Professional Documents
Culture Documents
СОФТВЕР
СОФТВЕР
7 СОФТВЕР
Воведни активности:
Што е потребно да има компјутерот за да можам да нацртам 2Д-форми?
Како знае печатачот дека треба да ја отпечати мојата честитка на хартија?
Кој ме прашува во компјутерот дали сакам да го зачувам цртежот?
ОПЕРАТИВЕН АПИКАТИВНИ
СИСТЕМ + ПРОГРАМИ
= СОФТВЕР
ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Оперативниот систем (ОС) се стартува при вклучување на компјутерот и дава инструкции кои
уреди треба да се бидат вклучени, а кои исклучени. Исто така, ОС управува и со сите програми
на компјутерот. Па така, ОС одредува кои програми да бидат активни,
а кои да бидат во мирување.
- 14 -
Преку оперативниот систем се врши вклучување/исклучување на компјутерот, зачувување,
бришење, преместување, копирање, испраќање документи, слики и слично.
Често, пристапот до работната околина се прави со најава со лозинка.
Лозинката ја креира корисникот на компјутерот.
Исклучувањето на компјутерот се прави преку оперативниот систем со клик на shut down што
се наоѓа на менито start. Покрај исклучување, постои можност за рестартирање (restart) на
компјутерот, одјава на корисникот (log off ), можност за најава на друг корисник (switch user)
и можност за одморање на компјутерот (sleep).
РАБОТНА ОКОИНА НА ОС
Работна околина (работна површина или Desktop) на компјутерот е целата површина или дел од
површината на компјутерскиот екран на која се наоѓаат документи, папки, слики и други алатки
што ги користиме додека работиме.
Сите објекти што сме ги ставиле на работната површина се претставени со слики наречени икони.
Горен панел
Долен панел
-15 -
До секоја програма, папка или документ можеме да пристапиме со двоен клик на
неговата икона на работната околина или со клик на копчето старт на работната околина.
Во долниот панел е сместено копчето за прикажување на работната околина,
апликациите што се активирани на таа работна околина и икона - отпадоци (trash) - електронска
кошница за отпадоци. Таму се внесуваат датотеки и папки што не се потребни.
АПИКАТИВЕН СОФТВЕР
Апликативен софтвер се програми за цртање, за обработка
на текст, за сметководство, за анимации, за презентации, за табели
и дијаграми итн. Па, ако сакаме да цртаме, да пишуваме приказни
или да правиме анимации, тогаш мораме да инсталираме и други
програми на компјутерот.
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО
ЗНАЕЊЕ
1. Што е ОС?
- 16 -