овие својства бил веќе направен од
страна на францускиот физичар Луј Де Број/Брољ (Louis de Broglie) кога, во 1924 годи-
на, предложил дека било која честичка, не само фотон, што се движи со импулс р треба
да има (во некоја смисла) бранова должина дадена со Де Бројовата равенка:
h
λ= (8.12)
p
Значи, честичка со голем импулс има кратка бранова должина (Сл. 8.16). Макроскопските
(a)
тела имаат толку големи импулси (бидејќи нивната маса е огромна) што дури и кога се
движат бавно, нивните бранови должини се неизмерливо мали, па брановидните свој-
ства не може да се забележат.

(b) Пример 8.2 Проценка на дебројовската бранова должина

Процени ја брановата должина на електроните што од состојба на мирување биле


забрзани низ потенцијална разлика од 40 keV.
Метод За да се употреби Де Бројовата равенка, потребно е да се знае импулсот, р, на
електроните. За да се пресмета импулсот, треба да се забележи дека енергијата што
ја добива електронот забрзан низ потенцијална разлика V е eV, каде е е големината
на неговиот полнеж. На крајот од периодот на забрзување, целата добиена енергија
е во вид на кинетичка енергија, ЕK = p2/2me, па е можно да се определи р ставајќи
дека p2/2me е еднакво на eV. Како и претходно, пресметката треба да се спроведе ал-
гебарски до крај, пред да се заменат бројните вредности.

* На курсовите по физика може да се даде и многу попрецизна и поточна дефиниција на дифракцијата (заб.
прев.).
8.2 ДУАЛИЗАМ БРАН–ЧЕСТИЧКА 253

Кратка бранова должина,


Одговор Изразот p2/2me = eV при решавање дава p = (2meeV)1/2; потоа, од равенката голем импулс
на Де Број, l = h/p Долга
Longбранова должина,
wavelength,
h мал импулс
low momentum
λ=
(2meeV)1/2
Замената на бројните вредности во податоците и на фундаменталните константи
(види ја внатрешната страна на предната корица) дава
6.626
, × 10−34 J s
λ= λ=
{2 × (9.109
, × 10−31 kg) × (1.609
, × 10−19 C) × (4.0
, × 104 V)}1/2
, × 10−12 m
= 6.1
каде е употребено 1 V C = 1 J и 1 J = 1 kg m2 s–2. Брановата должина од 6,1 pm е пократка
од типичните должини на врските кај молекулите (околу 100 pm). Електроните за-
брзани на ваков начин се употребуваат при техниките на електронска дифракција за
определување на молекулската структура (види Оддел 20.4).

Тест за самопроверка 8.2 Пресметај ја брановата должина за (а) неутрон со кине-


тичка енергија на транслаторно движење еднаква на kT при 300 K; (b) тениско топче
со маса 57 g што се движи со 80 km/h. [(a) 178 pm; (b) 5,2 × 10–34 m]
Слика 8.16 Илустрација на релацијата на
Де Број меѓу импулсот и брановата должина.
Бранот е поврзан со честичката (набрзо ќе се
Сега мора да се заклучи дека не само што електромагнетното зрачење има својство види дека овој бран е брановата должина* на
коешто класично им се припишува на честички, туку и електроните (и сите други чес- честичката). Честичка со голем импулс има
тички) имаат својства коишто класично им се припишуваат на брановите. Овој исто- кратка бранова должина и обратно.
времено корпускуларен и бранов карактер на материјата и зрачењето е наречен дуали-
зам бран–честичка (корпускуларно-бранов дуализам). Дуализмот напаѓа во срцето на
класичната физика, каде честичките и брановите се третираат како целосно различни
ентитети. Беше покажано и дека енергиите на електромагнетното зрачење и на матери-
јата не може континуирано да се изменуваат и дека за мали објекти дискретноста на
енергијата е од особено значење. Напротив, во класичната механика енергијата може да
се изменува континуирано. Ваквото целосно затајување на класичната физика на малите
објекти значи дека нејзините основни концепти биле погрешни. Било потребно да се
формулира нова (квантна; заб. прев.) механика која ќе го заземе местото на класичната.

