You are on page 1of 1

Животот на една ноќна пеперутка

Прочитав некаде (или можеби некој ми кажа) дека ,,понижена жена, по полноќ,
може да се претвори во инсект”. Да бидам искрена, не верував, нема никакво логично
објаснување за такво нешто.

Еве сум сега, седам на плафон, покрај една топла сијалица и пишувам за последната ноќ
на која се сеќавам. Оттогаш само гледам наоколу со изгубено чувство за спознавање.

...

Се сеќавам, имаше огледало во лифтот. Сигурно се случило нешто многу лошо


претходно. Се погледнав, но тоа не бев јас. Можеби поради солзите не успеав добро да
видам. Чинам, возењето во лифтот траеше цела вечност. Конечно, се отвори вратата,
застанав пред зградата и погледнав кон прозорецот. Немаше никој... Си велам, сигурно
скришум внимава на мене. Помина некое време и почнав да се плашам, навистина го
нема...

Ете го! Го видов, тој застана до прозорецот и погледна надолу. Погледнав и јас. Долу
немаше никој.

Тој тргна полека кон масата и почна да ја средува. Ѕвонеше некому на телефон, потем
си легна. Му велам: - ,,Избриши ги трошките, ќе дојдат лебарки по нив”. Но не ме
слушна и го изгаси светлото. Не можам да видам ништо, освен еден зрак светлина што
се продираше отспротива. Ќе се сместам таму вечерва, а кога ќе се раздени ќе се вратам,
да бидам до него.

Помина долго време, но никогаш не успеав да го пронајдам. А, можеби сум се


вратила кај него, но не сум го препознала. Или тој ме избркал. Отсекогаш нè мразел. Па,
и јас не ги сакам луѓето. Чудни се и опасни.

You might also like