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ БИОЛОГИЈАТА


I18.1 Електронска микроскопија
Основниот концепт за осветлување на мала површина од примерокот и собирање на
светлината со микроскоп бил употребуван долго години за прикажување мали обрасци.
Сепак, резолуцијата на микроскопот, минималното растојание помеѓу два објекта што
дава два одделни приказа, е од редот на брановата должина на светлината што е упо-
требена како средство за испитување (види Влијание I13.1). Според тоа, конвенционал-
ните микроскопи што ја употребуваат видливата светлина имаат резолуции во микро-
метарската област и се слепи за објекти на нанометарска скала.
Постои огромен интерес за развој на нови експериментални сонди за многу мали
обрасци што не може да се испитуваат со традиционална микроскопија со светлина.
На пример, нашето разбирање на биохемиските процеси, како ензимската катализа,
свиткувањето на протеините и вметнувањето на DNA во клеточното јадро, би било
многу поефикасно кога би било можно да се „видат“ на дело индивидуални биополимери
чии размери се многу помали од брановите должини на видливата светлина. Една
техника што често се употребува за прикажување објекти со нанометарска големина
е електронската микроскопија во која сноп од електрони со добро дефинирана де-
бројовска бранова должина ја заменува светилката што се наоѓа во традиционалните
микроскопи со светлина. Наместо стаклени или кварцни леќи, за фокусирање на снопот
се употребуваат магнетни полиња. Во трансмисионата електронска микроскопија
* Ова е многу несреќен избор на зборови, каде еден
(англиски transmission electron microscopy, ТЕМ), електронскиот сноп минува низ об- бран, кој е ентитет, се идентифицира со бранова дол-
разецот и приказот се добива на екран. Во скенирачката електронска микроскопија жина, која е физичка величина (заб. прев.).
254 8 КВАНТНА ТЕОРИЈА: УВОД И ПРИНЦИПИ

(англиски scanning electron microscopy, SEM), се детектираат електроните расејани


наназад од мала озрачена површина на образецот и електричниот сигнал се праќа на
видео екран. Така, со скенирање на електронскиот сноп по целата површина, се добива
нејзин приказ.
Како и во традиционалната микроскопија со светлина, брановата должина и мож-
носта за фокусирање на упадниот сноп – во овој случај сноп од електрони – ја дикти-
раат резолуцијата. Брановите должини на електроните кај типични електронски ми-
кроскопи може да бидат кратки и до 10 pm, но со магнетни леќи не е можно добро да
се фокусираат електроните, така што, на крајот на краиштата, типичните резолуции
на ТЕМ и ЅЕМ инструментите изнесуваат околу 2 nm и 50 nm, соодветно. Следува
Слика 8.17 Приказ добиен со ТЕМ на дека електронските микроскопи не може да ги прикажат одделно индивидуалните ато-
напречен пресек од растителна клетка, на кој ми (чиј дијаметар изнесува околу 0,2 nm). Натаму, само некои примероци може да се
се гледаат хлоропласти, органели одговорни набљудуваат под одредени околности. Мерењата мора да бидат изведувани во висок
за реакциите на фотосинтеза (Поглавје 23).
вакуум. За ТЕМ мерења, примероците мора да бидат многу тенки напречни пресеци од
Типичната должина на хлоропластите е 5
μm. (Приказот е добиен од Brian Bowes.) образецот, а ЅЕМ мерењата мора да бидат вршени на суви примероци. Последица на
овие услови е дека ниту една од овие техники не може да се примени за испитување на
живи клетки. И покрај овие ограниченија, електронската микроскопија е многу корисна
при испитување на внатрешната структура на клетките (Сл. 8.17).

Динамика на микроскопски системи


Квантната механика го поддржува дуализмот бран–честичка на материјата претпо-
ставувајќи дека, наместо движење долж определен пат (траекторија), честичката е
распределена низ просторот како бран. Оваа забелешка може да изгледа мистериозно:
таа ќе биде објаснета во повеќе подробности подоцна. Математичката репрезентација
на бранот што во квантната механика го заменува класичниот концепт на траекторија е
наречена бранова функција, ψ (пси).

8.3 Шредингерова равенка


Во 1926 година австрискиот физичар Ервин Шредингер (Erwin Schrödinger) предложил
равенка за наоѓање на брановата функција на произволен систем. Временски независ-
ната Шредингерова равенка за честичка со маса m што се движи во една димензија
со енергија Е е

$2 d2ψ
− + V(x)ψ = Eψ (8.13)
2m dx 2
Членот V(x) е потенцијалната енергија на честичката во точката х; бидејќи вкупната
енергија Е е збир од потенцијалната и кинетичката енергија, првиот член мора да биде во
врска (на начин што ќе биде разгледан подоцна) со кинетичката енергија на честичката; ћ
(кое се чита h-прецртано или h-црта) е погодна модификација на Планковата константа:

h
$= = 1.054
, 57 × 10−34 J s (8.14)

Како делумно образложение за обликот на Шредингеровата равенка, види ја Аргумента-
цијата подолу. Дискусиите подоцна во поглавјево ќе помогнат да се надминат привид-
ните произволности во овој комплициран израз. Засега, равенката треба да се смета како
квантномеханички постулат. Различните начини на прикажување на Шредингеровата
равенка, со вклучување на временска зависност на брановата функција и со нејзино
проширување во повеќе димензии, се прикажани во Табела 8.1. Во Поглавје 9 ќе биде
решена равенката за голем број важни случаи; во ова поглавје од интерес е, главно, неј-
зиното физичко значење, интерпретацијата на решенијата и разбирањето на кој начин
таа имплицира квантирање на енергијата.
8.4 БОРНОВА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА БРАНОВАТА ФУНКЦИЈА 257

честичката во областа (Сл. 8.21). Меѓутоа, подоцна ќе биде покажано дека присуството z
на позитивни и негативни вредности на брановата функција е од големо индиректно
значење, бидејќи тоа доведува до можност за конструктивна и деструктивна интерфе-
ренција меѓу различни бранови функции. dz d

r dx
dy
Пример 8.3 Интерпретација на брановата функција
y
x
Во Поглавје 10 ќе биде покажано дека брановата функција на еден електрон во нај-
ниската енергетска состојба на водородниот атом е пропорционална на e−r/a , каде а0 е
0

константа и r е растојанието од јадрото. (Забележи дека оваа бранова функција зависи Слика 8.20 Борновата интерпретација на
само од растојанието, а не и од аголната положба во однос на јадрото.) Пресметај ги брановата функција во тридимензионален
простор имплицира дека веројатноста за
релативните веројатности за наоѓање на електронот во област со волумен 1,0 pm3 наоѓање на честичката во волуменски елемент
која е мала дури и на скала на атомот, лоцирана (а) во јадрото; (b) на оддалеченост dτ = dxdydz во некоја точка r е пропорционална
а0 од јадрото. на производот од dτ и вредноста на |ψ|2 во таа
точка.
Метод Областа од интерес е толку мала на скалата на атомот што може да се пре-
небрегне изменувањето на ψ внатре во неа и да се напише веројатноста, Р, како да
е пропорционална на густината на веројатноста (ψ2; води сметка дека ψ е реална)
пресметана во точката од интерес и помножена со волуменот за кој станува збор, δV.
Значи, Р µ ψ2δV, каде ψ2 µ e−r/a .
0
Wavefunction
Бранова функција
Одговор Во секој случај δV = 1,0 pm3. (а) Во јадрото, r = 0, па Густина на
Probability
веројатноста
density
Р µ е0 × (1,0 pm3) = (1,0) × (1,0 pm3)
(b) На оддаелеченост r = a0 во произволна насока,
Р µ е–2 × (1,0 pm3) = (0,14) × (1,0 pm3)
Според тоа, количникот на веројатностите е 1,0/0,14 = 7,1. Забележи дека е поверојатно
(за фактор 7) дека електронот ќе се најде при јадрото, отколку во волуменски еле-
мент со иста големина, но лоциран на растојание а0 од јадрото. Негативно наелектри-
зираниот електрон е привлечен од позитивно наелектризираното јадро и очекувано
е да се најде блиску до него.

Пожелна практика Квадратот на брановата функција не е веројатност: тој е густина


на веројатноста и (во три димензии) има димензии 1/должина3. Тој се претвора во
(бездимензионална) веројатност кога ќе се помножи со волуменот. Во општ случај, Слика 8.21 Знакот на брановата функција
предвид треба да се земе изменувањето на амплитудата на брановата функција во нема директно физичко значење: и позитив-
рамките на волуменот од интерес, но тука се претпоставува дека волуменот е толку ните и негативните вредности соодветствуваат
мал што промената на ψ во областа може да се пренебрегне. на иста распределба на веројатноста (онака
како што е дадена со квадратот на модулот на ψ
Тест за самопроверка 8.3 Брановата функција за електрон во неговата најниска и претставена со густината на засенчувањето).
енергетска состојба во јонот Не+ е пропорционална на e−r/a . Повтори ја пресметката
0

за овој јон. Некаков коментар? [55; покомпактна бранова функција]

(а) Нормирање
Математичка карактеристика на Шредингеровата равенка е дека, ако ψ е решение, тогаш
и Nψ е решение, каде N е било која константа. Оваа карактеристика се потврдува ако се
забележи дека ψ се појавува во секој член во рав. 8.13, па секој константен множител
може да се скрати. Оваа слобода, да се менува брановата функција со константен мно-
жител, значи дека секогаш е можно да се најде константа на нормирање, N, таква што
пропорционалноста од Борновата интерпретација да стане еднаквост.
8.6 ПРИНЦИП НА НЕОПРЕДЕЛЕНОСТ 269

Одговор Средната вредност е дадена преку очекуваната вредност


具r典 = ψ *rψ dτ

која се пресметува со употреба на сферно-поларни координати. Користејќи ја норми-


раната функција од Пример 8.4 се добива

3!a 30/24 2 2π
5
4
6
4
7
5
4
6
4
7
5
6
7
∞ π 2π

冮 re 冮 sin θ dθ 冮
1 3 −2r/a0
具r典 = dr dφ = –32 a0
πa 30 0 0 0

Бидејќи а0 = 52,9 pm (види Оддел 10.1), r = 79,4 pm. Овој резултат значи дека, ако
се изведат многу мерења на растојанието на електронот од јадрото, тогаш нивната
средна вредност ќе биде 79,4 pm. Секако, секое различно мерење ќе даде различен
и непредвидлив индивидуален резултат, бидејќи брановата функција не е сопствена
функција на операторот што соодветствува на r.

Тест за самопроверка 8.9 Определи го средноквадратното растојание на електро-


нот од јадрото во атомот на водород (во основната состојба; заб. прев.).
[31/2а0 = 91,6 pm]

Средната кинетичка енергија на честичка во една димензија е очекуваната вредност


на операторот зададен со рав. 8.28. Според тоа, може да се напише

冮 冮
$2 d2ψ
具E K典 = ψ *ÊKψ dτ = − ψ* dτ (8.35)
2m dx 2

Овој заклучок го потврдува претходното тврдење дека кинетичката енергија е своевидна


средна вредност по закривеноста на брановата функција: се добива голем придонес кон
мерената вредност од областите каде брановата функција е силно закривена (па d2ψ/dx2
е големо) и каде самата бранова функција е голема (така што и ψ* е големо).

8.6 Принцип на неопределеност


Видовме дека ако брановата функција е Aeikx, тогаш честичката што таа ја опишува
има определена состојба на импулсот, имено честичката се движи кон десно со импулс
px = +kћ. Меѓутоа, исто така видовме дека положбата на честичката опишана со оваа
бранова функција е целосно непредвидлива. Со други зборови, ако импулсот е прецизно
определен, не е возможно да се предвиди положбата на честичката. Ова тврдење е поло- y
вина од специјалниот случај на Хајзенберговиот принцип на неопределеност, еден од
најпрославените резултати на квантната механика:
Не е возможно истовремено да се определат, со произволна прецизност, и импулсот
и положбата на една честичка.
Пред натаму да се дискутира принципот, мора да се утврди и втората половина: ако x
е точно позната положбата на честичката, тогаш не може ништо да се каже за импулсот.
Аргументот ја користи идејата брановата функција да се смета како суперпозиција од Положба на
честичката
сопствени функции и се елаборира на следниов начин.
Ако е познато дека честичката е на определено место, нејзината бранова функција
Слика 8.30 Брановата функција за честичка
таму мора да биде голема, а да биде нула секаде на друго место (Сл. 8.30). Ваква со добро дефинирана положба е функција со
бранова функција може да биде создадена со суперпозиција на голем број хармонис- остар пик која има амплитуда нула секаде,
ки (синусни и косинусни) функции, или, еквивалентно, голем број еikx функции. Со освен во точката што ја дава положбата на
други зборови, можно е да се креира остро локализирана бранова функција, наречена честичката.

You might also like